Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
- Венецуела е целосно опколена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка. Таа само ќе станува поголема, а шокот што ги очекува е како ништо што досега не го доживеале – сè додека не ги вратат во Соединетите Држави сите нафтени богатства, земјиште и други средства што претходно ни ги украдоа, се вели во објавата. - Нелегитимниот режим на Мадуро ја користи нафтата од овие украдени нафтени полиња за да се финансира ...
Светскиот клупски шампион Челзи е прв полуфиналист во англискиот Карабао куп. Во денешното четвртфинале, „сините“ од Лондон славеа на готсувањето во Велс кај екипата на Кардиф Сити со 1:3. Откако во првиот дел од мечот не видовме ниту еден гол, во вториот дел беше далеку поинтересно и ефикасно. Челзи поведе со првиот гол на Гарначо во 57. минута, но упорните домаќини успеаја во 75. минута да израмнат со голот на Трнбал. Во 82. минута Педро ...
Дал Сасо рече дека трагите од диносаурусите формираат траги долги стотици метри и се толку добро сочувани што некои дури имаат отпечатоци од прсти и траги од канџи, објави Би-Би-Си. „Тоа е вистинска долина...“ „Тоа е вистинска „долина од диносауруси“ што се протега со километри. Тоа е најголемото место на Алпите и едно од најбогатите во светот“, рече Дел Сасо. Тој рече дека тоа е веројатно едно од најважните палеонтолошки откритија на ...
И дефинитивно нема крај на проблемите со повредите во Арсенал. Фудбалерите на Арсенал се лидери и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, но Микел Артета е загрижен, и тоа како. Манчестер Сити и Астон Вила им дишат во врат, а има бројни проблеми со персоналот за време на зафатениот празничен период. Стоперот Габриел и Кристијан Москера беа повредени претходно, а сега им се придружи и Бен Вајт. Тој се здоби со повреда на задната ложа и ќе ...
Сега, Конгресот на САД бара одговори, откако беше воведен нов амандман со кој ќе се насочи Канцеларијата за одговорност на владата (GAO) да истражи дали федералните агенции експериментирале со крлежи инфицирани со патогени како средство за војување, објавува „Дејли меил“. Одредбата, напишана од конгресменот од Њу Џерси, Крис Смит, а претставена во петок, повикува на преглед на проектите спроведени помеѓу 1945 и 1972 година од страна на ...
Години поминати во обработка на документација, дозволи, тестови и безбедносни проверки ја доведоа до последниот чекор: нејзината церемонија за натурализација и положување заклетва, објавува Би-Би-Си. Но, само 48 часа пред да ја положи заклетвата на 3 декември, американската влада одеднаш ја откажа церемонијата. Санам првично беше шокирана и збунета, без никакво објаснување. Не разбираше зошто церемонијата е откажана кога не направила ништо ...
Воено разурнатиот Судан, зафатен од најлошата бегалска криза во светот, повторно е на врвот на листата на земји кои се изложени на ризик од понатамошно влошување на хуманитарната ситуација во 2026 година, објави денеска Меѓународниот комитет за спасување (ИРЦ). Рангирањето на ИРЦ вклучува 20 земји кои се изложени на најголем ризик во 2026 година, а Судан е на прво место трета година по ред. На второ место се Појасот Газа и Западен Брег, а на ...
Препораката доаѓа поради страв од можни напади инспирирани од неодамнешниот терористички напад на плажата Бонди во Австралија, објави „Тајмс оф Израел“. Безбедносните претставници предупредуваат дека собирите за време на еврејскиот празник, како и божиќните базари, би можеле да бидат цел на терористички групи. Препораката на Мосад вклучува дополнителни мерки за надзор и координација со локалните безбедносни служби за намалување на ризикот за ...
Децата, за кои се верува дека се членови на исто семејство, се момче по име Раул, четири години, и две девојчиња по име Химена, девет години, и Наталија, две години, објави „Дејли меил“. Пет други возрасни патници и двајца пилоти, исто така, загинаа кога авионот се урна во магацин во индустриска зона во близина на аеродромот Толука во Мексико околу 12:30 часот по локално време во понеделник. Приватниот „Цесна Ситишн III“ полетал од ...
Андерсон неодамна беше видена како носи дијамантски прстен на прстот, а портпарол на двојката ја потврди веста за свршувачката, објави Ројтерс. По објавувањето на веста, се појави видео од Белата куќа на кое американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја објавува свршувачката. Потоа тој го повика двојката на подиумот, каде Доналд Трамп помладиот ѝ се заблагодари на Бетина Андерсон за прифаќањето на неговиот предлог. Donald Trump Jr. Is ...
На церемонијата на врачување на наградите THE BEST, ФИФА го објави и тимот на годината за 2025 година Во рамките на најдобрите „11“ за тековната година се најдоа: Џанлуиџи Донарума (Манчестер Сити/ПСЖ), Ахраф Хакими (ПСЖ), Вилијам Пачо (ПСЖ), Вирџил ван Дaјк (Ливерпул), Нуно Мендес (ПСЖ), Витиња (ПСЖ), Педри (Барселона), Кол Палмер (Челзи), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Ламине Јамал (Реал Мадрид) и Усман Дембеле (ПСЖ). Шпанскиот тренер Луис ...
Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, ја потврдил информацијата, пренесува медиумите. Тој, исто така, известил дека нема повредени, пренесува CNN Brazil. Според првичните информации, силниот ветер и бурите, кои во некои моменти достигнувале и до 90 километри на час, ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека предлозите за кои се преговара со американските претставници за завршување на војната би можеле да бидат финализирани во рок од неколку дена, а потоа да бидат претставени на Кремљ, пред евентуален состанок во САД следниот викенд. Тој за нацрт мировниот план, за кого вчера се разговараше во Берлин, истакна дека „не е совршен“ но оти е „многу изводлив“. Зеленски предупреди дека ...
Оскаровката проговори за тоа зошто конечно одлучила да ги покаже лузните од мастектомија, 15 години по операцијата што ѝ го спасила животот, објави Мирор. Актерката се подложила на превентивна двојна мастектомија на почетокот на 2013 година, но дури сега одлучила јавно да ги покаже лузните во едно моќно ново интервју. - Ги споделувам овие лузни со многу жени што ги сакам. И секогаш ме трога кога гледам други жени што ги споделуваат своите. ...
Претставници на јавните радиодифузери од 35 земји ќе се натпреваруваат на „Песна на Евровизија“ во Виена, Австрија, следниот мај, откако пет држави објавија дека ќе го бојкотираат натпреварот поради учеството на Израел, објави денеска Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ), организатор на натпреварот. Имено, националните радиодифузери од Холандија, Исланд, Ирска, Словенија и Шпанија објавија дека ќе го бојкотираат музичкиот натпревар. Одлуката ...
Напаѓачот на Франција и ПСЖ, Усман Дембеле, е прогласен за најдобар играч на светот за 2025 година од страна на ФИФА. Минатата сезона, со Пари Сен Жермен, Дембеле го освои француското првенство, францускиот Куп и Суперкуп, како и трофејот од Лигата на шампионите. Тој исто така стигна до финалето на Светското клупско првенство со францускиот гигант. Минатата сезона, 28-годишниот напаѓач одигра 53 натпревари во сите натпреварувања, ...
Тренерот на европскиот шампион ПСЖ, Луис Енрике, е прогласен за најдобар тренер за 2025 година од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). На вечерашното доделување на наградите THE BEST во Доха, Катар, покрај шпанскиот специјалист, за оваа награда беа номинирани и: Ханс-Дитер Флик (Барселона), Енцо Мареска (Челзи), Микел Артета (Арсенал), Арне Слот (Ливерпул), Роберто Мартинез (репрезентација на Португалија) и Хавиер Агире ...
Холивудскиот актер Бен Афлек се нашол во, како што покажуваат фотографиите, прилично незгодна ситуација во петокот навечер во Лос Анџелес, кога двете негови поранешни сопруги - Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер - се појавиле на иста училишна претстава. Повод за повторното обединување беше претстава во која ќерката на Афлек и Гарнер, Серафина, како и Ема, детето на Џенифер Лопез настапувале во иста претстава. Според фотографиите добиени од Page ...
Аргентинецот Сантијаго Монтиел е годинешниот добитник на наградата „Пушкаш“, која ФИФА ја доделува секја година за најубавиот гол постигнат во тековната година. Монтиел постигна фантастичен погодок со ножички и тоа надвор од 16-те метри на противничкиот гол. Монтиел во мај 2025 година го постигна голот во дресот на Индепендиенте. We’ll never tire of this goal. 🤸♂️ Santiago Montiel with a Puskás award winner to remember. 💫 — FIFA World Cup ...
Каталонската гордост сонува за големите имиња, за големи трансфери, ѕвездите што би ги ангажирала во наредните месеци, но она за што Ханси Флик моментално размислува е дефанзивец. Точно е дека Жерар Мартин (21) во претходните неколку натпревари се покажа како сосема правилно решение за место во срцето на одбраната, покрај Пау Кубарси, но високите амбиции на Барселона сепак бараат нешто повеќе. Како последно средство, Мартин првично е лев бек… ...
Трамп го обвини британскиот јавен радиодифузер за клевета и кршење на законите за трговски практики, според судските документи поднесени во Флорида. Тој бара отштета од пет милијарди долари за секое од двете обвиненија. Би-Би-Си му се извини на Трамп минатиот месец, но го отфрли барањето за отштета, велејќи дека нема „основа за тужба за клевета“. Адвокатите на Трамп тврдат дека Би-Би-Си го клеветела претседателот со „намерно, злонамерно и ...
Во изборот на кровната светска фудбалска федерација ФИФА, голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума е најдобар чувар на мрежата за изминатава 2025 година. Тој со тимот на ПСЖ ја освои титулата во Лигата на Шампионите, а сега со успех настапува во Премиер лигата. Сезонава на 25 мечеви прими само 20 гола, што секако покажува дека во моментов се наоѓа во врвна форма, и дека оваа награда од страна на ФИФА е сосема заслужена. sportmedia.mk ...
Синоќа на “Олд Трафорд“ беше спектакл, и сега по проспиената ноќ време е да се погледнат бројките. Борнмут однесе бод и ако гледавте, тогаш сè ви беше јасно по пресвртот и голедата која зваерши со осум голови или 4:4.. Како што се очекуваше, Рубен Аморим повторно е на удар, а овој пат циркулираат неговите разочарувачки бројки откако пристигна во Манчестер. Да одиме по ред – табелата во Премиер лигата од промоцијата на Аморим вели дека ...
Судот на трудот во Париз, денеска донесе одлука со која ПСЖ како поранешен клуб на Килијан Мбапе треба да му исплати 60 милиони евра како пресуда за поднесената тужба на сега веќе играчот на Реал Мадрид. Мбапе поднесе тужба од 263 милиони евра против својот поранешен клуб откако случајот меѓу играчот и ПСЖ стигна до суд. Следуваше контра тужба од клубот кон играчот во вредност од 240 милиони евра. Наѓачот со својот адвокатски тим побара сума ...
Славниот пар се собра повторно за да го поддржи својот син Роко на отворањето на неговата најнова уметничка изложба „Talk Is Cheap“ во магацин во лондонскиот Сохо. Во центарот на настанот беше 25-годишниот Роко, кој ја изгради својата уметничка кариера под псевдонимот „Rhed“ за да се докаже со својот талент, а не со своето познато презиме. Поранешните сопружници, кои беа во брак од 2000 до 2008 година, беа видени во опуштен разговор со својот ...
Без да наведе детали, Трамп рече дека се работи на безбедносни гаранции, а индиректно сугерираше и дека Киев сепак ќе мора да се соочи со територијални отстапки. -Тие (Украина) веќе изгубија територија, да бидам искрен, територијата е изгубена. Во однос на безбедносните гаранции ќе работиме со Европа, Европа би имала голем удел во тоа. Работиме на безбедносни гаранции за да не почне војната повторно. Имавме бројни разговори со рускиот ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Москва „не сака прекин на огнот што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. - Русија сака мир, а не краткорочни, неодржливи решенија, наведе Песков. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата за привремено стопирање на руските напади, особено врз енергетската инфраструктура за време на празниците. ...
Лука Модриќ е икона на Реал Мадрид, на Хрватска а за најголем дел од фановите на овие простори тој е вистинска фудбалска легенда. Сепак после една своја изјава за медиумите во Италија, фановите во БиХ се гневни и разочарани од сегашниот член на Милан. Имено БиХ има шанса да оди на второто Светско првенство во својата историја. Да потсетиме дека „Змејовите“ беа елиминирани во групната фаза во Бразил во 2014 година, а сега имаат шанса повторно ...
Зеленски, исто така, се обрати пред холандскиот парламент, пред конференцијата за формирање на Меѓународната комисија за барања за Украина, која ќе разгледува барања за надомест на воената штета предизвикана од војната и е дел од меѓународниот механизам за надомест. Украинскиот претседател е во официјална посета на Холандија. Програмата на посетата вклучува средби со молдавската претседателка Маја Санду и холандскиот премиер Дик Шуф, како и ...
Синоќа на “Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа епски натпревар, кој на крајот заврши со резултат 4:4. Тоа беше натпревар кој Џејми Карагер, поранешниот капитен на Ливерпул, го нарече најдобриот натпревар во сезоната, а Би-Би-Си го нарече „класика“. „Тукушто го видовме најдобриот натпревар во сезоната и тоа е она што ја прави Премиер лигата најголема лига, најголем производ, како и да сакате да го наречете, во светот. Не сакавме ...