Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Шест лица се повредени во напад со нож на плоштадот пред Операта во белгискиот град Антверпен, каде се одржувал протест. Две од жртвите се во критична состојба, а сите имаат убодни рани, соопшти портпаролот на локалната полиција Ваутер Браунс. Полицијата уапсила двајца осомничени за нападот, кои според првичните наоди се измешале со демонстрантите. Четири од повредените биле пронајдени на плоштадот, а останатите две во околните улици. На ...
Без плата, нема работа. Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства. Тие алармираат дека проблемите со кои се соочуваат во секојдневното работење се резултат на долгогодишно лошо менаџирање и недомаќинско работење на ...
Околу 73 јужнокорејски државјани осомничени за вмешаност во онлајн измами се депортирани во Јужна Кореја за да се соочат со истраги. Според властите, станува збор за најголемата групна репатријација на корејски осомничени криминалци од странство досега. Осомничените се дел од околу 260 Јужнокорејци приведени во Камбоџа во последните месеци во рамки на акција против онлајн измами. Се сомнева дека групата измамила жртви во Јужна Кореја за ...
Агенцијата за електронски комуникации денеска ќе му издаде одобрение на „ОНЕ Македонија телекомуникации“ – унгарски „Фор-ај-џи“, за работа како трет мобилен оператор во државата. Компанијата ја уплати целосната сума за трите радиофреквенциски опсези, вкупно 8 милиони евра, и може да почне со работа, користејќи пристап преку мрежите на постојните оператори додека ја гради својата инфраструктура. Сопственикот на „Фор-ај-џи“ најави инвестиција ...
Со проекцијата на остварувањето „ Мајка Мара“, кое е втора филмска режија на големата српска актерка Мирјана Карановиќ, синоќа во Cineplexx започна зимското издание на ревијата филмови од Мрежата фестивали на Јадранскиот регион. Филмот „ Мајка Мара“ зборува за жена во средно доба која се соочува со загубата на синот единец и наоѓа сили да продолжи низ животот, паѓајќи во прегратките на другар на нејзиниот син. Насловната улога ја толкува ...
Претставници на Русија, Украина и САД идната недела ќе одржат трилатерални разговори во Абу Даби, што ќе биде прва средба со учество на сите три страни од почетокот на руската инвазија пред речиси четири години. Кремљ потврди дека руската делегација доаѓа по, како што беше оценето, „корисни и искрени“ разговори меѓу Владимир Путин и американски претставници во Москва. Главна точка на преговорите останува територијалното прашање, особено ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече поканата до Канада за членство во новоформираниот „Одбор за мир“, продлабочувајќи го спорот меѓу двете земји. Во објава на „Truth Social“, Трамп соопшти дека поканата е повлечена, без да наведе конкретна причина, иако Отава претходно изрази подготвеност да се приклучи – но без да ја плати членарината од една милијарда долари. Канадскиот премиер Марк Карни неодамна предупреди на „пукнатина“ во ...
Во третата недела од 2026 година, односно од 12 до 18 јануари, се пријавени 2.062 нови случаи на грип или заболувања слични на грип, што е за 11,2% помалку од претходната недела, но за 46% повеќе споредено со истиот период минатата сезона, информира Институтот за јавно здравје. Најзасегнати се лицата во групата од 15 до 64 години со 1.274 случаи, потоа следуваат децата до 4 години – 279, лица над 65 години – 266, и деца на возраст од 5 до 14 ...
Доцнење на платите направи револтот кај вработените во Македонски пошти кои денеска излегоа на протест. Се пожалија дека работат со минималец но и тој не можат да го добијат. Над илјада вработени ќе чекаат прилив на сметка за да продолжат со работа, во спротивно се заканија дека ќе продолжат со радикални чекори. Освен вработени во скопската пошта, протестираат и нивни колеги од други градови велат тие. Доцнење на платите направи револтот ...
Фондот за здравствено осигурување од денес е поврзан со Централниот регистар на населението, што треба да донесе побрзо и поефикасно решавање на боледувањата и другите здравствени права. Но, бројките покажуваат спротивно – злоупотребата на боледувањата, особено во јавниот сектор, расте. Илјадници случаи годишно, милионски суми и сомнежи дека дел од боледувањата се користат не поради здравје, туку поради комоција. Исти лица – различни ...
Европската унија е близу до договор со САД и Украина за единствена заедничка рамка за просперитет, како инструмент за зголемување на украинскиот просперитет од моментот кога ќе биде постигнат прекин на огнот, најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференцијата по завршувањето на синоќешниот неформален Самит на ЕУ во Брисел. – Зборуваме за единствен документ што ја претставува колективната визија на ...
Последниот закон потребен за од 1 февруари да профункционира системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ денеска пред на гласање пред пратениците. Потребната поддршка од двотретинско мнозинство за законот за кој е завршена расправата, беше обезбедена на лидерската средба минатата недела, свикана од премиерот Христијан Мицкоски. Додека опозициската СДСМ најави дека нема да гласа за измените на ...
Јапонската премиерка Санае Такаичи го распушти Долниот дом на парламентот, со што официјално го отвори патот за предвремени парламентарни избори закажани за 8 февруари. Потегот се смета за обид да се искористи нејзината висока популарност и да ѝ се помогне на владејачката партија да ја врати водечката позиција по значајните изборни загуби во изминатите години. Распуштањето на парламентот, сепак, ќе го одложи усвојувањето на клучниот буџет, ...
Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се одржува амандманска расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање. Законот е поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а за него се поднесени вкупно 13 амандмани од пратеници на НСДП, Левица, ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП. Предложените измени имаат за цел отстранување на слабостите во постојните одредби и усогласување со ...
Лидерите на Европската Унија одржаа состанок во Брисел посветен на идните трансатлантски односи, откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од заканите дека ќе преземе контрола врз Гренланд. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека европската солидарност и единство довеле до позитивна промена и дека ситуацијата околу Гренланд е „значително подобра отколку пред 24 часа“. Трамп претходно се откажа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму. Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос. И можеби нема да мора да ја користиме… имаме многу бродови ...
Со вкрстено испитување на сведок предложен од обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје, денеска, продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“. Случај кој се води за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата. Обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и економскиот директор на Клиниката, Нехад Нухи. Сведокот кој денска ...
На забава во Вашингтон, пред два дена, група републикански пратеници се гоштеваа со несекојдневен десерт – торта во облик на Гренланд и прекриена со американското знаме. Десертот, очигледно симбол на обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја добие арктичката територија, беше послужен во Центарот Кенеди за време на настан организиран од Републиканците за национална обнова, десничарска група која го притиска претседателот да се ...
Украинскиот претседател Зеленски рече дека е постигнат договор со САД за безбедносни гаранции во случај на прекин на огнот со Русија, но сè уште не е потпишан. Тој разговараше со новинарите по едночасовната средба со Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос. Претходно, Трамп рече дека спогодбата за војната во Украина „доаѓа многу наскоро“. „Ние сакаме да ја запреме оваа војна. И затоа мислам дека американскиот претседател Трамп ...
Во кумановскиот совет на денешата седница беше отфрлена иницијативата за точка поврзана со оданочувањето на печалбарите од Ирак и Авганистан. Ова било поднесено од кумановчани, како и од советниците на „Ред за Куманово“, но истата била одбиена со образложение дека Советот нема надлежност да одлучува по ова прашање и дека тоа е во ингеренција на Управата за јавни приходи. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, предложи градоначалникот ...
Економскиот форум во Давос изгледаше како политичка гладијаторска арена, Европа и Америка, Гренланд, сојузниците како непријатели, трговска војна, новиот поредок, законот на посилниот. Кој е курсот и предизвиците за македонската надворешна политика во новите околности? Во Вин-Вин дебатираат Универзитетските професори Александар Спасеновски и Александар Спасов. Вин-Вин со Оливера Трајковска на Телма Економскиот форум во Давос изгледаше како ...
Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули ан вечерва беше отворена изложбата на фотографии и проекција на документарен филм кои беа реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”. 22 јануари е датум кој е исклучително важен, потпишувањето на Елисејскиот договор, кој на некој начин го означи француско-германското помирување и една длабока соработка помеѓу Франција и Германија ...
Во вечерашната емисија Вин-Вин универзитетскиот професор Александар Спасов се осврна на стратешките интереси на САД кои се движат кон најголемите предизвикувачи, а тоа е пред се Кина и Пацификот, но и други држави. „Додека стратешките интереси на ЕУ е да се одржи интеграцијата и да се даде нов стимул на интеграција. И сега ние тоа можеме да го нарече политички развод или политичка кавга, но треба да правиме разлика помеѓу појавноста кој како ...
Во вечерашната емисија Вин-Вин дебатираа универзитетските професори Александар Спасов и Александар Спасеновски. Професорот Спасеновски истака дека лидерството на САД почиваше на односот кон државите од западна Европа по завршувањето на Втората светска војна и улогата на САД во создавање на оној мини поредок во рамките на глобалниот систем кој беше воспоставен со формирањето на ОН. „Овој нов развој на настаните претставува радикален ...
Бројот на жртви од железничката несреќа во близина на Адамас во шпанската покраина Кордоба се искачи на 45, откако спасувачките екипи пронајдоа уште две тела. Според шпанските власти 123 луѓе се повредени, од кои шест се во тешка состојба. Телата биле пронајдени во еден од оштетените вагони на возот и според првичните информации, тоа се последните две лица кои беа наведени како исчезнати. Цивилната гарда претходно изјави дека бара „уште две ...
Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски е пуштен од притвор, дознава Телма. Неофицијално гаранцијата која што ја дал дека нема да бега е речиси 5 милиони евра во недвижен имот куќа со двор во Битола и три стана исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“, каки движен имот и тоа возила – 25 булдужери и камиони, сопственост на „Марковски компани“. Одлуката ја донел Основниот суд во Битола ...
По три години мандат во земјава, американската амбасадорка Анџела П. Агелер се простува од Македонија со отворено писмо упатено до граѓаните, во кое упатува порака на благодарност, надеж и силна поддршка за иднината на државата. Во писмото, насловено „Отворено писмо до народот на Северна Македонија“, Агелер потсетува на нејзиното пристигнување во Скопје како десетта амбасадорка на САД и ја истакнува длабоката почит што ја чувствува кон ...
Уапсен е 57 годишник од Идризово поради сомнеж дека сакал да изнуди пари од поранешниот партнер на негова ќерка. Воедно тој тврдел дека поранешниот парнер му должел пари на него и неговата ќерка за времето кога живееле под кирија, а исто така и дека требал да врати пари за поправка на автомобил. „На 21 јануари 2026 година околу 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР ...
Француската морнарица пресретна руски танкер за нафта за кој постои сомнеж дека е дел од таканаречената „флота во сенка“ во Средоземното Море, а францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека бродот е под меѓународни санкции и наводно пловел под лажно знаме. Операцијата беше спроведена со поддршка на неколку сојузници, меѓу кои Обединетото Кралство кое одигра клучна улога, собираше и споделуваше разузнавачки информации. Макрон нагласи ...
Холивуд ги откри номинациите за овогодинешните Оскари, кои ќе им оддадат почит на најдобрите ѕвезди и филмови во филмската индустрија во текот на мнатата година. „Грешници“ води со рекордни 16 номинации, соборувајќи го рекордот за најмногу номинации за Оскар, кој претходно го држеа „Сè за Ева“ (1950), „Титаник“ (1997) и „Ла Ла Ленд“ (2016). Следни се „Една битка по друга“ со 13 номинации, додека „Марти Суприм“, „Франкенштајн“ и „Сентиментална ...