„Кај што сонце грее, љубов извира… Во мене желба тлее назад да се вратам пак…Кај што среќно пеев, душа остана… А, штом те спомнат тебе, знам дека си бесмртна…“ дел од најновото музичко парче во изведба на Бојана Скендеровски, насловено „Дома“. Темата всушност е првата композиција од проектот што Бојана го работи со Николче Мицевски, а кој е во фаза на реализација и кој јавноста ќе има можност да го слуша премиерно во периодот кој е пред нас. ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските воздухопловни сили пресретнале 162 украински беспилотни летала во голем ноќен напад што опфатил повеќе региони во ноќта меѓу 1 и 2 јуни. Експлозии и штети се пријавени во најмалку шест региони, а нападот доаѓа еден ден откако Украина изврши масовен напад врз руските воздухопловни бази. Нападите, според руските канали на Телеграм, биле насочени кон градови и индустриски објекти, вклучувајќи ...

Астрономите открија мистериозен објект на 15.000 светлосни години оддалеченост, кој редовно емитува двоминутни импулси на секои 44 минути, во радио бранови и рендгенски зраци. Објектот е именуван ASKAP J1832–0911, по австралискиот радиотелескоп ASKAP кој прв го детектирал. Неговата необична емисија сигнализира можен влез во сосема нова класа на космички феномени познати како долгопериодични радио транзиенти (LPT – long-period transients). ...

„2,5 милијарди денари или 40 милиони евра изнесува Оперативниот план за вработување за 2025 година кој опфаќа над 16.000 граѓани. Споредбено со минатата 2024 година, оваа Владата го зголеми истиот за рекордни 7,5 милиони евра“, велат од Владата. „Со Оперативниот план фокус се става на младите и невработените лица со што како Влада покажуваме дека наш врвен приоритет е намалување на невработеноста преку креирање и отворање на нови работни ...

Северна Кореја го осуди неодамнешниот извештај на мултилатералната група за следење на санкциите за врските со Русија како политички и пристрасен, велејќи дека нејзината воена соработка со Москва е „легитимно остварување на суверените права“, објавија денес државните медиуми. Мултилатералниот тим е „политичка алатка што дејствува во согласност со геополитичките интереси на Западот и затоа нема оправдување да истражува остварување на ...

Претставници на Украина и Русија денес повторно ќе се сретнат во Истанбул за да разговараат за можните начини за завршување на војната, при што перспективите за завршување на војната предизвикана од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година изгледаат далечни. Разговорите се закажани да започнат во 12 часот во палатата Чираган во градот, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Разговорите се во отоманска царска ...

Броевите што ги имаме во нашиот датум на раѓање се особено важни; тие се дел од нашата судбина и можат да откријат многу за нас, нашиот карактер и патот по кој нè води животот. Луѓето со следниве броеви во датумот на раѓање се исклучително среќни и ги очекуваат големи работи од јуни. Број 9 Одговорни, совесни, сериозни, сигурни луѓе кои не се плашат од тешки задачи и прават сè за да ги решат безбедно. Луѓето често ги прашуваат за совет и ...

Кога вечната муза на стилот и гламурот, Ен Хатавеј, се појави на овогодинешната Мет Гала, сите застанаа во место – воодушевени од нејзината порцеланска кожа, грациозен волумен на косата и беспрекорна комбинација од кошула и здолниште од Каролина Херера. Но, она што остави најсилен впечаток беше нејзината сјајна, совршено негувана кожа – знак на години дисциплина и стручна грижа. Нејзината сјајна убавина се должи на Су-Мен, познатата ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени. Времето во наредните денови Следува ...

Освен тоа што покажаа дека Данела Арсовска работи за СДС и ДУИ, покажаа и колку се правно неписмени во обидот да направат политика и да ја оправдаат елементарната непогода, Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Агенцијата за катастар не донесува или брише конкретни акти по сопствена одлука туку врз основа на барање на корисниците на услугите на Агенцијата. Агенцијата за катастар на недвижнини постапила согласно Закон и за тоа била обврзана, ...

Општина Аеродром го добива првото мултифункционално спортско игралиште, на кое покрај фудбал и кошарка, ќе може да се игра и тенис. Станува збор за игралиште кое е сместено во срцето на Ново Лисиче и кое ќе биде целосно реконструирано за првпат од неговата изградба пред неколку децении. В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со пратеничката Катерина Димитровска извршивија увид во отпочнувањето на реконструкцијата. ...

Наместо да се бара одговорност и да се спречат сите компромитирачки дејствија во врска со 150 дивоградби во Чаир, ситуацијата добива нови размери, а мрежата на инволвирани во овој мега скандал се проширува, рече денеска на прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. „Последните информации покажуваат фрапантни работи. Катастрот недвижнини донел решение со кое ги избришал претходно ...

ЈП Водовод и канализација Скопје информира дека успешно е завршена акцијата за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил. Велат тоа е потфат кој се прави еднаш на 60 години за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода и трае 15 часа. Зафатот е завршен успешно, а за да нема дефекти на водоводната мрежа при повторно пуштање на водата под притисок, се ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а максималните од 18 до 30 степени целзиусови. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 12, а максималната 30 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат ...

Денеска, еден воздухоплов „ер трактор“ (Air Tractor AT-802A Fire Boss – Z3-BGV) за гаснење пожари, на Дирекцијата за заштита и спасување, беше вратен на меѓународниот аеродром „Скопје“, по завршувањето на годишната инспекција – сервисирање, информираат од ДЗС. „Тоа се остварува според Техничката спецификација во договорот и дополнителните и/или нерутински (непредвидени) задачи и услуги од страна на ЕАСА (EASA Part-145) овластената ...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2025 (недела) со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ...

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците во своите училишта, дел пак во амфитеатрите на најблиските факултети каде има соодветни услови за спроведување на процесот. Пред почетокот на полагањето, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Михајловска го посетија Земјоделскиот ...

Владата е посветена на креирање мерки и решенија кои ќе ја подобрат перспективата и можностите на младите. Владата останува фокусирана на зајакнување на улогата на жените и младите во општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оперативниот план за вработување за 2025 година опфаќа мерката ОБУКИ за жени и млади до 29 години во рок од 3 месеци со месечен надомест. Во овој циклус се предвидува мерката обуки со која ќе се опфатат над 2000 лица со ...

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, истакна од Крива Паланка претседателот на СДСМ Венко Филипче. „ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие“, вели тој. Според него, единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност. Македонија не смее да биде изолирана, истакна Филипче и додаде дека мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од ...

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина е планирана за понеделник, 2 јуни, во Истанбул. Москва објави дека ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, кој ги вклучува сите аспекти на решението за причините за конфликтот. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека ниту Киев ниту Анкара, како посредник во преговорите, не добиле никакви документи од Москва за подготовка за следната рунда преговори, најавена за в ...

Времето денеска, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...

ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека ќе ја разоткријат вистинската одговорност за трагедијата. Првата прес-конференција ќе биде одржана денеска во 12 часот. „14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше?“, стои ...

Семејствата на загинатите во кочанската дискотека денеска во 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“. Маршот, кој истовремено ќе биде посветен и за поддршка на повредените лица во трагедијата, ќе почне од Паркот на Револуцијата, ќе продолжи низ Трговскиот центар до пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани. Организаторите ги покануваат сите граѓани кои даваат поддршка ...

Над 15 илјади ученици кои завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Тој е задолжителен за сите матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 9.969 ученици за македонски јазик, 4.339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик. Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се ...

Најдобриот пријател на актерот Хју Џекмен го коментираше неговиот развод со актерката Дебора Ли Фурнес. Австралискиот радио водител Гас Ворланд откри како актерот Хју Џекмен се справува со целата драма. „Никој не сака никој да помине низ она низ што минува, а тој јавно го поминува тоа поради неговата слава. Она за што бев навистина строго се држев е да допуштам Хју и Дебора Ли да го прават она што треба да го прават. Бев со него во Њујорк ...

Еди Марфи и Мартин Лоренс официјално станаа семејство. Синот на Марфи, Ерик, и ќерката на Мартин, Јасмин, се венчаа во тајност пред две недели. Еди ја потврди среќната вест. „Сите правеа големи планови за свадбата, а потоа решија дека сакаат да направат нешто само за нив двајца“, рече Еди за време на гостувањето во „Шоуто на Џенифер Хадсон“. Еди, исто така, се пошегува дека Мартин не мора „сега да плати за свадбата“. Ерик и Јасмин се ...

Македонската кантавторка Дина Јашари го претстави својот прв студиски албум со наслов „Растенија без корен“. „Албумот ,,Растенија без корен’’ е составен од девет песни, снимени во различен период од изминативе три години, на различни локации со различни луѓе. Не можам да го сместам во никаква жанровска кутија, тој е шарен, жив и искрен. Кога за првпат ги напишав насловите на песните и ги наредив – одеднаш сè ми имаше смисла!“, открива Дина ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на пленарната сесија „The Resource Race: Who Controls the Green Future“ во рамки на Астана Интернационалниот Форум 2025, каде што истакна дека критичните минерали стануваат клучен фактор во глобалната енергетска и безбедносна политика. Сесијата посветена на глобалната трка по критични минерали и ретки елементи, кои се од суштинско значење за енергетската ...

Довербата во Европа и САД по безбедносните прашања ќе биде поткопана ако не успеат брзо да постигнат решение за конфликтот во Украина, според францускиот претседател Емануел Макрон. „Ако САД и Европејците не можат да ја решат ситуацијата во Украина за краток временски период, мислам дека нивниот кредибилитет, со оглед на тоа што тврдат дека ја решаваат секоја криза во овие региони, ќе биде многу низок“, рече Макрон на безбедносната ...

Денеска полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило “цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39) од Прилеп. При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил. Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
88%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1003
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
81%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
92%
1002
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
83%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Кобалт

64.04

Платина

67162.91

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03