Белград
10ᴼ /
10ᴼ
Во Скопје се одржаа 29-те Републички спортски игри на пензионерите под покровителство на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Учествуваа 40 здруженија со 328 спортисти, а се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини. Здружението на пензионери од Битола настапи во 8 дисциплини со 19 спортисти, а освои едно прво место во дисциплината трчање на 80 метри мажи до 60 години. Едно второ место во пикадо мажи, две трети места фудбал жени и ...
Непалскиот премиер К.П. Шарма Оли поднесе оставка, потврди неговиот помошник. Во исто време, демонстрантите против корупцијата го прекршија полицискиот час и се судрија со полицијата, објави Радио Слободна Европа. Непал ја укина забраната за социјалните медиуми во вторник по масовните протести предизвикани од самата забрана. Непалската влада на 4 септември соопшти дека ги блокирала повеќето платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги ...
Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше синоќа дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија. Како што велат од општината, енергијата на трибините, спортскиот дух и гласната поддршка уште еднаш ја потврдија препознатливата битолска спортска традиција и љубов кон спортот. Со своето присуство и навивање, битолчани оставија посебен печат на ...
Израелскиот напад врз претставници на Хамас во Доха претставува „голема непријатност“ за американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа. Таа додаде дека за Трамп, Катар е силен сојузник, пријател на САД и оти на претседателот „му е многу непријатно поради локацијата на нападот“. Левит посочи дека Катар бил предупреден за израелскиот напад во кој загинаа шест луѓе. Претходно Хамас соопшти дека во израелскиот напад загинале шест лица, ...
Македонската химна, заедно со химната на Италија, синоќа прозвучија од стадионот „Петар Милошевски” во Битола. Во присуство на делегати од УЕФА, претставници на ФФМ, градоначалникот Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски, пратеници во македонското Собрание, советници и бројна публика од околу 8000 гледачи, која го исполни стадионот до последното место, селекциите на двете држави за играчи до 21 година, одиграа меч со резултат 1:0 за ...
Утре со почеток во 19:00 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола ќе се одржи промоција на сиковниците „Другарко“ и „Другарка, Другарко и двете маченца“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, илустрации Наташа Костовска, а во издание на издавачката куќа „Прозарт медиа“. Овие две сликовници ја обработуваат инклзуијата, односно главните ликови се лица со атипичен развој. Денис Јанкуловски, кој е воедно и претседател на здружението ...
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, заедно со проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ и претседателот на Сенатот, проф. д-р Филип Поповски, присуствуваа на свеченото одбележување на 90-годишнината од основањето на Хидробиолошкиот завод – Охрид, придружна членка на Универзитетот. Присуството на претставници од раководството на УКЛО, ја афирмира континуираната поддршка на институциите кои даваат значаен придонес кон развојот на ...
На српските гробишта во Битола викендов беше одбележан 15-ти септември Денот на пробивањето на Солунскиот фронт и Денот на одбележување на српското единство, слобода и националното знаме. „Еве одбележуваме 107 години од пробивањето на Солунскиот фронт и одбележување на Денот на српското единство, слобода и национално знаме. Тука сме да оддадеме почит на јунаците кои се тука закопани, а на академијата во Офицерскиот дом ќе ги одбележиме исто ...
На свечената акaдемија по повод „8-ми Септември“ Денот на независноста, премиерот Христијан Мицкоски рече дека во вакви моменти треба да зборуваме директно и отворено и дека сака да потсети на како што рече, едно големо потфрлање кое како држава го имаме речиси три и половина децении постоење на независна македонска држава. „А тоа е чувството на разочараност од системот. Тоа може да се забележи и во колективната слика за состојбата на една ...
На „8-ми Септември“ Денот на независноста на Пелистер на локацијата непосредно до Инфо центарот, се организираше „ПЕЛИСТЕР ВАЈБ 2025“. Целта беше за Денот на независноста, со собир на Пелистер да се прослават слободата на начин кој го одразува вистинскиот дух на независноста – со движење, музика, природа и заедништво. Ова е ден кога не само што се сеќаваме, туку и ја славиме силата да одлучуваме самите за себе – како поединци и како народ. ...
Имаме одлично силна градежна активност насекаде низ државата. Го пуштивме во сообраќај и вториот дел од автопатот Кичево-Охрид, во должина од 17 км на потегот од Климештани до Охрид, со силна динамика работиме и на изградба на автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во сообраќај веќе следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар ...
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,46%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните денови, соопшти француската претседателска палата, откако францускиот парламент вчера му изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру, јавува агенцијата МИА. Француската опозицијата го собори премиерот, целта е Макрон. Макрон има можност повторно да свика нови предвремени парламентарни избори, но тој тоа го отфрли како можност во изминатите неколку дена, очигледно ...
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљновска-Давкова го честиташе Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, на референдумот за самостојна и независна Македонија излегоа 75,74% од електоратот, а „за“ гласаа 72,16% од запишаните! Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, ...
Денес, Република Македонија одбележува 34 години од историското референдумско „ДА“ – ден кога народот достоинствено го избра патот на самостојноста, независноста слободата и сувереноста. По повод овој значаен ден, пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината, Сојузот на борци и претставници од политичките партии. Со овој настан, се оддаде почит на ...
Од Противпожарната еденица на Битола информираа дека синоќа по примена дојава во 19:40 часот, благодарение на брзата и ефикасна интервенција на ТППЕ Битола заедно со Националниот парк „Пелистер“, изгаснат е пожар каде беше зафатена трева и нискостеблеста шума над селото Ѓавато кој, како што стои во информацијата од противпожарната единица, беше закана за го зафати Националниот парк „Пелистер“. Пожарот е целосно изгаснат во 22:00 часот од екипите ...
Вчера беше одбележана 81-та година од херојското бегство на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на локацијата каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, беше одржана комеморативна церемонија. Настанот беше организиран од Сојузот на борци, а свежо цвеќе положија градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, советници од Општинскиот совет, претставници на политички партии, ...
Националниот парл „Пелистер“ организира бесплатен превоз заради зголемениот интерес за настанот “Пелистерски Вајб” кој ќе се одржи утре на Денот на независноста „8-ми Септември“ Организаторите на настанот во соработка неколку автобуски превозници обезбедија бесплатен превоз. Заинтересираните ќе имаат две опции за користење на бесплатен превоз и тоа: -поаѓање во 11:00 часот од Битола со враќање за назад во 15:00 часот, -поаѓање во 16:00 часот од ...
На српските гробишта во Битола денеска беше одбележан 15-ти септември Денот на пробивањето на Солунскиот фронт и Денот на одбележување на српското единство, слобода и националното знаме. На церемонијата полагање венци и оддавање почит на загинатите војници, се поклонија пратеници од Собранието на Србија и од Собранието на Македонија, потоа делегации од владите на Србија и на Македонија. Во име на владата на Србија, почит оддаде државниот ...
На педеститна страници Општина Новаци го објави отчетот на градоначалникот Стевче Стевановски за периодот 2021 до 2025 година. Таму стои дека во изминатите четири години реализирани се над 150 проекти со вкупна вредност од 4 милиони евра. Од капитални инфраструктурни инвестиции, нови патишта и улици, канализациони и водоводни мрежи, па сè до вложувања во образованието, младите, спортот и културата. Стевановски вели дека докажале дека кога се ...
Битолската „Левица“ денеска ја најави широката и како што велат победничка плаформа за Битола со која „Левица“ ќе настапи на претстојните локални избори. „И официјално ја информираме јавноста дека политичката партија Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски како докажан професионалец и човек кој може да се пофали со проектите во својот роден град“ стои во информацијата од ...
Српската полиција откако доцна синоќа почна да растерува демостранти во Нови Сад, упадна по полноќ во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад и со нив беше и ректорот Дејан Мадиќ. Зградата на Ректоратот беше под опсада на стотици полицајци и припадници на жандармеријата, јавува агенцијата МИА. Српската полиција и жандармерија употребија синоќа солзавец и шок бомби во обид да ги растераат учесниците на протестот пред Филозофскиот ...
Големата Get EXITed забава која го менува ритамот на градот Струмица почнува утре во 20:00 во Големиот градски парк. На единствената бина ќе се менуваат Џекс Џонс, Бејби Лазања, Бајага и Инструктори, Александра Јанева и БДМ, и ќе ја претворат ноќта во пулсирачка оаза на музика и танц под отворено небо, а влезот е слободен. Величествениот Градски парк ќе ги отвори портите за посетителите од 19:15, а со својот моќен поп глас вечерта ќе ја започне ...
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 02 часот и 13 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, 2.2 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. ...
Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Павловска на седницата на Советот на Општина Битола на која се разгледуваше кварталниот извештај за буџетот реагираше на кажаното од советничката на СДСМ, Мирјана Захариевска-Ралевска дека училиштата биле во големи долгови. „Ниту основните, ниту средните училиште, значи ве молам кога се изнесуваат факти тука да бидат точни, затоа што гледаме и самите колку совесно и одговорно се работи во училиштата. Побаравме ...
Водата влезе и во Советот на Општина Битола и веднаш да сме начисто, поплава немаше во објектот. Но, она што беше проблем деновиве за што кажа и битолски „Водовод“ дека има недостаток на вода, е тоа е темата која се разви. Советничката од социјалистичката партија Ѓоргиевска со како што рече, информација која може некому да помогне. Но, не беше монолог како што е најчесто оти се работи за излагање, туку се претвори во дијалог, со театарскиот ...
Катерина Стојкоска, од Техничкиот факултет – Битола и Софи Гајтановска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, при УКЛО, се вбројуваат меѓу најдобро дипломираните студенти на инженерските факултети, на кои македонската претседателка, Гордана Сиљановска – Давкова им го додели признанието – „Инженерски прстен“. Свеченоста се одржа на 3 септември 2025, на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во ...
Петар Николовски е носителот на советничката листа на СДСМ во Битола за локалните избори. Ова не е официјално, но предлогот бил таков. На составената листа како што се дознава неофицијално, односно од партиски извори кои не брифираа од СДСМ, Николовски е ставен прв, односно носител на листата, но допрва треба да помине таа листа на уште два партиски филтри. Дека тој е таму не негираше ниту Николовски во телефонскиот разговор, но вели тоа е ...
Пред советниците денеска се најде квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година. Над 41 процент била реализацијата, односно точно 41,85 проценти. Зборувајки за реализацијата на проектите од вториот квартал советничката Тодоровска на колегите од левата страна им рече колку и да им било смешно општината со градоначалникот Коњановски ќе продожи со градежните активности. За СДСМ, односно за главниот ...
Уписите на универзитетот „Св. Климент Охридски“ се во завршницата на првиот уписен рок. Денеска од службите на сите факултетски единици кадешто се спроведе пријавувањето во законски определениот рок од 19 до 27 август, се очекуваат конечните Решенија за прием на кандидатите. Решенијата се однесуваат за сите пријавени иако определеноста со квоти не овозможува сите да бидат дел од категоријата студенти во државна квота. Според календарот за ...