Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Најдобриот пријател на актерот Хју Џекмен го коментираше неговиот развод со актерката Дебора Ли Фурнес. Австралискиот радио водител Гас Ворланд откри како актерот Хју Џекмен се справува со целата драма. „Никој не сака никој да помине низ она низ што минува, а тој јавно го поминува тоа поради неговата слава. Она за што бев навистина строго се држев е да допуштам Хју и Дебора Ли да го прават она што треба да го прават. Бев со него во Њујорк ...
Еди Марфи и Мартин Лоренс официјално станаа семејство. Синот на Марфи, Ерик, и ќерката на Мартин, Јасмин, се венчаа во тајност пред две недели. Еди ја потврди среќната вест. „Сите правеа големи планови за свадбата, а потоа решија дека сакаат да направат нешто само за нив двајца“, рече Еди за време на гостувањето во „Шоуто на Џенифер Хадсон“. Еди, исто така, се пошегува дека Мартин не мора „сега да плати за свадбата“. Ерик и Јасмин се ...
Македонската кантавторка Дина Јашари го претстави својот прв студиски албум со наслов „Растенија без корен“. „Албумот ,,Растенија без корен’’ е составен од девет песни, снимени во различен период од изминативе три години, на различни локации со различни луѓе. Не можам да го сместам во никаква жанровска кутија, тој е шарен, жив и искрен. Кога за првпат ги напишав насловите на песните и ги наредив – одеднаш сè ми имаше смисла!“, открива Дина ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на пленарната сесија „The Resource Race: Who Controls the Green Future“ во рамки на Астана Интернационалниот Форум 2025, каде што истакна дека критичните минерали стануваат клучен фактор во глобалната енергетска и безбедносна политика. Сесијата посветена на глобалната трка по критични минерали и ретки елементи, кои се од суштинско значење за енергетската ...
Довербата во Европа и САД по безбедносните прашања ќе биде поткопана ако не успеат брзо да постигнат решение за конфликтот во Украина, според францускиот претседател Емануел Макрон. „Ако САД и Европејците не можат да ја решат ситуацијата во Украина за краток временски период, мислам дека нивниот кредибилитет, со оглед на тоа што тврдат дека ја решаваат секоја криза во овие региони, ќе биде многу низок“, рече Макрон на безбедносната ...
Денеска полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило “цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39) од Прилеп. При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил. Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со ...
Ова лето, на 7 август, македонската народна песна ќе одекне во Античкиот театар во Охрид, со концерт на фолк изведувач – Влатко Миладиноски, еден од најпочитувани вокали на македонската народна музика. Под отворено небо, во магичната атмосфера на Античкиот театар, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на големиот оркестар предводен од неговиот брат Златко Миладиноски. „Оваа вечер ќе биде посветена на сите што ја носат Македонија во ...
За љубовната приказна на францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит се зборува со години и не престанува да предизвикува внимание и полемики. Двајцата во последните денови се во фокусот, по инцидентот што се случи на аеродромот во Виетнам кога се симнуваа од авионот, кога можеше да се види дека таа го удира Макрон, што Елисејската палата го опиша како шала меѓу сопружниците, додека експертите за говор на тело речиси сигурно ...
Месец јуни во Кинотека на Македонија носи богата, внимателно курирана филмска програма што се движи низ темите на телесноста, идеалот, отпорот и културната меморија. Од антологиската класика на европскиот модернизам, до ангажирани современи дела и регионални гласови, јунската понуда ги зближува различните филмски поетики, а го збогатува и самото искуство на гледање како чин на размисла, анализа и емоционален ангажман. „Смртта во Венеција“ – ...
Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги додели наградите од повикот „Натпревар за успешни иницијативи од Западен Балкан” на кој шест најуспешни иницијативи добија награда во вредност од 18.000 евра, како признание за напорите и успехот во создавање на вредности и нови можности за младите во Западен Балкан. Покрај паричната награда, шесте наградени ќе бидат вклучени во петмесечна комуникациска кампања преку социјалните медиуми, со ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Астана, оствари билатерална средба со министерот за енергетика на Република Казахстан, Ерлан Аккенженов. На средбата се разговараше за искуствата на двете земји во спроведувањето на енергетската транзиција, улогата на критичните минерали во зелената економија, како и за потенцијалите за соработка во делот на обновливи извори на енергија, геолошки истражувања и ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) со задоволство ја поздравува иницијативата на премиерот за воведување на една изборна единица, но истата треба да биде проширена со воведување на пропорционален изборен систем, без праг, со отворени листи и со 50% застапеност на жени на листите, соопштија од партијата. Од таму велат дека ова е предлог за кој ДОМ со години се залага и за кој е убедена дека е клучот за посуштинска демократизација и ...
Оперативниот план опфаќа и обуки за жени и млади до 29 години, во рок од 3 месеци со месечен надомест од 12.000 денари, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева. Почитувани граѓани, „Во рамки на мерката ОБУКИ, во овој циклус предвидуваме вкупно да бидат опфатени над 2.000 лица, со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности. Ќе започнам со првата обука којашто е наменета за невработени лица кои што ...
Денес на одржаната седница на Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија, едногласно се изгласаа заклучоците и препораките од Надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. Вкупно учествуваа 42 сведоци, кои го дадоа својот исказ и одговараа на прашањата поставени од членовите на Комисијата, а ...
Претставници на седум независни листи ширум земјава денес пред Собранието јавно ги потсетија пратениците дека треба да го послушаат Уставниот суд и итно да донесат измени на Изборниот законик со кои ќе им биде овозможено учество на претстојните локални избори. Откога Уставниот суд го укина членот од изборниот законик со кој прагот за собирање потписи за независни листи беше кренат на 1%, независните бараат измени со кои ќе биде дозволено да ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека реконструкцијата на салата Работнички се одвива во полн ек, кадешто во моментов се бетонира подлогата, што претставува една од клучните фази во процесот. „Работиме интензивно култната сала да блесне во ново руво. Во тек е втората фаза од реконструкцијата, кадешто ја бетонираме подлогата според највисоки стандарди. Го враќаме сјајот на нашиот Работнички и од септември нашите ...
По повод Светскиот ден на мултипла склероза, кој секоја година се одбележува на 30 мај, Националното здружение за МС организираше настан под мотото „Точната дијагноза го менува животот: глобален повик за рана и прецизна дијагноза на МС“. На настанот присуствуваа здравствени работници, претставници на институции, пациенти, негуватели и други. Претседателот на Здружението, Ана Карајанова Димитрушева, во своето обраќање ги истакна најголемите ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на тркалезната маса по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Асоцијацијата на менаџмент консултантите на Македонија – МКА 2000. Настанот се одржа во Скопје, а на него присуствуваа претставници од ЕУ Делегација, од јавниот и приватниот сектор, CMC лиценцирани консултанти, партнери и соработници. Во своето излагање, министерот Минчев ја нагласи значајната ...
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува скопјани денеска во 18.00 часот на добра традиционална македонска и европска трпеза во Паркот на Франкофонијата. Герасимовски вели дека културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“ e можност за дружење, културна размена и зајакнување на заедништвото. „Денеска, со почеток во 18.00 часот повторно го организираме настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија’, кадешто ќе ...
Со потпишувањето на договорот со Велика Британија на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Ова е најголема економска рамка од 6 милијарди со која ќе започне инвестициски циклус во Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и ...
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот за државната награда ќе трае од 1 до 30 јуни 2025 ...
За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за економска соработка меѓу Северна Македонија и САД. „Важно е да истакнам дека постигнавме конкретен напредок во ...
Над 15.000 матуранти утре ќе го полагаат мајчин јазик и литература, задолжителен дел во рамки на првиот екстерен испит. За државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати, од кои 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански ...
На 3 јуни со почеток во 18 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на реномираниот британски уметник Ричард Дикон. Ова е прва самостојна изложба во нашата земја на реномираниот британски уметник Ричард Дикон, добитник на Turner Prize (1987) и претставник на Велс на Венециското биенале (2007). Ричард Дикон е скулптор чија повеќедецениска скулпторска практика претставува впечатлив и препознатлив пример за ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Меѓународниот Астана форум, Казахстан оствари средби со Бан Ки Мун, поранешен Генерален Секретар на Обединетите Нации и актуелен претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, со Кристоф Хојсген поранешен претседавач со Минхенската безбедносна конференција, како и со Фелипе Полие, помошник генерален секретар на ЕУ за младински прашања. На средбата со Бан Ки Мун се ...
Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се претвора во пртиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Наместо целосно независен орган ослободен од прангите на политиката се става во одбрана на незаконското назначување за директорот на АНБ. Селективниот пристап и бројните недоследности фрлаат црна дамка за целата постапка која е ...
На сопствена иницијатива претседателот на СДСМ Венко Филипче, разговарал со секретарот на ПЕС за Македонија да добие поддршка од ПЕС во Европскиот Парламент, објави денеска во изјава за медиуми, а во врска со повикот на премиерот Мицкоски за резолуцијата за македонскиот идентитет и јазик, за која следната недела ќе се расправа во Европскиот парламент. „Јас веќе вчера зборував со секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), во чије ...
За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Со оваа мерка, како што објаснуваат од Владата, сакаат да постигнат навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период. „Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната ...
На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: -за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, -за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, -за третиот ...