Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, повторно ги критикуваше Обединетите нации и нивното најмоќно тело – Советот за безбедност на Обединетите нации – обвинувајќи ги за молк додека војната меѓу САД, Израел и Иран влегува во единаесеттиот ден. Тој изјави дека Советот „ги игнорира сериозните прекршувања“, иако според Повелбата на Обединетите нации има обврска да го одржува меѓународниот мир и безбедност. Во меѓувреме, ...
Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка за време на Холокаустот. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска на комеморацијата посветена на Холокаустот на македонските Евреи. Таа им оддаде почит на жртвите и ...
Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата. За евакуацијатa од Ријад се пријавени 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија. – Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е ...
Шест лица загинаа, а најмалку четворица се повредени во пожар во автобус што сообраќал на редовна линија во западна Швајцарија, соопшти полицијата синоќа, цитирана од ДПА. Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата во кантонот Фрибург. Еден вработен во брзата помош е исто така повреден за време на спасувачките операции. Несреќата се случила во општината Керцерс, западно од главниот град Берн. „Можно е намерни ...
Судски совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата 538-та седница, на која меѓу точките на дневниот ред се констатирање престанок на судиска функција поради исполнување на условите за старосна пензија, како и одлучување за правото на надоместок на трошоци поврзани со вршењето на судиската функција. На седницата се очекува членовите на Советот да ги разгледаат и усвојат извештаите за констатирана состојба по извршени ...
Израел изврши нови ракетни напади врз цели во Иран и Либан, соопштувајќи дека биле погодени позиции на Хезболах во јужниот дел на Бејрут. Истовремено, Иран објави дека извршил серија напади врз Израел и американски цели на Блискиот Исток, што дополнително ја зголеми тензијата во регионот. Американската команда за Блискиот Исток, соопшти дека уништила 16 ирански бродови за поставување мини, откако претседателот Доналд Трамп предупреди дека ...
САД соопштија дека уништиле повеќе од десетина ирански бродови за поставување мини, а исламската република вети дека ќе го блокира извозот на нафта од регионот, велејќи дека нема да дозволи „ниту еден литар“ да биде испорачан до нејзините непријатели. Kако што расте загриженоста за ефектот на војната врз стратешкиот воден пат, американската војска соопшти дека уништила 16 бродови за поставување мини, иако претседателот Доналд Трамп во ...
Увозот на храна расте, домашното производство опаѓа. Македонија минатата година увезе храна вредна дури 1,1 милијарда евра, бројка што отвора сериозни прашања за состојбата во земјоделството. Дали државата има јасна стратегија или земјоделската политика се сведува на краткорочни мерки и популизам? – Кој ќе го спаси домашното производство и зошто земјоделците се откажуваат? Во „Топ тема“ интервју со министерот за земјоделство, Цветан ...
Вкупно 140 американски војници се ранети од почетокот на воздушните удари на САД и Израел врз Иран, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Пернел. Тој додаде дека најголем дел од нив се полесно повредени и оти 108 војници веќе се вратиле на должност. Осум од повредените, како што нагласи, се наоѓаат во тешка состојба. Соединетите Американски Држави веќе признаа осум смртни случаи меѓу војниците. Трамп во повеќе наврати порача дека жртвите биле ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани на Техеран со „досега невидени последици“ по медиумските извештаи дека Иран поставил мини во Ормускиот Теснец. „Доколку Иран поставил мини во Ормускиот теснец, а немаме извештаи дека го сториле тоа, сакаме тие да се отстранат веднаш! Доколку поради која било причина се поставени мини, а тие не се отстранат веднаш, воените последици за Иран ќе бидат на досега невидено ниво. Од друга страна, ако ...
Администрацијата на САД соопшти дека во првите два дена од воздушната кампања против Иран е потрошена муниција во вредност од 5,6 милијарди долари, се наведува во доставениот извештај до одборите во Конгресот, рече извор запознат со информациите. Членовите на Конгресот, кои наскоро би можеле да одлучуваат за дополнително финансирање на војната, изразуваат загриженост од исцрпување на американските воени залихи во услови кога одбранбената ...
Се планира и ќе се распише јавен повик за распределба на останато слободно земјоделско земјиште што го имаме во речиси секој дел на државата, најави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Ние не ги оставаме земјоделците сами да одлучуваат, туку им помагаме во делот на зголемување на капацитетите“, рече Трипуновски. Изминатите две години, како што додаде, се период на транзиција кон ...
Пари има, ние редовно ги исплаќаме субвенциите, порача Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ по реакциите од Здружението „Фармери Југозапад“ дека државата им должи околу 100 милиони евра. „Од моментот на носење на програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 20206 година, која се донесе на 4 февруари, заклучно со исплатите денеска кон одгледувачите на свињи, се исплатени ...
Работиме на зголемување на продукцијата на македонски земјоделски производи и трендот на раст што го имавме во 2025 година во споредба со 2024 година, да продолжи и во 2026 година, рече Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Македонскиот земјоделски производ, независно дали е примарен, односно свеж, или е во преработка, е многу баран на пазарите надвор. А, со сите овие турбуленции кои ...
Германија не гледа причина за олабавување на санкциите против Русија, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека солидарноста со Украина мора да има предност и покрај притисокот од глобалните енергетски пазари. „Доколку американско-израелската војна во Иран заврши брзо, ќе видиме релативно брзо враќање кон нормализација на пазарите на нафта и енергија. Затоа нема причина да се размислува за ублажување на санкциите ...
Судијата Ненад Савески го мина владиниот филтер и на чекор е до најмоќната обвинителска фотеља. Владата одлучи да го предложи до собранието за државен обвинител пред останатите три кандидатки, обвинителките Анита Тополова Исајловска, Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска кои, исто така, добија позитивно мислење од Советот на јавни обвинители. Савески суди во одделот за организиран криминал во кривичниот суд, а судиска тога ја носи од 2016 година. ...
Фемицидот не е само институционален, туку и сериозен општествен аларм, смета Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која нагласува дека проблемот мора да се решава системски и со поголем фокус на превенцијата. Според неа, одговорноста не може да се припише само на системот, бидејќи зад институциите стојат луѓе кои раководат со нив. „За жал, не само што фемицидот е институционален аларм, туку е и општествен аларм. Навикнавме да велиме дека системот е ...
Унгарскиот парламент усвои Нацрт-резолуција со која се отфрла членството на Украина во Европската унија (ЕУ). Предложената резолуција ги отфрла напорите за трансформирање на ЕУ во воен сојуз, како и напорите што го загрозуваат суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, објави унгарскиот портал ATV. Во усвоениот документ се наведува дека Унгарија се спротивставува на членство на Украина во ЕУ, бидејќи оваа земја е во војна и нејзиното приклучување ...
Системските слабости и недостигот на професионализам во институциите се меѓу клучните причини поради кои се случуваат трагедии поврзани со семејното и родово базираното насилство, смета Габриела Илиевска од „Поинаку“. Според неа, проблемот е резултат на долгогодишно натрупување на непрофесионализам во институциите. „Македонија повеќе од 20 години наназад има систем кој се трупа со непрофесионализам, па така денес го гледаме сето она што се ...
Системските слабости и недостигот на професионализам во институциите се меѓу клучните причини поради кои се случуваат трагедии поврзани со семејното и родово базираното насилство, смета Габриела Илиевска од „Поинаку“. Според неа, проблемот е резултат на долгогодишно натрупување на непрофесионализам во институциите. „Македонија повеќе од 20 години наназад има систем кој се трупа со непрофесионализам, па така денес го гледаме сето она што се ...
Законските решенија во државата јасно предвидуваат како треба да се постапува во случаи на семејно и родово базирано насилство, но проблемот е во нивната примена, смета Каја Шукова од СДСМ. Таа посочи дека по вакви трагедии јавноста бурно реагира, но реакциите со текот на времето се намалуваат, а системските проблеми остануваат. „Навистина многу често после вакви трагедии јавноста е бурна извесен период, но за жал сметам дека кај најголем дел ...
Во фирмата „Сити аутсорсинг“ која зема тендери од државни институции во моментов нема роднини на директорот на СОЗР Ивица Томовски па поради тоа нема ни судир на интереси утврди Антикорупциската комисја. И покрај тоа што неговиот татко бил управител, а во моментов негов близок пријател е сопственик, сепак од ДКСК велат дека законот е таков што не може да се најде незаконско постапување. Утврдија и дека и покрај тоа што фирмата навистина ...
Самостоен буџет, строги дисциплински правила, без чување предмети во фиока, често и вонредно оценување на работата на обвинителите, предвидува новиот Закон за јавно обвинителство, за кој пратениците денеска одлучија дека има потреба да се донесе. За Државен јавен обвинител ќе можат да конкурираат само актуелни јавни обвинители или судии кривичари. Тој ќе може да добие уште еден мандат, но не последователно, туку по пет години откако ќе му ...
Премиерот Мицкоски во моментов не гледа потреба од прогласување на кризна состојба и покрај ризици кои постојат поради состојбата на Блискиот Исток, која донесе нови повисоки цени на горивата. Дизелот поскапи за 14, 5 денари, а бензините за 5 денари. Пред два дена Мицкоски кажа ако има драстичен скок на цената на горивата ќе се интервенира. Но, во моментов не гледа потреба од такво нешто, со образложение дека и по поскапувањето земјава има ...
Антикорупциската комисија ќе поведе постапки за 234 советници избрани во општините, кои не поднеле изјава за имотна состојба и интереси во законскиот рок. Анализата на електронската евиденција покажала дека околу една петтина од советниците во општинските совети, не ја доставиле задолжителната изјава, што претставува прекршување на законот за спречување на корупција и судирот на интереси. Советници од 61-наопштина, не ја доставиле изјавата, ...
Педесет и двегодишен наставник од средно училиште во скопската општина Центар е лишен од слобода по пријава дека вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. Случајот бил пријавен во полиција, по што биле преземени мерки за расчистување на настанот. Дел од медиумите објавуваат дека настанот се случил во Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека наставникот ...
Владата денеска го изгласа предлогот нов државен јавен обвинител да биде Ненад Савески, судија во Кривичниот суд Скопје. Савески е роден во 1976 година, живее во Гостивар, оженет, татко на 3 деца. Тој е магистер по правни науки – казнено право, магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ Скопје, каде ги завршил и студиите. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Средното образование го завршил во гимназијата „Панче ...
Филмот ја раскажува вистинската приказна за шесте американски војници кои го подигнуваат знамето на САД за време на крвавата битка на островот Иво Џима во Втората Светска Војна Фотографијата од тој момент станува еден од најпознатите симболи на војната. Но зад херојската слика се кријат сложени и болни лични приказни. Тројца од војниците кои преживуваат се испратени дома за да учествуваат во пропагандна кампања за собирање средства за ...
Кошмарна вечер започнува кога соседите Дејвид и Роберт со автомобил случајно удриле жена на велосипед и бегаат од местото на настанот. Дејвид се повеќе го мачи чувството на вина, додека Роберт не покажува каење и станува препотентен и посесивен. Дејвид ја запознава Ванеса, сестрата на жртвата што го зголемува чувството за вина за стореното дело. Од друга страна Роберт ќе направи неискажливи работи за да ја заштити нивната тајна. Кошмарна ...
Курск е инспириран од незаборавната вистинска приказна за К-141 Курск, руска водечка подморница со нуклеарен погон која потона на дното на Баренцовото Море во август 2000 година. Додека 23 морнари се бореа за опстанок на бродот, нивните семејства очајнички се бореа со бирократските пречки и невозможните шанси да најдат одговори и да ги спасат. Курск е инспириран од незаборавната вистинска приказна за К-141 Курск, руска водечка подморница со ...