Софиската градска уметничка галерија подготвува изложба со наслов „Повеќе од една фотографија. Историја на бугарската фотографија во 20 век“, која ќе биде претставена пред скопската публика од 9 декември 2025 до 9 март 2026 година, јавува БНР. Целта на изложбата не е само да ја прикаже еволуцијата на бугарската фотографија од 1900 до 2000 година, туку и да ги пренесе гостите од раните студиски портрети и хроники на модерноста до авторската ...

Документарниот филм „К-15: Од другата страна“ во режија и по сценарио на Ико Каров, беше прикажан синоќа во Македонскиот народен театар. Филмот е создаден во чест на 30 години постоење на легендарното трио составено Бубо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров. По проекцијата, главните актери одговараа на прашања од публиката. Во 100 минути, филмот ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во ...

Првото дводневно издание на Таксират ќе се одржи викендов (6 и 7 декември) во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а продолжениот формат се должи на тоа што организаторот „Пасворд“ одлучи да издвои посебен ден за електронската музика. Традиционалното шаренило на музички стилови ќе може да се слушне на денешната прва вечер, кога ќе има метал, хип-хоп и балкански мелос. Програмата на главната бина почнува во 20 часот со настапот на популарниот ...

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој беше еден од најпопуларните македонски пејачи на фолклорна музика. Гоце уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и ...

Андријана Јаневска е родена на 6 декември 1981 година во Скопје. Таа е позната македонска пејачка и музичарка. Андријана Јаневска е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст – отсек ...

Како резултат на повеќегодишна соработка на општините Кочани и Вуши, Народна Република Кина, талентирани ученици учествуваа на Меѓународниот ликовен конкурс за сликање Џиангсу – 2024. На натпреварот од минатата година учествуваа ученици и ментори од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Раде Кратовче“, информира Општината. Добитник на првата награда е Илина Ангелов од Школата за цртање ...

Битола, 5 декември 2025 (МИА) - Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола денеска додели награди за најдобрите волонтери во минатата година, здруженија и поединци кои се истакнале со својот ангажман. Награда за волонтерски ангажман во локалната заедница добија Доброволно противпожарно друштво „Архангел“ – Битола, иницијативата „ЕкоРозе“, иницијатива „Волонтерско цртање во Зоолошка градина“, Јулијана Делев и Лина Чашитовска. Наградите ...

Филмот „Фантази“ во режија на Кукла, ќе биде премиерно прикажан во киното „Фросина“ вечерва во 20.25 часот, во рамките на третиот ден на фестивалот „Синедејс“. Филмот е копродукција помеѓу Словенија и Македонија. Македонски копродуцент е „Круг филм“. Михрије, Сина и Јасна се најдобри пријателки во раните дваесетти, кои живеат во Словенија. Машкуданки се и одбиваат да се вклопат во конзервативниот систем во кој живеат. Светот комплетно им се ...

Охрид, декември 2025 – Во атмосфера на длабока замисленост и неодлучност, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид,под раководтсво на незаменлива советничка Ана Крстеска,комисија (позната и како „Оној одбор што не знаеме точно што прави 364 дена во годината”) конечно го заврши своето годишно ритуално барање на лауреати под Муренка. Contents „Кога немаш што да правиш, како да ...

Според организаторите, осумте селекции, повеќе од 60 филмови, кои ја одбележаа тековната европската филмска година и врвна работилница „Маркетинг на филм“, се фактографски белег на годинашниот CINEDAYS кој ќе се одржува до 10 декември под слоганот „Се гледаме од другата страна“. „Оваа година публика не ја водиме на филмско патување, туку ја водиме низ премин. Типично за Дејвид Линч, на кого му го посветуваме ова издание, надреално, сонувачки, ...

Френк Гери, кој во втората половина на 20 век создаде нов јазик во архитектурата, станувајќи еден од најславните архитекти на своето време, почина на 96 години, потврди портпаролот на „Гери партнерс“. Тој почина во својот дом во Санта Моника по кратка респираторна болест. Гери е роден во Торонто, Канада. Откако студирал архитектура на Универзитетот во Јужна Калифорнија и урбанистичко планирање на Харвард, ја основал својата канцеларија во Лос ...

НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип ја најавува премиерата на театарската претстава „Ковчег за двајца“, современа црна комедија по текст на францускиот драматург Жан Пјер Мартинез, во режија на Никола Ристов. На 6 декември ќе се одигра премиерата која е распродадена а следната изведба е на 9 декември. Претставата обработува низа комични и сатирични ситуации што произлегуваат од судирот на политичките амбиции, личните интереси и човечките слабости. ...

Во новата епизода на „Со Ана на ТИ“ гостува човекот кој македонската музика и својата уникатна харизма ја носи на скоро сите светски сцени. Владимир Четкар е гитарист, композитор, пејач и автор со препознатлив фанк-соул звук, кој зад себе има настапи на големи фестивали во Њујорк, Лос Анџелес, Лондон и Токио. Препорачано Со Четкар имавме инспиративен разговор кој допира многу теми: неговото детство и семејството што го формирало како човек и ...

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќе по првото слушање ја открива нејзината нова, одлучна и урбана музичка приказна. Песната ја потпишува врвниот автор Јован Јованов, човек кој стои зад голем број домашни хитови и чиј професионален потпис секогаш носи квалитет. За микс и мастеринг се погрижија Јован и Иван Јованов Iwayo. ...

Македонија може да стане дестинација со силен културен идентитет, одржлив туризам и препознатлив национален бренд – ако ја стави културата во центарот на развојот, ако ја модернизира презентацијата на наследството и ако ги поврзе градовите во единствена туристичка мрежа. Ова го смета министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека државата мора да се претстави преку автентични приказни, силна гастрономија, археолошки богатства ...

Од црвената соба на Дејвид Линч, под слоганот „Се гледаме на другата страна“, започна 24. издание на Синедејс – Фестивалот на европскиот филм. Програмската координаторка Маргарита Арсова веќе петнаесет години ја води скопската публика на „другата страна“, во светот каде реалноста и сонот се спојуваат. „Оваа година публиката ја носиме длабоко во потсвесното – на страната каде што визијата на Линч го преобликува начинот на кој гледаме филм.“ ...

Умот претставува, пред сè, сцена на нагони; тие се примарните сили што ја движат нашата мисла, чувства и постапки. Фројд, Воведни лекции по психоанализа (1916–17) Најсложените достигнувања на мислата се можни и без помош на свеста; нагоните ја обезбедуваат основната енергија на мислата. Фројд, Собрани дела, том 19, (1923) Целта на животот е смртта, но животните нагони ѝ се спротивставуваат; од тука произлегува вечниот конфликт меѓу Ерос и ...

Мој прв инструмент беа тапаните. И денес ја имам истата радост кога свирам на тапани. Кога ќе го спомнеме традиционалниот, народно кажано, селски тапан, тоа ме поврзува со фолклорот, односно таа музика, емоција. Инструментите, а во мојот случај удирачките инструменти, не ги делам на омилени и на помалку омилени. Кога свирам некој инструмент, тоа го правам за музиката. Јас сум ѝ потребен на музиката за да се случи емоција –вели во интервјуто ...

Во рамките на чествувањата на Св. Климент Охридски, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана заокружената целина на книгата „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески. Со издавањето на оваа книга, авторите истакнаа декa ја постигнеле нивната цел – да се создаде едно заедничко дело, со кое Охрид се здобива со еден вид енциклопедија и водич низ историјата на овој град со долговековна ...

Што се случува кога животот станува автор на твоите песни? Давид Темелков го знае одговорот, но не го кажува, тој го пее. По првиот албум и низа синглови што ги допреа срцата на публиката низ целиот регион, Давид се враќа – поавтентичен и похрабар од било кога. Неговиот втор студиски албум, „Слушај животот штом диктира“, не е само збирка на песни. Тоа е дневник на емоции кои не можат да се премолчат, повик да го слушнеме она што најчесто ...

Во Скопје деновиве ќе гостува хрватската авторка Јасна Жмак, а како дел од тринаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, што е во организација на „Тиииит! Инк“. Притоа, на 9 декември од 19:30 часот, во просторот „Netaville“ (ул. Никола Тесла бр. 9,) во Скопје ќе се одржи промоција на книгата на Жмак „Оние работи“. Уредничка на изданието е Грација Атанасовска, а преводот од хрватски на македонски јазик ...

Детската театарска претстава „Лефти и Рајти и нивните стари и нови авантури“ ќе добие ново, специјално издание оваа сабота 6 декември во 12:00 часот во книжарницата Literatura.mk во Diamond Mall, кога пред најмладата публика ќе оживее премиерна сцена инспирирана од новата приказна „Лефти и Рајти на викенд“. Претставата, која веќе е меѓу најпосетените детски настани, продолжува да ја носи препознатливата комбинација од интерактивност, хумор и ...

Во тек на втората половина на ноември во есенската сесија на постдипломските и докторските студии на Пантеон Асас Сорбона 2, македонскиот писател со меѓународно реноме и добитник на наградата за животно дело на Француската академија Јордан Плевнеш, одржа серија предавања на тема Глобалната трагедија во светата историја од Антиката до денес. Серијата предавања започна со академската церемонија за доделување на наградата „Фредерик Росиф“ 2025 ...

Кери-Хиројуки Тагава, јапонско-американскиот актер чиј моќен поглед го направија дел од акционите филмови повеќе од четири децении, почина на 75 години. Тагава, познат по своите улоги во филмовите „Мортал Комбат“, „Лиценца за убивање“ и „Човекот во високиот замок“, почина во четврток од компликации од мозочен удар, потврди претставник за „Тајмс“. Тој почина во Санта Барбара опкружен со членови на семејството. Тагава е роден во Јапонија и ...

Утре (вторник) во книжарницата на Литература.мк во Скопје со почеток во 19:00 часот, ќе бидат промовирани книгите „Месечино, диши! “- хаику од Анастасија Мукаетова(14), „24/7“- поезија од Лана Младеновиќ(13) и „Мисли молкома“-поезија од Софија Бислимоски(14). Проектов се реализира во текот на оваа учебна 2017/2018, на часовите за креативно пишување во „Арс вивенди“- студио за креативно пишување, под менторство на Дијана Петкова. Издавач е ...

Режисерка Тамара Котевска ќе го претстави својот нов игран филм “Човек против јато”, финансиран од Агенцијата за филм, на престижната Work in Progress програма на Les Arcs Film Festival овој месец. Ова е нејзин прв игран филмски проект, кој ја следи приказната за постар земјоделец што се соочува со борба за својата земја, откако таа станува мета за изградба на нов автопат. Котевска, која стекна светска слава со документарецот „Медена земја”, ...

Со богата и свечена приредба, вчеравечер учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа патронатот на своето училиште. Темата на овогодинешниот настан беше „Бајките и приказните – мудроста на моето детство“. На свеченоста која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. Во рамки на програмата беше изведена кореографија со детски маски, ...

Репертоар на трет ден на 24. CINEDAYS Фестивал на европски филм Кратки филмови Антипод – режија: Бојан Секуловски – 19 часот, сала 25 Мај Ел Дорадо – режија: Матија Јовановиќ – 20 часот, Кино Фросина Нурнување во рапсодија – режија: Елдан Аломеровиќ – 21 часот, Кинотека Мојот Њујорк – режија: Алрик Браун – 22 часот, Кино Фросина МК / ЕУ Фантази – режија Кукла – 20:25 часот Кино Фросина СЕЕ Кога ѕвони телефонот – режија: Ива Рдивојевиќ– ...

Театар „Чекори“ денеска ќе ја одржи премиерата на „Уште еден среќен ден“, инспирирана од легендарната драма „Среќни денови“ на Семјуел Бекет, апсурд кој зборува за човекот, неговата судбина и упорноста да се најде светлина дури и во најтемните денови. Од „Чекори“ велат дека претставата има иновативен концепт кој ја претвора драмата во музичко-визуелна слика на убавите и грдите денови, на човечката осаменост и на упорноста да се продолжи ...

Сара Мејс и нејзиниот женски квартет со Ана Петановска, Калина Велковска-Кали и Теа Богатинова ќе одржат четири концерти со новогодишни и божиќни песни во Битола, Штип, Скопје и Крива Паланка. Битолскиот концерт е на 21 декември како дел од манифестацијата „Зимска приказна“. На 28 декември е закажан концерт во Штип, во Домот на култура „Ацо Шопов“, следниот ден е предновогодишниот концерт во Филхармонијата во Скопје, а минитурнејата завршува ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
998
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
73%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
88%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
62%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
89%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
56%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Бакар

11.66

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Сребро

2457.28