Палмеираш наскоро ќе има уште еден голем момент во својата историја, бидејќи се постигна важен договор со Челси за трансфер на нивниот вундеркинд, Естевао. Овој млад бразилски играч, кој има само 17 години, веќе воспостави себеси репутација како еден од најголемите таленти во фудбалот, а сојузот со Челси ќе се реализира по Светското клупско првенство идното лето. Бразилските медиуми не штедат на пофални зборови за него, предвидувајќи му ...

Белгија се приближи кон нокаут фазата на Европското првенство со победа од 2:0 над Романија, но фудбалската неволја за првиот напаѓач, Ромелу Лукаку, продолжи. Лукаку, кој промаши неколку шанси во првиот меч против Словачка, се соочи со уште едно разочарување кога два гола што ги постигна беа поништени од ВАР – првиот поради милиметарски офсајд и вториот поради наводно играње со рака од страна на негов соиграч. Против Романија, иако одигра ...

Македонката Милјана Релиќ освои златен медал во сениорки -62 кг и стана европска клупска шампионка на Европското клупско првенство во таеквондо одржано во Тирана, Албанија. Таа златниот медал го освои со четири победи и без изгубена рунда. Ова се 10 нови поени за Мила на олимписката и светската ранг листа. Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои бронзен медал. Во првото коло, Мила беше слободна, во ...

Познати се датумите и времињата за двомечот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите меѓу македонскиот шампион и Слован Братислава од Словачка. Првата средба ќе се одржи на 10 јули во 19:00 часот на стадионот „Техелне пол“ во Братислава. Реваншот ќе следи на 17 јули во Македонија, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Струга ТЛ учествува во квалификациите за Лигата на шампионите по втор пат во својата историја. Претходната ...

Полска стана првата репрезентација која испадна од ЕП, но еден навивач „не можеше да го следи“ натпреварот против Австрија (1:3) од трибините, бидејќи неговото седиште на стадионот беше директно зад широкиот столб. Очекувано, фотографијата стана хит на интернет. Навивачот кој си го платил билетот 60 евра објавил фотографија на која се гледа дека теренот не се гледа од голем столб, на што се пожалил. „Шеесет евра за ова место“, напиша на ...

Фудбалерот од средниот ред на Португалија, Бруно Фернандеш го сподели своето мислење за асистенцијата на напаѓачот Кристијано Роналдо на натпреварот со Турција (3:0) на Евро 2024 година. Во 56. минута Роналдо иако можеше да ја заврши акцијата, се одлучи за додавање кон Бруно Фернандеш кој ја погоди празната мрежа. – Сите сакаат да постигнуваат голови, но тоа не е најважно и мојот гол го одразува тоа. Кристијано е нашиот најдобар стрелец, тој ...

Копа Америка продолжи и утринава, а на својот прв настап, Мексико успеа да ја победи Јамајка со минимални 1:0 и на тој начин да го започне учеството на овој турнир со посакуваните три бода. Но, она што посебно ги загрижи сите во мексиканската репрезентација и армијата фанови низ цел свет е повредата на капитенот Едсон Алварез. Фудбалерот на Вест Хем заработил посериозна повреда уште во првиот дел на дуелот во Хјустон и го напуштил теренот со ...

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, скоро сигурно ќе го напушти клубот и ќе замине во саудискиот тим Ал-Кадсија, кој наскоро дебитира во саудиската елитна лига, според шпанските медиуми и познатиот стручњак за трансфери, Фабрицио Романо. Начо, кој има 34 години и со Реал поминал скоро цела кариера, освоил 26 трофеи, одиграл 364 натпревари и постигнал 16 гола. Неговиот договор со Реал истекува, а тој како слободен играч ќе се пресели во ...

Репрезентациите на Германија и Швајцарија вечерва (23.07.) ќе ги одмерат силите во финалниот натпревар од групата А на Европското фудбалско првенство. Двата тима ќе ги одмерат силите на стадионот „Дојче банк парк“ во Франкфурт, а средбата ќе ја води италијанскиот судија Даниеле Орсато. Германија и Швајцарија се лидери во групата по првите две кола, Бундестимот има вкупна актива од шест бода, а Крусејдерс четири бода. Избраниците на Мурат ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, изрази незадоволство по мечот против Турција на Европското првенство, каде Португалија победи со 3-0. Натпреварот беше прекинат пет пати поради втрчувања на навивачи на теренот кои сакаа да се фотографираат со Кристијано Роналдо. Мартинез ги критикуваше организаторите за лошата безбедност, истакнувајќи дека играчите се изложени на опасност и дека ваквите настани се неприфатливи, особено на толку ...

На трибините во Хамбург, за време на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска, дел од навивачите запалија бакљи, и покрај претходните предупредувања да се воздржат од вакви активности. Властите и организаторите претходно апелираа до навивачите да се воздржат од фрлање предмети и палење бакљи, со цел да се избегнат казни и да не се наруши позитивната атмосфера на стадионот. Палењето бакљи може да доведе до санкции за екипите и организаторите, а ...

Репрезентациите на Грузија и на Чешка одиграа нерешено 1:1 попладнево во Хамбург, во натпревар од 2. коло во Ф-групата. Избраниците на селекторот Вили Сањол го отворија резултатот од пенал преку Жорж Микаутадзе во 45+4 минута. Во вториот дел чешкиот репрезентативен напаѓач Патрик Шик го израмни резултатот. Грузија и Чешка имаат освоено по 1 бод по два натпревари на ЕП 2024 и за пласман во осминафиналето ќе бркаат победа во последното коло од ...

Рускиот клуб Рубин Казан подготвува санкции за нивниот фудбалер, репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку. Тој по мечот со Хрватска на ЕП 2024 го зема мегафонот и заедно со навивачите упати псовки кон Македонците и Србите. -Напаѓачот Мирлинд Даку си дозволи навредливи извици по натпреварот за ЕП 2024 за репрезентацијата на Албанија против Хрватска. Нашиот клуб ја прифаќа одговорноста за тоа што се случи. ФК Рубин претставува ...

Хрватска и Италија во понеделник од 21:00 часот во Лајпциг ќе одиграат клучен натпревар за минување од групата Б во Лајпциг. По две кола, Шпанија има шест бода, Италија три, а Хрватска и Албанија по еден, а јасно е дека дуелот меѓу „аѕурите“ и „коцкестите“ ќе одлучи кој ќе оди во осминафиналето. Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот Лучијано Спалети ќе направи бројни промени во тимот што настапуваше досега, а најинтересната промена ...

Албанската фудбалска федерација жали за однесувањето на репрезентативниот напаѓач Мирлинд Даку на Евро 2024 година. По ремито со Хрватска (2:2) во второто коло од групната фаза на турнирот, Даку преку мегафон од навивачите на Албанија упати псовки до Македонците и до Србите. – Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч Мирлинд Даку, кој се случи по натпреварот на ЕП 2024 меѓу Албанија и Хрватска. ...

Роналд Куман, селекторот на холандската фудбалска репрезентација, изрази незадоволство од одлуката на англиските судии кои го поништија голот на Чави Симонс во мечот против Франција. Според Куман, Дамфрис, кој беше во офсајд, не пречел на видното поле на францускиот голман Мајк Мењан. Мечот помеѓу Холандија и Франција, кој заврши без голови, ќе остане запаметен и по контроверзната одлука на ВАР. После две ипол минути проверка, голот на Симонс ...

Поранешниот НБА кошаркар, Нејт Робинсон, кој има само 40 години, се наоѓа во критична состојба и се бори за својот живот. Робинсон помина десет години во НБА, играјќи за повеќе тимови, меѓу кои Њујорк, Бостон, Оклахома, Голден Стејт, Чикаго, Денвер, ЛА Клиперс и Њу Орлеанс. Иако беше висок само 175 сантиметри, Робинсон три пати го освои натпреварувањето во забивање на Ол-стар (2006, 2009 и 2010 година), што го направи познат и почитуван меѓу ...

Еден од големите фаворити за европска титула во Германија – Франција одигра 2 натпревари на форумот. Во нив, познати по офанзивната моќ, „петлите“ не постигнаа ниту еден гол, но имаат 4 бода благодарение на автоголот на Австријката Максимилија Вобер. Со него Франција оствари победа во првата средба, а потоа загуби и од Холандија. На вториот меч не настапи големата ѕвезда Килијан Мбапе, кој на првиот му го скрши носот во рамото на Кевин Дансо. ...

Албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку понуди извинување по неговото контроверзно однесување на натпреварот против Хрватска, кој заврши со резултат 2:2. Веднаш по натпреварот, Даку, кој е роден во Гњилане, Косово, зема мегафон и насочува навредливи скандирања кон Македонците и Србите пред навивачите на Албанија, што предизвика негативни реакции. Неговото однесување беше брзо осудено од Рубин Казан, клубот каде што игра на клупско ниво, и ...

Килијан Мбапе веќе е играч на Реал Мадрид, но и покрај неговото преселување од Пари Сен Жермен, се чини дека нивниот однос само се затегнува. Французинот со своите изјави го разобличи раководството на клубот и полека на виделина излегуваат се повеќе детали за неговите тешки последни месеци во Париз. Како што пренесува Equipe, Мбапе ќе преземе правни мерки против Пари Сен Жермен, барајќи мамутска отштета која достигнува 100 милиони евра! ...

Натпреварот помеѓу Холандија и Франција на Европското првенство во Германија заврши без голови, оставајќи ги фановите изненадени со оглед на огромниот напаѓачки потенцијал на двете тимови. Ова беше првиот натпревар на турнирот без постигнат гол, што е изненадување особено затоа што се соочија две репрезентации познати по своите способности да постигнуваат голови. Францускиот напаѓач Антоан Гризман имаше најчисти шанси на мечот, со две зицер ...

Борусија Дортмунд се подготвува да го донесе Валдемар Антон од Штутгарт како замена за искусниот дефанзивец Матс Хумелс, чиишто критики кон тренерот Един Терзиќ доведоа до непродолжување на неговиот договор, според информации на новинарот Фабрицио Романо. 27-годишниот Антон се покажа како солиден дефанзивец во Бундеслигата и наводно е подготвен да се приклучи на „милионерите“ откако тие ќе ја активираат неговата отпкупна клаузула од 22 ...

Денеска на Европското првенство се играат уште три натпревари, а во центарот на вниманието секако е дуелот помеѓу поранешниот европски првак Холандија и Франција. Програмата од 15 часот ќе ја отворат Словачка и Украина кои се среќаваат во групата Е, а Словаците се во ситуација по сензационалната победа против Белгија, на овој натпревар да им биде потребен и бод за пласман понатаму. Од друга страна, Украина мора да победи за да ги задржи ...

Отако Шранц во 17-тата погоди и донесе водство за Словачка се чинеше дека победата против Белгија од 1:0 не била случајна и дека на ова ЕП оваа селекција ќе биде сензација, бидејќи по два меча и се смешкаше пласман во 1/8 финалето. Сепак, Словаците против Украина загубија со 2:1, откако му дозволија на противникот да направи целосен пресврт. Шапаренко во 54-та и Јаремчук во 80-та погодија за 2:1, со што ја оставија Украина во игра за следната ...

Бостон Селтикс имаа интересен гостин во пресрет на финалната серија која ќе го одреди новиот шампион во НБА. Станува збор за еден од најпопуларните фудбалски тренери, поточно Пеп Гвардиола, кој неодамна го направи Манчестер Сити шампион на Англија по рекорден четврти пат по ред. Локалниот новинар Мори Хиршгордон сподели фотографија на Х (поранешен Твитер) на која се гледа како шпанскиот стручњак разговара со Џо Мазула, објаснувајќи му нешто ...

Бостон изутрина на свој терен го победи Далас со 106:88 во петтиот меч од финалето на НБА и по 18-ти пат во историјата стана шампион. Најпродуктивен играч на средбата беше домашниот играч Џејсон Тејтум, кој постигна дабл-дабл со 31 поен и 11 асистенции. Кај Маверикс се истакна Лука Дончиќ со 28 поени и 12 скока. Селтикси серијата ја завршија со 4:1 во победи и сега имаат најмногу шампионски титули во историјата на лигата, надминувајќи ги ...

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте е воодушевен од своите избраници по победата од 1:0 над Италија во второто коло од групната фаза на ЕУРО. „Фуријата“ славеше со автоголот на Калафиори во 55. минута, а Донарума ги спаси „азурите“ од поубедлив пораз. -Ниту еден тим не е подобар од нас, но мораме да продолжиме да работиме напорно – да се подобриме, да ги држиме двете нозе на земја и да не го спуштаме гардот. Не се работи ...

Европското првенство во Германија започна пред седум дена, а УЕФА имаше полни раце работа со оглед на бројот на тужби што ги покренаа челниците на фудбалските сојузи од Балканот. Имено, додека низ светот се вртат прекрасни сцени како оние на здружување хрватски и албански навивачи или „пријателската“ пресметка меѓу српските и словенечките навивачи по улиците на германските градови, многу повеќе внимание привлекуваат негативните работи ...

Бековската позиција на Вардар во новата сезона ќе биде засилена за уште еден интернационалец. „Црвено-црните“ го договорија сропскиот интернационалец Младен Крсманчиќ (31) кој во нашите редови треба да остане најмалку една сезона. Средниот бек доаѓа од Унгарија каде претходните сезони настапуваше во тимот на Чургу. Во својата играчка кариера има настапувано за тимот на Југовиќ, Слога, Железничар, Анаитасуна (Шпанија) и во Чургу (Унгарија) ...

Килијан Мбапе вчера на тренингот на француската репрезентација се појави со маската која требаше да ја носи на продолжението на Европското првенство, но тоа нема да биде случај. На вчерашниот тренинг тој се појави со маска во боите на француското знаме, но според член 42 од правилникот на УЕФА медицинската опрема што играчот ја носи на теренот мора да биде еднобојна, а маската на Мбапе не е. На натпреварот против Австрија, Мбапе го скрши ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Калај

48.47

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72