Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Пожарникарите се борат да ги локализираат шумските пожари што беснеат низ Франција и Шпанија. Предупредувањето за евакуација на жителите на југозападна Франција го зголемува бројот на раселени лица на повеќе од 220.000. Француската војска е мобилизирана за да помогне во борбата против пожарот, кој го смени правецот и се движи кон исток кон Бордо. Бројот на раселени лица во Шпанија надмина 60.000 луѓе – локален функционер вели дека ...
Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава. Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на најпрестижните фестивали и ...
Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ). Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари, велат од СДСМ. Според опозицијата затоа Христијан Мицкоски со денови барал алиби за предвремени избори. Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата – затоа што тоа би било директно признание дека работите се распаѓаат. Сега мора да чека „поволен момент“ за да ги распише. ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена, стои во денешното соопштение од Левица. Од партијата велат дека наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа ...
Водата од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна поради присуство на фекални бактерии и останува забранета за употреба. Сепак, досегашните епидемиолошки анкети не покажуваат последици по здравјето на граѓаните, соопштија од Центарот за јавно здравје – Прилеп. Граѓаните во меѓувреме се снаоѓаат, купуваат пакувана вода или полнат вода од извори. Велат дека во летниот период, кога Крушево е полно со туристи, секојдневието без ...
20.000 евра ќе добие докторка која ја тужела болницата каде работела поради исцрпеност предизвикана од прекумерната работа, објави „Екатимерини“. Елени Јоаниду, која работела на островот Крит како специјалистка по интерна медицина во болницата во Ретимно, поднела оставка во јануари 2023 година, откако повеќепати предупредувала на недостигот од кадар, напорните работни распореди и прекумерниот обем на работа. Таа ја тужела болницата, барајќи ...
Десетици илјади луѓе се евакуирани од ’ртот Кап Фере во југозападна Франција, каде што шумските пожари проголтаа илјадници хектари шума и уништија луксузни вили. Туристите велат дека бегале од запалениот полуостров откако ги разбудиле среде ноќ со итни пораки за евакуација, објави „Би-би-си“. Пожарите, кои избувнаа во вторник во градот Сом, во департманот Жиронд, горат со денови, а пламените јазици покриваат 10.000 хектари. More than 100 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон, соопшти претставник на Белата куќа. Извор од украинските власти изјави дека Зеленски планира да отпатува во САД, но неговиот тим сè уште чека официјална потврда од Белата куќа за програмата на претседателот Трамп. Од кабинетот на украинскиот претседател засега нема официјален коментар за информацијата. Конзервативната ...
Околу 29.000 луѓе се евакуирани во централна Шпанија, додека владата прогласи национална вонредна состојба првпат во историјата поради пожарите и ја презеде координацијата на сите противпожарни служби. Најтешка е ситуацијата во Автономната заедница Мадрид, каде што се евакуирани околу 27.000 луѓе, и во покраината Авила, од која се евакуирани повеќе од 1.600 жители, јавува RTVE. Во Авила, пожарот во Бургохондо уништи и камп сместен среде ...
Пензискиот систем пред реформа, но се уште е нејасно во кој правец ќе се движи. Од Асоцијацијата на приватените пензиски друштва велат дека потребна е поширока дебата, пред да се донесе било каква реформа. Сега во трите приватни пензиски друштва има 3,4 милијарди евра пари на 639.000 пензионери, но какви пензии би земале ако сите се вратат во првиот столб? На овие прашања во Телма интервју во вестите во 18:30 одговара Маријан Николовски ...
Бура со силен ветар и дожд погоди Атина, предизвикувајќи им проблеми на жителите и туристите. Предупредувачки пораки добија и жителите на Лариса, Фтиотида, на островите Евија и Скирос. Густи облаци го исполнија небото, придружени со силни ветрови и интензивни атмосферски празнења во областите Петрополи и Амаруси. Поројните дождови, иако имаше соодветни предупредувања од Цивилната заштита и метеоролозите, се чинеше дека ги затекнаа ...
Белата пена целосно ја исполни површината на Лепенец пред влевањето во Вардар. Откако се известени надлежните, претсавници на Водовод со инструменти за земање на примероци издвоија дел од пената за да ја испитаат. Вработените кои се спуштале до коритото не почувствувале никаков мирис во близина на пената. Примероците треба да утврдат од што е пената, а истовреме и градската и државната инспекција за животн средина ги проверуваат објектите за ...
Европската комисија, која го надгледува усогласувањето со технолошките регулативи на ЕУ, објави дека профилите на TikTok не ги исполнуваат безбедносните стандарди утврдени во Законот за дигитални услуги . Според Комисијата, платформата им овозможува на децата да ги објават своите профили јавно, што им овозможува на другите корисници да ја видат нивната содржина. Ова потенцијално ги изложува децата на ризик од сајбер малтретирање или контакт ...
Националниот парк „Пелистер“ објави дека денеска снег паднал на Пелистер. Снегот е резултат на најавеното заладување што ја зафати Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека Битола попладнево е погодена од силно невреме. Според нивните официјални податоци, во овој регион се бележи интензивен и пороен дожд. Службите ја следат состојбата на терен. А од Националниот парк „Пелистер“ пак пишуваат дека Пелистер е убав и ...
Условот за стапување на сила на уставните измени за впишување на Бугарите во Уставот, па потоа отворање на првиот кластер од преговорите со ЕУ, е дел од Вториот протокол од Договорот со Бугарија, но тој не е Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди шефот на македонската дипломатијата, Тимчо Муцунски. Според него во Преговарачката рамка со ЕУ такво условување – стапување на сила на уставните измени, па преговори, нема, туку ЕУ бара ...
Високи температури, а вода нема. Гостиварчани во нова неизвесност, како да ја одржат хигиената и да се заштитат од инфекции кога основниот ресурс е ограничен? По хидричната епидемија, комисијата за заразни болести предупредува и на можен ризик од жолтица. Жаклина Шопова Комисија за заразни болести Многу причинители, една епидемија и се уште без конкретен виновник. Комисијата вели дека ваквата слика не е невообичаена кај ваквите епидемии, кога ...
Големи парчиња бела пена пловат во водите на реката Вардар. Нечистата вода доаѓа од реката Лепенец која се влева во Вардар. Екипа на Телма е на терен и ги забележа службите кои земаат примероци од водата за да испитаат за каков тип на загадување се работи. Инспектори од Државниот инспекторат за животна средина, при МЖСПП се на терен и вршат инспекциски надзор, и го испитуваат квалитетот на водата. Постапката е сè уште во тек. По ...
Обвинителството за сега не утврдило пропусти при интервенцијата на работникот кој загинал во канал на гостиварскиот водовод 10 дена пред да бидат вклучени пумпите кој ја загадија водата со фекалии. Сепак се уште се чека официјалниот обдукциски наод иако како причина за смртта на работникот според обвинителството е дека е од срцев удар. Но од Трудовиот инспекторат за Телма брифираат дека вработениот работите за гостиварски Комуналец ги ...
Милијарда евра по поволни услови, но по која цена? Договор за унгарскиот кредит се промовираше како финансиска поддршка, но сега откако новата влада таму најави истрага за заемот, се отворија прашањата што стои зад сето тоа. Домашните експерти сметаат дека ваквата истрага сама по себе не би требало да донесе последици за Македонија, но ако се прошири и кон некои унгарски инвестиции во земјава, можно е да се соочиме со ризици. Се сомневаат и ...
Охридскиот регион повторно доби шанса да не влезе на Листата на светско наследство во опасност. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи да им даде време на Македонија и Албанија до 2030 година да ги исполнат препораките на реактивните мисии што го посетија Охридскиот регион. Одлуката е донесена на 48. сесија на Комитетот за светско наследство , што се одржува во Бусан- Јужна Кореја. Зад неа застанаа 16 од вкупно 21 земја- членка на ...
Високи температури, а вода нема. Гостиварчани во нова неизвесност, како да ја одржат хигиената и да се заштитат од инфекции кога основниот ресурс е ограничен? По хидричната епидемија, комисијата за заразни болести предупредува и на можен ризик од жолтица. Жаклина Шопова Комисија за заразни болести Многу причинители, една епидемија и се уште без конкретен виновник. Комисијата вели дека ваквата слика не е невообичаена кај ваквите епидемии, кога ...
Милијарда евра по поволни услови, но по која цена? Договор за унгарскиот кредит се промовираше како финансиска поддршка, но сега откако новата влада таму најави истрага за заемот, се отворија прашањата што стои зад сето тоа. Домашните експерти сметаат дека ваквата истрага сама по себе не би требало да донесе последици за Македонија, но ако се прошири и кон некои унгарски инвестиции во земјава, можно е да се соочиме со ризици. Се сомневаат и ...
Министерството за одбрана информира дека до крајот на годинава ќе го достави до Собранието Предлог-законот за критична инфраструктура, поранешната министерка Славјанка Петровска вели дека не и јасно зошто законот заглавил, затоа што оставила текст изработен со помош на експерт од ЕУ и со вклучени забелешки на НАТО, а Левица најави дека ќе предложат нивно решение со кое ќе ја задолжат армијата да ги обезбедува главните инфраструктурни објекти ...
Водата од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна поради присуство на фекални бактерии и останува забранета за употреба. Сепак, досегашните епидемиолошки анкети не покажуваат последици по здравјето на граѓаните, соопштија од Центарот за јавно здравје – Прилеп. Граѓаните во меѓувреме се снаоѓаат, купуваат пакувана вода или полнат вода од извори. Велат дека во летниот период, кога Крушево е полно со туристи, секојдневието без ...
Француските власти наредија евакуација на десетици илјади лица во југозападните региони на земјата каде беснеат неколку шумски пожари. Рано утрово беше донесена одлука да се евакуира целиот полуостров Кап Ферет на западниот брег на Атлантскиот океан поради пожар кој се заканува да ја отсече оваа популарна туристичка дестинација од остатокот од Франција. Десетици илјади лица, најголемиот дел туристи се евакуираат од полуостровот со ...
Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – апартмани, станови, ...
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна ...
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието на Република Македонија одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. – „Денес ја свикуваме оваа ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош. Ова е намалување во однос на претходниот ден, откако претходно имаше зголемување на бројот на пациенти. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови ...
Грчките царински службеници на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) за в понеделник, 27 јули, најавија штрајк, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР). Согласно информациите добиени од надлежните органи на Грција, МВР информира дека во периодот од 5 до 9 часот претпладне по македонско време на наведените гранични премини ќе се пропуштаат патнички возила на секои 10 минути, додека товарниот ...