Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Портпаролот на јеменските Хути, Јахја Сара, се огласи за израелско-американскиот конфликт со Иран и испрати порака до иранскиот народ и раководството дека не смеат да се согласат со условите што ги нуди Вашингтон. Сара нагласи дека е важно Иран да остане обединет. – Сфатете ја важноста на вашето единство и интегритет. Вашите непријатели се обединети во нивното непријателство кон Иран. Соочете се со американските барања и не ја губете вашата ...
Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави на социјалните медиуми дека Иран извршил ракетни напади врз американските бази во Ал Удеид во Катар, кампот Арифџан во Кувајт и Харир во Ирак. Иранската државна новинска агенција ISNA соопшти дека „масовното лансирање“ на ракети и беспилотни летала, исто така, ја таргетирало Петтата флота на САД во регионот и дека „оперативната инфраструктура на американската војска е уништена“. Би-Би-Си објави ...
Автомобил се удри во капија на Белата куќа кратко пред 7 часот наутро по локално време во Вашингтон, предизвикувајќи затворање на патиштата околу претседателскиот комплекс. Според властите, возилото се удрило во порта лоцирана на раскрсницата на авенијата „Конектикат“ и улицата „Ејч“, на северната страна од Белата куќа, објави Дејли меил. 🚨BREAKING: A CAR JUST RAMMED INTO THE WHITE HOUSE GATE pic.twitter.com/PEvdwKLaW9 — Spencer Hakimian ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави, како одговор на забраната на Израел за снимање безбедносни локации и преноси во живо додека е на сила предупредувањето за напади, дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не сака да ги види „моќните вооружени сили на Иран како го казнуваат Израел за неговата агресија“. „И ова е она што нашите мажи и жени на терен го пријавуваат: тотално уништување предизвикано од нашите ...
Републиканскиот сенатор Џон Кенеди се извини во име на Соединетите Американски Држави за воздушниот напад врз женско училиште во Иран во кој загинаа 175 лица. Извинувањето дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека трагедијата можеби била предизвикана од иранска ракета што ја промашила целта. „Беше ужасно. Направивме грешка. Други земји ги прават овие работи намерно, како Русија. Ние никогаш не би го направиле тоа ...
Речиси 20.000 цивилни објекти низ Иран се оштетени од почетокот на нападите на САД и Израел врз земјата, соопшти иранската Црвена полумесечина, пренесува Ал Џезира . Тие рекоа дека меѓу 19.734 оштетени објекти има болници и училишта, како и 16 објекти на Иранската црвена полумесечина. Меѓу оштетените објекти се 77 медицински центри и 65 образовни институции. Нападите на САД и Израел врз Иран се одвиваат 12 дена. Досега иранските власти ...
Published: Wednesday, March 11, 2026 14:05 Италијанската премиерка предупреди дека нападите врз Иран се дел од опасен тренд на едностраните интервенции, додека Рим продолжува да обезбедува противракетни системи за заштита на граѓаните и војниците во Заливот. Италијанската премиерка Џорџа Мелони остро го осуди американско-израелскиот напад врз Иран, опишувајќи го како дел од растечки и опасен тренд на интервенции „надвор од рамките на ...
Конфликтот на Блискиот Исток се интензивира. Иран изврши напади со ракети и беспилотни летала врз неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Израел, Катар и Обединетите Арапски Емирати, додека Израел и САД возвратија со воздушни напади врз ирански цели и во Либан. Американските сили целосно уништиле 16 ирански пловила кои поставувале мини во Ормускиот Теснец. Пентагон разработува дополнителни опции по директива на американскиот претседател ...
Министерството за правда на САД разгледува дали Иран ја користел големата криптовалутна берза „Бајненс“, за да ги заобиколи санкциите, објави „Вол стрит журнал“, повикувајќи се на документи и лица запознаени со случајот, а пренесува „Тајмс оф Израел“. Во извештајот се наведува дека не е јасно дали самата платформа е предмет на истрагата или истрагата е насочена кон корисниците на „Бајненс“. Ова не е првпат „Бајненс“ да се соочи со закони кои ...
Во бугарскиот град Враца, датумот 11 март се одбележува со повеќе настани во чест на Свети Софрониј, епископ Врачански, кој се смета за небесен покровител на градот и епархијата, јавува БНР. По повод празникот се одржа архиерејска богослужба во храмот „Вознесение Господово“, кој го носи неговото име. Од 11 часот пред неговиот споменик, дело на скулпторот Крум Дамјанов, се одржа и свеченост за граѓаните. Историчарот и режисер Искрен ...
Владата на Словачка, покрај ветото на новите рестриктивни мерки кон Москва и заемот за Украина, се закани дека ќе ги укине постоечките санкции кон Русија. – Словачка ќе го блокира продолжувањето на веќе усвоените мерки за забрана на визи и замрзнување на средства за 2.672 руски поединци и субјекти доколку двајца руски олигарси не бидат отстранети од листата, објави „ЕУОбсервер“ (EUObserver) повикувајќи се на неименувани дипломати од ЕУ. ...
Нафтата поевтинува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) разгледува рекордно пуштање на стратешките резерви на нафта, потег што веднаш почна да ги „лади“ светските берзи. По најавите за најголемата координирана акција во историјата на организацијата, цената на нафтата од типот „Brent“ се спушти на околу 87 долари за барел. Оваа иницијатива доаѓа како директен одговор на шоковите предизвикани од конфликтот со Иран и блокадите во Персискиот ...
Возило се удри во портата на Белата куќа во Вашингтон, по што полицијата ја пребара околината и го уапси возачот. Комбе проби низ безбедносна барикада во близина на Белата куќа во среда наутро, објавија американските медиуми, повикувајќи се на Метрополитенската полиција. Возачот е уапсен, соопштија и локалните извештаи. Инцидентот се случил околу 6:37 часот наутро (локално време), а полицајците реагирале за да ѝ помогнат на Тајната служба ...
Кремљ ја обвини Велика Британија дека учествувала во смртоносниот украински напад врз рускиот град Брјанск, во кој биле користени британски ракети „Сторм шедоу“. Гувернерот на Брјанската област соопшти дека во вчерашниот напад загинале најмалку шест цивили, а 37 се ранети. Украина, пак, соопшти дека погодила клучна фабрика која произведува компоненти за руски ракети. Storm Shadow missiles strike the “Kremniy El” factory, – General Staff ...
Островот Харг – низ кој тече 90 проценти од извозот на нафта од Иран – е веројатно најчувствителната економска цел на земјата, но извозниот терминал досега остана недопрен во текот на кампањата за бомбардирање меѓу САД и Израел. Експертите велат дека бомбардирањето или заземањето на локацијата со американските сили веројатно би предизвикало ново зголемување на веќе растечките цени на нафтата, бидејќи тоа би значело целосно прекинување на ...
Иранската воена команда денес објави дека банките и финансиските институции сега се нивна цел на Блискиот Исток . Штабот на Хатам ал-Анбија издаде соопштение во кое ги објави новите цели. Ова се случи откако иранските медиуми објавија дека вработените во банка во Техеран биле убиени во израелско-американските воздушни напади. Заканата особено би го загрозила Дубаи, дом на многу меѓународни финансиски институции, како и Саудиска Арабија и ...
Зборувајќи во средата на Сенатот, Мелони рече дека на Иран не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје, но рече дека Израел и САД дејствувале надвор од границите на меѓународното право. Таа нагласи дека Италија не е во војна и нема да влезе во неа. „Мораме да ја ставиме американската и израелската интервенција против иранскиот режим во контекст на кризата на меѓународниот систем - во која заканите стануваат сè поалармантни, а ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно го коментираше ставот на земјата во врска со војната на Блискиот Исток, велејќи дека бран на гордост ја зафатил како Шпанија така и целиот свет поради ставот на Мадрид. Во интервју за шпанскиот весник „Ел Диарио“, Санчез изјави дека ставот на Шпанија е обврска на владата која тој ја предводи. „Кога рековме „не на војната“, се појави бран на гордост што сме Шпанци, не само во нашата земја, туку и меѓу ...
Украинските сили ја погодија една од најважните руски воени фабрики, објави претседателот Володимир Зеленски. Во нападот врз фабриката „Кремниј Ел“ во градот Брјанск биле користени британски проектили со долг дострел „сторм шедоу“, кажа украинската војска. „Фабриката произведуваше електроника и делови за руски проектили. Оние проектили кои ги гаѓаат нашите градови, села и цивили“, рече Зеленски. Украинската војска објави снимка од нападот, на ...
Во Волфсбург, падот на профитот се објаснува со комбинација од неколку фактори, високи трошоци за реструктуирање на концернот, американски увозни давачки и сериозни проблеми во Порше. Профитот на германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ нагло падна минатата година, а менаџментот на концернот истовремено најавува големо реструктуирање кое вклучува значително намалување на бројот на вработени во Германија. Како што објави компанијата во ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди, како што го нарече, „стратешкото молчење“ на Обединетите нации по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран. – Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се ‘задуши’ – изјави Захарова. – Може да се пушти ...
„Во принцип, ние ја поддржуваме имплементацијата на проактивни мерки за справување со ситуацијата, вклучително и користењето на стратешките резерви“, се вели во денешното заедничко соопштение на министрите за енергија на земјите од Г7. Цените на нафтата значително се зголемија по почетокот на војната. Земјите од Г7 ги вклучуваат Германија, САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Франција и Италија. Лидерите на земјите од Г7 планираат да ...
Романскиот претседател Никусор Дан свика состанок на Врховниот совет за одбрана за да разгледа дали да им се одобри пристап на САД до романските воени бази за поддршка на операциите поврзани со Техеран, соопштија ромоански политички извори. На првиот состанок во годината, Советот ќе разговара за безбедносните последици од конфликтот на Блискиот Исток, неговото влијание врз романскиот енергетски пазар, како и за можноста за привремено ...
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок за борбите во Либан, додека војната беснее низ Блискиот Исток. Советот на ОН треба да се состане во 10 часот наутро (14:00 GMT) во Њујорк. Дипломатите изјавија дека очекуваат да гласаат и за нацрт-резолуцијата презентирана од Бахреин во име на членовите на Советот за соработка во Заливот (GCC). Државите од Заливот продолжуваат да се соочуваат со ракетни и беспилотни напади од Иран. ...
Тајландската морнарица соопшти дека се вклучила во акција на спасување откако тајландски товарен брод бил погоден додека пловел низ Ормускиот Проток и се запали. Таа кажа дека на бродот имало 23 тајландски државјани. Според тајландските власти, морнарицата на Оман спасила 20 члена на посадата и е во процес на спасување на уште тројца. Бродот бил нападнат неколку часа откако испловил од пристаништето во Калифа во Обединетите Арапски Емирати. ...
Обединетото Кралство сака да се преставува како бранител на демократијата и лидер во соочувањето со авторитарните режими. Сепак, кога станува збор за Исламската Република Иран, политиките на Велика Британија откриваат многу понепријатна реалност И покрај годините предупредувања од безбедносните службеници и пратениците, владата на Велика Британија сè уште не успеа да го означи Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) како ...
Ова е приказната за Веда Беј и како природата се жртвува за рударството во последните диви предели на планетата. Анализата открива повеќе од 3.000 рударски операции во најприродните скапоцени области со многу поголем отпечаток отколку што се сметаше досега. Фотографијата горе е од заливот Веда во Индонезија во 2010 година. Пред само 15 години, областа беше претежно покриена со дождовни шуми и корални гребени. Племето ловци-собирачи Хонгана ...
Иран објави дека може да ги таргетира „финансиските центри и банки“ поврзани со американски и израелски субјекти „во регионот“ по израелскиот напад врз иранска банка. Во исто време, предупредува и за напади врз инфраструктурата на гигантите за нова технологија. Портпаролот на седиштето на Хатам ал-Анбија, цитиран од Ал Џезира, карактеристично изјави дека „непријателот ни ги одврза рацете за да ги таргетира финансиските центри и банките што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе прогласи крај на војната со Иран. Но, тој момент ќе има помалку врска со тоа дали неговата мисија е исполнета – каква и да е таа мисија всушност – отколку со тоа колку политичка и економска болка може да издржи Трамп. Прагот на издржливост на Иран е речиси сигурно повисок од неговиот, пишува уредникот на „Фајненшл тајмс“, Едвард Лус, во коментар за весникот. Трамп, секако, ќе го претстави ...
Околу 140 војници на САД се повредени откако започна војната со Иран. Ова го потврди Пентагон. Седум од повредените се во тешка состојба, а останатите се полесно повредени. Бројот на повредени е објавен откако во текот на викендот, Централната команда на САД објави дека седми американски војник загинал по иранскиот напад врз американските сили во Саудиска Арабија, а шест други војници беа убиени во напад врз оперативен центар во Кувајт. ...