Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и се посложени опасности. Како полицајци и професионалци имаме заедничка мисија да му служиме на народот и да ја штитиме државата, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на ретренинг ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 % во однос на одлуката од 15.09.2025 година. Од 23.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР ...
Демонстрации, штрајкови и блокади се одржуваат денес во неколку италијански градови, по повикот на синдикатите за „осуда на геноцидот во Газа“ и воведување економски и дипломатски санкции врз Израел. Италија во моментов не сака да се придружи на одлуката на голем број земји кои неодамна го признаа постоењето на државата Палестина, а, вклучувајќи го и овој последен бран, државата е признаена од повеќе од 80 проценти од членките на ОН. ...
Откажа со работа 25 годишниот радар кој е основен радар за контрола на македонското небо. „Се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром Скопје и во моментов тоа нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на авио – сообраќајот“, велат од М-НАВ. Стапено е директно во контакт со производителот и дозволен е онлајн пристап до уредот за да се направи дијагностика од производителот и да дадат предлози и ...
Додека многумина се борат со секојдневните предизвици, семејството Младеновски води вистинска битка за опстанок. Дивна Младеновска и нејзиниот син, кои живеат во стара и распадната куќа, се соочуваат со екстремна сиромаштија и сериозни здравствени проблеми. Нивната приказна е сведоштво за нехуманите услови во кои живеат. „Живееме во стара куќа, кровот ни тече, се гледа ведро небо“, раскажува Дивна, опишувајќи ги очајните услови. Покрај ова, ...
Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток. Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на ...
Најголемиот тајфун годинава, Рагаса, познат и како Нандо на Филипините, денес ги погоди Филипините, носејќи штетни ветрови и поројни дождови, што доведе до евакуација на илјадници луѓе, додека Хонг Конг, кинескиот регион Тајван и Кина се подготвуваат за удар. Тајфунот го погоди островот Пануитан, во северниот дел на филипинската покраина Кагајан, со налети на ветер од над 267 км/ч, што е еквивалентно на ураган од категорија 5, соопшти ...
Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите ...
Игор Стефановски – Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) со одлично трето место во група 1. Со своето „Ферари “, Иџе подготви вистинско шоу за публиката на последната трка, која традиционално собира голем број љубители на моторспортот. Поддршка доби и од бројни Македонци кои специјално дојдоа во Хрватска да го бодрат. „Завршен е ...
Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина по болничко лекување во Клиничката болница Тетово, соопштија здравствената установа. Според нив, детето било примено на Одделението за педијатрија во саботата (20 септември) во 20:40 часот каде веднаш биле преземени сите неопходни мерки за стабилизирање на состојбата, вклучително и интензивна рехидратација. „Со цел понатамошен третман беше побарана и помош од Одделението за ОРЛ за аспирација ...
Португалија е уште една земја што вчера ја призна државата Палестина. Португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел изјави дека Португалија е за решение со две држави како единствен пат кон траен мир. „Итно е потребен прекин на огнот“, рече Рангел, но додаде дека Хамас не може да има никаква контрола во Газа или надвор од неа, барајќи ослободување на сите заложници. Тој, исто така, рече дека признавањето на државата Палестина „не ја ...
Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (PM10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.09.2025 во 08:30 часот до 22.09.2025 во 08:30 часот, просечната концентрација изнесува 14.2 µg/m³. Највисоката измерена вредност е 44.1 µg/m³, додека моменталното ниво е 11.9 µg/m³. Резултатите покажуваат дека концентрациите на PM10 се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана ...
Советот за безбедност на Обединетите нации денес ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за упадите на руските авиони во естонскиот воздушен простор, потврдија естонски и ОН претставници. Естонија побара итен состанок откако три руски борбени авиони МиГ-31 влегоа во нејзиниот воздушен простор над Финскиот Залив во петокот без дозвола, каде што останаа 12 минути пред да бидат пресретнати од НАТО, објави Си-Ен-Ен. Естонскиот министер за ...
На северната хемисфера, есента официјално започнува денес во 18:19 часот. Со овој момент, познат како есенска рамноденица, денот и ноќта речиси целосно се изедначуваат. Астрономски гледано, рамноденицата претставува момент кога Сонцето ја преминува линијата на небесниот екватор и се спушта кон јужната хемисфера. Оттука, сончевата светлина постепено ќе слабее, деновите ќе стануваат пократки, а ноќите подолги. Есенската рамноденица отсекогаш била ...
Македонската телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека се надева оти ќе се постигне дипломатско решение за конфликтот во Газа, предупредувајќи дека во енклавата владее хаос. „Ја проучуваме Газа и се занимаваме со Газа многу интензивно. Таму е хаос“, рече Трамп, пренесе „Тајмс оф Израел“. Во исто време, САД го сметаат признавањето на Палестина од страна на неколку нивни сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и ...
Грчкиот полуостров Атос (Света Гора) рано утрово беше погоден од четири земјотреси, од кои најсилниот беше пет степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од пет километри, околу десет километри јужно од манастирот Хиландар. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. 4.8 Magnitude Earthquake Hits Mount ...
Најмалку три лица загинаа во руското бомбардирање на градот Запорожје на југот на Украина, соопштија денес регионалните власти. Во бомбашкиот напад се повредени и две лица, од кои едно е во тешка состојба, напиша на Телеграм Иван Федоров, шеф на регионалната администрација на Запорожје. Во руските напади синоќа, едно лице е рането во Киев и едно во Суми, според локалните власти. Руските власти претходно објавија дека три лица се убиени, а 16 се ...
Денеска, на 21.09.2025 година, во 17:24 часот, е добиена пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени ПС Гостивар и ПС Галате. Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, г. Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството ...
Шеесет и двегодишна жена која призна дека ја закопала мајка си во дворот на нејзината куќа, за да може да добие надомест за инвалидитет и пензија, ќе биде изведена денес пред обвинителството во Теба, во Беотија, во централна Грција, објавува „Катимерини“. Во извештајот на националниот јавен сервис ЕРТ се наведува дека инцидентот се случил во летото 2023 година и дека оттогаш постарата жена не се појавила во селото во Виотија. Уапсената жена ...
Денес, НАТО лансираше два авиони од типот „Јурофајтер“ во воздух поради неидентификуван странски воен авион над Балтичкото Море, за кој подоцна беше утврдено дека е руски, објавија германските воздухопловни сили. Во соопштението објавено од „Шпигел“ се вели дека неидентификуваниот авион летал во меѓународен воздушен простор без план за лет или радио контакт. Како што беше објавено, пилотите на два воени авиони, пресретнувачи на Бундесверот, кои ...
Велика Британија ја призна Палестина како држава, а премиерот Кир Стармер изјави дека „дојде време“ за таква одлука. „Во услови на растечки ужаси на Блискиот Исток, работиме на тоа да ја одржиме жива можноста за мир и решение за две држави.“ „Тоа значи безбеден и сигурен Израел, покрај одржлива палестинска држава – во моментов немаме ниту едно од нив“, рече тој во видео обраќање. Малку порано, Палестина беше признаена од Канада и Австралија, а ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Зрновци упати честитки до инвеститорот кој започна изградба на нов објект, оценувајќи дека станува збор за пионерска инвестиција во Источна Македонија која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во регионот. „Од мое име би сакал да честитам на инвеститорот што се одлучи да вложи во еден ваков објект овде во Општина Зрновци, кој е прв од ваков вид во Источна Македонија. Верувам ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Европската Унија е на работ на колапс и дека Западот повеќе не е модел што треба да се следи, додека Унгарија „цврсто стои“. „Европската Унија е на работ на колапс, со долгови, миграција, насилство и неуспешни политики насекаде. Унгарија цврсто стои – без мигранти, просемејна, обезбедува можности за оние што се подготвени да работат“, рече Орбан во објава на Платформа X. Тој рече дека е потребна ...
БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите. Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција. При испораката на ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес ги повика европските земји да „престанат да купуваат нафта од Русија“, барајќи дополнителен притисок врз претседателот Владимир Путин за да ја запре војната во Украина. „Европејците купуваат нафта од Русија, тоа не треба да се случува, нели?“, рече Трамп на вечера во Мон Вернон во американската држава Вирџинија. Според Блумберг, Трамп му предложил на американскиот амбасадор во ...
Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. T=32°C. P=984hPa. U=28%. V=3m/s. До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната ...
На 21.09.2025 во 02 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишниот Б.П. од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.К.(20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол, кај ...
На 20.09.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 09:00 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово. СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна ...
Борбата против пожарот во округот Којџегиз во покраината Мугла, кој избувна во саботата, продолжи и денес, а пожарот се шири под влијание на силни ветрови. 147 цистерни, 123 возила, 20 машини и 949 лица учествуваат во гаснењето на пожарот во оваа област, додека 10 авиони и 14 хеликоптери помагаат од воздух, објавува денес Анадолија. Најмалку 230 домаќинства беа евакуирани, прелиминарните податоци покажуваат дека две згради се уништени, а 20 лица ...