Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во претпладневните часови, додека на планините во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 3 до 7 степени, а максималната од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд претпладне. Ќе ...

Петнаесетгодишник од Скопје со тешки телесни повреди бил примен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако претходно бил физички нападнат во обложувалница. Според информациите од полицијата, настанот се случил околу 00:30 часот, а за нападот е осомничен 18-годишниот Л.В. од Скопје. Случајот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода утрово во 06:31 часот од страна на медицинскиот персонал. Надлежните институции ...

Кај двајца новопримени професионални војници на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест шуга (scabies), соопшти Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата, во соработка со Министерството за одбрана. Како превентивна мерка, сите војници кои се на обука во Командата за обука и доктрини привремено се пуштени дома. Освен двајцата кај кои е потврдена болеста, останатите ...

Министерството за внатрешни работи попладнево на прес конференција соопшти дека во текот на последните два дена во акција во струмичка фабрика за медицински канабис запленила околу 31 тон марихуана. Во продолжение видео од долгата колона полициски возила и десетина камиони и комбиња со кои се пренесува запленетата марихуана. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Министерството за внатрешни работи попладнево на прес конференција соопшти ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украина е непријател на Унгарија затоа што барала од Брисел Унгарија да не добива евтина руска енергија. Орбан на митинг во Сомбател, во западна Унгарија, изјави дека Украинците мора да се откажат од своите постојани барања во Брисел да ја исклучат Унгарија од добивање евтина руска енергија, објави порталот Hirado.hu. „Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни ...

Соопштение на опозициската СДСМ: МВР денеска соопшти дека заплениле 40 тони марихуана, шишиња произведено масло од канабис и биомаса во Македонија но не одговори на клучното прашање: Кој дозволи 5 тони дрога да помине преку македонската граница? Власта тера медиумската кампања во Македонија за дефокус. Зошто не одговара МВР, зошто се молчи? За да се пренесат 5 тони дрога потребни се многу камиони. 5, 10, 15 можеби. Како е можно толку многу ...

Полицијата од СВР Велес вчера и синоќа приведе три лица кои управувале возила без возачка дозвола, при што им биле одземени и автомобилите. Контролите биле спроведени на повеќе локации во градот и околината. Синоќа околу 21:50 часот, на улицата „Петре Прличко“ во Велес, бил приведен 30-годишниот М.Г. од Скопје. Тој управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека во изминатата недела се работи со засилено темпо на проекти кои со години биле во застој или останале нереализирани ветувања. Тој преку објава на Фејсбук порача дека градот постепено добива нов изглед преку реализација на повеќе инфраструктурни зафати. Според него, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“, додека на улицата „Љубљанска“ во општина Карпош градежните активности ...

Лина Ѓорческа не успеа да избори пласман во финалето на тенискиот турнир во Порто, откако беше принудена да го предаде полуфиналниот меч против Американката Кроули. Американската тенисерка го доби првиот сет со 7:5, а во вториот поведе со 3:0, по што македонската тенисерка поради проблем не можеше да го продолжи натпреварот и реши да се повлече. И покрај поразот, турнирот во Порто претставува уште еден солиден настап на Ѓорческа на почетокот ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса. Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на ...

Седумдесет и шестгодишна жена од Битола пријавила во полиција дека била измамена од лице кое телефонски се претставило како лекар и ѝ соопштило дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа. Од неа било побарано да даде пари за наводно лекување и спасување на животот. Според информациите од МВР, жената заедно со својот сопруг однеле 7.000 евра и ги предале на лице кое, по претходен договор, ги чекало кај Саат-кулата во Битола. ...

Три лица од Скопје се уапсени во истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, под сомнение дека биле поврзани со активности на Исламската држава и со набавка на оружје. На осомничените им е одреден притвор, а се гонат за „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Според обвинителството, тие дејствувале организирано и ...

„Маршот на ангелите“, кој требаше да се одржи оваа сабота, е одложен поради хуманитарниот фудбалски натпревар меѓу ГФК Осогово и ФК Вардар, закажан на 07.02.2026 година. Новиот термин за маршот ќе биде навремено соопштен. Хуманитарниот натпревар е посветен на сеќавањето на жртвите од трагичниот настан на 16 март 2025 и има за цел да ги обедини граѓаните. Преку спортот, симбол на фер игра, солидарност и заедништво, се истакнува значењето на ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилената борба против нелегалната трговија и производство на марихуана. Во голема полициска акција спроведена утрово, од фирмата CBD Medplant биле запленети вкупно дваесет и една тон марихуана. Првичните информации покажуваат дека станува збор за количини произведувани под сомнение за злоупотреба на дозволите за одгледување канабис за медицински цели. Акцијата отвора прашања за тоа како биле ...

Појадокот има многу поголемо значење отколку што често мислиме. Она што го јадеме наутро може да влијае на метаболизмот, нивото на енергија и чувството на ситост во текот на целиот ден. Токму затоа, правилниот избор на намирници во утринските часови може да помогне во подобра контрола на апетитот и одржување на здрава телесна тежина. Експертите предупредуваат дека прескокнувањето на појадокот е една од најчестите грешки кај луѓето кои сакаат ...

Руските сили започнаа голем напад врз Украина во текот на ноќта, испукувајќи повеќе од 400 дронови и околу 40 ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Главни цели на нападите беа енергетски објекти низ целата земја, објавуваат украинските медиуми. Претседателот Зеленски објави детали за нападот на социјалната мрежа „X“. „Главни цели беа енергетската мрежа, производствените капацитети и дистрибутивните трафостаници. Штети се ...

„Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија. Ги постави своите најблиски другари. Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите. Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски. Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган ...

Утрово најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени нула степени, додека најмногу врнежи во изминатите 24 часа има во Крушево — 27 литри на метар квадратен. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, значителни врнежи се регистрирани и на Попова Шапка со 24 литри на метар квадратен, како и во Охрид и Лазарополе со по 23 литри. Во Тетово и Маврови Анови се измерени 22 литри, во Пожаране 18, во Тополчани 14, во Прилеп 13, а во ...

Новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. По синоќешниот избор на новиот ИК на партијата, Николоски се заблагодари за довербата што му ја укажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија! Нов ...

Мaкедонскиот репрезентативец Висар Муслиу се повреди на почетокот од натпреварот на неговиот Ст. Труиден на гостувањето кај Вестерло. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредата, но таа доаѓа во незгоден период за македонската репрезентација, која во март ја очекува дуелот со Данска во плеј-офот за пласман на Светското првенство 2026. Муслиу оваа сезона е еден од најстандардните и најважни играчи во составот на Ст. Труиден. ...

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо се пожали на проблеми со интернет-конекцијата во Олимпиското село во Италија, само неколку дена по почетокот на Зимските олимписки игри. Тој откри дека првично бил сместен во соба со слаб интернет-сигнал, по што се преселил во собата на Арилд Монсен, но проблемите продолжиле. Според Клебо, конекцијата била особено лоша претходниот ден, по што организаторите биле известени за ситуацијата и се очекува техничка ...

Десетици илјади демонстранти се очекуваат во баварската престолнина за време на Конференцијата за безбедност во Минхен следната недела, соопштија градските власти. Досега, околу 120.000 учесници се регистрирани за протести, соопшти Канцеларијата за окружна администрација на Минхен. Демонстрациите поврзани со годишниот собир на глобални лидери и врвни претставници на одбраната и разузнавањето привлекоа поскромни толпи во последните години. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за воведување казнени царини за земји што одржуваат трговски односи со Иран, како дел од зголемениот притисок врз Техеран. Во извршна наредба издадена вчера се наведува дека дополнителни царини може да се применат на стоки што се увезуваат во САД од држави кои директно или индиректно купуваат или увезуваат производи и услуги од Иран. Иако не беа именувани конкретни земји, Трамп како пример ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини можна е појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој на места во западните делови повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе се ...

Поминува и првата недела од февруари, а во Македонија нема опиплива скијачка сезона. Многумина би рекле дека тоа е поради немањето на доволно снег. Но, дали тоа треба да е оправдување и тоа со години? Повеќето зимските центри во државите околу нас функционираат, нудат добар зимски туризам и имаат снег – вештачки ако треба. Македонските граѓани со години одат таму, иако Македонија има најмногу планини и можности за развој на оваа стопанска ...

Нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е пратеникот Драган Ковачки. Одлуката за неговото именување беше донесена вечерва на Централниот комитет на партијата. За членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Александар Николоски, Владо Мисајлоски, Гордана Димитриоска Кочоска, Тимчо Муцунски, Луке Галески, Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва по завршувањето на Централниот комитет го соопшти новиот состав на Извршниот комитет на партијата и објави дека нов генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки. Мицкоски истакна дека Централниот комитет донел одлука за избор на нов ИК кој комбинира искуство од претходните состави со нови членови. „Овие одлуки покажуваат дека партијата се менува и се прилагодува на новите ...

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина Прилеп, во согласност со можностите и програмските активности на новооформениот состав. Првиот јавен настап на возобновениот Прилепски дувачки оркестар ќе биде во рамки на карневалот „Прочка 2026“, додека ...

Кошаркарската федерација на Македонија денеска го објави официјалниот распоред и сатницата за четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, кои ќе се одиграат од 13 до 15 февруари. „Вечните ривали“ МЗТ Скопје и Работнички ќе се сретнат во петок, 13 февруари, со почеток во 14:30 часот, што привлече внимание поради утринската сатница за меч од ваков висок профил. Првиот дуел тој ден ќе биде помеѓу ТФТ и ...

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување на ефикасноста во работењето и унапредување на услугите што претпријатието им ги нуди на граѓаните. Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека од новиот директор се очекува одговорно, ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
56%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
57%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
57%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Алуминиум

3.50

Сребро

2583.47

Паладиум

48065.37

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Бакар

12.64

Злато

151875.00

Цинк

0.00

Платина

66101.93

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Калај

54.78