Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Меѓуградски воз Прилеп-Битола ќе почне да функционира од јуни, а повратен билет ќе чини 150 денари. Новата врска меѓу овие два соседни града ја најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој денес добил ветување од градежниците дека првите километри од автопатот меѓу Прилеп и Битола ќе се возат веќе следната пролет, а делницата ќе биде целосно завршена до крајот на 2029 година. Ние сме свесни дека во овој момент е отежната ...
Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина за делото за кое се гони и е во притвор, потврдуваат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Телма. Според информациите, доцна попладнево е склучена спогодба меѓу обвинителството и Стафа, по што тој признал вина за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, објави 4news.mk Со спогодбата е предвидена затворска казна од една ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков и со општинската администрација, на која се дискутираше за бројните инфраструктурни проекти во Охрид. хрид конечно го решава проблемот со паркирањето. За десеттина дена започнува изградбата на катната гаража во градот. Објектот ќе се гради на просторот на Градскиот пазар, ќе биде со пет ката и ќе обезбеди околу 200 паркинг места. Со катната ...
Набавивме вкупно 100 товарни возила за нормално функционирање на Македонска пошта. Од некогаш заборавено државно претпријатие на чекор сме да создадеме профитабилна компанија Ова е првиот голем чекор, за подигнување на конкуренцијата и профитабилноста на Македонска пошта Со новите инвестиции: – 100 нови возила – Набавка на нов софтвер – Набавка на Сортирка – Мерката за зголемување на профитабилноста за 15 % – Мерката за намалување на ...
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во своето обраќање на Самитот на дијаспората ја нагласи важноста на албанскиот јазик во Македонија, оценувајќи дека неговата употреба и заштита е клучна за иднината на државата. Тој се осврна на Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан со поддршка на САД, Европската унија и НАТО, истакнувајќи дека неговата примена претставува основа за соживот и политичка стабилност, Ахмети ...
Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот премиер Христијан Мицкоски. Оваа изјава доаѓа по политичките промени во Унгарија и најавите на новиот унгарски опозициски лидер за екстрадиција на странски политичари кои добиле азил. Очекувања од новата политичка ситуација во Унгарија Мицкоски одговори на новинарски прашања по победата на Петер Маѓар на ...
Возач од охридско бил приведен откако вчера удрил пешак и избегал од местото на несреќата, а при проверка било утврдено дека имал 2,78 промили алкохол во крвта. Несреќата се случила на улицата Кленоец во Охрид, кога патничко возило „опел“ управувано од 52-годишен жител на селото Горно Лакочереј удрило во пешак од селото Свиништа и го напуштило местото на настанот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјална ...
Одговарајќи на новинарско прашање унгарскиот политичар, кој речиси со сигурност ќе биде нов премиер на Унгарија, по 16 години владеење на Виктор Орбан, иако прашан само за двајцата поранешни полски функционери, самиот се осврна на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса која однесе убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во Унгарија, на денешната речиси тричасовна прес-конференција, ...
Премиерот Виктор Орбан призна пораз на парламентарните избори во Унгарија, со што завршува неговото 16-годишно владеење. Во говор во седиштето на неговата партија Фидес, Орбан изјави дека поразот боли, но дека резултатот е јасен. Тој додаде дека и честитал на опозициската партија Тиса за победата. Делумните официјални резултати покажуваат дека партијата на опозицискиот лидер Петер Маѓар доминира во гласањето, во експлозивен изборен резултат, ...
Бујар Османи од ДУИ упати честитка за Велигден и порача дека утрово дежура како доктор специјалист за да можат неговите колеги да го поминат празникот дома со семејствата. – Една традиција што продолжува… речиси секоја година. И овој православен Велигден сум на дежурство. Така било отсекогаш, за моите колеги кои го слават празникот да можат да бидат дома, околу трпезата, со своите семејства, таму каде што припаѓа овој ден. Оваа прилика ја ...
Во месноста Блато, во селото Велмеј Дебрца, во 2023 година беше изграден параклисот „Св. Талалеј“ – мал по големина, но значаен за верата на луѓето кој Се празнува на 2 Јуни. По неколку години, со заедничка работа и желба, започна и изградбата на трпезарија и конаци. Тоа ќе биде место каде луѓето ќе се собираат, ќе делат храна, разговор и заедништво. Сплотен народот заедно, жителите на Велмеј и околните села, заедно со пријатели и верници, ...
Ерик Адамс, поранешниот градоначалник на Њујорк, доби албанско државјанство и пасош, објавија медиумите во петокот од балканската земја што ја посети и јавно ја пофалија пред неколку месеци. Одлуката е донесена со посебен декрет издаден од албанскиот претседател Бајрам Бегај, објавува „Гардијан“. Албанија дејли њуз“ беше првиот што објави дека Адамс аплицирал за државјанство и пасош, што подоцна беше потврдено од „Еуроњуз Албанија“. Одлуката ...
Мицкоски најави намалување на цените на дизелот и бензините на следната седница на РКЕ. Премиерот на прес-конференција во Владата соопшти дека останува и попустот од ОКТА од два денари за нејзините партнери. Очекуваме на следната седница на РКЕ да се донесе одлука со којашто ќе имаме намалување на цените на дизел горивото и бензините и тоа ЕВРОСУПЕР 95 и 98 да бидат намалени за 1.5 денари, додека дизелот да биде намален за 2,5 денари, соопшти ...
На Фб страната Православно секојдневеи се опишува за една несекДеновиве слушнав нешто што ме воодушеви, а доаѓа од друговерен. Овде, во Дебар, денес мнозинството луѓе ја исповедаат мухамеданската религија. Пред скоро време, една наша православна христијанка, отсутна подолго време од градот, отишла во аптека за да си го плати долгот што го имала. Но аптекарката ѝ рекла: „Немаш повеќе долг, еден човек го плати за тебе.“ Жената, изненадена, ...
Ноќеска во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријавил дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и ...
Денес се одбележуваат 14 години од петкратното убиство кај Smilkovsko Ezero, едно од најтешките злосторства во поновата македонска историја. Претставници на Opština Gazi Baba положија цвеќе и запалија свеќи на местото на трагедијата, информира градоначалникот Boban Stefkovski. На 12 април 2012 година беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацковски (19), Кире Тричковски (20) и Борче Стевковски (45). Настанот ...
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорoт 10Д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево-Охрид оваа делница ќе стане функционална. Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала тешкотија морам да признам посебно во делот на обезбедување ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во интервју за емисијата „Со факти“ на МРТ 1 се осврна на актуелните теми поврзани со одлуките на Судот, позицијата на судската власт, Законот за употреба на јазиците, Колективниот договор за култура, уставната тужба и реформите неопходни за зајакнување на институцијата. Законот за употреба на јазиците – Уставниот суд нема намера да ги ограничува правата. Костадиновски ги демантираше ...
Со особена чест и задоволство ја информирам јавноста дека, според Извештајот за 2025 година на Државната комисија за спречување на корупција, Општина Охрид е рангирана како најуспешна општина во државата во однос на примената на системот за интегритет. Со остварена исполнетост од 87,87%, Општина Охрид се наоѓа во категоријата „многу добра усогласеност“ и е лидер меѓу сите општини. Овој резултат е највисок што Општината го има постигнато ...
Боре Видевски, еден од осудените на доживотен затвор за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е хоспитализиран и се наоѓа во тешка здравствена состојба, потврди за Фокус директорот на клиниката за Нефрологија Никола Ѓорѓиевски. Според информациите, Видевски бил примен на Клиниката за нефрологија. Има трансплантиран бубрег, а неговата состојба засега е стабилна. Боре Видевски, еден од ...
На светата и велика среда, светите Отци заповедале да правиме спомен на жената блудница, којашто го помаза Господа со миро, бидејќи тоа се случило пред самите Спасителеви страдања. Кога Господ дошол во Ерусалим и се ноаѓал во куќата на Симон лепрозниот, му пристапила жената блудница и на Неговата глава излила скапоцено миро. Од кои побуди се раководела таа! Бидејќи забележала дека Христос е сочувствителен кон сите, и дружељубив, та особено ...
Белата куќа ја објави првата фотографија направена од далечната страна на Месечината. Неверојатната слика на НАСА, направена од вселенското летало Орион, е направена додека Земјата исчезнувала под лунарниот хоризонт, се вели во неа. За потсетување, четири астронаути од „Артемис II“ вчера испишаа историја со завршувањето на најоддалеченото човечко патување од Земјата. За време на вчерашниот прелет на Месечината, екипажот имаше можност да види ...
Во рамки на работната посета на Вашингтон и втората сесија на Стратешкиот дијалог, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Средбата ја потврди силната и растечка соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ја истакна заедничката посветеност на двете земји кон регионалната стабилност, економската соработка, развојот на енергетскиот сектор ...
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми април, упатувам честитка до сите припадници на ромската заедница. Денешниот празник е потсетник за вредноста на различностите и богатството што го носи секоја заедница во нашиот мултиетнички мозаик. Ромите се нераскинлив дел од современото македонско општество, со својата препознатлива традиција, култура и придонес во сите сфери на општествениот живот. Нашата заедничка обврска е да ...
Вработен во ЈСП Скопје пријавил дека бил физички нападнат додека ја извршувал својата работа како контролор за наплата на билети. Инцидентот се случил вчера околу 08:20 часот во Скопје. Според пријавата, 42-годишниот контролор затекнал патник без важечки билет, по што лицето, идентификувано како О, објави 4news.mk А. (61), започнало со закани и физички напад. Контролорот успеал да се повлече во друг автобус, но на следната постојка бил ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, започна активности за засилување на капацитетите со пилоти на „ер трактори“ пред претстојната сезона на пожари. Тој го посети спортскиот аеродром кај Штип, каде се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот и инструктор, со кого разговараше за можностите за организирање основна обука за пилоти на овие специјализирани авиони за гаснење ...
По сторијата за 47-годишниот Афет Џелилов, кој за државниот систем е мртов уште од 2001 година, весникот ВЕЧЕР открива уште еден случај на човек кој е жив, но на хартија – починат. Станува збор за млад скопјанец, кој пред дваесетина години бил запишан во матично како починат, иако, всушност, починал негов роднина без документи. Според извори од Управата за водење на матичните книги, семејството било свесно за оваа замена бидејќи вистински ...
Апелацискиот суд донесе одлука да ја укине првостепената пресуда против Лидија Димова и предметот да го врати на повторно судење, отворајќи нова фаза во судската постапка. Со одлуката е укината двегодишната затворска казна изречена за злоупотреба на службената положба, како и обврската Димова да врати околу 370 илјади евра кон Националната агенција, објави 4news.mk Апелацискиот суд донесе одлука да ја укине првостепената пресуда против ...
Започнуваме ново поглавје на соработка и поврзување. Со обострано задоволство го потпишавме Меморандумот за пријателство и соработка помеѓу општина Охрид и белградската општина Стари Град – историското и културното срце на Белград. Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, културна соработка и промоција на заедничките вредности, проекти во образованието ...
Русија за некој ден ќе воведе забрана за извоз на бензин за сите учесници на пазарот, вклучително и за производителите, со цел да го заштити домашното снабдување во услови на глобална енергетска криза. Одлуката е донесена на состанок што го одржал потпретседателот на руската влада, Александар Новак, со раководствата на нафтените компании. Иако точниот рок на траење не бил официјално утврден, еден од изворите посочува дека забраната би можела ...