Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 3.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар) Масло ...

„Ако Христијан Мицкоски мисли дека со игнорирање на жртвите во трагедијата во Кочани и нивните семејства Македонија ќе заборави, мораме да му порачаме дека се лаже. СДСМ нема да дозволи да останат неказнети оние кои дозволија на Македонија да и се случи најголемата трагедија во поновата историја!“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ на денешната прес-конференција. „Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата ...

Еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија, над 150 дивоградби во Чаир е без никаква институционална реакција. И наместо овој скандал да биде предмет на итна истрага, санкции и одговорност – власта ја штити урбаната мафија, изјави Љубица Јанчева координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје. „Се издавале фалсификат решенија, се правеле згради каде што требало да има улици, со еден збор ...

Неодговорното однесување на поранешниот министер Арбен Таравари, кој во служба на своите лични и групни политики ги остави здравствените работници на улица, го достигна својот врв. Тој ќе се соочи со судот на граѓаните на двојните избори во октомври, каде што отчетноста нема да изостане, велат од Алијанса за Албанците. „Сведоци сме на континуирано незадоволство на здравствените работници и соработници, кои со право реагираат на ...

Премиерот Христијан Мицкоски нема да прифати пред зборовите македонска нација да стои зборот „сегашна“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, како што предлагаат пратеници од ГЕРБ. Предлогот за додавање на зборот сегашна, премиерот Мицкоски смета дека е обид за создавање нова, вештачка македонска нација. „Јас имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе и во Европскиот парламент и во Брисел и денеска ќе ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев од денеска и во наредните два дена во Атина, Грција, ја предводи делегацијата на македонското МВР на 52-та Европска регионална конференција на ICPO-INTERPOL тематски посветена на – Користењето на експертизата, капацитетите и ресурсите на ИНТЕРПОЛ за борба против употребата на нови технологии кои го подобруваат обемот и ефикасноста на транснационалниот сајбер криминал, ...

Во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи издадоа вкупно 21.178 платни налози претежно по основ на прекршоци сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР. „Така, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, а пак за управување ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, направив увид во градежните активности на локацијата каде што се гради новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто. „По 62 години, конечно се реализира проект од огромно значење за целото население, за сегашните и идните генерации ученици, наставници и родители. Старите училишни бараки одамна не ги ...

Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор, обвини ВМРО-ДПМНЕ. „Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција. Судиите избрани од ДУИ и СДС, му го укинаа притворот и му го ...

Општина Центар и ова утро беше преплавена во смет откога ЈП „Комунална хигиена“ повторно беше на продолжен одмор, велат од Општината. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека се подготвуваат одредени законски измени, што ќе бидат доставени до министерствата со цел преземање на ингеренциите од Град Скопје. „Сето ова што се случува со нехигиената е недозволиво ниту за центарци ниту за сите жители на градот Скопје. Подготвуваме неколку ...

Во моментот имаме два огласи кој што ги има објавено Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно- истражувачки проекти и апликации, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски посочи дека двојно е зголемен буџетот за наука и научна дејност. „Ги повикувам колегите од универзитетите да поднесат барање, тоа ...

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог – Законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Макединија да биде една изборна единица. „Ваквите измени ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на „еднопартискиот систем“ на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт“, велат од Демократскиот ...

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска оствари средба со ракометарките на ЖРК „Ѓорче Петров“, кои вторпат по ред ја освоија двојната круна – титулата во првенството и трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција. Стојкоски им честита на ракометарките и на стручниот штаб за извонредната сезона и за континуираниот успех што го постигнуваат на национално ниво. „Ѓорче Петров се горее со вас. Со вашата ...

Меѓународниот аеродром „Скопје“ од 1 јуни се поврза со уште три града во Турција. Авиокомпанијата „Аџет“ изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на „Аџет“ до аеродромот „Чукурова“ двапати во неделата, а до сите три дестинации ќе се лета од 1 ...

Почнувајќи од јуни 2025 година, започнува сосема ново астролошко поглавје за четири хороскопски знаци – поглавје кое носи олеснување, стабилност и појасна насока. Планетата Уран, позната по својата поврзаност со ненадејни промени и ослободување од сè што е во стагнација, полека го завршува својот долг престој во знакот Бик, каде што се наоѓа од 2018 година. Овој циклус предизвика многу внатрешни и надворешни превирања, но сега конечно доаѓа ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 26.05. до 01.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 133 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила ...

„За да се справи со предизвиците што ги носи летната сезона и зголемениот ризик од пожари, Владата преку Оперативниот план за 2025 година, ќе ангажира 400 нови пожарникари во општините со најголеми потреби. Целта на оваа мерка е да се обезбеди брз и ефикасен одговор за спречување на ширењето на пожарите, особено во текот на жешките летни месеци“, велат од „Влен“. „Пожарникарите се херои на првата линија во борбата против пожарите, ...

Партијата чиј директор на ФЗОМ, Ден Дончев трупаше туциња пари во торба, во мизерен обид лаже и манипулира за работата на Фондот. Заврши времето кога директорот на ФЗОМ од СДС трупаше туцуња пари во торба, реагира ВМРО-ДПМНЕ на барањето на СДСМ за оставка на актуелниот директор на ФЗОМ. „Заврши времето кога министерот Филипче договараше провизии од вакцини. Заврши времето на жути@јаху набавките. Заврши времето на обидите за приватизација на ...

Новосадската Барбика, како што многумина ја нарекуваат, овој пат реши да ги открие малите тајни за својот беспрекорен изглед на своите бројни обожаватели на социјалните мрежи. Видеото: https://www.instagram.com/bekvalceva/?utm_source=ig_embed&ig_rid=916d8b08-9f46-4405-aaba-7e05d33a9a88 На социјалните мрежи, таа покажа пример за лежерен стил, дизајниран, како што вели, за опуштена вечера. За оваа пригода, Наташа Беквалац избра фармерки ...

Денес со почеток во 18:30 часот, на улицата Македонија ќе започне 9-то издание на уличниот уметнички фестивал Статуафест – Соништа. Фестивалот ќе трае до 4 јуни. „Статуафест е уличен уметнички фестивал каде улицата го покажува своето друго лице – полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи. Оваа година, тематски нурнуваме во светот на соништата – оние скриени визии што нè водат, ни шепкаат ...

Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ ќе се претстави со концерт на народни игри на 3 јуни 2025 година со почеток во 19.30 часот во Национална опера и балет, Скопје. Гостин на концертот ќе биде македонскиот ансамбл „Танец“. Во богатата низа на разновидни концерти кои „Ладо“ ги изведува во текот на годината, најбрилијантни се играорните програми во кои може да се види целиот сјај на ансамблот. „Годинава „Ладо“ подготви ...

„Македоника литера“ деновиве објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин, „Бели мугри“. Книгата, во тираж од 400 примероци, колку што било печатено и оригиналното издание во 1939 година во Самобор, Хрватска, беше публикувана по иницијатива, со поддршка и подарок од академик Горан Калоѓера од Хрватска за македонските читатели и почитувачи на делото на Рацин. Горан Калоѓера е рацинолог, македонист ...

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во северноцентралниот нигериски трговски град Моква, во државата Нигер, се искачи на најмалку 200, изјави локален функционер, според „Ен-би-си њуз“. Видеото: ...

Вулканот Етна на Сицилија, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно еруптира предизвикувајќи паника кај туристите, кои бегаа за да си го спасат животот. Видеото: ...

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката. „Планираме музички спектакл на кој публиката ќе има можност да се потсети на незаборавните македонски шлагери, како и на безвременските филмски мелодии од светската сцена. Овој музички настан ќе не поврзе, ќе не врати низ времето, и да ...

Најдобрите пинг понгари доаѓаат во Скопје на светскиот турнир WTT Contender Skopje 2025. На 9 јуни во спортскиот центар „Јане Сандански“ започнува натпреварот од категоријата World Table Tennis и истиот ќе трае до 15 јуни. Натпреварите ќе се одвиваат во текот на целиот ден, а на „Контендерот“ се пријавени некои од најдобрите светски пинг понгари и легендите на спортот. Влезот е слободен, а ова е првпат Македонската федерација да биде ...

Партијата за движење на Турците (ТХП) изрази подготвеност да учествува во дебатите за промена во изборниот модел и ја поддржа иницијативата за отворање широк дијалог за измени на Изборниот законик, велат од партијата во врска со прашањето за една изборна единица. „Веќе со години како ТХП бараме промена на изборниот модел, односно модел што ќе овозможи правично и фер претставување на помалубројните етнички заедници во Собранието на Република ...

„Додека Македонија тагувала и ги броела жртвите од пожарот во тетовската модуларна болница, Венко Филипче анексирал договори за градба за да се спаси. Венко Филипче кој дозволил да се изгради Модуларната болница во Тетово со неогноотпорни материјали, денови по пожарот склучува анекс со фирмата изведувач да ги промени панелите од кои се изградени контејнерите со огноотпорни“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено ...

Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. „Ова не е само пракса, туку е прв чекор кон задржување на младите во нашата земја. Ги отвораме вратите на Министерството за вашите идеи, ентузијазам и знаење. Убедена сум дека ова искуство ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1005
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1005
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
89%
1006
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.83
100%
1005
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
8.23
62%
1007
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
3.09
96%
1003
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
84%
1004
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
94%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Калај

46.91

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Платина

67162.91

Иридиум

221848.72