Во време кога младите сè почесто ги полнат автобусите за да заминат во странство, неколкумина остануваат тука и се обидуваат да ја изградат својата иднина со сопствени раце. Тие се новата генерација претприемачи, кои не чекаат државна работа, туку отвораат мали бизниси: кафулиња, дигитални агенции, онлајн продавници, па дури и земјоделски брендови. Секој од нив има различна приказна, но едно прашање им е заедничко: може ли навистина да се живее ...

Неколку видови ладен чај кои се продаваат во германските дуќани на Реве и Пени моментално се повлечени од продажба. Се работи на неколку чајни пијалаци на „Јунајтед соф дринкс“ од Утрехт, Холандија, кои се продаваа во овие дуќани, а мерката е превентивна, објави Феникс магазин. Причината, според соопштението на компанијата, се парчиња пластика што можеа да се најдат во некои шишиња од пијалокот. Кои производи се засегнати? Препорачано ...

Нова студија на економисти од Универзитетот Јеил покажува она што многумина веќе го претпоставија – политичките постапки на Елон Маск директно влијаеле врз продажбата на автомобили Тесла во САД. И тоа не е симболично, туку на значаен начин. Според истражувањето објавено од Националното биро за економски истражувања, помеѓу октомври 2022 и април 2025 година, Тесла продала помеѓу 1 и 1,26 милиони помалку возила отколку што би продала доколку Маск ...

Кожни чевли, волнени џемпери, кроени одела: Италија произведува дел од најфината облека во светот. Сепак, голем дел од она што ја сочинува оваа извонредност се базира на фактори кои не се вклопуваат во трендовите на новата мода. Италијанските производители се столбови на глобалната модна индустрија, долго почитувани поради нивните независни модни куќи, рачно изработени производи и локални материјали. Сепак, „Made in Italy“ се соочува со криза: ...

Поради ниската откупна цена, високите трошоци и штетниците, производителите од долината на Неретва бележат загуби. Тие велат дека ќе преживеат и оваа година, исто како што ги преживеале претходните. Сепак, нема решение и економската пресметка за одгледување мандарини станува сè помала, особено во деловите од Неретва до кои може да се стигне само со брод. Препорачано Младите мандарини не вредат, па затоа сегашните закупувачи на парцелите обично ...

Пред војната, Европа трошеше повеќе од 155 милијарди кубни метри руски гас годишно – 45 проценти од вкупното снабдување со гас. До 2024 година, таа бројка се намали на помалку од 25 милијарди долари, не затоа што повеќе не ѝ беше потребен, туку затоа што беше принудена да го замени, плаќајќи три пати повеќе за американски течен природен гас (LNG) – над 50 долари за мегават-час, во споредба со 15-те долари што ги плаќаше за руски гас преку ...

Добавувачот на автоделови Роберт Бош соопшти дека го скратува работното време во својата фабрика во Залцгитер поради проблеми со снабдувањето со чипови, барајќи од државата надомест за плата. „Во фабриката во Залцгитер, флексибилно реагираме на прилагодувањето на производството. Ова значи дека можеме да го користиме проверениот инструмент за скратено работно време, според критериумот на побарувачката, и поднесовме соодветно барање“ до државната ...

Низ целиот свет, научниците се обидуваат да најдат решение за производство на храна што е можно поевтино, која е хранливо вредна и безбедна. Експертите од Институтот за сточарство во Земун одговорија на тоа барање со основање „спин-оф“ компанија чии производи се базираат на комбинирање на традиционални месни производи со иновативна, одржлива технологија на таканаречени хибридни месни производи. Помошникот-директор за наука во Институтот за ...

Добивај вести на Viber Шпаркасе Банка АД Скопје го претставува првиот депозит за млади на пазарот VIBE ON Флекси депозит – нов, модерен и единствен депозитен производ наменет за млади од 18 до 28 години, создаден за генерацијата што сака слобода, флексибилност и контрола над своите финансии. Со VIBE ON Флекси депозитот, младите добиваат можност да штедат по свои правила, да прават дополнителни уплати и исплати во кое било време и со тоа да го ...

Почетокот на ноември, кој се смета за најдобар месец во историјата за акциите, забележа пораст на вредноста на технолошките компании откако „Амазон“ потпиша договор од 38 милијарди долари со „Опен-еј-ај“. Сепак, челниците на Волстрит предупредуваат на можна корекција поради високите проценки. Ги собравме изјавите на „биковите“ и „мечките“ од берзата, па еве што предвидуваат тие. Според инвестициската група „Биспоук“ (Bespoke), американскиот ...

Индиските извозници во понеделникот побараа од премиерот Нарендра Моди итни мерки за ублажување на последиците од одлуката на САД да воведат 50-процентни тарифи на индиските производи, велат извори запознаени со состанокот, додека индустриите со многу вработени се борат со последиците од потегот. Претставници на секторите за обувки, текстил, ракотворби и инженерство побарале поддршка преку одложување на отплатата на кредитите и субвенционирани ...

Добивај вести на Viber По три години континуирана поддршка на уролошките оддели низ Македонија, оваа година Прилепска Пиварница одлучи кампањата да добие нов, уште поактивен правец – директна помош и мотивирање на мажите да вршат редовни прегледи за превенција на машкото здравје. Во рамките на кампањата која ќе трае цел ноември, ќе се поделат лимитиран број на ваучери што ќе ги доделуваме секоја недела, за уролошки и превентивни прегледи во две ...

Здравјето долго време се гледа низ три димензии: физичко, ментално и социјално. Сепак, современиот начин на живот и сложеноста на финансиските одлуки доведоа до нова, четврта категорија на благосостојба: финансиско здравје. Тоа ја вклучува нашата способност да управуваме со парите на начин што носи сигурност, го намалува стресот и ни овозможува да ги постигнеме нашите животни цели. Но, колку навистина успеваме кога имаме толку многу планови и ...

Согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонска берза, Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека врз основа на Одлука на Надзорниот одбор бр. 115/2025 од 31.10.2025 година, г-ѓа Верица Костова е именувана за независен член на Одборот за ревизија на Банката, со мандат во траење од две години. Со ова именување, Банката продолжува да ја зајакнува својата посветеност кон високите стандарди на корпоративно управување, ...

Добивај вести на Viber Од 1 ноември до 31 декември 2025, Евротип ти носи дополнителен бонус „Happy Hour“, достапен секој ден од 09:00 до 11:00 часот. Овој бонус не го заменува, туку се додава на твојот постоечки Твој 777% Бонус. Пример: ако за 8 натпревари добиваш 7% бонус, за време на Happy Hour добиваш вкупно 12% бонус на добивката! Без дополнителни услови – само уплати тикет од 5 или повеќе натпревари во наведениот временски период и бонусот ...

Европската комисија ќе биде таа што ќе ја донесе конечната одлука откако научниците ќе го кажат своето мислење, а бирократите во Европа мора да одлучат дали етанолот е штетен за кожата. Грција верува дека е. Ако Комисијата го потврди ова, тогаш ќе мора да ги промените средствата за чистење. Можете да добиете рак од етанол – ова е митот што Грците сакаат да го разбијат, па затоа иницираа забрана во Европа. Според нив, повеќе нема да има средства ...

Економија ЕКОНОМИЈА | Владимир Филиповски: НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА 2025 ГОДИНА: ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ГЕНЕРИРАН ОД ИНОВАЦИИТЕ НИЗ ПРОЦЕСОТ НА КРЕАТИВНА ДЕСТРУКЦИЈА Економија и бизнис | печатено издание | 01 ноември 2025г. Според официјалната објава на Кралската шведска академија, добитници на Нобеловата награда за економија за 2025 година се тројца економисти за нивниот придонес во „објаснувањето на економскиот раст придвижуван од ...

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ денеска објави раст на профитот откако зголемувањето на цените на билетите и испораките на авиони порано од очекуваното ѝ помогнаа да превезе повеќе патници. Ирската компанија објави профит (пред оданочување) од 2,9 милијарди евра за првата половина од фискалната година, што е за 40% повеќе отколку во истиот период минатата година, објавија ирските медиуми. Препорачано Компанијата превезе 119 милиони ...

Прoсечната месечна нетo плата по врабoтен во Јавното претпријатие „Државни патишта“ (ЈПДП) надминала 1.000 евра уште во текот на ланската година. Тоа најверојатно било овозможено од големата добивка и од високите приходи што се наплаќаат од патарините, регистрациите на возила и од акцизите од горивата, како и од другите услуги, објави „Фактор“. Препорачано Од сите јавон достапни документи, на страната на „Државни патишта“ во последно време ...

Зголемувањето на терминот за дневна евтина тарифа на електричната енергија засега не е опција. Од Регулаторната комисија за енегетика ни соопштија дека во моментов нема економска исплатливост да се зголемат часовите во кои граѓаните плаќаат поевтина струја во текот на денот од таа што е договорена. Во меѓувреме регулаторот е во завршни подготовки во процесот на формирање на новата цена која домаќинствата треба да ја плаќаат од први јануари. ...

Во септември во листата на Агенцијата за вработување (АВР) имало вкупно 137.482 невработени, додека пред една година нивниот број бил 145.768 невработени. Овие бројки покажуваат дека за една година бројот на невработени се намалил за 8.286 невработени. Се намалил и бројот на оние што се изјасниле дека активно бараат работа, како и оние пасивни баратели што се регистрираат колку за социјални бенефиции. Во септември како граѓани што активно бараат ...

Во уште една социјална статистика на Евростат, која се однесува на прашањата за сиромаштијата, Грција е високо на релевантното рангирање, па дури и меѓу првите пет, бидејќи 10,7% од работниците, односно 1 од 10, се во опасност од сиромаштија. Нашата земја е зад Луксембург (13,4%), Бугарија (11,8%), Шпанија (11,2%) и Романија (10,9%). Особено, кај машките работници, 1 од 7 или 13% е изложен на ризик од сиромаштија, при што Грција го зазема ...

Во септември 2025 во однос на септември 2024 има намалување од 2,9 проценти на работниците во секторот преработувачка индустрија, од два проценти во рударство и вадење на камен и од 0,6 проценти во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите енергија за 1,8 проценти, ...

Јапонија ужива рекордна популарност меѓу меѓународните туристи, и покрај проблемите како што се загадувањето, антисоцијалното однесување и „човечкиот сообраќаен метеж“. Од јануари до септември 2025 година, бројот на странски посетители надмина 30 милиони, што е прв пат во историјата. Минатиот месец, Јапонија регистрираше 3,26 милиони пристигнувања на странски туристи, што претставува раст од 13,7 проценти во споредба со истиот период минатата ...

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје. Тој ...

Се очекува нагло зголемување на залихите на течен природен гас (ТНГ) оваа и следната година, што би можело фундаментално да го промени енергетскиот пазар, објави извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, пишува Сега.бг.њус. Тој коментираше дека ТНГ го менува балансот на моќ – со голема понуда, цените паѓаат, а ова е особено релевантно за азиските увозници на горива. Во исто време, побарувачката за електрична енергија ...

Добивај вести на Viber Веста дека „Карфур“, еден од најголемите светски малопродажни синџири, ја разгледува можноста за работа во Србија значи дека следната година може во соседството да видиме продавници со ова лого. Што е „Карфур“? „Карфур“ е еден од водечките малопродажни синџири во Европа, присутен во повеќе од 30 земји, со приходи измерени во десетици милијарди евра. Нивниот императив е пазар регулиран со регулативите на ЕУ и здрава ...

Откако Соединетите Американски Држави (САД) воведоа санкции за извоз на руска нафта, профитот на европските нафтени компании нагло се зголеми. Нападите со беспилотни летала врз руските рафинерии и извозни терминали од јули ги намалија дневните испораки на нафтени производи за 500.000 барели во септември во споредба со оваа година. Препорачано Според податоците од аналитичката компанија „Кплера“, извозот на руска нафта падна на два милиони ...

Извршни директори на Волстрит изјавија дека инвеститорите треба да се подготват за пад на пазарот на акции од повеќе од 10 отсто во следните 12 до 24 месеци, посочувајќи дека ваквата корекција може да биде позитивен развој. Корпоративните профити се силни, но „предизвикот се наоѓа во вредноста на акциите“, изјави Мајк Гитлин, кој помага во управувањето со околу три билиони долари како претседател и извршен директор на инвестицискиот фонд ...

Отворањето на новата скијачка сезона 2025/2026 на Копаоник е планирано за периодот од 4 до 7 декември, а „Скијалишта Србија“ објави нов ценовник на скијачки билети што ќе важат оваа зима. На првиот ден од официјалниот настан „Отворање на скијачките билети“, скијањето ќе биде бесплатно, а од 5 до 7 декември традиционално се доделува попуст од 30 проценти на сите билети во овој период. Работното време на скијачкиот центар ќе биде од девет до 15:30 ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
88%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Алуминиум

2.91

Калај

40.48

Платина

52952.77

Иридиум

145787.60

Злато

135056.24

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Никел

473339.37

Бакар

10.95