Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Собранискиот деловник не е оптимално правно регулиран и создава конфузија и пречки за ефективен надзор над извршната власт, покажува истражувањето на професорот Денис Прешова. Детектирани се слабости во однос на пратеничките прашања, интерпелацијата, нелогичното разликување помеѓу јавни расправи и јавни дискусии, додека надзорните расправи се регулирани посебно. Тука се и анкетните комисии за кои е оставен простор сами да си утврдуваат ...
Истата храна во декември, во јанауари поскапа за илјада денари… едно четиричлено семејство според сојузот на синдикати месецов треба да одвои најмалку 66,413 денари.. Една третина оди за храна, а пораснале и давачките за струја, вода, затоплување.. Единствено поевтинел транспортот. Зима, е и треба потопла гардероба, но и повеќе пари да се купи, особено овој месец, пресметале синдикалците кои не се откажуваат од барањето за 600 евра минимална ...
Започна „пробниот режим“ за тестирање на камерите за сообраќајни прекршоци. „Паметниот град“ ќе се прилагодува од денеска до 31 јануари со тоа што ќе се врши тестирање и калибрација на камерите, во периодот од 8 до 20 часот. Полицијата апелира до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, но и да покажат трпение и соработка – за да профункционира системот, мора и сообраќајот да трпи малку паузи. ...
Учениците се вратија во училиштните клупи, а со тоа се зголеми и опасноста од ширење на грипот. Со почетокот на второто полугодие, бројот на заболени деца е во пораст. На Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле дневно се прегледуваат над 100 деца, од кои околу 70 се задржани на болничко лекување, а 10 од нив се на кислородна поддршка. Сепак здравствените власти донесоа одлука учениците да се вратат во училишните клупи навремено. ...
Ќе се менува ли сопственикот на БЕГ, компанијата која до пред некоја година го менаџираше парното греење? Фирмата Енволед Инвестмент со седиште во Обединетите арапски емирати се токму да ја купи Битар Холдинг Лимитед со седиште во Кипар, кои пак во земјава стопанисуваат со Балкан Енерџи Груп или познатата БЕГ, но се и акционери во когенеративната централа ТЕТО, стои во известувањето на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Енволед е ...
Нова година, стари проблеми. И по еден месец, без поместување од мртва точка – граѓаните повторно излегуваат на протест против аерозагадувањето. Утре во 18 часот, пред цементарницата „Усје“, се очекува да се соберат граѓани и активисти кои повторно го вперуваат прстот кон оваа компанија како еден од изворите на загадениот воздух во главниот град. „Важно е да се знае дека мерењата на амбиеталниот воздух со кои институциите располагаат се на ...
Единаесет месеци како е поставена настрешницата од страна на Општина Чаир, за време на градоначалникот Висар Ганиу, сѐ уште не е отстранета, иако за неа се произнесоа и од УЗКН и од ГКЦ, велејќи дека се работи за тврда градба , но дивоградба, која е подигната без било какви дозволи и која навлегува и во контактната зона- Дуќанџик и во споменичната целина- Стара скопска чаршија, каде што е забрането да се гради, за да не се наруши ...
Судскиот совет денес ќе заседава со новиот дополнетет состав на членови, односно заедно со адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и универзитетската професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ кои беа предложени од претседателката Сиљановска. Од Кривичниот суд, претходно испратија допис до Судскиот совет со кој се барашe одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов на кој му најдоа соѕидани 350 илјади евра, па во тој однос е предвидено ...
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на 21 и 22 јануари 2026 година ќе учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите. На состанокот, со кој ќе претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе учествуваат началниците на Генералштабовите на 32-те земји ...
Куќен притвор и одземање на пасош се бара за осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов откако беше сослушан во ОЈО ГОКК. Во куќата не неговите родители во Неготино викендов беа пронајдени соѕидани 350 илјади евра. Сега човекот што делеше правда се гони за противправно стекнување и прикривање на имот, како и перење на пари. Обвинителството му ги предочило доказите кои го имаат против него, а дали ќе се брани од слобода или не дополнително ќе ...
Од полноќ поскапуваат горивата. Со тоа што ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се зголеми за 1,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР – 98 ќе се зголеми од 72,5 на 74 денари. Екстра лесното масло поскапува од 64,50 на 66,00 денари додека Биодизелот Б6 БС се качува од 65,50 на 67,50 денари. Метанот поскапува за 1 денар и сега ќе изнесува 54 ден/кг, автоплинот останува 46,50 ден/кг додека мазутот се качува од 32,133/кг на 32,987 ден/кг. Претходните цени започнаа да ...
Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми суми на непријавени девизи. Еве го целосниот извештај: 13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца грчки државјани кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен претрес на лицата, во џебот од ...
Мора да го имаме. Ова е суштината на последната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за неговите територијални амбиции кон најголемиот остров во светот, Гренланд. Секако, тоа беше подоцна надополнето со повеќе објави и споделувања на приватни пораки на светските лидери, кои очигледно се обидуваат на секаков начин да го сочуваат транс-атлантското партнерство во НАТО и добрите односи меѓу САД и Европската Унија. Трамп не е ниту ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави мирна граѓанска блокада која ќе се одржи утре во 18 часот, на раскрсницата на булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, во правец кон цементарницата „Усје“. Блокадата, како што велат организаторите, е резултат на неуспешниот дијалог со институциите и долгогодишната загриженост за загадувањето и здравјето на граѓаните, особено на децата. Едно од барањата на иницијативата е поставување мерни станици ...
Транспаренси Интернешнл–Македонија го објави годишниот „Барометар на корупција 2025“, кој претставува преглед на дванаесетте месечни изданија на „Бистро-Матно“. Извештајот ја отсликува состојбата со корупцијата преку следење на конкретни случаи, институционални реакции и системски слабости, кои и натаму остануваат сериозен предизвик за државата. 2025 година беше обележана со низа „матни“ настани, меѓу кои трагичниот пожар во дискотеката ...
Советот на јавни обвинители го избра, Анел Фидовски, го избра Анел Фидоски за нов шеф на ОЈО Скопје. За него гласаа седум од членовите, двајца беа против а двајца воздржани. Меѓу оние кои го поддржаа беше и В.Д обвинителката, Анита Тополова Исајловска. Фидовски има 12 и пол години искуство како обвинител а еден од предметите познати на јавноста е за девојчето од Велес, Тамара Димовска. Два гласа помалку, (пет „за“), доби досегашниот шеф на ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2026 година изнесува 66 413,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец декември 2025 год. која изнесува 65 492,00 денари, забележано е зголемување за 921,00 денари. Додека пак со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јануари изнесува 81 788,00 денари, соопштија од Сојуз на синдикатите на Македонија. Ова ја покажува реалната финансиска тежина со ...
Израел почна со уривање на канцеларијата на Обединетите нации во Ерусалим, откако владата претходно воведе рестрикции за хуманитарните организации кои им пружаат помош на Палестинците. УНРВА (UNRWA), Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци на Х соопшти дека израелските сили конфискувале уреди на персоналот и ги присилиле да го напуштат своето седиште во населбата Шеик Џара. – Ова е невиден напад и тоа не само врз УНРВА ...
Затоплувањето на Антарктикот ги принудува пингвините да го поместуваат периодот на размножување сè порано, покажува нова научна студија. Во изминатата деценија температурите на нивните живеалишта пораснале за околу 3 Целзиусови степени, поради што три вида пингвини започнуваат со размножување околу две недели порано отколку претходно. Оваа брза промена може да создаде сериозни проблеми, особено за младенчињата, бидејќи времето на изведување ...
Со по еден златен и сребрен, како и два бронзени медали, се закитија каратистите на „Макпетрол“ на интернационалниот турнир „Гранд при Кроација“. На турнирот во хрватскиот град Риека настапија 1.270 каратисти со 1.571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клубови. Данило Божовиќ (-84 кг.) освои злато одличје во сениорска конкуренција. Јована Мицовска (У21, -61 кг) се избори за сребро, додека Стефан Стојановиќ (+84 кг.) се закити ...
Појавата на нова политичка партија предводена од поранешниот претседател Румен Радев би можела значително да ги промени не само внатрешните работи на Бугарија, туку и нејзината надворешна политика. Ова се наведува во анализата на „Еуроњуз“ по оставката на Румен Радев. „Ставот на Радев за војната во Украина остро се разликува од оној на претходните влади. Поради оваа причина, аналитичарите и противниците често го нарекуваат „проруски“. Во ...
Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (НОРАД) објави дека испраќа авиони во базата на американските воздухопловни сили во северозападен Гренланд. Авионот наскоро ќе пристигне во вселенската база Питуфик за да изврши „различни, долго планирани активности на НОРАД“, соопшти НОРАД на социјалните мрежи. „Оваа активност е координирана со Кралството Данска, а сите сили за поддршка работат со потребните дипломатски одобренија. ...
Францускиот претседател Емануел Макрон предложи состанок меѓу членките на Г7 и Русија и Данска кој би се одржал в четврток во Париз, потврди Елисејската палата. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно на Трут Соушл скриншот од наводна порака од Макрон на апликацијата за пораки „Сигнал“. Во пораката, францускиот претседател му вели на Трамп дека „не разбира што прави на Гренланд“. Елисејската палата за ДПА ја потврдила автентичноста ...
Речиси 3.000 високорангирани учесници од бизнисот и владата, плус неброен број активисти, новинари и надворешни набљудувачи се собираа во швајцарскиот град Давос за годишниот состанок на Светскиот економски форум. Форумот е тинк-тенк и организатор на настани со седиште во Женева, чиј главен настан – годишниот состанок – дебитираше во 1971 година во Давос, ски-центар со околу 10.000 жители на надморска височина од околу 1.500 метри во Алпите ...
Животот полека се враќа во нормала во регионот Камчатка на далечниот исток на Русија по снежната катастрофа која ја зафати земјата. Локалните жители излегуваат на улиците за да чистат снег, а сообраќајот постепено се обновува на патиштата прекриени со снежна покривка. Силното невреме кое ја погоди земјата минатата недела, донесе силни ветрови и рекордни снежни врнежи, достигнувајќи висина и до три метри. Две лица загинале од снег паѓајќи од ...
Главниот град на Финска, Хелсинки, веќе една година нема ниту една сообраќајна жртва, благодарение на намалувањето на ограничувањето на брзината и поставувањето на повеќе од 70 камери за сообраќаен надзор. Градот од 1,3 милиони жители има и околу 1.500 километри велосипедски патеки, што дополнително ја зголемува безбедноста. Проектот „Сејф Сити“, кој во Хелсинки е дел од долгорочната стратегија за безбедност во сообраќајот, покажува дека ...
Нов 48-часовен штрајк во 6 часот утрово започнаа такси- возачите во Атина организирани од нивниот синдикати, со што грчката метропола до четврток наутро ќе биде без такси превоз. Таксистите и минатата седмица одржаа дводневен штрајк што дополнително беше продолжен за уште 24-часа. Од синдикатот на такси-возачите во Атина соопштија дека и преку овој штрајк уште еднаш ги истакнуваат нивните барања што се однесуваат на законската обврска сите ...
Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 28-годишен маж, осомничен за обид за убиство на својата баба, при вршење семејно насилство во домот каде заедно живееле. Делото е квалификувано како „Убиство во обид“. Според обвинителството, на 17 јануари осомничениот ја блокирал влезната врата од куќата на улицата „Лавчанска корија“, по што со раце ја удирал жртвата по главата и телото сè додека не паднала во бессознание. ...
Македонската ракометна репрезентација, по поразот од Данска, одигра храбро и борбено реми со Португалија. Нашиот тим се враќаше од негатива од пет голови и освои бод против полуфиналистот од последното Светско првенство. Филип Кузмановски со 15 гола беше лидер на теренот, а Мартин Томовски со клучни одбрани го одржа тимот до самиот крај. По два натпревари освоен е еден бод, а шансите за пласман понатаму се мали, но сè уште постојат. Следува ...
Повеќе од 100 возила се судриле или излизгале од автопатот во Мичиген, додека снежната бура од Големите Езера ја прекри областа. Полицијата ја затворила сообраќајницата во двата правци, додека екипите ги отстрануваат возилата. Локалните медиуми јавуваат за голем број повредени, но засега нема пријавено смртни случаи. Несреќата е дел од широка зимска бура што се движи низ САД, со предупредувања за екстремно ниски температури и снег во држави ...