Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Речиси секој ден има случај низ Македонија кога куче ќе касне некое лице. На оваа надлежните реагираа бледо. Затоа и опасните сцени се повторуваат. Пред некој ден двегодишно дете од Битола е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје со тешки телесни повреди нанесени од кучиња скитници. Детето било искасано по целото тело додека си играло близу семејната куќа. Ден порано скопјанка преку социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво со ...
Натпреварот во ски-скокови на малата скокалница во Предацо донесе неочекуван расплет и ново олимписко име. Наместо фаворитот Домен Превц, златниот медал го освои Германецот Филип Рајмунд, кој ја постигна најголемата победа во својата кариера токму на Зимските олимписки игри. Рајмунд, кој досега немаше победа во Светскиот куп, изведе два сигурни и прецизни скока, освојувајќи 135,6 и 138,5 поени. По натпреварот изјави дека нервозата пред првиот ...
Украинската влада најави нови мерки за поддршка на граѓаните во услови на оштетен енергетски систем поради руските напади. Претседателот Володимир Зеленски соопшти дека државата ќе им помогне на домаќинствата и станбените заедници при набавка на генератори и други извори на автономно напојување. Одлуката, како што изјави Зеленски во своето вечерно обраќање, е донесена по консултации со премиерката Јулија Свириденко. Целта е купувањето ...
Делови од Општина Карпош денеска (вторник, 10 февруари) ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа со пречник од 100 милиметри на крстосницата на улиците Његошева и Софиска. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Без вода ќе бидат корисниците на улиците Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, ...
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од село Лисец кон Попова Шапка, каде снегот е задржан на коловозот. Слаб снег паѓа и на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, но не се задржува на патот. Намалена видливост поради магла има на неколку планински премини — на Плетвар до 30 метри, на Ѓавато до 100 метри и на превојот ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска во 9 часот ќе го блокира пристапот до Собранието, со што ќе започнат блокади на институции за кои од ССМ велат дека го кочат зголемувањето на минималната плата. Предвидено е да бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на законодавниот дом. Од ССМ порачуваат дека со блокадата сакаат да испратат јасна порака до пратениците, кои според нив повеќе од една година го блокираат ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Во претпладневните часови, во некои повисоки места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој попладне долж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 3 и 10 степени. Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со услови за ...
Кристијано Роналдо ќе се врати на теренот за Ал-Наср на 14 февруари, на натпреварот против Ал-Фатех, со што ќе стави крај на краткиот бојкот на клубот. Португалската ѕвезда пропушти два натпревари поради незадоволство од односите со клубот и Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ). По разговори со управата, постигнат е договор за исполнување на дел од неговите барања, меѓу кои исплата на одредени долгови и поголема автономија во управувањето ...
Франција ја започна најголемата воена вежба од крајот на Студената војна, во која учествуваат околу 12.500 војници. Тримесечната операција има цел да ја тестира подготвеноста на европските армии за конфликти со висок интензитет. Вежбата „Орион 26“, која ќе трае до 30 април, вклучува 25 воени бродови, меѓу кои и носачот на авиони „Шарл де Гол“, 140 авиони, околу 1.200 беспилотни летала и вооружени сили од 24 држави. Меѓу учесниците се и САД, ...
СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, РЦГР Запад и РЦГР Југ, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против В.П. (40) од село Стење, ресенско, со престој во Битола, како и против уште едно непознато лице, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“. Според полицијата, на 5 февруари 2026 година околу 11:30 часот во Битола, осомничените довеле во заблуда 72-годишна жена. Непознатото ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше отворена новата градинка „Пчеличка“ со капацитет за 76 деца, адаптирана од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“. Во рамките на инфраструктурните проекти, се асфалтираа делови од улицата „16-та“, се ...
Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е познато како интелектуално влијателно семејство, особено во Скопје. Овој развој се гледа како потврда дека по победата на локалните избори, ВЛЕН се консолидира и во регионот на Скопје, со што ја проширува својата политичка ...
Повторно во Скопје се палат возила. Викендов во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир било опожарено патничко возило „ауди А3″ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 21-годишен скопјанец. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, нема повредени, а полицијата презема мерки за да ги пронајде сторителите. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Повторно во Скопје се палат возила. Викендов во ...
Мобилни телефони и други недозволени предмети биле пронајдени и одземени во Затворот Скопје во Шуто Оризари. Во саботата било пријавено дека во една од просториите во казнено-поправната установа биле откриени предмети што не смеат да се поседуваат во затворски услови. По пријавата, полицијата излегла на терен и ги подигнала пронајдените предмети за понатамошна постапка. За настанот бил известен и јавен обвинител, а истрагата е во тек. Засега ...
Општина Илинден информираше дека потпишала меморандум за соработка со Здружението за обезбедување на третман, застапување и унапредување на правата на лицата со попреченост „Мегалогомед глас”, со што ќе се овозможи воспоставување нова социјална услуга во заедницата, која ќе опфати индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост. Оваа услуга ќе биде насочена кон рано препознавање на развојни ...
Граѓаните од општина Гази Баба кои живеат во згради постари од 20 години ќе може да аплицираат за субвенција од Општината за реконструкција на постојните лифтови. Јавниот повик ќе трае до 30 ноември годинава, односно до исцрпување на планираните средства во буџетот за 2026 година за оваа намена, во износ од 1.100.000 денари. Општината ќе дава финансиска поддршка до 50 отсто од потребните средства за поправка, но не повеќе од 275.000 денари. ...
Кисела Вода, преку општинското комунално претпријатие започнало со самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината. До сега, како што информираа од Општината, оваа услуга се реализирала неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но од сега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба. Собраните количини ќе се транспортираат ЈП „Дрисла”. МОЖЕБИ ...
Бутел во соработка со Град Скопје и СВР, започнала активности за поставување на заштитни столбови на сообраќајницата кај кружниот тек во Бутел, информираа од Општината. Со ова ќе се обезбеди безбедно движење на пешаците, а ќе се спречува и непрописното паркирање на возилата. Ќе се продолжи со активностите за поставување на заштитни столбови на повеќе локации, за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа” во пешачка и резиденцијална зона. Проектот има за цел уредување на јавниот простор и воведување организиран резидентен паркинг. Реконструкцијата се изведува на вкупна површина од околу 6.000 квадратни метри, на потегот од „Партизански одреди” до улицата „Никола Тримпаре”. Во рамки на ...
Во Скопје врие од бездомни кучиња. Ги има многу и на кејот на Вардар. Шетаат во глутници, а дел од нив се агресивни и ги напаѓаат минувачите, рекреативците и велосипедистите. Само во текот на минатата недела неколку скопјани пријавиле каснувања. Една од жртвите на кучињата скитници била и маратонката Сања Николовска-Најдовски која била нападната од десетина кучиња додека тренирала на кејот. Ја искасале повеќепати на двете нозе во близина на ...
Директорот за комуникации на британскиот премиер Кир Стармер, Тим Ален, поднесе оставка, задавајќи нов удар врз раководството на лабуристичката влада во Лондон, поради скандалот околу врската меѓу Џефри Епстин и поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, објавија светските агенции. Во исто време, портпаролот на Стармер посочи дека премиерот нема намера да поднесе оставка од својата функција и е посветен на својата работа за ...
Со блокада на зградата на Собранието, утре Сојузот на Синдикатите ќе се обиде да ги натера пратениците на соочување за да може директно да им ги соопштат своите барања. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, вели дека оваа блокадата е дел од притисокот за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра, како и линеарно покачување на останатите примања барем за 100 евра. „Преку блокадата ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни ...
Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари. Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Пред македонската репрезентација се и: ...
Делегација на Владата предводена од вицепремиерот Александар Николоски, во која прокрај повеќе министри се и градоначалниците на Охрид и Струга е на состанок во Периз со генерален директор на УНЕСКО. На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување ...
Минатата недела системот „Сејф Сити” констатирал 4.991 сообраќајни прекршоци. Дури 4.674 биле за брзо возење. Камерите регистрирале и 163 минувања на црвено светло. Полицијата изрекла вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило”, од кои за сите кои поминале на црвено, а плус 125 се за „брзо возење”. Инаку, во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се дури 22.434 возила кои возеле над дозволеното. ...
„Пациентка со рак на јајници во трет стадиум на Клиниката за онкологија била лекувана со лекот „капецетабин” и со „цетуксимаб”, иако за тоа немало индикација, сведочеше денеска доктор Маја Равник еден од двајцата вештаци од Словенија, ангажирани од Обвинителството во процесот „Онкологија”. Таа дообјасни дека комбинацијата на лекови кај оваа пациентка предизвикала многу сериозни компликации. Вештакот од Словенија објасни дека од 51 прегледано ...
Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ”, ќе се одржи утре на Филозофскиот факултет во Скопје. „И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна дебата,” информираа од Инцијативниот одбор, во состав проф. Цане Мојаноски, проф. Гроздан ...
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во периодот од 02.02 до 08.02.2026 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранило 101 непрописно паркирано возило кое го попречувало нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите ...
Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, а полицијата соопшти дека е можно убиствата да биле поврзани со култ. На почетокот на февруари, полицијата пријавила убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, по што издаде потерница за тројца осомничени. Вчера, биле пронајдени уште три тела, на сопственикот на куќата, и на две момчиња на 15 и 22 годишна ...
„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина,” се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија факт е дека околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДСМ, „ЦБД ...