Американскиот окружен судија Стивен Меридеј денес ја отфрли тужбата за клевета од 15 милијарди долари на американскиот претседател Доналд Трамп против „Њујорк тајмс“. Меридеј тврди дека Трамп прекршил федерално процедурално правило кое бара кратко и јасно наведување на причините за барање правна заштита, додавајќи дека тужбата не е јавен форум за навреди или заштитена платформа за изразување на гнев кон противниците, објави Ројтерс. Меридеј му ...

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба во Стејт департментот со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу. На средбата се разговараше за постигнувањата во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство, политичката и ...

Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека три руски авиони денес влегле во воздушниот простор на земјата, додавајќи дека рускиот вршител на должноста амбасадор во Руската Федерација е повикан поради инцидентот. Три руски борбени авиони МиГ-31 влегоа во естонскиот воздушен простор над Финскиот Залив без дозвола и останаа таму вкупно 12 минути, соопшти министерството. „Русија веќе четири пати го наруши естонскиот воздушен ...

Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, потврди дека алијансата реагирала на инцидентот и пресретнала руски борбени авиони во естонскиот воздушен простор. „Порано денес, руски авиони го нарушиле естонскиот воздушен простор. НАТО веднаш реагираше и го пресретна рускиот авион. Ова е уште еден пример за неодговорно руско однесување и способност на НАТО да одговори“, рече таа. Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, исто така, ...

Во пресрет на официјалното отворање на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, А1 Македонија, како генерален спонзор, активно ја живее магијата на подготовките и атмосферата што го преплавува градот под Пелистер. Под мотото „Сон на платно“, фестивалот оваа година носи силна порака и за спојот меѓу уметноста и технологијата вредности што и самата А1 ги негува и поттикнува. Во деновите што водат кон ...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два различни периода: Тековни резултати (18–19 септември 2025): Моментално нема надминување на граничните вредности, концентрациите на PM₁₀ се во рамките на дозволените граници за заштита на здравјето на луѓето. Резултати од пожарот (13–14 септември 2025): По пожарот е регистрирано значително надминување на ...

По многу децении чекање, започна уредувањето на атмосферскиот канал во скопската населба Сингелиќ. За да го проследат почетокот на работите на терен, излегоа првиот заменик премиер Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, градоначалникот на Гази Баба и други функционери. Сингелиќ долго време го очекуваше овој проект, кој многу пати беше ветуван од претходните влади, но никогаш не беше реализиран, изјави Меџити. „Оваа населба скапо ја ...

На 18/19.09.2025, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за гранични работи и миграции и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, а под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружен од претседателот на Собранието, Африм Гаши и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес ја посетија населбата Сингелиќ, каде одблиску ги следеа градежните активности за изградба на каналот за атмосферски води кој поминува низ оваа населба. Меџити за време на посетата изјави дека Сингелиќ со години чекал реализација ...

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на ...

Како да се спроведат реформите со цел да се укине партизацијата која секоја власт на свој начин ја внесува во администрацијата. Министерот Горан Минчев на денешното потпишување меморандум со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, рече дека ваквите вработувања доведе до гломазна но слаба администрација. Затоа смета дека треба да има укинување на некои од надзорните и управните одброи, односно кратење на 40 проценти на администрацијата. -Следи ...

Новиот претседател на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски се надева дека работната сила која недостасува во државава делумно ќе се обезбеди од јавната администрација, која би преминала во приватниот сектор. Ѓорѓиевски во своето прво јавно појавување како лидер на оваа стопанска организација истакна дека ако владата не најде начин на пренасочување на вишокот од јавната администрација во компаниите, ќе мора да се увезуваат работници од ...

Полиција со автоматски пушки и заштитни елеци попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. Имено, на социјалните мрежи се појави видео како вооружени полицајци со автоматски се распределуваат во кругот на полицијата, а се слушнале и пукотници. Од МВР го потврдија инцидентот и велат дека настанала тепачка помеѓу повеќе лица кои употребиле дрвени и други тврди предмети. Кога пристигнала полицијата тие одбиле ...

Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со новинарите. Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремните парламентарни избори, како што кажа, ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци. Прашан дали очекува да ...

Најмалку 58 лица починаа во епидемијата на колера што избувна во Нигерија, објавија денес властите на земјата, пренесува Ројтерс. Според извештаите, епидемијата избувнала во државата Баучи на североистокот на Нигерија. „Државата Баучи регистрираше најмалку 258 нови случаи на инфекција и 58 смртни случаи“, изјави заменик-гувернерот Аувал Мохамед Џатау на инаугурацијата на два комитета, формирани со цел спречување на инфекција и брз одговор на ...

Денес, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе го претстави најновиот пакет санкции против Русија, кој бара од земјите-членки да одобрат нови ограничувања насочени кон танкерите за нафта и финансиските институции, пишува Политико. Веста ја потврди и главната портпаролка на Комисијата, Паула Пињо. „Можеме да потврдиме дека Комисијата усвои нов пакет санкции против Русија“, рече Пињо. Се очекува Фон дер Лајен и шефицата за ...

Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово. Од вкупно 36 учесници, шестмина развиле симптоми на труење, меѓу кои обилни повраќања, дијареја, треска до 41 степен, болки и грчеви во стомакот, како и главоболка. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден останал на домашно ...

По 46- ти пат „Браќа Манаки“ ќе ја отвори својата врата за светлината на камерата. Овој фестивал е повеќе од традиција, тој е жив организам, пулс на едно општество што сака да биде витално, храбро и отворено за промена. -Целосно подготвени и возбудени го започнуваме 46. издание на првиот и најстар фестивал на филмска камера во светот, во полн сјај. „Браќа Манаки“ и Битола, една недела ќе бидат центарот на филмски случувања во светот. Ќе ...

Екипите на американската крајбрежна стража, кои работат под покровителство на Министерството за внатрешна безбедност, запленија повеќе од 34 тони кокаин за време на голема операција во Тихиот Океан. „Пратка кокаин беше пресретната од страна на припадници на крајбрежната стража во Тихиот Океан како дел од операцијата насочена кон шверц на наркотици во земјата“, соопшти Министерството за внатрешна безбедност. Операцијата, која одделот ја нарекува ...

Според новите проценки на израелската армија (ИДФ), околу 480.000 Палестинци досега се евакуирани од градот Газа, јужно од Појасот Газа. Се проценува дека околу еден милион Палестинци живееле во Газа пред Израелските одбранбени сили да започнат голема офанзива против Хамас во областа, објави „Тајмс оф Израел“. Пред офанзивата, Израелските одбранбени сили им наредија на Палестинците во сите делови на Газа веднаш да се евакуираат во хуманитарната ...

Сончево со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. T=30°C. P=990hPa. U=24%. V=3m/s. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи ...

Хеликоптерот на американскиот претседател Доналд Трамп мораше да направи непланирано слетување на аеродромот Лутон кон крајот на неговата државна посета на Обединетото Кралство. Пренасочувањето се случи поради мал технички дефект, но Трамп сигурно го продолжи своето патување, пишува BBC News. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, потврди дека леталото слетало поради мал хидрауличен проблем. Одлуката за слетување била донесена од ...

На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад. – Станува збор за операција која за првпат во Македонија е изведена со примена на интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија. Оваа иновација е значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство. Примената на интраоперативната флуоресцентна видеоангиографија ја ...

Алпите се срцето на европската хидроенергија. Планинскиот масив ја дава клучната флексибилност за интеграција на ветерот и сонцето во европската електроенергетски систем, додека истовремено е и под растечки еколошки притисок. Распослан на територијата на повеќе држави, Алпите се дом на големите акумулации со турбини вградени високо во планината, на над 1.800 метри надморска височина, но и на бројни мали хидроцентрали и пумпни акумулации. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат ...

Добитникот на наградата Греми, кантавторот Брет Џејмс, загина во авионска несреќа во Северна Каролина. Имаше 57 години. Добитникот на Греми наградата наводно бил едно од трите лица во малиот авион што се урна западно од основното училиште „Јотла Вали“ во Северна Каролина во четврток, 18 септември, објавија FOX 17 и WTVF-TV. Федералната администрација за воздухопловство (FAA) потврди дека нема преживеани. „Авион Cirrus SR22T се урна во поле во ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршел кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 47-годишник, во дворот на куќата во селото Ајватовци, под фолија насадил и одгледувал осум растенија канабис. При претрес на 16 ...

Во периодот од 15-18 септември 2025 година, поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на Осмиот Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии што се одржа во Астана под покровителство и со претседавање на Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев. Во рамките на конгресот, претседателот Иванов се обрати на панелот „Духовните вредности во ерата на дигитална реалност и вештачка ...

Илјадници луѓе во Берлин мораа да бидат евакуирани од своите домови откако во четвртокот во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна, која ќе биде отстранета денес. Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населен дел од градот, соопшти берлинската полиција на мрежата X. Како дел од евакуацијата, полициски екипи ги посетија куќите и становите за да ги предупредат граѓаните дека мора ...

Во украинскиот регион Донецк, руските војници убија пет цивили и ранија едно лице во текот на изминатиот ден, објави на Фејсбук началникот на регионалната воена администрација на Донецк, Вадим Филашкин. Според него, од почетокот на инвазијата, руските сили убиле најмалку 3.646 луѓе во регионот и повеќе од 8.150, а овие бројки не ги вклучуваат жртвите во Маријупол и Волнаваха, пренесува Укринформ. Вчера, руската армија фрли воздушна бомба врз ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
79%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
69%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.72
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
6.17
82%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.34
84%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
90%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
94%
1006
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Калај

40.49

Паладиум

46361.38

Цинк

3.22

Сребро

1876.20

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Платина

52864.82

Бакар

10.96

Никел

473258.99