Вчера, осмо-мартовскиот марш во Скопје прерасна во масовен протест. Со слоганот „Нема да нè снема“ илјадници граѓани испратија порака до институциите и побараа реформи и оставки. Повод е трагедијата во Тафталиџе, а големиот број пријави што се случија веднаш по трагедијата, зборува дека Македонија се соочува со сериозна криза.Но, се изнаслушавме и колку системот не функционира и колку адвокатите знаат да ги заштитат сторителите и како ...

Големи пожари избувнаа во главниот град на Иран, Техеран, откако во израелски напади беше погодена инфраструктура на нафтената индустрија. Иранските власти соопштија дека во нападите врз четири резервоари за складирање на нафта и терминал за пренос на нафтени деривати загинале четири лица. Сведоци од градот изјавиле дека чадот од пожарите бил толку густ што изгледало како сонцето воопшто да не изгреало. Израелската војска соопшти дека ...

Итен состанок свикаа денеска земјите од Групата седум водечки индустриски демократии (Г7) по растот на цената на нафтата, откако таа надмина 100 долари за барел, а светските берзи забележаа пад поради ескалацијата на војната меѓу САД, Израел и Иран. Министрите за финансии од водечките индустриски земји ќе се состанат попладнево за да разговараат за економските последици од конфликтот. Светските цени на нафтата достигнаа речиси 120 долари за ...

Основното јавно обвинителство Битола открило развиена шема на измами со лажни сообраќајни несреќи, при што во последните 2-3 месеци над десет граѓани биле измамени за повеќе од 60.000 евра и вредни предмети. Најчесто жртви се повозрасни лица, кои добиваат телефонски повик дека нивен близок е тешко повреден или дека предизвикал несреќа и се бараат пари за операција или за избегнување затворска казна. Измамените граѓани, исплашени за своите ...

Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Денешното рочиште продолжува со изведување докази и сослушување сведоци. Во четвртокот сведоци кои биле во дискотеката кобната ноќ на 16 март, кога во пожар настрадаа 63 лица, а над 200 беа повредени, сведочеа пред судот за моментите на избувнување на пожарот и паниката што настанала во преполнетиот објект. Судењето за пожарот во дискотеката ...

Голем пожар на централната железничка станица во најголемиот град во Шкотска, Глазгов, предизвика делумно уривање на една зграда, повикувајќи се на Би-Би-Си. Десетици возови од станицата се откажани, а станицата ќе остане затворена до понатамошно известување, соопшти британската железничка асоцијација „Нешнал реил“. Нема извештаи за повредени во пожарот. Пожарот започнал во продавница за вејпинг во близина на станицата во саботата попладне. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп даде краток коментар по веста дека Моџтаба Хамнеи е избран за нов врховен лидер на Иран, изјавувајќи во интервју за „Тајмс оф Израел“: „Ќе видиме што ќе се случи“. Трамп рече дека одлуката кога ќе заврши војната со Иран ќе ја донесе „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но притоа навести дека конечниот збор ќе биде негов. – Мислам дека (одлуката) ќе биде заедничка… донекаде. Ние ...

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека војната со Иран може да трае долго и ги повика офицерите да се подготват за продолжен конфликт. Тој на состанок со Командата за заштита на цивилното население изјави дека Израел веќе две години се наоѓа во состојба на постојана вонредна состојба и дека се потребни истрајност и трпение. Израелската војска меѓувреме соопшти дека во ноќен напад на ...

Моџтаба Хамнеи е именуван за нов врховен лидер на Иран, откако неговиот татко Али Хамнеи беше убиен во првиот бран американско-израелски напади врз Техеран. Иранските државни медиуми објавија дека тој ја презема функцијата во момент на силна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Меѓувреме, иранските сили извршија нов бран ракетни и напади со беспилотни летала врз Израел и неколку земји од Персискиот Залив. Во Бахреин при напад со дрон ...

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Со овој организиран лет од Обединетите Арапски Емирати почна евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови. Како што информира денеска Министерството за надворешни ...

На 7 март 2026 година од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен С.Р. (23) од Скопје, осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, стои во полицискиот билтен. По насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукцијаа јавен обвинител телото било предадено на обдукција. На 7 март 2026 година од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено ...

Лишени од слобода три лица и повикани на службен разговор две лица во Скопје, физички ги нападнале или агресивно се однесувале кон нивни сопруги, партнерка, ќерка и снаа, информираат денеска од МВР. Синоќа во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил ...

Папата Лав XIV во неделата повика на прекин на американско-израелската војна во Иран и отворање на дијалог, предупредувајќи дека конфликтот се шири низ целиот Блиски Исток и сее „клима на омраза и страв“. Втора недела по ред, Лав ја изрази својата длабока загриженост за војната и како таа го дестабилизира Либан, бедем за христијаните во претежно муслиманскиот регион. Тој се помоли за прекин на бомбите и отворање на дијалог „за да се чуе ...

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека Кина и САД треба темелно да се подготват за нивните размени на високо ниво, да ги поттикнат вистинските услови, да управуваат со разликите и да ги отстранат непотребните прекини. Односот меѓу Кина и САД е однос со далекусежни и глобални импликации. Вртењето грб еден на друг би довело само до меѓусебно погрешно восприемање и погрешна пресметка. Лизгањето во конфликт или конфронтација би ...

Евакуираните македонски државјани од Oбединетите Aрапски Eмирати, кои со организиран лет се враќаат во Mакедонија, се очекува да слетаат на аеродромот во Скопје вечерва околу 21 часот и 15 минути. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се организирани чартер летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани присутни во Катар и Кувајт. Очекувањата се овие патници да отпатуваат во среда. Евакуацијата на македонските ...

Во последните две недели министерството за внатрешни поднесе 21-на кривична пријава за 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка. Најголемиот дел од кривичните дела во врска со семејно насилство се загрозување на сигурноста и телесна повреда. Покрај ова, на подрачјето на секторот за внатрешни работи скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои ...

КОД ги открива имињата на фирмите кои ќе изгубат лиценца за одгледување на медицински канабис. Од 23 контролирани повеќе од десет имаат неправилности. Се уште се рзгледуваат документите од Алфафарм, фирмата од која беше нелегално извезен цвет од марихуана во Србија и пронајден во магацин кај Крушевац. КОД истражува и кои се намерите на бугарскуте прокси кои создале хибридна мрежа за создавање на национална нетрпеливост меѓу македонија и ...

Војната на Блискиот Исток претставува нов стрес тест за берзите и глобалната економија. Финансиските пазари реагираат прво емотивно, а потоа рационално, па оттука, очекуван е првичниот пад. Сепак, инвеститорите различно реагираат во време на кризи. Експертите велат дека веќе не станува збор за тоа дали светската економија ќе се соочи со последици од новата војна, туку од колкав обем ќе бидат тие последици. Малите и отворени економии како ...

Стопанствениците се загрижени за случувањата на Блискиот Исток, но се подготвуваат за секакви сценарија. Не сакаат да веруваат дека најлошото ќе се случи, се надеваат – воениот конфликт дека бргу ќе биде надминат, во спротивно последици ќе имаат сите. Производителите во земјава се зависни од снабдувањето на енергенси од местата каде се воените жаришта. Очекуваат инфлаторни притисоци кои не сметаат дека ќе бидат големи. За бизнисот овој пат е ...

Струмичкото комунално претпријатие кубури во долгови кои надминуваат 6.5 милиони евра само кон приватни компании. Директорот на претпријатието, Кире Синдраковски вели дека се прави стратегија како да се извлече најголемото општинско претпријатие од лошата финансиска состојба. Според него, ненавременото подмирување на долговите , но и недомаќинското работење е причина мака мачи да излезе од долговите. Работата на Комуналец сериозно била ...

Патријархатот се уште триумфира над родовата еднаквост. Тоа го покажува и истражувањето на Регионалниот совет за соработка според кое во државите од Западен Балкан, жените се за 20 проценти помалку вработени отколку мажите. Според истражувањето, нешто под 55 проценти од женската популација е активна на пазарот на трудот, што е значително помалку во споредба со Европската Унија каде просекот е 70%. „ Податоците кои ги споделуваме во суштина ...

Со критика за недоволната заштита на жените во македонското општество се одбележа овогоднешниот 8. Март. Наместо да празнуваат со цвеќе, жените порачаа дека не се чувствуваат безбедно. Маршот започна со една минута молк за сите жени кои биле жртви на насилство, бидејќи системот потфрлил. Марта Стевковска . Побараа безбедноста на жените да биде итен политички приоритет. Калиа Димитрова. Како и поефикасни мерки за превенција. Ивана Белчева . ...

Откако идејата за брзо зачленување на Украина во ЕУ, заедно со земјите од Западниот Балкан, без право на глас и вето, кој пред околу две недели ја обелодени премиерот, Христијан Мицкоски, која тој денеска ја нарече идеја од ходниците на ЕУ, а која во средата во Брисел беше остро одбиено од четири земји-членки, Мицкоски денеска не сакаше да открие какви се други планови се кројат во Брисел за брзо проширување. „Дали дел од тие сценарија ќе ...

Иранското Собрание на експерти постигна консензус за тоа кој ќе го замени врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи – но се уште има некои „пречки“ за негово назначување. Информациите за наследникот се една од најстрого чуваните државни тајни во Иран, но во последно време протекуваат сè повеќе детали. Најмногу се шпекулира дека „консензусот“ се однесува на Моџтаба Хамнеи, вториот син на Хамнеи. Во однос на неговото назначување постојат неколку ...

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ: Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваа пратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции од редовите на движењето. Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна и содржинска дискусија за улогата на жените во креирањето политики, нивното ...

Денес зборуваме за почит, можности и еднаквост. Но овие зборови немаат вистинска тежина ако не сме подготвени да ја погледнеме и реалноста со која се соочуваме. Жаклина Пешевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Можностите значат економска самостојност и фер шанса. Еднаквоста значи жените да бидат рамноправни креатори на политики и општествени промени. Денес зборуваме за почит, можности и еднаквост. Но овие зборови немаат вистинска тежина ако не сме ...

Во изминатите месеци јавноста беше изложена на една упорна и агресивна кампања дека државата наводно тајно договара прифаќање мигранти од Обединетото Кралство. Се ширеше теза дека зад стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство постои наводен „таен договор“, рече на денешната прес – конференција премиерот Христина Мицкоски. Тој истакна дека јавно и недвосмислено Британскиот амбасадор кажа: таков договор не постои и никогаш ...

Меѓународниот ден на жената ја нагласува потребата од забрзување на реформите за жените целосно да имаат корист од пазарите на труд во регионот. По повод Меѓународниот ден на жената, Регионалниот совет за соработка (RCC) го насочува вниманието кон постојаните родови разлики во вработувањето и платите на пазарот на трудот во Западен Балкан 6 (WB6), нагласувајќи ја потребата од посилни и подобро координирани напори за претворање на заложбите за ...

Промовиран Регионалниот феминистички туристички водич „Откривајќи ја нејзината историја“ По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Скопје се одржа промоцијата на Регионалниот феминистички туристички водич „Откривајќи ја нејзината историја“, проследена со промотивна тура низ неколку значајни локации од женската историја и културното наследство на градот. Настанот започна на Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк, од каде учесниците ја ...

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили уништиле 42 ирански воени бродови за три дена. „Уништивме 42 воени бродови, некои од нив многу големи за три дена. Тоа беше крајот на морнарицата. Ги соборивме нивните воздухопловни сили. Ги иништивме нивните комуникации и сите телекомуникации исчезнаа“, им рече тој на латиноамериканските лидери собрани во Дорал, Флорида, во саботата. „Иран ќе имаа нуклеарно оружје и, ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
59%
1015
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
52%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.1
86%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
78%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
72%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1012
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
46%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
78%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
89%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Родиум

353658.21

Кобалт

3.86

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84