Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од опозицијата и најавата дека ќе бараат ревизија на парите коишто се дадени од Унгарија во државава во однос на телекомуникација, енергетика и медиуми изјави: „Видете СДСМ изминатиов период, најблаго кажано живее според онаа читанката „Алиса во земјата на чудата“, јас повеќе тоа би го класифицирал како СДСМ во земјата на лагите и конструкциите. ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание ...

Доаѓа време за вистина, за правда и за одговорност, историската победа на Тиса и Петар Маѓар во Унгарија донесоа крај на уште еден долгогодишен срам за Македонија, Груевски мора да се врати и да одговара, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче ја поздрави пораката од новата унгарска власт дека ќе ги испорача оние кои бегаат од правдата, а се кријат на нејзина територија. „Ја поздравувам јасната ...

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ. На средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информираа новоименуваниот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои што е надлежна РКЕ, а кои се поврзани со ...

Во изминатите 20 месеци, Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на одбележувањето на годинишнината од постоењето на Царинската управа. Особено значаен е фактот, според Мицкоски, што за првпат е надмината границата од 12 милијарди ...

Тинејџер отворил оган во училиште, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфи, пред да се самоубие, изјави гувернерот Хасан Шилдак за новинарите во понеделник, објавија новинските агенции. Поранешниот ученик, на возраст од 19 години, отворил оган со пушка кон учениците и наставниците во средното училиште. Повредените биле итно префрлени во болница во округот Сиверек, рече Шилдак. ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд (10/11/12/13.04.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1303 издадени платни налози, 488 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 57 лица, од кои шест за ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари средба со претставници од Американската амбасада, на која беше иницирано воспоставување на ново Американско катче во Домот на културата. Овој значаен чекор, како што е соопштено, има за цел да создаде современ едукативен и културен простор, достапен за младите од општината. „Американското катче ќе овозможи пристап до богата база на едукативни ресурси, програми и настани ...

Втората половина од април носи забрзување на настаните за многумина, но за некои хороскопски знаци тоа може да значи и зголемен стрес, напнатост и низа предизвици. Планетарните влијанија во овој период поттикнуваат справување со проблеми што можеби биле одложени долго време, па затоа одредени знаци ќе чувствуваат како сè да им се случува одеднаш. Астрологијата сугерира дека припадниците на четири хороскопски знаци особено ќе го ...

16-годишно момче е обвинето како возрасен за злоставување и убиство на неговата 18-годишна полусестра за време на семејно крстарење во ноември, соопштија обвинителите. Министерството за правда на САД вели дека тинејџерот „сексуално ја злоупотребил и намерно ја убил“ Ана Кепнер додека бродот „Carnival Horizon“ бил во меѓународни води, објави BBC News. Полубратот, чиј идентитет не е објавен од властите, првично бил обвинет како малолетник. ...

Товарен брод е погоден од две неидентификувани ракети во Оманскиот Залив, соопшти агенцијата UKMTO. На бродот избувнал пожар, а пакистански воен брод пружил помош, објави UKMTO. Нападот се случил околу 112 наутички милји југоисточно од Рас Ал Хад во Оман, се додава во објавата на платформата Икс. „Не е познато кој стои зад нападот. Ќе ве известиме штом ќе имаме повеќе информации“, додаваат од UKMTO. Товарен брод е погоден од две ...

Претставникот на Иран во Обединетите нации (ОН) побара обештетување од земјите за кои тврди дека учествувале во нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз таа земја. Претставникот Амир-Саид Иравани тврди дека Бахреин, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Јордан го прекршиле меѓународното право, објавува Гардијан. Тој рече дека земјите мора „да ја компензираат целосната штета предизвикана на ...

Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики, соопштија од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. „Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставува клучен инструмент за ...

Фудбалската асоцијација на Гана објави дека го назначила португалскиот тренер Карлос Кеирош за нов селектор на сениорската репрезентација. Кеироз (73) ќе го замени Ото Адо на клупата на Гана, кој беше отпуштен пред две недели по лошите резултати на пријателските натпревари со Германија и Австрија. „Го прифатив овој предизвик со големо чувство на одговорност. Фудбалот ми овозможи предизвици, лекции и незаборавни патувања низ светот во текот ...

За многумина, вистинскиот успех во кариерата доаѓа подоцна, кога се воспоставени искуство, самодоверба, трпение и појасно чувство за сопствените граници. Некои луѓе „пробиваат“ рано: тие знаат што сакаат во своите дваесетти години, имаат јасна кариерна патека и брзо добиваат признание. Други, од друга страна, ги градат своите кариери побавно, а нивниот пат изгледа како серија обиди, промени во насоката и учење од своите грешки. ...

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, го покани Петер Маѓар, победникот на парламентарните избори во Унгарија, да каже дали знае кој „кумува“ за големото пријателство меѓу него, Виктор Орбан и Роберт Фицо и рече дека Србија не е негова земја. „Тој рече дека знае кој „кумува“ во таквите односи меѓу Орбан, Вучиќ и Фицо. Го прашувам „кој кумува„, тој нема поим. Ова не е негова земја и тој нема никакво овластување да спроведува ...

Доналд Трамп повторно ја стави Џорџија Мелони во незгодна позиција во понеделник, но овој пат италијанската премиерка возврати. Долгогодишниот сојузник на Трамп директно го критикуваше американскиот претседател за прв пат од неговиот реизбор во 2024 година, во обид да ја задржи поддршката од својата традиционално католичка гласачка база. Американскиот лидер го нападна папата Лав XIV за време на викендот, кој се појави како силен морален ...

Актерката Џени Гарт беше исклучително популарна во деведесеттите години, серијата „Беверли Хилс“ ѝ донесе слава, но и бројни предизвици. Џени сакаше да пишува за сето ова во своите мемоари што наскоро ќе бидат објавени, а неодамна откри неколку детали поврзани со снимањето на култната серија. Jennie Garth reveals '90210' co-star who was her 'first true love' in major bombshell. I saw in a documentary about the show that, starting from the ...

Во Шанлиурфа, на југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган од пушка. Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се ранети, вклучувајќи и ученици. #SONDAKİKA | Şanlıurfa’da bir liseye silahlı saldırı düzenlendiği bildirildi. ⚫ Olay sırasında bazı öğrencilerin panik halinde kaçmak için camdan atladığı belirtilirken, ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера изјави дека поразот на изборите на унгарскиот премиер Виктор Орбан е многу лош за САД, но дека Вашингтон ќе соработува со новата влада на земјата. „Секако знаевме дека постои голема можност Виктор да ги изгуби изборите. Го поддржавме затоа што е еден од ретките европски лидери кои се подготвени да се спротивстават на бирократијата во Брисел“, рече тој, осврнувајќи се на поддршката на САД за Орбан. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека историскиската победа на демократијата во Унгарија означуваат крај на автократските режими во регионот и почеток на нов период на демократија и одговорност. „Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа: ДОСТА Е од автократијата! Ова е голема, историска победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото ...

Утре, со почеток во 12 часот, на улицата Македонија во Скопје, ќе се одржи настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“. Настанот ќе ја претвори улицата во жива сцена на отворено со учество на улични живи статуи од продукцијата Театроск, ликовни уметници (студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН) кои ќе создаваат дела во живо, улични шоуа, DJ и музички настапи. Главната цел е да се создаде простор за млади уметници со цел да ја ...

Лиса Кудроу откри дека се вратила на работа само десет дена по породувањето и сега, од оваа дистанца, ја смета одлуката за луда. Актерката Лиса Кудроу, добро позната на домашната публика по улогата на Фиби во култната серија „Пријатели“, разговараше со CBS за семејниот живот и одлуките што ги донела по раѓањето на нејзиниот син. „Гледајќи наназад, го родив мојот син и само десет дена подоцна бев на состанок за филм. Мојот агент ми рече во ...

Иран издаде предупредување до САД, велејќи дека американските бродови што ќе се обидат да ги блокираат иранските пристаништа ќе бидат „испратени на дното на морето“, објавија синоќа иранските државни медиуми. Ова предупредување е одговор на Иран на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за „елиминирање на сите ирански бродови во близина на пристаништата што се под блокада на САД“, објави иранската државна телевизија „Прес ТВ“. ...

Кинескиот претседател Кси Џинпинг предложи предлог од четири точки за постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток, објавија кинеските државни медиуми. Предлогот вклучува почитување на принципот на мирен соживот, почитување на националниот суверенитет, почитување на меѓународното право и балансирање на развојот и безбедноста, според новинската агенција Синхуа. Кси го даде предлогот за време на состанокот во Пекинг со еден од клучните ...

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека Пекинг ја смета американската блокада на иранските пристаништа за „опасна и неодговорна“. Според него, и покрај привременото примирје договорено од релевантните страни, САД го зголемија военото распоредување и воведоа насочена блокада, правејќи потег што може да го влоши конфликтот, да го поткопа кревкото примирје и дополнително да ја загрози безбедноста на ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид бранат предност од два гола, од првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите, против Ливерпул и Барселона. Актуелниот шампион на Европа, Пари Сен Жермен, гостува кај Ливерпул на стадионот „Енфилд“, во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ливерпул историски успеваше да се врати од тешки ситуации, но оваа задача ќе биде речиси невозможна. Се очекува офанзивен ...

Ен Хатавеј и Мерил Стрип напорно работат на промоција на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, а неодамна предизвикаа возбуда на премиерата на филмот во Шангај. Имавме можност неколку пати да ги видиме нивните смели комбинации кои се во согласност со ликовите што ги играат во филмот, па затоа не е изненадувачки што сега направија низа добро осмислени референци за филмот. View this post on Instagram A post shared by Fengyue (@focusonyou0416) За ...

Владата во која партијата Тиса ќе има мнозинство ќе го истражи наводниот обид за напад врз гасоводот кај Кањижа, изјави победникот на изборите во Унгарија и лидер на Тиса, Петер Маѓар. Во интервју за Н1 Србија, тој рече дека му е важно односите меѓу Србија и Унгарија да останат добри, пред сè поради Унгарците во Војводина, иако вели дека знае кој е „кум“ на големото пријателство меѓу Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Роберт Фицо. Тој додаде ...

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, изјави дека Вашингтон во голема мера ги постигнал своите цели во конфликтот со Иран и дека е подготвен да започне постепено завршување на воената операција, додека се преминува на дипломатска фаза на решавање на кризата. Во интервју за „Фокс њуз“, Венс рече дека САД веруваат дека клучните цели се исполнети и дека има простор за деескалација. Според него, администрацијата на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.96
81%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
3.13
47%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
0.89
87%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8755

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Бакар

12.46

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Кобалт

45.39

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Паладиум

49351.40