Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори. „Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за поголема ...
Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата услуга, откако милијардерот објави дека ја прекинува својата вклученост во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави портпаролката на претседателот. „Му благодариме за неговата работа. Му благодариме што го основаше DOGE (кратенка од неговиот Оддел за владина ефикасност), а напорите за намалување на измамите и злоупотребата ќе продолжат“, им рече на новинарите портпаролката ...
Царините што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп, а кои претходно оваа недела беа укинати од Трговскиот суд на САД, привремено ќе бидат вратени додека трае жалбената постапка низ судскиот систем, одлучи Сојузниот жалбен суд. Одлуката доаѓа откако панел од тројца сојузни судии заклучи дека Трамп ги надминал своите овластувања со воведувањето на глобалните царини, повикувајќи се на закон што овозможува итни мерки во надворешнотрговската ...
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, во делови од котлината повремено ...
Новиот Закон за енергетика, јасно ја уредува обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реална потрошувачка, но со тоа повторно се отвори прашањето за законитоста на членот 31 од Правилата за снабдување (донесени во 2018), кој дозволува издавање сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка во случаи на неотчитување на мерните уреди, велат од неформалната група Инжeнери на Македонија. Поднесена е ...
Магацин на Обединетите нации во централниот дел на Појасот Газа беше пробиен, додека очајни и гладни луѓе упаднаа во објектот во потрага по храна. Според извештајот на Светската програма за храна (WFP), две лица загинаа во инцидентот, додека неколку други беа повредени. Обединетите нации предупредуваат дека Газа е на работ на тотален глад и апелираат за итно зголемување на испораките на помош за да се избегне хуманитарна катастрофа. Видеото: ...
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денес изјави дека претседателствувањето на Доналд Трамп донесе „цивилизациски промени“ и „ја врати надежта во светот“. Во својот воведен говор на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Будимпешта, Орбан рече дека ја предвидел победата на Трамп на истата конференција минатата година. „И тој победи. Следната година има избори во Унгарија. Дали има уште прашања“, рече Орбан, како што објави ...
Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд предизвика хаос во неколку региони во Романија. Активиран е црвен аларм за поплави во 12 области. Неколку стотици пожарникари се на терен, бидејќи водата влегла во многу куќи по поплавите, а и браните пукнале. Дождот ќе продолжи да паѓа и денес, пренесуваат локални медиуми. На жителите во округот Ковасна вчера им беше наредено да ги напуштат своите домови бидејќи во секој момент постои ...
Израелската влада одобри изградба на 22 нови еврејски населби на окупираниот Западен Брег, објави министерката за финансии Безалел Смотрих, потег што би можел да ги продлабочи поделбите со некои сојузници кои се заканија со санкции поради понатамошно проширување. Министерот од крајнаta десница, застапник на израелскиот суверенитет над Западниот Брег, напиша на мрежата X дека новите населби ќе бидат лоцирани во северниот дел на Западниот ...
Вчера вечер се затвори 15. јубилејно издание на Филозофскиот филмски фестивал со проекција на Селекцијата на видеоесеи (селектор м-р Ивана Мирчевска) и „Витгенштајн“ од Дерек Џарман. Пред филмот во чест на поранешниот Заменик шеф на мисија и Аташе за култура на Кралството Шпанија во Скопје (2020-2023), Ернесто Ередеро дел Кампо (1977-2024), постхумно беше прикажано видео од неговото излагање од Втората интернационална конференција ...
Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ свечено ќе биде отворен на 3 јуни во 20:30 часот во Музејот на современа уметност со изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“ – голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години. Курирана од филозофката и теоретичарка Марина Гржиниќ, во соработка со Славчо ...
Oд 30 мај до 1 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности го организираат второто издание на студентскиот филмски фестивал „ХАЈ-ФАЈ“. „ХАЈ-ФАЈ“ е меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за второто издание ќе започне на Академска сцена со „Meet the new kids“, настан посветен на ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ниту една земја нема да влезе во Европската унија, освен можеби Црна Гора, и дека другите земји се измамени со „лажни ветувања“. „Никој нема да влезе во Европската унија, можеби уште и Црна Гора, а другите држави се залажуваат со лажни ветувања дека ќе станат членки на ЕУ за да изнудат некакви отстапки. Од другите се очекува да ја потчинат својата надворешна политика на европските ...
И покрај прогласената неутралност на Белград, српските воени компании ги снабдуваат вооружените сили на Украина со муниција, објави прес-службата на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР). „И покрај ‘неутралноста’ што ја прогласија српските власти, српските воени компании продолжуваат да ја снабдуваат Украина со муниција. Пaраванот за ова е шема која користи лажни сертификати на крајните корисници и земјите посредници. Најчесто се ...
Илон Маск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп, каде што ја водеше канцеларијата за намалување на трошоците на американската влада. Стотици илјади вработени беа отпуштени или прераспоредени за време на неговиот мандат. Во објава на неговата платформа X, Маск му се заблагодари на Трамп за можноста да ја води новосоздадената Канцеларија за ефикасност на владата, позната под акронимот DOGE (Оддел за ефикасност на владата). ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го обвини Универзитетот Харвард за непочитување на Соединетите Американски Држави, тврдејќи дека единствениот резултат од нивното инсистирање на независност е тоа што тие сè повеќе ги трпат последиците. Администрацијата на Доналд Трамп се судри со неколку универзитети што ги обвинува за промовирање левичарски идеи, прекинување на финансирањето и обиди за запирање на нивните програми, како што се ...
Јавното обвинителство се претвара во обичен инструмент на ВМРО-ДПМНЕ во нивната ПР стратегија, реагира СДСМ откако претходно денес беше отфрлена пријавата против директорот на АНБ, Бојан Христовски, за фалсификат на сертификатот на англиски јазик издаден од училиште во Бугарија. „Денешното отфрлање на кривичните пријави против Директорот на АНБ Бојан Христовски во најмала рака е несериозно, тенденциозно и политички мотивирано, особено поради ...
Со неверојатни 220 милијарди долари богатство, претстојната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез сигурно ќе биде спектакуларен настан. Но, сè уште има работа што треба да се направи пред свадбата. Како трет најбогат човек во светот, основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, со помош на армија правни експерти, составува предбрачен договор пред да го кажат судбоносното „Да“. Џеф (61) и Лорен (55), кои се свршија во 2023 година на ...
Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров кој се води за исчезнат од јануари, наводно бил забележан додека се движел покрај планината „Серта“. Во објава на социјалните мрежи, чијашто автентичност е потврдена од семејството и полицијата, се вели дека очевидец го забележал на планината Серта на релација Неготино-Штип. Бил ослабнат со долга коса и брада. Се апелира доколку некој го забележи да пријави во МВР. Миле последен пат бил виден на 30 ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши и директорите на Музејот на Република Северна Македонија, Борче Топуковски, и на Музејот на современа уметност, Тихомир Топузоски потпишаа Меморандум за соработка, со кој, меѓу другото, се истакнува улогата на културата и уметноста во општествениот развој и се искажува волја за развивање на свеста за унапредување на културните и уметничките вредности во зградата во која е сместен законодавниот дом. ...
Хејли Бибер го продаде својот бренд за шминка и нега на кожа Rhode на e.l.f. Beauty и стана милијардерка. Кратко по објавата, нејзиниот сопруг Џастин Бибер исто така се огласи на Инстаграм. Тој објави фотографија од Хејли и сподели снимка од екранот од нејзината објава за продажба на брендот, кој постои само три години, за милијарда долари. Го остави описот на објавата празен. Имаше и неколку честитки во коментарите до Хејли за нејзиниот ...
Предлогот кој беше усвоен од страна на Советот на Општина Битола, денес од стручен аспект, советничката Трајковска, детално го образложи, пред градоначалникот Коњановски, нагласувајќи дека ова решение треба да содржи спортски игралишта за фудбал, кошарка, тенис, одбојка, фудбалско игралиште по стандарди на УЕФА за тренинг камп, соблекувални, мини детски паркови, пропратни содржини, како кафетерии и мини ресторани, што ќе значи вистинско ...
Бред Пит конечно го прекина молчењето за неговата осумгодишна правна битка со Анџелина Џоли. Во интервју за списанието GQ, Пит рече дека конечниот крај на процесот не е голема работа за него: „Не, не мислам дека беше нешто особено големо“, рече тој. „Само нешто што конечно дојде до својот правен крај.“ Пит и Џоли имаат шест деца. Двојката се венча во 2014 година откако се запознаа на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“. Пит, исто така, ...
На 29 мај 2025 година, првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе ја има својата италијанска премиера на реномираниот фестивал Cartoons on the Bay во Пескара. Овој фестивал, организиран од италијанската национална телевизија РАИ, претставува водечки настан во Италија посветен на анимацијата, трансмедијата и визуелните уметности. Филмот е дел од официјалната селекција и се натпреварува за престижната ...
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA. Во своето обраќање, Меџити ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во справувањето со климатските промени и ...
Вчера во Скопје се случи слушачка промоција на винилот за последниот албум на групата „Суперхикс“ насловен како „Сила и Нервоза“. На промоција беа присутни бројни фанови, пријатели и новинари. Ова е второ винилно издание на „Суперхикс“ по она од 2107-тата година за „Андерграунд Евергринс“ а истото е во издание на Корпус Деликти и Кичма Рекордс и ќе може да се најде на неколку локации. Албумот е сниман и миксуван во студиото Тра Ла Ла на ...
Љубовта може да биде нежна и грижлива, но за некои знаци на хороскопот, таа вклучува и доза на контрола, страв од загуба и желба партнерот да „припаѓа само на нив“. Не станува збор за злонамерна намера, туку за длабока емоционална приврзаност и потреба за безбедност. И додека повеќето знаат како да повлечат граница, овие два знака честопати тешко се справуваат со несигурноста во љубовта, и тогаш се раѓа посесивноста. Шкорпија Ако постои знак ...
Наградата Карло Велики за заслуги во промовирањето на европското единство денес ѝ беше доделена на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ја нагласи потребата Европа да биде што е можно понезависна. „Време е Европа да се крене и да го започне следниот голем европски проект. Следната ера, нашиот следен голем проект мора да оди во насока на независна Европа“, рече претседателката на извршното тело на ЕУ додека ја ...
Од денес, 29 мај до 30 јуни тече рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа треба да поднесат барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи, информираат надлежните. „Барањето за ...
Објавите на социјалните мрежи од жителите на главниот град на Босна и Херцеговина покажуваат наезда од глодари кои пливаат во реката Миљачка, која тече низ центарот на градот. Видеото можете да го погледнете на следниот линк: ...