Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања посветена на градоначалникот Максим Димитриевски. Велат дека ваквото тврдење е лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои. Во конкретниот случај, во ОУ Кочо Рацин во Куманово, немало никаква злоупотреба на деца, ниту ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на Иран дека САД ќе ги срамнат со земја електраните на Иран ако Техеран не го отвори целосно Ормутскиот теснец во рок од 48 часа. Ако Иран не го отвори целосно, без закана, Ормутскиот теснец во рок од 48 часа почнувајќи од сега, САД ќе ги таргетираат и ќе ги срамнат со земја своите бројни електрани, почнувајќи од најголемата! Ви благодарам за вашето внимание“, напиша Трамп на својата ...
Македонскиот детски кардиохирург 6 часа му го оперираше срцето на бебе од само 2,5 килограми и сега тоа за првпат по 11 дена е одвоено од машина која ги заменува срцето и белите дробови (ЕСМО). Убавата вест ја сподели самиот доктор на Instagram Story. Во објавата на д-р Чадиковски стои: По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2,5 кг, и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови)… денес за ...
За хотелот на Мијалков во Охрид не се спорни документите за градба, туку потеклото на парите со кој се гради објектот и тука очекувам обвинителството да почне да постапува, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски за ТВ Телма. Хотелот на локалитетот Горица ги има сите потребни дозволи и нема никакво урбанистичко прекршување, но клучното прашање е потеклото на парите – како му се легализирани парите на Мијалков за да може да ...
Околу две илјади табли со јајца беа буквално разграбани за само еден час во Велес за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж. Поради безредието меѓу граѓаните кои чекаа во редици, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуални повреди, објави СДК.мк Донација од дијаспората, граѓаните земаа и по повеќе табли Хуманитарниот настан е донација од велешани кои живеат и работат во Соединетите Американски ...
Родољуб Анастасов, доајенот на македонското сликарство и професор од првата генерација професори на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ), почина вчера во Скопје, објави денеска Фондацијата посветена на делото на уметникот. Имаше 91 година. „Вчера почина големиот професор, сликар и бескраен трагач по одговорите за човекот, времето и просторот – Родољуб Анастасов“, објави Фондацијата. Анастасов е еден од најважните сликари во современата ...
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упатувам честитка до сите христијански верници кои го прославуваат празникот според Грегоријанскиот календар. Велигден е еден од најважните денови, симбол на надежта, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Бога и како што нашиот Спасител покажа дека мирот и светлината може да ги победи страданието ...
Денес белата Охридска Флотила и градот Охрид се обвиткани со длабока тага. Ненадејно, на 36-годишна возраст, нè напушти Капетан Игор Пешликоски — прв заповедник на Брод Галеб во Охрид. Ведар, секогаш насмеан, целиот свој живот го посвети на Охридското Езеро и на развојот на Охридската Флотила. Уште од своите 16 години, тој беше еден од најмладите морнари на флотилата на бродот Галеб и целиот свој работен век го помина на вода низ есерската ...
На 03.04.2026 во 21:10 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Р.Ј.(71) од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од 40-годишна жена од Свети Николе дека во 18:00 часот во дворноместо од куќа, во која живее пријавителката, пријавениот го покажувал неговиот полов орган на нејзиниот малолетен син и неговите другари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на ...
Жители на Албанија тргнаа кон Македонија по храна и нафта кои кај нас се продаваат по пониски цени. „Еуроњуз Албанија“ објави снимка на која се гледа колона од возила на граничниот премин „Ќафасан“ кои чекаат да влезат во Македонија со надеж дека ќе се снабдат со храна и нафта по поевтини цени. Слична е и ситуација во Какавија на граничниот премин со Грција. Поради војната во Иран, цените во светот пораснаа. Како што јавува „Еуроњуз Албанија“ ...
Стево Пендаровски, испрати остро предупредување до раководството на СДСМ, нагласувајќи дека партијата се наоѓа на критична крстосница и дека без суштински промени може да се соочи со понатамошен пад и политичка маргинализација. . Владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ го изгуби мнозинството од луѓето кои гласаат во Македонија. СДСМ не успеа да го канализира тоа. Тоа е објективно опозиционо расположение и да ги донесе тие луѓе на свое ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата утре ќе донесе одлука за намалување на акцизите на горивата, што треба да доведе до нивно поевтинување или стагнирање на цените во наредните денови. Според него, цените на бензините треба да се намалат за два денари, а цената на дизелот да стагнира. Регулаторната комисија, одлука носи во понеделник. објави Скопје1.мк Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата утре ќе донесе одлука за ...
Тоше Гинчевски е име кое во Македонија беше препознатливо по неговата служба во елитната единица ЕСЗ „Тигар“, но денес неговата животна приказна продолжува илјадници километри подалеку – во Чикаго. Гинчевски од 2017 година живее и работи во САД, каде што успеал да изгради нова кариера во безбедносниот сектор. По пристигнувањето, тој бил дел од специјалната полициска единица SWAT, каде што ги применувал своите искуства стекнати во Македонија. ...
МВР информира дека денеска во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на деца), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 85 ...
На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода А.А.(45) од с.Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик. Таа е спроведена во казнено – поправна установа за издржување на казната, објави 4news.mk На 02.04.2026 во 09:00 ...
Обвинетиот за убиство, 74-годишниот Денис Асанов од Штип бил монструозен, перверзен и немилосрден, дознава ТВ Стар од свои извори. Асанов според обвинението Борјанка ја убил со нож во неговата куќа, бодејќи ја повеќе пати од што таа и починала. Подоцна телото и го расчленил а делови од него однел на повеќе локации а трупот го закопал во неговиот куќен двор. Жените му биле опсесија поради што и се претпоставува дека Борјанка е убиена од ...
Елена Лотеска Наумовска од Охрид е првата жена Заповедник на брод во земјава, која денес го доби својот сертификат. Минатата година пак, таа беше прогласена за менаџерка која оставила длабок печат со својата работа и труд, како генерален менаџер на бродот „Армада“ од Охрид, на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“. За време на доделувањето на статуетката „Жена водилка“, Елена кажа дека наградата не е само нејзина, туку била ...
После 20 години, направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор понапред во професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска од Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На денешната манифестација, посебно внимание привлече и доделувањето на официјалната потврда и ...
Обвинителката Ленче Ристоска денеска до архивата на Советот на јавни обвинители поднесе оставка на функцијата Јавен обвинител. Пред два дена ѝ ги зедоа предметите за висока корупција „Талир 1” и „Талир 2”, поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. „Последните одлуки на Советот на јавни обвинители и на новиот Државен јавен обвинител многу се штети на позицијата на Јавното обвинителство и сè тоа е спротивно на сите принципи за кои се борам и се залагам низ ...
Еден од претресите што од утрово се спроведуваат поради сомнежи за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ се врши кај претседател и ко-основач на бугарско здружение во државава, со седиште во Струмица, дознава „Скопје1“. објави Скопје1.мк Според информации од извори на „Скопје1“, сомневањата на полицијата, врз основа на кои обвинител издал налог, а судот го одобрил претресот, биле поткрепени со докази собирани ...
Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски слабости во практичната примена на ...
На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за ...
ТВ21 ексклузивно го обезбеди документот со 8 забелешки од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за Македонија. Во него на само едно место се споменува автопатот за Коридор 8. -Државата членка Северна Македонија да достави до Центарот за светско наследство, за разгледување од страна на советодавните тела, пред-физибилити студија за алтернативна траса на железничкиот Коридор VIII, детални студии и проценки за опциите за трасата на автопатот ...
Поднесен Предлог-закон: Со „Б“ категорија да може да се управува со мотоцикл до 125 кубици. Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка на пратениците од мнозинството, поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“, чија ...
Огромна статуа на Исус Христос Спасителот беше подигната пред неколку дена на сириско -либанската граница, објавија сириските медиуми. Статуата висока 26 метри беше поставена на таканаречената Планина на крстот во регионот Ал-Каа, така што „гледа“ кон долината Бекаа, која беше бомбардирана од Исламска држава во 2016 година. Како што објави локалната општина, статуата е изградена со донација од жителот Фади Елиас Авад, за да служи како симбол ...
Активно се работи на реконструкцијата на просторот околу плоштадот „Чинар“ во Охрид, каде веќе се одвиваат градежни активности на терен. Проектот предвидува целосно ново партерно уредување со гранитни плочки, со што овој дел од градот ќе добие помодерен и поуреден изглед. Покрај поплочувањето, ќе биде поставено и модерно јавно осветлување, како и современа урбана опрема, со цел да се подобрат условите за движење и престој на граѓаните и ...
Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР, објави 4news.mk Согласно објавениот нов податок ...
На Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес свечено беа промовирани новите 16 доктори на науки кои докторираа во текот на 2025 година, а меѓу нив се најде и Евгенија, сопругата на познатиот инфектолог Вело Марковски. Името на Евгенија веќе подолг период е познато во јавноста, особено поради нејзината љубовна приказна со Маркоски, која често беше тема во медиумите. Нивната врска покажа дека љубовта не познава граници и дека годините не играат ...
Во Словенија, со одлука на Владата, од денеска се ограничува полнењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица, откако последните неколку дена имаше проблеми со снабдувањето на голем број пумпи во земјата. Проблемот со снабдувањето со гориво е најзабележителен на бензинските пумпи на Петрол, за што зборуваше и словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој ги повика трговците со нафта да размислат за мерки против странските ...
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...