Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
По изборната победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека новата влада ќе има прагматичен однос со Русија и ја поздрави пораката од Кремљ за почитување на изборните резултати. Тој најави и ревизија на договорите за проширување на нуклеарната централа Пакс, оценувајќи го проектот како „преценет“, со можност за повторни преговори или раскинување. Говорејќи за можен разговор со Владимир Путин, Маѓар рече дека би му порачал „да престане со ...
На регионалниот пат Тетово–село Јажинце, во тетовското село Одри, се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со тетовски регистарски ознаки излетал од коловозот. Несреќата била пријавена во СВР Тетово на 12 април во 12:35 часот, а со четирициклот управувал М.Ќ. (19) од село Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од село Слатино, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го осуди oбидот да се опожари синагогата во Скопје, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“. „Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека во тек е истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност. The arson attack on the Jewish Community building and synagogue in Skopje – on Easter – is utterly unacceptable and strongly condemned. There is no place for such ...
Доналд Трамп упати остри критики кон папата Папа Лав XIV, нарекувајќи го „слаб“ по прашањето на криминалот и „ужасен“ во водењето на надворешната политика. Папата претходно ја оцени како „неприфатлива“ заканата на Трамп за уништување на иранската цивилизација и повика на подлабоко размислување за третманот на мигрантите во САД. Во својата објава, Трамп изјави дека не е „голем обожавател“ на папата и дека не сака папа кој, според него, ...
Американската војска ќе воведе поморска блокада во Оманскиот Залив и Арапското Море, источно од Ормускиот теснец, која ќе се однесува на целиот поморски сообраќај без разлика на знамето на бродовите, пренесува Ројтерс. Според соопштението на Централната команда на САД за Блискиот Исток, Центком, бродовите што без одобрение ќе влезат или излезат од блокираната зона ќе бидат изложени на „пресретнување, пренасочување и заплена“. Блокадата ...
Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Унгарците вчера испишаа историја, на својата прва прес-конференција по победата над Виктор Орбан на парламентарните избори. Тој информираше дека неговата партија ќе има 138 од вкупно 199 пратеници во парламентот, иако дел од гласовите сè уште се пребројуваат, оценувајќи го резултатот како „мандат каков што досега не е виден“. Маѓар ја обвини партијата Фидес дека зад себе имала „целосна пропагандна ...
Четири лица се уапсени откако 16-годишно момче починало од убодни рани во Питерборо, Велика Британија, пренесува Скај њуз. Полицијата и итната помош биле повикани во населбата Рајзхолм, во близина на трговскиот центар Ортонгејт, нешто пред 19 часот. Момчето било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите. Поради сомнение за убиство, приведени се 18-годишник и 15-годишно момче, како и две девојки на возраст од 17 и 16 ...
Министерството за внатрешни работи информира дека на 12 април во 07:22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Апостол Гусларот“, во двор од верски објект, бил забележан канистер за гориво и траги од горење. По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Претходно, Еврејската заедница во Македонија го осуди, како што наведуваат, обидот за опожарување на ...
Доцна синоќа, на улицата Тоде Мендол во Куманово, избувнал пожар во паркирано возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Според пријавата во кумановската полиција, огнот избил околу 23:25 часот, по што на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово и го изгаснала пожарот. Во инцидентот, неколку лица кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар во Куманово, каде им била укажана лекарска помош. На ...
Од СДСМ соопштија дека по падот на власта на Виктор Орбан во Унгарија, може да дојде до откривање на, како што наведуваат, „тајни бизнис комбинации“ меѓу Орбан и Христијан Мицкоски. Во соопштението се наведува дека „Мицкоски ги ставил стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан“, како и обвинувања поврзани со медиуми, телекомуникации, енергетика и кредити. СДСМ посочува дека „сите овие договори мора да бидат детално истражени“ и ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го сослушал извештајот на Рустем Умеров по првата фаза од работата на украинската делегација на Блискиот Исток и во регионот на Заливот, пренесува Украинска правда. Зеленски наложил да се финализираат нацртите на неколку нови безбедносни договори, со очекување резултати уште оваа недела. Украина моментално комуницира за безбедносни прашања со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, ...
Снимка од Хегедуш Жолт, кој се смета за иден министер за здравство во Унгарија, стана вирален хит откако беше објавено видео на кое танцува на прославата по изборната победа на партијата Тиса. По освојувањето на двотретинско мнозинство во парламентот, во Будимпешта било организирано големо славје, каде Жолт ги покажал своите танцувачки потези. Видеото е снимено на партиски собир на плоштадот Батјани. Политичарот се огласи за снимката, ...
Кремљ за првпат реагираше по заминувањето од власт на Виктор Орбан, порачувајќи дека Русија ја почитува одлуката на унгарскиот народ и очекува продолжување на односите со Унгарија, пренесуваат руски државни медиуми. Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека Москва ќе ги следи потезите на новата влада на Петер Маѓар по изборната победа. Тој додаде дека Кремљ не очекува изборниот резултат да има влијание врз војната во Украина и нагласи дека ...
Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на тим-билдинг активностите во Анкара реализираше повеќе посети и средби. Во рамки на програмата, делегацијата оддаде почит на Мустафа Кемал Ататурк со посета на Аниткабир. Потоа беа остварени средби во Големото народно собрание на Турција со пратеници кои потекнуваат од Македонија, при што беа разменети мислења за прашања од ...
До почетокот на летото, три хороскопски знаци ги очекуваат значајни животни промени кои ќе донесат нов правец и пресврт. Близнаци ќе се соочат со момент на одлука – разговор или настан ќе ги натера јасно да кажат што сакаат, по што работите брзо ќе се развиваат и ќе донесат поголема сигурност. Шкорпија влегува во период на силна лична трансформација. Можно е да затвори важно поглавје и да започне нова фаза со нови можности, иако на почеток ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја обвини Хилари Клинтон дека, како што тврди, изнесува невистини за врските на нејзиниот сопруг Бил Клинтон со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Во изјава за руски медиуми, Захарова тврди дека Хилари Клинтон „ја прикрива“ улогата на својот сопруг и неговото наводно знаење за активностите на Епстин, како и дека постојат докази кои, според неа, ги оспоруваат ...
Реакции за резултатите од изборите во Унгарија пристигнуваат од целиот свет, од министри до државни лидери. Новинарите го прашаа и американскиот претседател Доналд Трамп за поразот на Виктор Орбан, но тој реагираше неочекувано. На снимките што се шират на платформата Икс се гледа како Трамп, веднаш штом новинарите почнале да го прашуваат за Орбан, го прекинува одговарањето и си заминува без коментар. Унгарскиот долгогодишен лидер Виктор ...
Остатоците од традиционалната велигденска трпеза, воглавно може да се чуваат во фрижидер најмногу три до четири дена. На пример, варените јајца треба да се искористат во рок од една недела, но само ако цело време биле чувани во фрижидер и не се оштетени. Печеното месо може да се консумира до четвртиот ден, под услов веднаш по оброкот правилно да се олади и да се чува во затворен сад. Доколку храната не се искористи во овој рок, се ...
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека војната со Иран ќе има долготрајни последици врз глобалната економија и дека Германија се подготвува за значителен економски товар. „Последиците од оваа војна ќе ги чувствуваме долго, дури и по нејзиниот крај“, изјави Мерц. Тој додаде дека се очекува товарот да го почувствуваат и германската економија и домаќинствата. Мерц изрази жалење за пропаѓањето на преговорите меѓу САД и Иран во ...
Будимпешта се претвори во зона на славје по изборниот пораз на Виктор Орбан. Илјадници луѓе танцуваа по улиците, автомобилите свиреа, а поддржувачите на партијата Тиса ја славеа убедливата победа. Изборите со рекордна излезност од околу 80 проценти ја завршија 16-годишната власт на Орбан. За многумина, тоа значи враќање кон европскиoт курс. Every street in central Budapest looks like this right now, people are celebrating ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека од денеска во 16 часот ќе блокираат бродови кои „влегуваат или излегуваат“ од иранските пристаништа. Американскиот претседател претходно соопшти дека морнарицата ќе започне постапка за блокада на „сите бродови“ кои се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот теснец. Од Централната команда на САД соопштија дека блокадата ќе се спроведува „непристрасно кон бродови од сите држави“, но ќе ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп се огласи на својата мрежа Truth Social, обвинувајќи го Иран дека не го исполнил ветувањето за отворање на Ормускиот теснец и дека со тоа ги крши меѓународните закони и ја загрозува глобалната безбедност. „Иран вети дека ќе го отвори Ормускиот теснец и свесно не го направи тоа. Со тоа предизвика вознемиреност, нарушувања и страдање кај многу луѓе и држави ширум светот. Тврдат дека поставиле мини во морето, ...
Кина повика на смиреност од сите страни откако беше запрашана за заканата на Доналд Трамп за покренување поморска блокада на Ормускиот теснец. „Одржувањето на овој клучен пловен пат безбеден, стабилен и непречен е во заеднички интерес на меѓународната заедница“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун. Тој додаде дека Кина е подготвена да соработува со сите страни со цел да се обезбеди енергетска ...
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) предупреди дека „ниту едно пристаниште во Заливот и Оманското Море нема да биде безбедно“ по одлуката на САД да воведат блокада на сообраќајот што влегува и излегува од иранските пристаништа во Ормускиот теснец, јави Анадолу. Во соопштението, пренесено од државниот медиум ИРИБ, се наведува дека безбедноста на пристаништата во регионот „или е за сите или за никого“. Иранските ...
Од ВМРО-ДПМНЕ упатија критики до Венко Филипче и раководството на СДСМ, повикувајќи го да се огради од поранешниот премиер Зоран Заев. Во соопштението се наведува дека Филипче треба да се дистанцира од, како што тврдат, „сомнителни проруски бизнис партнери“ поврзани со Заев, при што се споменуваат имиња како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко и Борче Марковски. Од ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат и случајот од 2020 година со урбанистички ...
Опозициската СДСМ реагира по изборите во Унгарија, оценувајќи дека граѓаните избрале европски курс наместо, како што наведуваат, автократија. „Унгарија ја избра Европа наместо Русија. Граѓаните јасно и гласно рекоа: доста е автократија“, стои во соопштението. Од партијата посочуваат дека по 16 години владеење, паднал режимот на Виктор Орбан, а победата на Петер Маѓар ја оценуваат како „победа на демократијата над автократијата и на ...
Во име на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, упатени се честитки до Петар Маѓар по повод довербата добиена од граѓаните, како и до партијата Тиса за изборниот резултат во Унгарија. Од Движењето ЗНАМ изразуваат уверување дека билатералните односи меѓу Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет и ќе се унапредат на повисоко ниво, врз основа на европските вредности, демократијата и меѓусебната поддршка. Во ...
ММинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави го одбележал најголемиот христијански празник – Велигден. „Попладнево, заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, го одбележавме најголемиот христијански празник – Велигден, празник на надежта, верата и заедништвото“, напиша ...
Убедливата победа на Петер Маѓар ѝ дава силен мандат на неговата партија Тиса за спроведување реформи и можност за одмрзнување милијарди евра од Европска Унија, пренесува Ројтерс. Аналитичарите оценуваат дека очекуваното двотретинско мнозинство е најповолен исход за ЕУ и пазарите, кои веќе сигнализираат доверба и можен економски раст. Сепак, постои претпазливост – новата власт ќе мора да ги исполни ветувањата, особено во делот на владеење ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи откако Виктор Орбан ги изгуби изборите во Унгарија. „Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока ...