Сара Мејс и нејзиниот женски квартет со Ана Петановска, Калина Велковска-Кали и Теа Богатинова ќе одржат четири концерти со новогодишни и божиќни песни во Битола, Штип, Скопје и Крива Паланка. Битолскиот концерт е на 21 декември како дел од манифестацијата „Зимска приказна“. На 28 декември е закажан концерт во Штип, во Домот на култура „Ацо Шопов“, следниот ден е предновогодишниот концерт во Филхармонијата во Скопје, а минитурнејата завршува ...

-Денес, кога одбележуваме 36 години од работата на нашето училиште со гордост можеме да кажеме дека остануваме верни на традицијата посветено да работиме, вложуваме во нашите идни генерации, втемелиме вредности кои ќе ги водат кон патот на остварување на подобра и посветла иднина", изјави директорот Предраг Созовски . Покрај свечената манифестација училиштето во текот на целата недела имаше бројни активности, приредби од најмладите, ...

Ден по чествувањето 106 години од формирањето на Универзитетот во Љубљана и 225 години од раѓањето на Франце Прешерн, на љубљанскиот Филозофски факултет, вчера беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи. Претходно, ова капитално дело беше промовирано и на Универзитетот во Загреб, откако претходно се одржаа промоции и на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука ...

Вечерва (5 декември) од 18 часот, КУД „Орце Николов“ во скопскиот трговски центар „Сити мол“ ќе одржи ревија на македонски народни носии од различни етнографски целини во рамките на културниот настан „Фолклорот низ генерации живее“. „Фолклорот низ генерации живее“ – посебен тридневен етно настан во Skopje City Mall, во соработка со Ансамбл за народни игри и песни „Орце Николов“ од Скопје Од 05. – 07. декември 2025 година, Skopje City Mall ќе ...

Филмот „Фантази“, долгометражното деби на словенечката режисерка Кукла, денеска ќе биде прикажан во кино Фросина во 20 часот, во рамките на фестивалот „Синедејс“. Филмот на осми август ја имаше својата светска премиера во официјална конкуренција „Синеасти на денешницата“, на 78. Филмски фестивал во Локарно, Швајцарија. Филмот е во продукција на „Децембер“ од Љубљана, а македонски малцински копродуцент е „Круг филм“ од Скопје, со поддршка од ...

Филмот „Ниедна друга земја“ денеска ќе биде прикажан во дансинг салата на МКЦ со почеток во 19 часот. Станува збор за проекција во рамките на Зимски МакеДокс. Басел Адра, млад палестински активист од Масафер Јата, уште од детството се бори против масовното протерување на неговата заедница од страна на израелските окупатори. Басел го документира постепеното бришење на Масафер Јата додека војниците уништуваат семејства и нивните домови – ...

Драмски театар утре, на 6 декември, во 19 часот на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе ја игра претставата „Чудесна терапија“. Гостувањето се реализира во рамките на програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“. Организаторот Општина Гевгелија и Народниот театар информираат дека за публиката на оваа претстава влезот е слободен. Претставата „Чудесна терапија“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од ...

Во рамките на работилницата по конзервација и реставрација „Методи на чистење на уметнички дела на водена база (примена на водени пуфери и растворувачи на водена база) “, финансирана од ИКСССА 2025 на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, студентите кои го имаат одбрано предметот Заштита и реставрација на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, под менторство на доц. м-р Марија ...

Тетово, 4 декември 2025 (МИА) - Во салата на управната зграда на Музејот на тетовски крај (поранешен Дом на Армијата) од денеска е поставена изложбата „Часословот на Јаков од Камена Река“. Изложени се фрагменти од книгата „Часословот на Јаков од Камена Река“, која е превод од црковнословенски на македонски јазик, во организација на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“. - Тука ние имаме 39 страници од книгата „Часослов“. Многу е важна ...

Вечерва, на 5 декември, во „Буква“ со почеток во 21 часот, настапуваат Amplidyne Effect Trio и Добрила Грашеска со импровизиран музички концерт. Amplidyne Effect Trio е концертна формација на музичкиот проект Amplidyne Effect на Мартин Георгиевски, активен од 2009 година и препознатлив по амбиентална, електронска и импровизирана музика. Проектот има издадено повеќе албуми и настапувано на фестивали како Pohoda Festival, Десонанз, Live ...

Документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска влезе меѓу петте финалисти за престижната американска награда „Независен дух“ (Independent Spirit Awards), признание кое традиционално се смета за силен индикатор за успех во трката за Оскар. Филмот е номиниран во категоријата Најдобар документарец, рамо до рамо со продукциите „Come See Me In the Light“ на Рајан Вајт, „Endless Cookie“ на Питер Кривер, „My Unwanted Friend – Part 1 – Last ...

K-POP FOREVER! – Глобалниот K-POP спектакл пристигнува во Скопје на 28 февруари 2026 Во Скопје пристигнува мултимедијалниот спектакл K-POP FOREVER - шоу што ја слави најголемата музичко културна револуција на 21. век. Македонската публика ќе има ексклузивна можност да го доживее овој глобален феномен на 28 февруари 2026 во арената „Борис Трајковски“. По огромниот успех на првите настапи во Даблин, Корк и Белфаст, каде што во секој град ...

Документарниот филм „Приказната за Сиљан“ на Тамара Котевска е номиниран за „Најдобар документарец“ на Independent Spirit Awards, американска награда, една од најпрестижните во светот на независниот филм, трета по важност, по наградите Оскар и Еми. Горди сме што приказната допира до сè повеќе луѓе. Во исчекување до 17 февруари кога ќе бидат соопштени наградите, велат од Продукцијата. „Приказната за Силјан“ е македонски кандидат за Оскар за ...

Во Шибеник, Хрватска во рамките на Деновите на македонската култура, во тек е изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски (2-8 декември 2025 година). Организатор на настанот е Хрватско-македонска тангента, со покровителство на Советот за национални малцинства на хрватската влада. На отворањето присуствуваа многубројни граѓани и личност од хрватскиот (шибенскиот) естаблишмент. Посебно е поздравена ликовната рецензија која ја ...

„А капела“ е насловена самостојната изложба на Стојан Павлески што синоќа беше отворена во Музејот на град Скопје. Мултимедијалната изложба може да се чита како визуелно поставен контекст во кој се активираат прашањата за идентитет, симболичко посредување и современи форми на колективна автоинструментализација/стигматизација, вели Вангел Ноневски, професор по естетика и филозофија во предговорот за изложбата. – Она што се нуди не е завршено ...

Младата пејачка Тиана Димова ја претстави својата нова песна „Манијак“, придружена со свежо видео-издание во продукција на Urban Records. Спотот беше премиерно објавен вчера и веќе го привлекува вниманието со својот модерен звук, визуелна динамика и емоционална енергија. Зад креирањето на песната стои докажаниот тим: Музика, текст и аранжман: Јован Јованов Микс & мастеринг: Иван Јованов – Iwayo и Јован Јованов Комбинацијата на современа ...

10 култни празнични филмови (кои вреди да ги изгледате 100-ти пат) Нормално, прв на листата е Home Alone, но овде се и Elf, A Christmas Story, па и релативно новиот Klaus кои ја прават празничната сезона уште поволшебна. Украсувањето на домовите веќе е во полн ек, што значи почна периодот и на празнични филмови. А, во оваа категорија, сепак ништо не ги заменува оние култните, што ни се гледани по стопати. 10 култни филмови со кои можете ...

-Преку збор, музика и движење, младите укажаа дека токму љубовта кон словото е суштината на целото учење, а врската меѓу УКЛО Битола и Гимназијата се зацврсти преку одбележувањето на јубилејот од кодификацијата на македонскиот јазик. -Со овој перформанс се продлабочува преку идејата на ректорот и УКЛО “Корени и крилја – европска диплома дома“ преку членството во европската универзитетска Алијанса “КОЛОРС“.Вечерва на сцената на Народниот ...

Факултетот за музичка уметност – Скопје, вечер со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на македонската Филхармонија, ќе одржи годишен концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, по повод 59-годишнината од постоењето на институцијата. Концертната програма ќе ја изведат Симфонискиот оркестар на ФМУ; Мешаниот хор „Драган Шуплевски“; Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“; Оркестар од народни инструменти и солисти; студенти од ...

Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и „The Backdoor Band“ се годинешните добитници на Повелбата – Патрон на градот „Свети Климент Охридски“ што ја донесува Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид. Во образложението на одлуката на Kомисијата се посочува дека НУ „Завод и Музеј“ – Охрид во своето речиси 70-годишно постоење се ...

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Самостојната изложба „А капела“ на Стојан Павлески ќе биде отворена вечер во Музејот на град Скопје. Изложбата е реализирана со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам. Мултимедијалната изложба ’А капела‘ на Стојан Павлески во Музејот на Град Скопје, според професорот по естетика и филозофија, Вангел Ноневски, може да се чита не како репрезентација на спортска симболика, туку како визуелно ...

Собранието на ЕБУ одлучи без гласање дека Израел може да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година, поради што шест земји се откажаа од натпреварот. Драмата што следеше по последните две изданија на Евровизискиот натпревар поради учеството на Израел сè уште не стивнува, а сè кулминираше оваа недела на состаноците во седиштето на Европската радиодифузна унија во Женева, каде што Собранието одлучи без гласање да му дозволи на ...

Хрватскиот состав „Балкан Зу“ со пејачката Нина Ќориќ одржа концерт во Битола со песни од Есма Реџепова. Публиката уживаше во концерт со фламенко и балкански ритми како дел од 17. Фестивал на музика од светот. Не сокривајќи ја радоста што настапува во Македонија, Нина Ќориќ рече дека тие се првиот хрватски бенд на оваа сцена во Битола и дека особено ѝ значи што ги пее песните на Есма Реџепова пред битолската публика. Вечерта беше навистина ...

Лауреати на наградата „Денес“ за млад визуелен уметник до 35 години годинава се: Крсто Глигорјадис, кој добива двомесечен престој во „Residency Unlimited“ во Њујорк, во 2026 година; Мила Добревска, која добива едномесечен престој во галеријата „Простор“ на организацијата „Културен хаб Хрватска“ во Сплит, во 2026 и самостојна изложба во просторот и Наташа Неделкова, која ќе има самостојна изложба во земјава следната година. Наградите беа ...

– Ова Словенечко катче нека продолжи да биде едукативен, културен мост меѓу Македонија и Словенија каков што беше домот на Бистрица Крањец-Миркуловска – порача нејзината ќерка, Милица Анчевски На Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вчера се одржа свечен настан насловен „М-р Бистрица Крањец-Миркуловска – живот и дело“, по повод отворањето на Словенечкото катче при оваа високообразовна институција. ...

Документарецот „Силјан на Тамара Котевска е меѓу петте номинирани за престижната американска награда Независен дух (Independent Spirit), која е предвесник на Оскарите. „Силјан“ е номиниран за најдобар документарец заедно со „Дојди види ме во добро светло“ од Рајан Вајт, „Бескрајно колаче“ на Питер Кривер, „Мојот непосакуван пријател – Дел 1 – Последен пат во Москва“ на Џулија Локтев, „Перфектен сосед“ на Гита Гандбир. Најмногу номинации за ...

На 10 декември 2025 година, со почеток во 20 часот, на Академската сцена при Факултетот за драмски уметности – Скопје, хрватската писателка и драматургина Јасна Жмак ќе го изведе својот авторски перформанс „this is my truth, tell me yours (Ова е мојата вистина, кажи ми ја твојата). Гостувањето на Јасна Жмак во Скопје е дел од тринаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, во организација на Tiiiit! Inc. ...

По премиерата во Македонскиот народен театар на 1ви септември, современата драмска класика „Ангели во Америка: Среќна фантазија на национални теми“ од Тони Кушнер, во режија на Филип Петковски, ќе гостува на сцената на Народниот театар Битола на 6 декември 2025 година со почеток во 20 часот. Овој драмски текст, кој доби признанија како Пулицерова награда за драма, се смета за едно од најмоќните дела на американската драма од крајот на 20 век. ...

Ексклузивниот настан „Менаџмент, Здравје, Убавина“, во организација на Strategic Consulting Services во соработка со EZRA – Здружение за борба против рак на дојка, како и со Evolution by GUAM и GUAM, неодамна ја обедини македонската и регионалната професионална сцена околу трите столба на современиот човечки развој: менаџментот, здравјето и убавината. Во атмосфера исполнета со професионална енергија и желба за промена, преку панел-дискусии, ...

Таа е родена во Скопје, на првиот септемвриски ден, кога започнува и училишната година. Завршила гимназија во ГУЦ „Здравко Цветковски“, но отсекогаш го сакала театарот, глумата и камерата,иако никогаш не планирала тоа да и биде животна професионална определба. На 13 години се запишува во драмското студио “Сцена”, каде под раководство на познатите македонски актери Тони Михајловски и Александар Микиќ за прв пат посериозно се запознава со ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
81%
999
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
5.66
75%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.22
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
89%
1000
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
93%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
92%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Бакар

11.66