Денеска (25.11.2025) од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење, информираат од МВР. Оттаму апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена. Од Автомото сојузот на ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“. Како што стои во информацијата од полицијата, пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на ...

Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека утре се очекуваат пообилни врнежи дожд и во Пелагонија. „Утре во Пелагонискиот регион очекуваме врнежите да бидат и пообилни. Се очекува да наврнат и над 25 л/м2“ вели ...

Обилните врнежи кои деновиве го зафатија и Пелагонискиот регион дополнително предизвикаа оштетувања на битолските улици. Под влијание на временските прилики таму каде што веќе имаше дупки на коловозот истите се прошируваат. Ваква слика може да се забележи на повеќе делници низ градот. Возачите настојуваат да ги избегнуваат дупките преку возење кое наликува на слалом движење. Ваквата состојба создава потешкотии во движењето и за пешаците, ...

Од Битола до Скопје и обратно три пара на воза, според возниот ред кој е на важност од 15 декември ланската година до 13 декември оваа година. Првиот воз за Скопје е во раните утрински часови и тоа во 3:10 часот и во Скопје пристигнува 6:34, вториот е нешто после пладне во 12:46, а кој претходно од Жабени тргнува во 11:15 пристигнува Битола за десетина минути и потоа чека за според возниот ред да тргни за Скопје, каде пристигнува околу 16:15 ...

17 години по ред Фестивалот Музика од светот ја претвора Битола во една точка на културна поврзаност и уметничка инспирација. Со овие зборови директорот на Центарот за култура Битола денеска го најави најновото фестивалско издание под мотото „Уметноста на звукот“. „Тоа не е само фестивал, туку средба на различни култури, јазици и звуци со една иста цел, а тоа е музиката како една основа и универзален јазик на човештвото.“-вели Сашо Илковски, ...

Утрово -2 степени во Берово, 1 Струмица, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Велес, Тетово, Битола, 3 Скопје–Зајчев Рид, Охрид, Прилеп, 4 Гевгелија, Штип, Кавадарци, Маврови Анови, 5 Демир Капија, 7 Виница. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Битола до 12 ...

Во текот на годината НП „Пелистер“ работеше на неколку добро позати излетнички места во подпелистерието. Меѓу нив и Цапарски вир и Ротинско езеро. Викендов , во соработка со членови на тимот Екстрим бајк, работат на проект за нивно поврзување. А планот е да бидат поврзани и со велосипедски и со пешачки патеки, вели Иванчо Тошевски, директор на националниот парк со седиште во Битола. „Разговаравме подолго време за поврзување на инфо-центарот ...

Универзитетот „Свети Климент Охридски“ повторно е домаќин на настан кој е насочен кон иновацијата, инвентивноста, а со тоа и кон иднината. Во Студентскиот информативен центар го реализира првиот УКЛО КОЛОРС студентски хакатон „Ммултидисциплинарни предизвици на тројната транзиција: социо-економски, зелени и дигитални. На хакатонот учествуваат студенти од универзитети кои се партнерски поврзани во асоцијацијата „КОЛОРС“ . Од денеска до в среда ...

Откако жителите на потпелистерските села Трново и Магарево се обратија до ТВ Тера поради проблеми со напојувањето со електрична енергија, за истото се обративме до ЕВН. Месното население од Трново и Магарево наведува дека прекините се чести, понекогаш краткотрајни и во повеќе интервали во текот на денот, а понекогаш долготрајни, оставајќи ги домаќинствата без струја со часови. Во својот одговор до ТВ Тера од ЕВН тврдат дека во селата Трново и ...

Македонскиот продуцент Матеј Џајковски (BigSlav) е номиниран за најпрестижната музичка награда Греми Албумот на групата FLO „Access All Areas” на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум. Албумот „Access All Areas” е номиниран за најдобар во категоријата „Best ...

Тим од битолски средношколци кој учествува на натпреварот ,,Средношколец милионер” успеа да се стигне до полуфинале. Нивната бизнис идеја како со примена на вештачка интелегенција да решаваат практични проблеми во туристичкиот сектор сега продолжува во третата фаза од напреварот. Во следната фаза низ само 90 секунди ќе треба да ја презентираат својата бизнис идеја. Нивната бизнис идеја ги користи модерните технологии за да понуди ефикасни и ...

Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во близина на Лариса, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот свикан од Грчкиот координативен комитет за блокади присуствувале претставници на земјоделски здруженија од цела Грција со цел да го финализираат временскиот план на протестите и начинот на ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,55%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ...

Утрово -4 степени во Берово, -1 Крива Паланка, Крушево, Маврови Анови, 0 Струмица, Демир Капија, Штип, 1 Скопје-Петровец, Кавадарци, Тетово, Куманово, 2 Битола, Гевгелија, Велес, Прилеп, Виница, 3 Скопје–Зајчев Рид, Претор. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Битола ...

Во битолската црква „Света Недела“ денес свечено беа пречекани моштите на великомаченичката Света Недела (Света Киријакија), кои за првпат ќе бидат трајно поставени во храмот што го носи нејзиното име. Настанот привлече голем број верници кои сакаа да се поклонат пред светите реликвии. Протоереј Љупчо Атанасов објасни дека приказната за донесувањето на моштите започнала пред неколку години, кога со благослов на Митрополитот г. Петар, ...

Обилните дождови прекинаа во Битолскиот регион и нивото на водата во реките постепено се намалува и е во опаѓање. Иако реките се враќаат во своите речни корита на своите вообичаени нивоа, предизвикаа проблеми во секојдневието со кое се соочуваат граѓаните скоро во сите населени места и селата во општина Битола. Наноси тиња и кал, остатоци од отпад, гранки и лисја што водата ги носела со себе. Екипите на јавните комунални претпријатија ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец – вели прогрнозата за денот на УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Денес и утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Сеуште постои можноста врнежите да ...

Колекционери, инвеститори, обични купувачи, дилери и трговци, компании и инвестициски фондови, купуваат уметност, антиквитети, ретки предмети, накит, вина, автомобили на аукции. Често се многу, ама многу богати. Некои од најголемите аукциски куќи, следејќи го чекорот на времето имаат и интернет платформи на кои спроведуваат аукции од помала вредност. Сепак главната атракција се редовните а специјални аукции во нивните сали. Во неделата што ...

РЦУК – Битола известува дека во Општина Ресен, Ангажирани се екипи на јавни претпријатија и приватни фирми со вкупно 4 багери, 7 пумпи и повеќе приватни пумпи за црпење на вода. На регионалните патишта има наноси од земја кои се расчистуваат по приоритет. Нивото на Голема Река е 2,1 м со почетни излевања во Долна и Горна Бела Црква. ЈКП „Пролетер“ известува за нарушен квалитет на водата – привремено не се препорачува за пиење. ТППЕ Ресен ...

Бројот на трансакции кон странски е-трговци е зголемен за 75% , а вредноста за 55%, споредувано со 2024, вели извештај на Народна Банка. Македонските државјани во странство извршиле онлајн трансакции во вредност од 201,2 милиони евра. На домашните е-трговци од јануари до јуни 2025 им дале 231 милион евра. Странците остварија вредност од 24 милиони евра, што претставува зголемување од 40,8% во споредба со истиот период минатата година. Според ...

Министерсtвото за внатрешни работи ги потврди информациите за синоќешниот прекин на концертот на Аца Лукас во кафетеријата „Рома“ во Кавадарци. Во нивното соопштение- билтен се вели „ Утрово во во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за ...

Македонските и српските медиуми денеска се во трка да ја потрвдат информацијата за наводното притворање на Аца Лукас на концерт во Кавадарци. Концерт кој се случувал без соодветна дозвола. И додека српските медиуми испраќаат поддршка, македонските се обидуваат да стигнат до вистината. Српски Курир ја пренесува изјавата на Саша Мирковиќ, менаџерот на популарниот пејач, кој со изразена целосна поддршка за Лукас, синоќа му порачал дека ќе оди да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпишал указот со кој се формира делегација којашто ќе учествува на мировни преговори со Русија предводени од САД и меѓународните партнери. Генерално и Путин се согласил да се разговара по предлог мировниот план составен од специјалните пратеници за преговори на Русија и САД. Планот е „таен“ затоа што излегуваат само делови од него. Го составиле Стив Виткоф, претседател на бизнис групацијата ...

Денес и утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Утре поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон ...

Нивото на реката „Драгор“ зголемено. Во Битола наврнаа 30 литри дожд на м2. Денеска претпладневo наjвисоко беше кај старата чаршија. Синоќа Битола беше повторно под врнежи од дожд проследени со грмежи. Сепак најмного дожд 66 л/м2 наврнаа во Претор, 37 во Крушево, 30 Битола, 26 Прилеп. Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со услови за појава на невреме со грмежи и силен ...

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на „Болнска“ и „Источка река“ во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Во информацијаа се вели дека поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на „Голема Река“, чиј моментален водостој изнесува 210 см. Ангажирани се екипи на ...

Тоалетна школка од чисто злато, изработена од истиот контроверзен уметник кој со селотејп залепи банана на ѕид, беше продадена за неверојатни 12,1 милиони долари на аукција на „Сотбис“ во вторник. Тоалетната школка наречена „Америка“ од нејзиниот провокативен производител Маурицио Кателан, е целосно направена од 18-каратно злато и имаше почетна цена од 10 милиони долари. Уметничкото дело, кое функционира исто како обичен тоалет и дури беше ...

Донацијата ја добивме неколку месеци после поставувањето замислете, вели советникот Иван Чулакоски за реализирани интервенции со кои е извршено брендирање на стадионот. „Оваа церада или мушама како што некои ја нарекуваат е поставена за да се покрие грдата слика на стадионот. Бидејќи се занимавам со печатење на вакви церади според некоја груба пресметка ова што е испечатено овде и позади головите на стадионот некоја општа слика од 1000 до ...

Супер Кит го маркет донираше за најранливите категории во Битола. Денеска донацијата беше предадена во Црвениот крст во Битола со цел да стигне до оние на кои им е најпотребна. Се работи за донација на прехранбени и хигиенски производи, вели Рената Петровска од Супер Кит го. Компанијата ја реализира ваквата донација како дел од својата стартегија за општствена одговорност веднаш по отворањето на својот прв битолски маркет кој предизвика ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
996
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
56%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Родиум

336779.07

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54