Полската воена полиција денес објави дека во источниот регион Лублин се пронајдени сомнителни фрагменти од ракета, за кои се верува дека биле употребени за соборување на беспилотно летало. Откривањето на делови од ракетата се случи повеќе од една недела откако Полска, со поддршка на авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор, објави ПАП. Воената полиција објави дека денес ќе биде спроведен детален форензички ...

Откако телевизиската мрежа ABC ја повлече вечерната емисија на Џими Кимел поради критики за однесувањето на највисоките претставници на американските власти по убиството на 31-годишниот конзервативен активист Чарли Кирк, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби“ на сите телевизиски мрежи што го критикуваат треба да им се одземат лиценците. „Некаде прочитав дека 97 проценти од мрежите беа против мене. Да повторам: 97 проценти ...

Овен На крајот од работната недела, ѕвездите ве наполнуваат со дополнителна енергија. Петок е идеален за смели одлуки и иницијативи што ги одложувавте. На лично ниво, ќе почувствувате силна потреба за слобода и авантура. Не одбивајте спонтан состанок – може да се покаже дека е многу поважен отколку што мислите. Вашата финансиска состојба бара внимание, но не и вознемиреност – само испланирајте ги трошоците помудро. Бик Последниот работен ден ви ...

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи. Продолжува периодот на ...

Во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Илија Димовски изјави дека соработката помеѓу Левица и ДУИ е видлива. „Град Скопје, се гледа колку пати Левица и ДУИ гласале заедно за сите прашања кои што биле на седница на Совет. По мое мислење, 99,9% Левица и ДУИ гласаат заедно, така да не е чудно. Единствени две политички структури кои што имаат директори на ниво на Град Скопје се Левица и ДУИ“, вели Димовски. Од друга страна пак, Имер Селмани оцени дека ...

Ненад Марковиќ во гостувањето во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека не очекува кампањата за локалните избори значително да ги промени изборните резултати. „Граѓаните веќе знаат за кого ќе гласаат, и не верувам дека ќе има влијание, освен ако не се случи некој тежок инцидент,“ рече Марковиќ. Тој додаде дека и овој пат, како и во претходните изборни циклуси, во јавната дебата ќе доминираат теми кои се надвор од локалниот фокус, што, според ...

Политичкиот аналитичар Имер Селмани во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 нагласи дека на претстојните локални избори граѓаните треба да се фокусираат на локални проблеми и конкретни теми, наместо на широка национална реторика. „На изборите треба да ги третираме темите Вардариште, Дрисла, немање јавен превоз, дивоградби…“, рече Селмани. Тој додаде дека како држава сме зрели и дека изборите биле регуларни и прифатливи од политичките чинители, со ...

Илија Димовски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека изборната кампања за локалните избори, иако официјално не е започната, веќе трае повеќе од еден месец. „Кампањата трае, посебно во општините Чаир, Струга и Скопје, и тоа не е лошо. Граѓаните имаат опција – кој сака, гледа други програми, кој сака, следи кампања,“ рече Димовски. Тој додаде дека доминираат локални и граѓански теми, додека обидите на партии како ДУИ и Левица да наметнат ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека ...

На првиот ден од работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД со која се одбележуваат 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави. Министерот Муцунски ја нагласи важноста на оваа резолуција како потврда ...

Двајца мажи и една жена се уапсени под сомнение дека помагале на руската разузнавачка служба, соопшти Метрополитенската полиција. Тие беа приведени во Есекс како дел од полициска истрага за борба против тероризмот. 41-годишен маж и 35-годишна жена беа уапсени на адреса во Грејс, додека 46-годишен маж беше уапсен на друга локација, исто така во областа Грејс во Есекс. Командантот Доминик Марфи, началник на Командата за борба против тероризмот, ...

По назначувањето на новиот премиер, Себастијан Лекорну, кој се соочува со истите предизвици како и неговиот претходник, Франсоа Бајру: предлог за буџет за следната година што треба да го намали дефицитот, кој е 114 проценти од БДП. Бунт против кратењата Луѓето се побунија токму поради буџетските мерки (кратења во јавниот сектор, реформа на осигурувањето за невработеност, замрзнување на социјалното осигурување) предвидени како дел од планот за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на медиумите по средбата со британскиот премиер Кир Стармер. Тој зборуваше за своите успеси во завршувањето на војните низ целиот свет. Повтори дека го решил конфликтот меѓу Албанија и „Абербајџан“. Ова е трет пат во последните недели Трамп да ја помеша Албанија со Ерменија. 😂Trump claimed he settled the conflict between “Aber-baijan” and Albania Well, that’s a new one! pic.twitter.com/hqH7fUhpDr ...

На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка ...

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, ...

На 17.09.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра. Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето ѝ ветило дека може со пријатели од Скопје, да направи таа да земе пензија. Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 таа подготвила документација и во декември 2023 му ги дала парите. Како што е пријавено, откако ги дала парите до ...

Најмалку 99 лица се уапсени во протестите што се одржуваат низ Франција денес, од кои 15 во парискиот регион, а 33 лица се приведени. Во Лион, три лица се повредени, меѓу кои новинар и полицаец, кога демонстрантите фрлале проектили кон полицијата, јавува BFM TV. Демонстрантите во еден момент се собраа пред Министерството за економија во Париз и влегоа во комплексот, но брзо се разотидоа. Дваесет и три училишта беа целосно блокирани утрово, а 52 ...

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на ...

Во второто тримесечје од годината продадени се помалку станови во споредба со првото тримесечје. Податоците објавени од Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 јуни покажуваат дека во тој период се продадени 676 новоизградени станови од страна на инвеститорите, што е за 178 станови помалку во споредба со првото тримесечје од годината. Најголем број продадени станови има во општина Аеродром, каде во второто тримесечје ...

На глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите или за секој долар што го заработува маж, жената зема околу 80, информира Алијансата за родова еднаквост на работното место по повод 18 Септември, Меѓународниот ден на еднакви плати. Како е во Македонија? Па, ништо поразлично од состојбата во светот. Иако со измените на Законот за работни односи се пропишани еднаква плата и еднаков третман во однос на вработувањето, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој се ратификува 100-годишниот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Документот дефинира долгорочна рамка за соработка во областите на безбедноста, одбраната, економијата, науката, технологијата и културата, објави веб-страницата на украинскиот претседател. Договорот потпишан од Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер на 16 јануари предвидува значително ...

Jавната администрација нема повеќе да биде партиски плен. Ќе биде професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните. Вие сте темелот на државата, а времето на Македонија е сега, порача премиерот Христијан Мицкоски од првиот циклус на генерички обуки за административни службеници. „Ние сме генерацијата која мора да ја извлече државата од мракот на партизацијата и да ја однесе во светлината кон европската иднина. Ве повикувам – учете, прашувајте, ...

Патнички авион на компанијата „Спирит ерлајнс“ добил серија драматични предупредувања од контролата на летање да „обрне внимание“ и веднаш да го промени курсот откако се приближил премногу блиску до „Air Force One“ над Њујорк во вторникот. Во авионот летал американскиот претседател Доналд Трамп, кој одел во официјална посета на Обединетото Кралство. „Обратете внимание. Оддалечи се од твојот iPad“, беше строгата порака до пилотот на „Спирит“ ...

На 18 септември 2025 година, со почеток во 19ч., во идиличната атмосфера на Лешочкиот манастир, каде се одржува Лешочкиот фестивал за камерна музика, ќе настапи познатото трио „Анимато”. Трио „Анимато” е камерен состав, чија уникатност во изведбата и составот го вбројува во групата специфични и ретки состави, го сочинуваат: м-р Даниела Неделковска -флејта, м-р Симона Марочковска Манојловска – флејта и м-р Светлана Димитриевска – пијано, сите три ...

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт. ...

На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. Се ...

„Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови, туку дела што се гледаат и чувствуваат“, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на настанот „Инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, кој го организираше Министерството за јавна администрација. Мицкоски нагласи дека јавната администрација е темелот на државата, а административните ...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево. Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар за следење во реално време на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата ...

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Сторителот, македонски државјанин, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот ...

Најмалку 12 лица се водат како исчезнати откако згради се урнале поради силни врнежи од дожд во градот Чамоли, во индиската сојузна држава Утараканд, соопштија денеска локалните власти. Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дхами, изјави дека локалната администрација, Државната служба за одговор при катастрофи (SDRF) и полициските тимови веднаш пристигнале на местото на настанот и се ангажирани во операции за помош и спасување, пренесува ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
79%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
69%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.72
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
6.17
82%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.34
84%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
90%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
94%
1006
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Злато

134976.58

Бакар

10.96

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Алуминиум

2.91

Никел

473258.99

Калај

40.49

Платина

52864.82