Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
„Верувам дека ќе имам чест, чест да ја окупирам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече Трамп за време на потпишувањето на извршна наредба во Белата куќа. Американскиот претседател со недели повторува дека Куба е на работ на колапс. „Без разлика дали ќе ја ослободам, ќе ја окупирам, мислам дека можам да правам што сакам со неа. Тие се многу ослабена нација во моментов. Тоа е неуспешна нација. Тие немаат пари, немаат нафта, ништо“, ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на социјалните мрежи наведоа дека „почнале бран напади од широк размер против инфраструктурата на иранскиот терористички режим низ Техеран“. Во истата објава, војската исто така соопшти дека „почнала дополнителен бран напади врз терористичката инфраструктура на Хезболах во Бејрут“. Неколку минути претходно, ИДФ соопшти дека идентификувала „ракети лансирани од Иран кон територијата на државата ...
Ракети и најмалку пет беспилотни летала денеска биле лансирани врз американската Амбасада во Багдад од областите околу градот, соопштија ирачки безбедносни извори, опишувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на американско-израелската војна со Иран. Британските медиуми објавија дека неименувано лице видело најмалку три беспилотни летала како се движат кон амбасадата и дека системот за воздушна одбрана C-RAM соборил два од нив, ...
Кога беше можеби најпотребно тимот на Фиорентина успеа да освои бодови кои можеби на крајот од сезоната да бидат клучни за опстанокот. Вечерва, тимот од Фиренца на гостувањето кај Кремонезе успеа да победи со 1:4, и да се одвои колку толку од давениците на табелата. Париси погоди во 25 минута за 0:1, Пицоли во 32. за 0:2, а Додо веќе во 49. направи 0:3. Окереке намали за домашните, а конечниот резултат го постави Гудмундсон. sportmedia.mk ...
Неочекувано, тимот на Брендфорд, кој што сезонава игра прилично добро, особено на свој терен вечерва одигра само 2:2 против тимот на Вулверхемптон кој што е закован за последната позиција на табелата. Кајоде и Тијаго во 22. однодно 37. минута го поставија резултатот на 2:0, за да Армстронг намали пред полувреме 2:1. Се беше во ред за домашните се до 88. минута кога Арокодаре израмни на 2:2, а потоа немаше веќе време за домашен кам бек. ...
„Министерството за одбрана на Државата Катар соопштува дека вооружените сили пресретнаа ракетен напад чија цел беше Државата Катар“, напиша министерството на X. Министерството за внатрешни работи во посебна објава соопшти дека властите гасат помал пожар предизвикан од паѓање на остатоци по пресретнување на ракета. Нема извештаи за повредени, се додава во соопштението. Катар досега пријави десетици напади со ирански ракети и дронови, а исто ...
Видеото, снимено во кафетерија, брзо стана вирално и брзо собра повеќе од 60 милиони прегледи. Сепак, ѕвездата на видеото, судејќи според коментарите на мрежите, не беше Нетанјаху, туку девојката што му го послужи кафето. Медиумите објавуваат дека станува збор за тинејџерка (17) која неодамна почнала да работи на тоа место. Ненадејното внимание што го добила на мрежите ја натерало да отвори сметка на платформата X, каде што се најавила и ...
Десет војници се сметаат за сериозно повредени. Бројките се повисоки од оние што ги објави Пентагон минатата недела, кога беа пријавени околу 140 повредени, вклучувајќи осум со сериозни повреди. CENTCOM не прецизираше кога или каде војниците биле убиени, ниту пак даде детали за природата на нивните повреди. Досега, 13 американски војници загинаа во војната во Иран, објави АП. Десет војници се сметаат за сериозно повредени. Бројките се ...
Тимот на Челзи е „олеснет“ со 10,75 милиони фунти и плус добива едногодишна забрана за трансфери, поради неправилности во финансикото работење на име на трансфери во минатото, поточно во ерата на Роман Абрамович Премиер лигата започна голема истрага за тајните плаќања што Челзи ги извршил на фудбалски агенти и други лица. Овие нерегулирани трансакции се случиле помеѓу 2011 и 2018 година, кога „сините“ беа во сопственост на рускиот милијардер ...
Куба има околу 11 милиони жители. Хавана ги обвинува своите проблеми за енергетската блокада на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за секоја земја што продава или испорачува нафта на Куба во јануари. Министерството за енергетика и рударство објави на социјалната мрежа X дека дошло до „целосно затемнување“ на националниот електроенергетски систем и дека се спроведува истрага за причината. Електричната мрежа ...
Утре од 21 часот на „Етихад“ се игра реваншот од осминафиналето во Лигата на Шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид. Познато е дека на првиот меч минатата недела на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, тогаш домашниот состав победи со 3:0, па така “граѓаните“ ќе имаат пеколно тешка задача да дојдат до следната фаза. Сити не е во добра форма, тоа се виде и на последната средба со Вест Хем кога беше 1:1, но сепак Пеп Гвардиола верува дека утре ...
„Шпанија во моментов не разгледува никаква мисија во Ормутскиот теснец бидејќи станува збор за нелегална војна во која има многу мртви. Целта мора да биде да се заврши војната, и тоа веднаш“, рече Роблес во обраќањето до медиумите. Трамп претходно предупреди на „многу лоша иднина“ за сојузниците на НАТО кои не се приклучат на акцијата во Ормутскиот теснец. Албарес: Војната мора да престане Ситуацијата во теснецот е сериозна загриженост за ...
Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, не крие дека се размилсува за нов договор со ветеранот Лука Модриќ. Таре ја отвори можноста за можно продолжување на договорот, откако во последните недели се зборуваше за останување на Хрватот и по оваа сезона. Иако Милан изгледа заинтересиран за обновување, тоа на крајот ќе зависи од желбите на самиот играч и од тоа дали е физички способен да игра уште една сезона на врвно ниво. „Едно е сигурно. Лука ...
Политичкиот трилер „Една битка по друга“, со Леонардо Ди Каприо во главната улога, режиран од страна на Пол Томас Андерсон ја доби овогодинешната престижна награда „Оскар“ за најдобар филм. Фабулата на филмот прикажува паднат револуционер што се обидува да ја спаси ќерка си од поранешен непријател. Андерсон доби награди и за најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио. -Оваа година има толку многу одлични филмови. Навистина се расплакав ...
Фудбалерите на Евертон пружија жесток отпор против Арсенал во Лондон, имаа резултат 0:0 до 89-тата минута, но поради грешките на нивниот голман Пикфорд и одличната минијатура на младиот Дауман, загубија со 2:0 во 30-тото коло од Премиер лигата. Арсенал подоцна доби „подарок“ од Вест Хем, кој одигра 1:1 со Манчестер Сити, а „топџиите“ влегуваат во крајот на сезоната со +9, со натпревар повеќе од „граѓаните“ на чело на табелата и имаат голема ...
Групата „Заклучено во Дубаи“ изјави дека жителите биле дома кога дронот удрил и ја предизвикал експлозијата, и веднаш фотографирале од штетата и ја испратиле сликата приватно до своите семејства за да ги уверат дека преживеале. „Наместо да добијат поддршка како жртви на инцидентот, жителите биле приведени од полицијата во Дубаи откако властите побарале да ги видат нивните телефони“, соопшти групата, која обезбедува правна помош на луѓето во ...
Но, она што, според познавачите, остави посебен впечаток беше струкот украсен со пердуви во тонови на розова, беж и боја на кајсија. Пердувите се спуштаа по здолништето, создавајќи драматичен ефект, велат познавачите... Дизајнот е прилагодена верзија на модел на тоалета од колекцијата на висока мода на „Шанел“ за оваа пролет 2026, создадена од креативниот директор Матје Блази. Оригиналниот модел има висока јака, но беше променет во издание ...
Пожарот, кој избувна рано наутро во понеделник на првиот кат од Медицинскиот колеџ и болницата SCB во Катак, веројатно е предизвикан од краток спој, изјави главниот министер на Одиша, Мохан Чаран Маџи, по посетата на болницата. Најмалку 11 членови на персоналот претрпеле изгореници додека се обидувале да спасат пациенти, објави Ал Џезира. „Медицинскиот персонал и безбедносниот персонал ги ризикуваа своите животи спасувајќи ги пациентите. Во ...
Системот на бура ја принуди FAA да откаже или одложи летови од неколку големи аеродроми во Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ги Њујорк, Бостон, Чикаго, Атланта и Хјустон, објавува Fox News. Нарушувањето на воздушниот сообраќај во САД доаѓа за време на пролетниот распуст, време на голема побарувачка и зголемен број патници, што ги натера многу Американци да бараат алтернативни опции за патување. Најголем број откажувања на летови се ...
Во исто време, тој нагласи дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен за сите што Иран ги смета за непријатели. „Американците бараат од другите земји да им помогнат да го одржат Ормутскиот теснец отворен. Според нас, тој е отворен“, рече Арагчи. „Затворен е само за нашите непријатели, за оние што извршија неправедна агресија против нашата земја и за нивните сојузници“, објасни тој. Министерот, исто така, додаде дека војната „мора да се заврши ...
Тој рече дека американската воена кампања „продолжила со полна сила“. Уништени морнарицата и воздухопловните сили „Тие буквално се збришани, воздухопловните сили ги нема, морнарицата ја нема, многу бродови се потопени“, рече Трамп. „Нивниот радар го нема, нивните лидери ги нема. Освен тоа, тие се справуваат доста добро“. Тој додаде дека Иран „е тероризиран 47 години, а сега, со помош на Израел, она што требаше да се направи со години е ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека е уништена зградата во Техеран во која се „развиваше воено-вселенска програма“, вклучително и сателитот „Шарман 1“, што беше лансиран во 2024 година. На социјалните медиуми објавени се фотографии на кои се гледа оштетената зграда на Институтот за истражување на вселената во Техеран. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека е уништена зградата во Техеран во која се „развиваше ...
Трамп предупреди дека Вашингтон нема да заборави која земја одбила да помогне, потенцирајќи дека од сојузниците очекува минимален придонес во одржување на безбедноста и непреченото движење низ клучниот поморски коридор. Нагласи дека поддршката од европските сојузици ја очекува пред се, бидејќи САД своевремено помогнале за војната во Украина. -Ние сме секогаш тука за НАТО. Ние им помагаме со Украина иако има океан меѓу нас. Тоа не нè засега ...
„Што се однесува до Ормуската Теснина, мислам дека дипломатијата треба да преовлада“, изјави Тајани за новинарите на маргините на состанокот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во Брисел. Италија е вклучена во одбранбени поморски мисии во Црвеното Море, „но не гледам никакви мисии што би можеле да се прошират во Ормуската Теснина“, нагласи тој. Претходно, данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен ...
Во таборот на гигантот од Милано, има сериозни тензии околу судењето на последните натпревари. Управата на Интер стравува дека контроверзните судиски одлуки се директно поврзани со скандалот околу Алесандро Бастони за време на дербито со Јувентус во февруари. Судиските одлуки во нерешениот резултат 1-1 на домашен терен со Аталанта го разбеснија раководството на Интер. Во знак на протест, клубот воведе медиумско забрана, при што ниту тренерот ...
Легендарниот актер Шон Пен ја продолжи својата традиција на „бојкотирање“ на холивудските награди. Имено, иако го освои Оскарот 2026 за најдобра машка споредна улога, благодарение на неговата изведба во филмот „Една битка по друга“ тој не се појави на доделувањето на наградите. Оваа постапка не беше изненадувачка со оглед на тоа што не му беше прв пат. Шон не присуствуваше ниту на доделувањето на наградите БАФТА, ниту на доделувањето на ...
Војната на САД и Израел против Иран влегува во третата недела без јасен крај на повидок. Клучниот Ормуски Теснец, преку кој минува 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, е блокиран, што ги зголемува цените на нафтата и ги зголемува стравувањата од нов глобален скок на инфлацијата. Израелската армија нападот врз Иран го дефинираше како операција со ограничен обем, со цел да се ослаби способноста на Иран да го загрози Израел со ...
Жоан Лапорта победи на претседателските избори во Барселона. Старо-новиот претседател на клубот го победи својот единствен ривал, бизнисменот Виктор Фонт. Откако беа преброени 100% од гласачките ливчиња, Лапорта доби 68,18%, додека Фонт доби 29,78%. 984 луѓе или 2,04% од гласачите не гласале за ниту еден кандидат. Лапорта со тоа ќе продолжи да ја води Барселона во следните пет години, до 2031 година. 63-годишникот влегува во својот трет ...
Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Една битка по друга" (One battle after another) триумфираше со шест златни статуетки, од вкупно 13 номинации. Емисијата ја водеше Конан О'Брајен. Додека златната статуетка за најдобар режисер заслужено му припадна на Пол Томас Андерсон, докажувајќи ја својата доминација на овогодинешните награди. На ...
Стармер одби да се придружи на американско-израелскиот напад врз Иран, но се придружи во одбраната од иранската одмазда кога беа нападнати британските воени бази на Блискиот Исток. Претседателот на САД, Доналд Трамп, и противниците на Стармер ја критикуваа одлуката да не учествува. На денешната прес-конференција, Стармер рече дека „се држи до своите принципи“ и дека верува оти „времето ќе покаже дали тоа бил вистинскиот пристап“, објави ...