Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Нападот уништи неколку објекти во објектот, кој заеднички го водеа чешката компанија и Елбит Системс, компанија што снабдува копнено и воздушно оружје на израелската армија, соопшти чешката полиција на платформата „X“. Групата, наречена „Фракција Земјотрес“, објави на Телеграм дека го нападнала објектот, за кој тврди дека е „централен објект за европските операции на најголемиот израелски производител на оружје“ и дека сега е „во пламен“. ...
„Многу сме блиску до постигнување на нашите цели, па затоа размислуваме за постепено намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток против терористичкиот режим во Иран“, напиша тој. Трамп продолжи конкретно да ги спомене тие цели, кои се „ослабување на ракетните капацитети на Иран, уништување на темелите на одбранбената индустрија на Иран, уништување на нивните поморски и воздухопловни сили и спречување на Иран дури да има ...
Ниедна ракета не ја погодила базата, но тој потег претставува прва оперативна употреба на интерконтинентални балистички ракети со среден дострел од страна на Иран и обид да погоди подалеку од Блискиот Исток и да ги загрози воените капацитети на САД, објави американскиот весник. Една од ракетите откажала во летот, а американски воен брод испукалл пресретнувач SM-3 кон другата, според две лица. Не е потврдено дали пресретнувањето било успешно, ...
Во интервју за „Политико“, Гутереш рече дека ОН ја поддржува целта на Одборот за финансирање и спроведување план за реконструкција на Газа, што вклучува обнова на палестинските домови и инфраструктура. „Постои цел што е дефинирана и одобрена од Советот за безбедност и ние активно работиме со структурите што ги создаде Одборот за мир“, рече Гутереш. Сепак, тој ги доведе во прашање пошироките амбиции на организацијата, која Трамп ја основа во ...
Иранските напади врз американските воени бази на Блискиот Исток во првите две недели од конфликтот предизвикаа штета од околу 800 милиони долари, според нова анализа на Центарот за стратешки и меѓународни студии (Center for Strategic & International Studies -CSIS) и Би-Би-Си. Се нагласува дека најголемиот дел од штетата е предизвикана од првичните одмазднички напади на Иран откако САД и Израел почнаа со напади. „Штетата врз американските ...
Хаменеи, преку соопштението објавено од агенцијата „Тансим“, истакна дека убиството на личност од таков ранг само ја потврдува нејзината голема важност за државата. „Секоја пролеана крв има своја цена и злосторничките убијци на сите овие маченици набрзо ќе мора да ја платат таа цена“, порача новиот духовен водач, алудирајќи и на останатите високи функционери елиминирани во израелско-американските напади. Покрај Лариџани, кој раководеше со ...
Габард, говорејќи пред Комисијата за разузнавање, ги отфрли стравувањата од надворешно мешање, и покрај тоа што американските служби со години документираат обиди на држави како Русија, Кина и Иран да влијаат врз изборниот процес. Таа нагласи дека заедницата останува целосно фокусирана на собирање информации за потенцијални закани, но дека до овој момент такви податоци не се евидентирани. Ваквата оцена предизвика дебата во Сенатот, при што ...
Трета сезона едноподруго Барселона ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Вечерва на „Камп Ноу“, Каталонците го прегазија Њукасл во реванш дуелот со 7:2 и покажаа дека англискиот тим е недораснат за предизвикот наречен четвртфинале. Иако видовме извонредна драма во првиот дел, Њукасл тотално се распадна на стартот на второто полувреме. Барса поведе со голот на Рафиња во 6. минута, но Еланга брзо израмни на 1:1 во 15. ...
Времето на Рандал Коло Муани во Тотенхем истекува, а неговото враќање во Јувентус е на повидок на лето. Напаѓачот на Пари Сен Жермен ја помина втората половина од минатата сезона со гигантот од Серија А, постигнувајќи десет гола на 22 натпревари. Тоа го натера Јуве да побара летен трансфер за ѕвездата, што не се реализираше во преодниот рок. Тоа им овозможи на Спарси да се приближат и да го обезбедат 27-годишникот на позајмица до крајот на ...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел упати остар одговор до Вашингтон, порачувајќи дека секој обид за агресија врз островот ќе се соочи со „несовладлив отпор“, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД можат да преземат итни дејствија за промена на режимот во Куба. Дијаз-Канел преку социјалните мрежи ја обвини администрацијата на Трамп за секојдневни закани и обиди за дестабилизација, реагирајќи на изјавата на ...
Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во 59-тата минута од овој натпревар. Парискиот клуб денес објави дека Баркола претрпел сериозно истегнување на десниот глужд и посочи дека ќе биде надвор од терените во следните неколку недели. Сепак, „Л’Екип“ објави дека играчот ќе биде надвор од терените приближно еден месец. ...
Според агенцијата Тасним, идентификувани се 111 „ќелии“ на наводни монархисти во 26 провинции. Станува збор за поддржувачи на синот на шахот, Реза Пахлави, кој се смета за една од водечките фигури на опозицијата во егзил. Во акциите биле извршени и повеќе апсења. Во операциите биле запленети огнено оружје, за кое властите тврдат дека било наменето за „предизвикување улични немири“. Четири лица се уапсени под обвинение за шпионажа, поради ...
Портпаролот на талибанската влада во Кабул, Забиула Муџахид, ја потврди оваа одлука преку социјалната мрежа „Икс“. Ваквиот потег на Авганистан следува како реципрочна мерка по претходната објава од страна на Исламабад. Двете земји се согласија на овој чекор по интензивниот притисок и молби од страна на Саудиска Арабија, Катар и Турција, во обид да се намалат тензиите во пограничниот регион кои во изминатите недели резултираа со стотици жртви ...
Вечна е дилемата дали Диего Марадона или Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња. Некој ќе каже тоа е Пеле, некои пак Кристијано Роналдо, некој смета дека тоа е “вистинскиот“ Роналдо или Јохан Кројф. Но за Аргентинцте нема дилеми. Секоја чест за Лео, но Диего си е Диего. И двајцата освоија СП, првиот во 1986 во Мексико, вториот во 2022 во Катар. Сепак Аргентина смета дека Марадона треба да е пред Меси, барем засега, барем ...
Властите во Пакистан соопштија дека привремено ги запираат воените напади врз цели во Авганистан, одлука донесена по дипломатско посредување на Саудиска Арабија, Турција и Катар, со цел да се овозможи мирно одбележување на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Пакистанскиот министер за информации и радиодифузија, Атаула Тарар, прецизираше дека прекинот на нападите насочени против „терористите и нивните логистички објекти во Авганистан“ ...
По оној хет – трик против Манчестер Сити минатата недела, јасно е дека Федерико Валверде, капитенот на Реал Мадрид и еден од најдобрите во светот. Сепак малкумина знаат дека еднаш бил “турнат“ во професионалниот свет од Кларенс Сидорф, славниот Холанѓанец и некогашен фудбалер на “кралевите“. Во текот на сезоната 2017/18, Валверде играше на позајмица во Депортиво Ла Коруња, тим, кој беше предводен од клупата од легендарниот Холанѓанец. ...
Како што јавуваат новинарите на Ројтерс од руската престолнина, најголемиот мобилен оператор во земјата, МТС, испратил пораки до корисниците во кои се вели: „Со цел да се гарантираат безбедносните мерки во вашиот реон, може да има привремени ограничувања во работата на мобилниот интернет“. Вакви известувања добиле корисници на повеќе телефонски компании во текот на денот. Ова не е прв ваков случај во изминатиот период. Руските власти во ...
- Значителен дел од средствата ќе бидат обезбедени преку европскиот одбранбен фонд SAFE - рече Санчез на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Мадрид. - Цврсто стоиме покрај Украина – денес и во иднина - нагласи шпанскиот премиер. Зеленски, кој претходно одржа разговори во Лондон, престојува во четврта официјална посета на Шпанија од почетокот на руската целосна инвазија врз неговата земја. Тој вчера ...
Фудбалерите на Брага лесно ја совладаа екипата на Ференцварош со 4:0 во осминафиналниот дуел од Лигата на Европа. Португалскиот тим имаше негатива од 2 гола по првиот натпревар кој се одигра пред 6 дена, но на домашен терен успеа да ја анулира предноста на унгарците и се пласираше во следната рунда Прашањето на победник беше решено уште во првото полувреме, бидејќи по почетните 45 минути домашниот тим веќе имаше предност од 3 гола. Рикардо ...
„Секако, сите се согласуваме дека теснецот мора да се отвори. Според информациите што ги имам, сојузниците во моментов работат заедно и разговараат за најдобриот начин да дејствуваат и да го деблокираат Ормускиот теснец“, рече Марк Руте, кој е во посета на северна Норвешка, каде што се одржува воената вежба „Студен одговор“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, го критикуваше одбивањето на сојузниците на САД да помогнат во заштитата на ...
Не сакаше да се поздрави или не го виде? Трето нема. Дали ова е гаф на славниот Пеп Гвардиола или едноставно не го виде младиот фудбалер на Реал Мадрид, Тиаго Питарч. Манчестер Сити и во реваншот беше поразена од Реал Мадрид, а шпанскиот стручњак, и покрај разочарувањето, покажа одличен спортски дух. Но делумно. По натпреварот, Гвардиола помина покрај играчите на Реал и се ракуваше со речиси сите, честитајќи им ја големата победа. Сепак, ...
Доколку биде осуден, 63-те дена што веќе ги поминал во притвор треба да му бидат одземени од оваа казна, изјавија денеска обвинителите. Исто така, треба да му биде забранет контакт со поранешна девојка во период од две години. Судењето, кое започна на почетокот на февруари, ја шокираше Норвешка и привлече внимание од глобалните медиуми. 29-годишниот Хоиби ги негираше обвиненијата за сексуален прекршок, но призна за некои од другите ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека работат на одредување нови датуми што е можно поскоро. Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар. Посетата на американскиот претседател на Кина ќе биде негова прва таму во неговиот втор мандат. Одложувањето на оваа посета ја зголемува неизвесноста и за пазарите и за дипломатијата, бидејќи војната со Иран ги зголеми цените на нафтата, го загрози превозот низ ...
- Дополнителен систем за ракетна одбрана „Патриот“ ќе биде распореден во јужната турска провинција Адана - изјави портпарол на турското Министерство за одбрана на брифинг во базата на НАТО во Инџирлик. Системот ќе биде префрлен од американската база Рамштајн во западна Германија. Портпарол на НАТО посочи дека новиот систем ќе обезбеди „дополнителни капацитети за понатамошно зајакнување на одбранбената поставеност на Алијансата против ...
Германскиот стручњак Ханси Флик треба да го продолжи договорот до 2028 година, а Жоан Лапорта го сака во Барса до 2031 година. Колку и да трае неговиот мандат во Каталонија, поранешниот тренер на Баерн планира да заврши со тренерската работа по него. Тој дојде како човек од кого не знаевте што да очекувате, и стана еден од најдобрите избори на Барселона за тренер од времето на Луис Енрике. Ханси Флик е сè што му требаше на Барса. Освојува ...
Вечерва во стандарните термини ќе се одиграат последните четири реванш средби од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Секако дека најинтересно би требало да биде на “Камп Ноу“ и на „Енфилд“ каде Барселона дома се среќава со Њукасл, а Ливерпул го пречекува Галатасарај. Нималку едноставна работа нема да имаат гигантите, па затоа велиме дека на потег се Барселона и Ливерпул. Тимот на Ханси Флик мора да победи ако се знае дека на првиот меч беше ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го критикуваше одбивањето на американските сојузници да испратат сили за заштита на Ормускиот теснец, кој беше блокиран од Иран по израелско-американската воена операција, и се закани дека Вашингтон нема да се грижи за неговата безбедност. Веќе неколку дена, американскиот претседател е длабоко иритиран од одбивањето на главните сојузници на Вашингтон во НАТО, вклучувајќи ги Франција и Велика ...
Според него, целта на нападот била најголемата иранска фабрика за преработка на гас во покраината Бушер, објави „Тајмс оф Израел“. Реакција на Иран Иранската државна телевизија, исто така, објави за нападот. „Пред кратко време, делови од гасните објекти во Специјалната економска енергетска зона Јужен Парс во Асалује беа погодени од ракети испукани од американско-ционистичкиот непријател“, се вели во соопштението. Исто така, се вели дека екипи ...
Додека Иран на масовен погреб се збогуваше со еден од највлијателните Иранци, вчера убиениот шеф на националната безбедност Али Лариџани, Израел соопшти дека е ликвидиран и првиот човек на иранското разузнавање, иранскиот министер Есмаил Хатиб. Освен за задушување на антивладините протести, Израел го означи и како мозок на тајните операции насочени против израелски и американски цели во светот. -Во текот на ноќта е елиминиран и иранскиот ...
На американските компании ќе им биде дозволено да соработуваат со државната компанија за нафта и гас на Венецуела, откако Министерството за финансии денеска ги ублажи санкциите, со некои ограничувања. Министерството издаде широка лиценца со која ѝ дозволува на „Петролеос де Венецуела С.А.“ (PDVSA) директно да продава венецуелска нафта на американски компании и на глобалните пазари. Овој потег означува голем пресврт по годините во кои ...