Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Британскиот премиер Кир Стармер би можел да испрати илјадници дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток, објави лондонски Телеграф. Воените претставници истражуваат дали системот за пресретнување на дронови „Октопус“, што се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во војната против Русија, би можел да се користи и за зајакнување на одбраната на Велика Британија од иранските дронови „Шахед“, се наведува во текстот на Телеграф. ...
Поради актуелните трендови на глобалниот пазар на енергија предизвикани од војната на Блискиот Исток, веќе има корекција на цените на вештачките ѓубрива, за малку повеќе од 30 проценти во споредба со претходниот период, велат од Петрокемија, и велат дека ќе имаат доволни количини ѓубрива за потребите на пазарот бидејќи производството во нивните погони продолжува континуирано. „Планирани се приближно 100.000 тони минерални ѓубрива за домашниот ...
Облаците од токсичен чад испуштени во атмосферата од воздушните напади на САД и Израел врз иранските нафтени постројки се вратија опасно во форма на „црн дожд“, што ги натера меѓународните здравствени службеници да предупредат за сериозни ризици за јавноста. Жителите во Техеран минатата недела се пожалија на печење на очите и тешкотии при дишењето кога темните и масни врнежи паднаа во близина на иранскиот главен град откако беа погодени ...
Украинскиот Генералштаб на вооружените сили објави дека го погодиле рускиот аеродром Мајкоп во Адигеја. Покрај тоа, погодена е и фабрика во рамките на воено-индустрискиот комплекс во Брјанск. Штабот објави дека е погодена главната производствена зграда, каде што се произведуваат интегрирани кола за разни видови балистички, крстосувачки и противвоздушни ракети. Ударот предизвикал пожар што се проширил на површина од околу 1.000 квадратни ...
Иран упати закана дека ќе го ликвидира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија иранските државни медиуми. — реклама — Полуофицијалната новинска агенција Мехр пренесе дека Исламската револуционерна гарда соопштила оти ќе продолжи да го „прогонува и ќе го убие со сила“. Во истото соопштение, Револуционерната гарда тврди дека во 52-риот бран напади погодила цели во Израел, како и три американски воени бази во регионот. — реклама — ...
Ракети паднаа врз Тел Авив додека Израел пресретна нов бран напади од Иран во раните утрински часови. Конфликтот продолжува во третата недела без знаци дека ќе престане. Иран ги отфрла преговорите за прекин на огнот, додека воздушните напади на САД и Израел продолжуваат. Пријавени се мали повреди додека цивилите трчаа кон засолништата, а ноќното небо на градот беше осветлено од пресретнувањата на одбранбените сили. Ракети паднаа врз Тел ...
Полицијата во Риека му одреди притвор на 63-годишен државјанин на Украина, осомничен дека измамил тројца постари граѓани убедувајќи ги дека на член од нивното семејство му е потребна итна и скапа операција. Откако ќе ја создадел заблудата, од нив преземал пари и накит, при што ги оштетил за речиси 100.000 евра. Од Приморско-горанска полициска управа соопштија дека против него е спроведена криминалистичка истрага поради сомнение дека сторил ...
Техеран, 14 март 2026 (МИА) - Најмалку 15 лица беа убиени во денешниот ракетен напад врз фабрика за ладилници и греалки во централниот ирански град Ишафан, објави полуофицијалната агенција Фарс. Во времето на нападот, во фабриката имало работници, наведе Фарс. Агенцијата го обвини „американско-ционистичкиот непријател“ за ракетниот напад. Израелската армија сè уште не го коментираше инцидентот.сд/ Фото:Икс Техеран, 14 март 2026 (МИА) - ...
Француските избирачи денеска излегуваат на гласачките места на локални избори кои се сметаат за последен голем тест за политичкото расположение пред претседателските избори следната година, јави ДПА. Речиси 49 милиони луѓе имаат право да учествуваат во првиот круг од општинските избори, што ќе одреди илјадници локални советници, кои, пак, ќе избираат градоначалници во своите заедници. Во трките каде што нема да се постигне апсолутно ...
Швајцарија им забрани на два американски воени авиони да прелетаат над нејзината територија поради конфликтот во Иран, соопшти сношти швајцарската Владата, пренесе ДПА. Швајцарските власти се повикаа на законите за неутралност на земјата, кои забрануваат прелети од страните вклучени во конфликтот за воени цели. Барањето на САД се однесуваше на два извидувачки авиони, појаснува германската агенција. Меѓутоа, беа одобрени барањата за еден лет ...
Министерството за одбрана на САД ги објави имињата на сите шест члена на екипажот кои загинаа кога нивниот авион за полнење гориво во воздух, Боинг КЦ-135, се урна во западен Ирак во четврток. Властите сè уште ја истражуваат причината за несреќата, но досега изјавија дека падот на авионот не е резултат на непријателски или таканаречен пријателски оган. Следните загинаа во несреќата: Меј. Џон А. Клинер, 33, од Обрн, Алабама Капетан Аријана ...
Хавана, 14 март 2026 (МИА) - Група граѓани во градот Морон, во централниот дел на Куба, денеска за време на протест го оштетија седиштето на владејачката Комунистичка партија, по што беа уапсени пет лица, објавија властите. Според властите, демонстрациите се поврзани со проблеми во снабдувањето со енергија и пристапот до храна. Владата соопшти дека „вандалските акти“ во Морон биле насочени кон зградата, додека помала група фрлала камења и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во моментов не е подготвен да склучи договор за завршување на војната со Иран, пренесе ДПА. „Иран сака да склучи договор, а јас не сакам да го склучам бидејќи условите сè уште не се доволно добри“, изјави Трамп за Ен-Би-Си Њуз (NBC News) во сношти објавената изјава. Запрашан за условите што треба да се исполнат, тој одговори: „Не сакам да ви го кажам тоа“, пренесе германската агенција. Трамп ...
Бејрут, 14 март 2026 (МИА) – Хезболах соопшти дека денеска извршиле 12 напади со ракети и гранати врз цели на израелската армија и населени места во Западна Галилеја. Цел на нападите на Хезболах биле и еврејските населби Горин-Ајалон и Зарит. Како и градовите Кирјат-Шмона и Метула во Горнба галилеја, што се лоцирани во радиус од пет километри од границата. Хезболах тврди и дека ја нападнал базата на израелските воздушни одбранбени сили во Ајн ...
Војната на Блискиот Исток отвори уште една опасна линија на судир: енергетиката. Откако американските сили погодија воени цели на иранскиот остров Харг, Техеран порача дека секој иден удар врз неговата енергетска инфраструктура ќе биде проследен со одговор врз постројки на американски компании или компании во кои САД имаат удел во регионот. Со тоа, пораката од Техеран повеќе не е само воена, туку и економска: ако биде погодена нафтата, ќе ...
„Русија веќе му даде на Иран беспилотни летала „шахед“. Русите користат ирански лиценци за производство на „шахед“. Тие произведоа многу беспилотни летала и им ги дадоа. Имам 100 проценти потврдени факти дека иранскиот режим ги користел против американските бази на Блискиот Исток и соседните земји на Иран. Ги видовме разузнавачките информации што беа споделени со нас. Овие беспилотни летала содржат руски делови. Украинското разузнавање ми ...
Претседателот на Доналд Трамп упати нов повик до сојузничките земји да се вклучат во воени операции со цел повторно да се отвори Ормуски теснец, кој има клучно значење за светската трговија со нафта. Според американските власти, тензиите во регионот значително го нарушиле поморскиот сообраќај низ овој теснец, низ кој минува голем дел од глобалниот извоз на енергенси. Поради тоа, Вашингтон бара поголема меѓународна поддршка за обезбедување на ...
Јирген Хабермас почина денес на 96-годишна возраст. Веќе почнаа да се појавуваат текстови кои целиот животен век на еден од најзначајните мислители на XX век го сведуваат на една изјава, еден потпис, еден „морален колапс". Разбирливо е — изјавата за Газа навистина повреди многумина, и тоа со право. Но заслужуваме поцелосна слика од онаа што ја нудат брзите пресуди. Најлесно е да се конструира наратив на „од критика кон комплицитет" — права ...
Претседателот на американската Федерална комисија за комуникации (FCC), Брендан Кар, им се закани на медиумските куќи со можност за одземање на дозволите за емитување доколку продолжат да шират, како што наведе, „лажни вести и искривувања“. Предупредувањето доаѓа по серија критики од американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација за начинот на кој медиумите известуваат за конфликтот со Иран, што тие го оценуваат како ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека на неколку членови од својот кабинет им купил исти чевли од омилениот бренд „Флорсхајм“, објаснувајќи дека сакал да им даде поудобна и поелегантна опција. Необичниот потег прво беше откриен во извештај на „Волстрит журнал“, а потоа и самиот Трамп го потврди во радио-интервју, велејќи дека „малку се забавува“ со тоа и дека чевлите се убави и удобни. Според објавените информации, станува збор ...
Националната астрономска опсерваторија (НАО) „Рожен“, дел од Институтот за астрономија на Бугарската академија на науките (БАН), е отворена на 13 март 1981 година. Таа се наоѓа во централниот дел на Родопите, на 1.750 метри надморска височина, место избрано поради чистиот воздух, малото светлосно загадување и големиот број ведри ноќи. Опсерваторијата со децении ја задржува позицијата на најголем астрономски комплекс во Југоисточна Европа. При ...
Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД со месеци се свесни за намалените израелски залихи, но истакнуваат дека американските вооружени сили имаат доволно свои пресретнувачи за да ги бранат своите интереси во регионот. Според достапните информации, Израел влезе ...
Пестицидите со PFAS хемикалии се користат за спречување на мувла и штетници и се пронајдени во овошје како што се лимони, праски и сливи и се поврзани со голем број здравствени ризици. Речиси 40 проценти од неорганското овошје и зеленчук одгледувани во Калифорнија содржат траги од пестициди кои се исто така PFAS, таканаречени „вечни хемикалии“, покажува ново истражување на Работната група за животна средина. Калифорнија обезбедува речиси ...
Владата на САД ги прикажува нападите врз Иран како видео игра, поканувајќи ја јавноста да ја гледа војната преку мемиња и монтажи што ја намалуваат човечката цена од конфликтот. Ова е прв пат во историјата на американското војување вистинската борба да се спакува како содржина за социјалните мрежи, снимајќи вистински убиства во реално време и емитувајќи ги на милионска публика, пишува Axios. Две недели по почетокот на операцијата „Епски бес“, ...
Дел од јавноста изрази загриженост за здравјето на Доналд Трамп. Сè се случи за време на настанот посветен на Месецот на историјата на жените во Белата куќа, кој го организираше со сопругата Меланија Трамп, кога неговата меморија „го издаде“ и ја замени својата поранешна советничка Келиан Конвеј со сегашната портпаролка Каролина Ливит. Во својот говор, Трамп ѝ се заблагодари на Конвеј, пофалувајќи го начинот на кој се справува со медиумите: ...
На 15 март, во Франција ќе се одржи првиот круг од локалните избори. Па, да видиме што да очекуваме од нив. Општ преглед: Секој град ќе ги одржи тие избори без оглед на големината, освен малите карипски острови Сен Бартелеми (977), Сен Мартин (978) и пацифичките острови Валис и Футуна (986) кои имаат посебен територијален статус. Изборите за градоначалник имаат најсилен фактор на актуелност од сите избори, барем за малите градови. Во ...
Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска изјави дека Исламската Република ја смета војната за наметната, додавајќи дека Иран исклучиво се брани себеси и не ги гаѓа цивилните цели во земјите од Персискиот Залив, и дека поради американските напади врз иранската цивилна инфраструктура, оваа земја одлучила да се брани според принципот „око за око“. „Ова не е наша војна. Тоа е војна што ни е наметната. Ние не ја започнавме. Тоа беше ...
Телевизиските гледачи изразија загриженост за здравјето на американскиот претседател Доналд Трамп по, како што го нарекоа, загрижувачкиот момент за време на неговиот говор снимен во живо. Сè се случи за време на настанот посветен на Месецот на историјата на жените во Белата куќа, кој го организираше со сопругата Меланија Трамп, кога неговата меморија „го издаде“ и ја замени својата поранешна советничка Келиан Конвеј со сегашната портпаролка ...
Михаило Порфиријану, но за неговите другари едноставно Татко Молдавац (Бата Молдован), стрелец на противвоздушниот топ ЗПУ-2, човек со челичен карактер и неверојатна животна приказна. Тој има девет деца, доби украинско државјанство неколку дена пред целосната руска инвазија, а сега ја брани Украина на фронтот. – Имам девет деца и осум внуци. Тие се горди на мене и правам сè за да им го направам животот помирен. Бранењето на вашата земја, каде ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги негираше медиумските извештаи дека пет танкерски авиони биле уништени во иранскиот напад врз база во Саудиска Арабија и ги обвини медиумите за ширење дезинформации. Еве што изјави Трамп: Базата беше погодена пред неколку дена, но авионите не беа „погодени“ ниту „уништени“. Четири од петте авиони практично немаа никаква штета и веќе се повторно во употреба, додека еден имаше малку поголема штета, ...