Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Канадскиот премиер Марк Карни вчера обезбеди парламентарно мнозинство на локалните избори, една година по преземањето на функцијата, што му дава одврзани раце да ги забрза реформите насочени кон реструктуирање на економијата под притисок од САД. Изборите се одржаа вчера во Онтарио и Квебек, а Либералната партија на Карни веќе победи во две изборни единици во Торонто, јавуваат канадските медиуми. Во последната изборна единица, онаа на ...
Иако сè уште се мачат да ги извршуваат секојдневните задачи, хуманоидните роботи стануваат бескраен извор на забава, од демонстрации на боречки вештини до играње тенис против луѓе. Најновиот пример доаѓа од Варшава, каде што модифициран робот Unitree G1 беше снимен како брка стадо диви свињи на празен паркинг. Снимката, која брзо стана вирална, го прикажува роботот по име Едвард Варчоки како трча по животните, само за да ја подигне ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера го повика Ватикан да „се држи до моралните прашања“ откако папата Лав XIV изјави дека не се „плаши“ од американската влада. „Да, мислам дека во одредени случаи би било подобро Ватикан да се држи до моралните прашања и да му дозволи на претседателот на Соединетите Американски Држави да ја дефинира американската јавна политика“, рече Венс во гостувањето на „Фокс њуз“. Американскиот потпретседател ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера му порача на својот ирански колега Абас Аракчи дека е клучно да се спречи какво било обновување на непријателствата на Блискиот Исток, нагласувајќи дека Русија е подготвена да помогне во постигнувањето договор. „Лавров ја нагласи важноста од спречување на повторна појава на вооружен конфликт и уште еднаш ја потврди непоколебливата подготвеност на Русија да помогне во решавањето на ...
Танкер под санкции на САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата на клучниот бродски пат од страна на САД, покажаа податоците за сообраќајот на бродовите на LSEG, објави Ројтерс. „Rich Starry“ е во кинеска сопственост и екипаж, а носи околу 250.000 барели метанол, покажаа податоците. Соединетите Американски Држави претходно воведоа санкции врз танкерот и неговиот сопственик, „Shanghai Xuanrun Shipping Co Ltd“, поради работење со ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од ...
Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер лигата. Со оваа многу значајна победа, Лидс избега на шест бода од „црвената зона“ во борбата за опстанок. Се играше петтата минута кога гостите поведоа со голот на Ноа Окафор, а истиот играч го дуплираше водството на својот тим во 29-та минута. Лидс го задржа водството на полувремето, а проблемите на Јунајтед се ...
Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови во борбата за опстанок. Натпреварот беше решен во 28-та минута, кога Робин Госенс ја затресе мрежата на гостите и го постави она што ќе биде конечниот резултат. Фиорентина покажа повеќе желба и енергија од самиот почеток, што беше крунисано во средината на првото полувреме. По тој гол, домашните се одлучија за ...
Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист. Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги ...
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека е можно неговиот тим да направи пресврт и покрај поразот (2:0) во првиот натпревар. Барселона, во минатото правеле големи пресврти, на пример кога славеше со 6:1 против Пари Сен Жермен, по 0:4 од првиот натпревар. „Го гледав тој натпревар многу пати, а го гледав и во живо на стадионот. Нејмар е голем дел ...
Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип на 12 април во 12:45 часот, во полуотвореното одделение Д.С. (45) од Виница го нападнал Т.Ј. (21) од Штип, при што двајцата се осуденици во установата. Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот. Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик ...
Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје. „Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“. Thank you, ...
Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го потврди она што Ф1 фановите го знаеја. Големиот Михаел Шумахер неспорски реагираше во Херез во 1997 година и во Монако во 2006 година, за што плати висока цена. Поранешниот директор на Ферари и поранешен претседател на ФИА ги потврди приказните што со години кружат меѓу фановите на Формула 1. Тој исто така додаде ...
Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда на лигаментите, поради што мора да биде надвор од теренот. Предвидената пауза од шест до осум недели, значи дека за него сезоната е завршена. Ова се лоши вести за Тотенхем, кои до крајот на сезоната ќе водат жестока борба за опстанок. Што се однесува до самиот Ромеро, се очекува да биде подготвен за претстојното ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП. „Драги сограѓани, денес е јасно дека на вчерашните избори повеќе од 2,25 милиони гласачи дадоа поддршка за листата и кандидатите на Фидес-КДНП. Националната опција, нашата политичка заедница, денес е со оваа големина во Унгарија“, порача Орбан во видео објавено на Фејсбук. Тој им се заблагодари на ...
Жителка на Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Бит Пазар пронашла заталкано зрно од огнено оружје. Според информациите од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 12 април во 12:57 часот од Е.Џ. (42). Таа навела дека зрното го забележала на подот од терасата во домот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Жителка на Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Бит Пазар ...
Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во американската поморска блокада на Ормуски теснец, што дополнително ги продлабочува разликите во Алијансата. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата земја нема да ја поддржи блокадата. „Не ја поддржуваме блокадата. Мојата одлука е јасна – без оглед на притисоците, нема да бидеме вовлечени во војна“, изјави тој за Би-Би-Си. Сличен став зазедоа и Германија, Шпанија, Италија, Полска и ...
Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник. Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел на израелски притисок и дека Нетанјаху има „комплекс“ кон ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа. „Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс. Congratulations to Peter Magyar on his electoral victory. ...
Доналд Трамп изјави дека Иран многу сака договор, но дека Соединетите Американски Држави нема да попуштат околу нуклеарното оружје. „Иран нема да има нуклеарно оружје… Ако не се согласат, нема договор“, рече тој, додавајќи: „Или ќе ни го дадат или ќе го земеме“ за иранскиот збогатен ураниум. .@POTUS: “We can’t let a country blackmail or extort the world because that’s what they’re doing, they’re really blackmailing the world. We’re not ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема намера да му се извини на Папа Лав по критиките за американската политика кон Иран. „Не, нема да се извинам, затоа што папата кажа работи што се погрешни“, рече Трамп, додавајќи дека Иран не смее да има нуклеарно оружје. Тој го оцени папата како „слаб“ по прашањето на криминалот и рече дека нема причина за извинување. Папата возврати дека ќе продолжи да зборува против војната и дека не се ...
На локалниот пат од село Миравци кон село Петрово, гевгелиско, доцна вечерта се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „ауди“ излетало надвор од патот. Несреќата била пријавена на 12 април во 23:00 часот, а возилото било управувано од К.Д. (28) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д. (27) од Богданци, додека со телесни повреди се здобил сопатникот М.С. (25) од Гевгелија. Повредите биле ...
Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност. Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски. „И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола ...
Двајца жители на демиркапиското село Корешница биле приведени откако полицијата постапила по пријава за сериозен инцидент во Неготино. Според информациите од ОВР Неготино, станува збор за Б.М. (37) и Ќ.С. (30), кои биле лишени од слобода во текот на попладневните часови. Тие се сомничат дека со патничко возило „мерцедес“ противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, при што му се заканувале со пиштол и остар предмет. По тоа, го ...
Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот ...
Иран им се закани на Соединетите Американски Држави дека американските воени бродови ќе бидат потопени доколку се обидат да спроведат поморска блокада на иранските пристаништа. „Секој брод што ќе се обиде да ги блокира нашите пристаништа ќе заврши на дното на морето“, изјави Алаедин Боружерди, член на одборот за надворешна политика и национална безбедност, пренесе државната телевизија „Прес ТВ“. Боружерди ги отфрли американските закани како ...
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне меѓу 17 и 22 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне ...
Во Медицинскиот центар во Гостивар бил донесен малолетник од селото Балиндол со тешки телесни повреди, откако бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар на 12 април во 20:10 часот. Според информациите, несреќата се случила околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото. По укажаната медицинска помош, надлежните институции преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно ...
Доналд Трамп изјави дека иранската морнарица е „целосно уништена“ и предупреди дека сите бродови што ќе се приближат до американската блокада ќе бидат елиминирани. Според него, останале само помали „брзи напаѓачки бродови“, но и тие ќе бидат уништени ако се приближат. Блокадата на САД веќе е во сила и ја опфаќа целата иранска обала, како и поморскиот сообраќај во Оманскиот Залив и Арапското Море, пренесе Ројтерс. Американската команда ...
Катар му порача на Иран дека поморските правци не смеат да се користат како средство за притисок, предупредувајќи на последиците за глобалната енергетска сигурност и меѓународната стабилност. Во телефонски разговор, катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани му нагласил на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи дека е важно да се одржат отворени поморските рути и слободата на пловидба. ...