Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
„После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: Како 5 тони дрога поминала преку македонската граница”, стои во соопштението на СДСМ. Според партијата, станува збор за огромна количина на дрога, а нема приведени, нема осомничени, ниту пак има информација кој се е замешан. „Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5 тони дрога и “лесно ...
Марихуана ја тресе Македонија. МВР тресе фирми во Скопје и Струмица и засега запленила над 40 тони марихуана. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека дополно ќе се претресува и до завршувањето на оваа истрага заплената може да достигне и до 100 тона. Тој воедно кажа дека причина за заплената е непочитувањето на Законот за производството и употребата на канабис, при што појасни дека иако законот е генерално истиот од почетокот кога е донесен во ...
Изнесувањето на завршните зборови на судењето против поранешните лидери на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, започнува денеска пред Специјализираните судски совет во Хаг и ќе трае до 18 февруари. По ова, во рок од 90 дена, Советот ќе донесе пресуда. Лидерите на ОВК се товарат за злосторства против човештвото: прогон, затворање, мачење, и присилно исчезнување на лица, како и за воени злосторства: сурово ...
Македонските превозници особено неделава да внимаваат при возењето низ Србија, оти тамошното МВР соопшти дека ќе врши зголемена сообраќајна контрола насочена кон возачите на камиони и на автобуси. Како што е најавено, сообраќајната полиција пред се ќе контролира почитување на прописите за должина на возење, паузите на возачот и техничката состојба на возилото, како и други прекршоци што можат да ја загрозат безбедноста во сообраќајот. Посебен ...
Марева Грабовски Мицотакис доживеала несреќа во саботата за време на престој во Италија, каде што била заедно со својот сопруг, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според информациите, сопругата на премиерот ги повредила двете раце, по што била пренесена во болницата КАТ, каде што била извршена хируршка интервенција. Киријакос Мицотакис бил покрај неа во болницата, а претходно двајцата присуствувале на церемонијата на отворање на Зимските ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов напредок на ВТА-листата овој понеделник. Иако го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот „Порто 50“ против Американката Флона Кроули во вториот сет, македонската тенисерка сепак успеа да напредува за 12 позиции на светската ранг-листа. Ѓорческа сега се наоѓа на 182-то место на ВТА-листата, додека нејзиниот најдобар пласман во кариерата останува 170-тата позиција. По настапите на ...
Полицијата континуирано спроведува контроли и одзема возила од оние кои немаат возачка дозвола. Некои лица и се приведени. И се уште има граѓани во Македонија на кои не им доаѓа умот. Минатата недела беа регистрирани десетина вакви случаи, но и за време на изминатиов викенд повторно се возело без дозвола. Па така во Куманово, 19-годишнил бил уапсен, затоа што управувал „опел” без возачка, во Тетово 27-годишник без дозвола возел „порше”, а во ...
Околу 11.000 административци ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028 година. Така договорија Владата и синдикатите. „Ова е историска придобивка за вработените во администрацијата“, рекоа вчера синдикалците. А која ќе биде придобивката од ова за македонските граѓани со чии пари ќе се дадат тие плати? Ќе работат ли сега административците поисполнително? При соопштувањето дека ќе земаат поголема плата синдикалците речиси и да ...
Од денеска во Општина Чаир се воведува времен изменет режим на сообраќај поради градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“). Од ГД „Гранит“ АД Скопје информираат дека измената на сообраќајниот режим се спроведува согласно издаденото одобрение за времена измена на режимот на сообраќај од Град Скопје, со број 15-13418/4 од 2 февруари 2026 година. Според најавите, времената сообраќајна регулација ќе биде на ...
ЕВН Македонија најави планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје и околните населби во текот на денешниот ден. Од 06:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Пајак“ и на улицата „Наум Наумовски Борче“ (на потегот од „Костарика“ до Министерството за земјоделие) во општина Центар. Од 08:30 до 14:30 часот прекин на електричната енергија ќе има на дел од улицата „Радишанска“ во општина ...
Коалицијата предводена од јапонската премиерка Санае Такаичи оствари убедлива изборна победа, обезбедувајќи двотретинско мнозинство во Долниот дом на парламентот. Со тоа се отвора патот за спроведување на најавените даночни намалувања и значително зголемување на воените трошоци, насочени кон спротивставување на растечкото влијание на Кина. Либерално-демократската партија на Такаичи освои 316 од вкупно 465 пратенички места, што претставува ...
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека синоќа, во 23:09 часот, е регистриран земјотрес со епицентар на територијата на Косово, на околу 46 километри северозападно од Скопје. Според мерењата на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, земјотресот имал локална магнитуда од 3.0 степени според Рихтеровата скала. Потресот бил почувствуван во Тетово и околината со интензитет ...
Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар, додека на планините ќе врне снег. Поради продор на постуден воздух, врнежите од дожд на повисоките места ќе преминуваат во снег, а во одредени котлини ќе има и појава на магла. Во текот на ...
Многу луѓе се прашуваат колку често треба да имаат секс за да ја одржат својата врска долготрајна и исполнета. Експертите велат дека сексуалниот живот е тесно поврзан не само со задоволството во врската, туку и со општото чувство на среќа и благосостојба, пренесува „Дејли мејл“. Професорката по човечка сексуалност Никол МекНиколс од Универзитетот во Вашингтон, која предава предметот „Разновидноста на човечката сексуалност“ и кој го следат ...
Една ноќ во 2023 година, Ерик прелистувал канал на социјалните мрежи што често го користел, кога одеднаш сфатил дека гледа видео од себе и својата девојка, снимени без нивно знаење. Неколку недели претходно престојувале во хотел во Шенжен, во јужна Кина, несвесни дека во нивната соба била поставена скриена камера. Снимката подоцна била објавена на Телеграм и станала достапна за илјадници корисници. Овој случај го отвора прашањето за ...
Годинашниот февруари, според астролошките толкувања, означува период на премин што може долго да се памети. Втората половина од месецот носи промена на атмосферата, која многумина ја доживуваат како тивок, но решителен крај на една исцрпувачка животна фаза, пишува „Атма“. На небото се случуваат неколку значајни астролошки движења. На 13 февруари Сатурн преминува од последните степени на Риби во првите степени на Овен, отворајќи нов циклус на ...
Малолетник е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Х.Д., и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишно лице. Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни ...
Педесет и двегодишен жител на Велес е приведен откако телефонски ги навредувал полициските службеници, а подоцна и агресивно се однесувал кон нив на терен, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 7 февруари 2026 година околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.У. (52) од Велес. Тој претходно се јавил во полициска станица и ги омаловажувал полицајците, а подоцна на улицата „Јовче ...
Скијачката легенда Линдзи Вон беше оперирана на левата нога по повредата што ја заработи при пад на спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Четириесет и едногодишната Американка одлучи да настапи и покрај сериозна повреда на коленото само девет дена претходно, преземајќи голем ризик. Нејзиниот настап траеше кратко – по неколку секунди на патеката изгуби контрола и го заврши натпреварот со пад. Со хеликоптер беше пренесена во ...
Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив настап низ турнирот, македонскиот репрезентативец покажа одлична форма и најави успешна сезона, со очекувања за добри резултати и во сениорска ...
Бугарските власти истражуваат серија убиства поврзани со еколошка невладина организација, при што полицијата разгледува повеќе можни верзии за настаните, вклучително и сомневања за поврзаност со култ. На почетокот на февруари беа пронајдени три тела во планинска куќа во близина на превојот Петрохан, објект кој бил во сопственост на невладината организација. По овој случај, полицијата издаде потерница по три лица, меѓу кои и директорот на ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по денешното прозивање од поранешниот премиер Заев дека ВМРО-ДПМНЕ треба да му се извини или ќе поднесел тужба за клевета, објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на Зоран Заев, туку дека напротив очекува Заев да и се извини на македонската јавност, за сите милионски криминали што ги има правено и плус да се извини за сите национални предавства и понижувања. „Она што е индикативно ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека запленетата марихуана, шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод) и биомаса од правните лица кои се занимаваат со овој бизнис, според истрагата, е резултат на непочитување на законот, но оти тоа треба да биде потврдено и во судска постапка. Досега, вели се запленети 40 тони марихуана, но, не ја исклучува можноста до крај на акцијата да бидат 100 тони. Премиерот најави дека на следната владина ...
Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка. Ова се случува во услови на зголемен притисок врз Стармер поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави. Стармер се соочува со она што многумина го сметаат за негова најголема криза откако дојде на власт пред 18 месеци поради неговата одлука да го испрати Манделсон во Вашингтон во 2024 година, откако ...
„Постигнавме договор со Владата, ова е историска придобивка за вработените во администрацијата“, рекоа денеска претставниците на репрезентативните синдикати по средбата со премиерот Христијан Мицкоски и неговиот економски тим. За околу 11 000 административци ќе се потпишуваат поединечни колективни договори, а предвидено е да добијат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година. Како што истакнаа на заедничката прес-конференција ...
Авион на авиокомпанијата „Визер“ (Wizz Air), кој утрово сообраќал на релација Скопје – Париз, бил принудно пренасочен и слетал на аеродромот Шарлоа во Брисел, откако екипажот прогласил вонредна состојба поради влошена здравствена состојба на патник. Според медиумските извештаи, додека авионот се наоѓал во воздушниот простор над Луксембург, пилотите побарале итно слетување на најблискиот аеродром за да може на патникот да му биде укажана ...
Околу 11.000 административни службеници ќе добијат покачување на платите од речиси 40 проценти до 2028 година, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со репрезентативните синдикати во Владата. Според него, станува збор за поширок пакет што ги опфаќа и вработените во судовите и обвинителствата. Договорот, како што нагласи, ќе важи до 2028 година и претставува дел од процесот на регулирање на односите меѓу Владата како ...
Поранешниот премиер на државата Зоран Заев се обрати преку социјалните мрежи демантирајќи ги наводите за негова поврзаност со заплената на марихуана од неколку фабрики низ државата. „Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно ...
Извршниот директор и издавач на „Вашингтон пост“, Вил Луис, се повлекува од функцијата, само неколку дена по големите отпуштања во компанијата која важи за еден од столбовите на американското новинарство и е во сопственост на Џеф Безос. Одлуката доаѓа по најавата за план за отпуштање на околу 300 од вкупно 800 новинари, што предизвика силни реакции во јавноста и во редакцијата. Сето тоа се случува во период кога се зборува за сè поблиски ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во претпладневните часови, додека на планините во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 3 до 7 степени, а максималната од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд претпладне. Ќе ...