Белград
12ᴼ /
12ᴼ
Претседателката на Советот Габриела Илиевска која нема да биде дел од новиот состав на Советот на Општина Битола бидејќи е кандидат за градоначалничка на Битола не сакаше да каже кој ќе и недостасува од советниците од составот во заминување, но вели дека смета оти оние кои што ќе останат во оваа сала се луѓе, за кои се надева дека ќе се залагаат за битолчани. „Значи јас нема да бидам советник и не можам да кажам како советник дали некој ќе ми ...
На координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски од стариот состав на Советот во новиот оти тој е на добитно место и ќе биде советник, ќе му недостасуваат Корлевски, Илиeвски и двајцата од СДСМ, оти со нив ги имал најголем дел од дебатите. „И се разбира тука е и, од тие дебатите што ги водевме беше и претседателката на Советот која што за жал нема да биде вклучена во локалната политика во наредните четири години“, вели Бојкоски. Вели дека ВМРО ...
Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 км/ч). Утринската во Битола околу 8, а дневната до 13 степени. До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст ...
Аеродромот во Минхен вчера ги продолжи своите операции, откако поради забалежани дронови беа прекинати сите полетување и слетувања во текот на ноќта, јави ДПА. Сепак, патниците се предупредени дека се можни доцнења и нови прекини во текот на денот. Воздушниот сообраќај на вториот по големина аеродром во Германија беше прекинат втора ноќ по ред во петокот вечерта, како превентивна мерка откако беа забележани два дрона. Неколку летови беа ...
Советникот Петар Николовски кој е координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Битола во овој состав во заминување, а кој пак е и носител на листата на СДСМ и коалицијата за овие избори, прашан за тоа кој би бил во евентуален втор круг за избор на градоначалник на Битола, на нашето прашање Куновски против кој, вели дека тоа ќе го кажат граѓаните, избегнувајќи да каже кој би му бил противкандидат на нивниот кандидат. На вториот обид да ...
За советничката во заминување Анастасија Трајковска од ДОМ, целиот изборен процес не е поставен онака како што би имало бенефит за сите граѓани на Општина Битола. Таа вели дека едвај го чека денот кога граѓаните ќе имаат можност да гласаат на отворени листи, а со тоа точно да одберат кој граѓани сакаат да ги претставуваат, а не како сега сега редоследот да го прави партијата и да се гласа за партија, коалиција или група избирачи, а не за ...
Вечерва од 20:00 часот на програмата на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола ДУО ДВЕ Пијана, Италија. ИЛАРИА КОНСТАНТИНО / Ilaria Constantino МАРТИНА ЏОРДАНИ / Martina Giordani Концертот ќе се оджи во салата на Државното музичко училиште во Битола. ПРОГРАМА В.А. Моцарт: Соната К. 448 (1756-1791) – Allegro con spirito – – Andante – Molto Allegro Шаминаде: 2 Пиеси оп. 36 (1857 – 1954) – Intermede – Pas de Cymbales Г. ...
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Утринската во Битола до 2, а дневната до 18 степени. Во текот на ноќта кон понеделник и во првите два дена од следната седмица ...
Во руски напад со беспилотно летало погоден е патнички воз на железничката станица Шостка, во северниот украински Сумски регион, при што се повредени неколку десетици лица, соопштија официјални лица од локалната администрација. „Дивјачки руски напад со дронови врз железничката станица во Шостка, Сумиската област. Сите служби за итни случаи се веќе на местото на настанот и почнаа да им помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се ...
Поскапувањето на цената на цигарите во Македонија не е проблем за пушачите – и за богатите и за сиромашните. Првите знаат дека имаат скапа навика, вторите – се пребројуваат по секое поскапување, но мал е бројот на тие што ги откажале заради високата цена. Редовното усогласување на акцизите во државава што подразбира покачување на акцизите за тутунските производи на 6 месеци се случи деновиве. Па, цената на пакла цигари се зголеми за 10 денари. ...
Најава за инвестиции, презентација на реализираните проекти и политички критики кон политичките опоненти се слушнаа на предизборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на кој беа претставени 31 кандидат за советник во Советот на општина Битола предводени од Филип Поповски и кандидатот за градоначалник Тони Коњановски. Секоја промена е резултат на заедничка работа, а тимот е составен од луѓе кои стојат цврсто со народот.“ Политички крај на тие ...
Победа во првиот круг избори и глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на позитивните промени со кои се соочува општина Новаци, беше пораката испратена на митингот во општина Новаци на кој присуствуваа членови и симпатизери на оваа партија. Воведот беше препуштен на вицепремиерот и министер за трансорт и врски Александар Николовски кому во фокусот му беа државните инфраструктурни проекти што се реализираат, особено од паневропските ...
Во српските градови Ниш и Краљево, околу 50.000 корисници без електрична енергија поради невремето, проследено со обилни врнежи од снег, што предизвикаа голем број дефекти во дистрибутивната мрежа за електрична енергија. „Ситуацијата на терен се менува од час во час. Посебен проблем на терен се непроодните регионални и локални патишта, како и обилниот снег што продолжува да паѓа, што го отежнува пристапот до местата на дефекти“, се вели во ...
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Утринската во Битола -1, а дневната до 12 степени. Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и ...
В сабота на 4-ти октомври од 20:00 часот во Офицерскиот дом во Битола на програмата на „Интерфест“ е концертот посветен на Кирил Македонски, 100 години од неговото раѓање. Камерниот оркестар-Битола со солистот Гернот Винишхофер, виолина од Австрија. Програма Кирил Македонски: Adagio за гудачки оркестар (1925-1984) Кирил Македонски: Старогрчки концерт за гудачки оркестар Allegro ( III став) Прва изведба Хектор Берлиоз: Валс (II став од ...
Распука новиот асфалт од булеварскиот влез на Битола само неколку денови откако беше соопштено дека работите се во финална фаза и дека Битола добива нов булеварски влез. Делови од новиот асфалт на тротоарот во населбата Горно Оризари значително се подигнале над предвиденото ниво. Во делови дошло до пропаѓање на земјиштето и формирање на дупки веднаш до тротоарот. Местото каде се настаните оштетувањата денеска беше оградено со зелени заштитни ...
Во денешниот Актуел беше ждрепката за редоследот на телевизиските интервјуа со кандидатите за градоначалник на Битола. Интервјуата ќе се емитуваат од понеделник 6 октомври во 16:20 часот секој работен ден. Редоследот според извлекувањето е следен: Понеделник 6 октомври-кандидатот за градоначалник од партијата Демократи-Јорго Огненовски. Вторник 7 октомври-кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата-Тони Коњановски. Среда 8 ...
Денеска во Битола се одржа завршната конференција на проектот „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“ имплементиран од ГАУС Институтот – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење од Битола, во партнерство со Фондацијата „100 проценти од обновливи извори” од Берлин, Германија. На завршната конференција беше презентирана физибилити студија за пренамена на изворот на енергија за системот за централно греење ...
Денеска советниците ја одржаа последната седница на Советот од нивниот мандат. Нови столици ги пречакаа во салата, а некои беа изненадени. Ја изгласаа Декларацијата за одржување на чесни, слободни и демократски избори. Ги прашавме и за столиците и за тоа кој ќе му недостига од левата и десната страна, а побаравме и прогноза за тоа кој ќе води битка во вториот круг од изборите за градоначалник на Битола. Во продолжение разговорите со дел од ...
Во 78 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 2, 8, 9, 11, 17, 32, 36. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше една шестка вредна 883.935,00 денари. Фондот за седумка во следното коло е 50.632.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е: 1, 7, 4, 5, 7, 3. Добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 107.979,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на ...
Мебелот е темата за овој прилог. И на оваа столица се седи…. и на една од овие исто така се седи. На оваа лево местото не му е тука, овие од десната фотографија се за тука. Деновиве мебелот е актуелен. Не за тоа дали некој ќе опремува дом, туку се сеќавате американскиот претседател Доналд Трамп кој кажа дека од 1 октомври САД за увоз на тапациран мебел има царина од 30 проценти. Ниту оваа столица, ниту таа од Советот, извинети фотелја за ...
58-та, а со тоа и последна седница на советот на Општина Битола ќе се одржи утре. Ова значи дека овој состав на Советот во овој мандат одржа вкупно 58 редовни и повеќе вонредни седници. По многу нешта овој состав беше различен од сите претходни, па така и по многуте вонредни седници. Поголем дел од нив се случуваа во втората половина од мандатот. Ќе остане запаметен по како што велат некои, нивото кое го допреа на моменти и дното по својот ...
Што покажува старосната структура на кандидатските листи во Битола за престојните локални избори? Ако се анализира каде е местото на младите и за овие избори, статистичките податоци покажуваат дека младите се уште се борат за своите позиции. Од над 500 кандидати во Битола повеќе од половината се постари од 36 години. Најмладите кандидати во Битола се на возраст од 18 години. Нив ги има четворица. Девет од кандидатите се на возраст од 19 години. ...
Роковникот на Државната изборна комисија предвидува посебни рокови за пријавување на посебните категории на гласачи . Демократските избори во една држава овозможуваат на сите со својот глас да учествуваат во изборот на своите делегати. Тоа и македонскиот Устав го предвидува– секој може да биде избран и да избира. Државната изборна комисија која ги организира и спроведува изборите освен со пропишаните норми и правила, за нивно почитување ...
Првите есенски дождови денеска веројатно поколебаа многумина да излезат низ град и да ги завршат своите редовни обврски. Оние кои сепак не можеа да ги одложат обврските ги затекнавме како прескокнуваат полни вирови на улиците, внимавајќи да не ги испрска некое од возилата кои се движат. Таму каде што има тротоари, ако нема дупки во кои се собира вода движењето е полесно, но граѓаните се жалат дека често треба да се движат дирекно на коловозот ...
Битолската и македонската музичка сцена загуби едно од познатите музички имиња, почина естрадниот уметник Томе Влашевски-Кубата. Роден на 23 јануари 1959 година во Полска, а од 1964 година живее во Македонија. Заврши средно земјоделско училиште, а потоа и Факултет за физичка култура во Скопје. Во својот професионален работен век беше наставник по физичко образование во ОУ „Коле Канински“ во Битола. Како средношколец тренираше атлетика и беше ...
Во присуство на членови и симпатизери синоќа во старата битолска чаршија социјал-демократскиот сојуз ги промовира своите кандидати за градоначалник и советници за овие локални избори. Најавија нова надеж за „Битола која расте, дише и дава надеж за сите генерации“. Промоцијата на кандидатот за градоначалник Методија Куновски и 31 кандидат за советник предводени од Петар Николовски измина во духот на партиско единство. Првиот на листата кандидати ...
Здружението на пензионери Битола ги информира пензионерите од Битола, Новаци и Могила дека можат да се јават на јавниот оглас објавен од Министерството за енергетика, рударство и минерално сурови за поддршка на домаќинствата кои спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за доделување право на купен и вграден инвертер клима уред за домаќинството. Право да аплицираат имаат домаќинства со ниски приходи и домаќинства ...
Кафето е пијалак, кој се подготвува од печени зрна (семки) од растението кафе. Тоа е еден од главните извори на човековиот психостимуланс – кофеинот, и според многубројни медицински експерти, создава вистинска зависност (кoфеинизам). Ако прочитате на интерент се вели дека кафето после нафтата е производ со кој најмногу се тргува во светот. Првата кафетерија во Америка била отворена во Бостон во 1670 година. Светскиот ден на кафето, за кој се ...
На Преспа ѝ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локалната и од централната власт за да се дојде до почиста животна средина која, пак, значи здравје за сиот жив свет. Ова е заклучокот од панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот” во Ресен, која се одржа по повод Меѓународниот ден за животна средина и здравје – 26 септември. Директорот на Болницата за респираторни заболувања во Отешево, д-р ...