Имаме победа во над триесет општини уште во првиот круг. Разликата е два спорема еден, некаде три спрема еден. Некаде е и многу поголема, порача Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ синоќа обзнанувајќи ги резултатите од локалните избори. – Имаме победа и во општини каде СДСМ имаше свои градоначалници. Победивме убедливо во првиот круг во Струмица. 20 години чекавме за овој ден, 20 години. Имаме победа и во Делчево, победивме и во Берово. ...

Демократски сојуз настапи самостојно за избор на советници во Советот на Општина Конче, при што од вкупно излезени 1.888 гласачи, Демократски сојуз освои 164 гласа или 8,69% од излезените. За ДС освоените гласови се сериозен потенцијал за партијата што покажува дека ДС има сериозен потенцијал и солиден придонес во огромната победа на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ , предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултати. По 20 години ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС, Струмица. Уште во вториот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков го освои градоначалнички мандат, забележувајќи историска победа со разлика од над 5000 гласови. Освен во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ победи и со тоа зазеде уште неколку општини во кои до сега градоначалници имаше СДСМ. Во прв круг ВМРО-ДПМНЕ ги ...

Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на картел во јужниот дел на Карибите, покрај брегот на Венецуела. Според американските разузнавачки служби, бродот не бил вистинска подморница, како што претходно тврдеа некои официјални лица, туку полу-нурнат брод што се движел по позната шверцерска рута кон САД. Бродот, според Пентагон, носел голема количина нелегални дроги, ...

Авганистан и Пакистан се согласија на моментален прекин на огнот на разговорите во Доха, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар. За време на разговорите што започнаа во саботата во Доха, „двете страни се согласија за моментален прекин на огнот и воспоставување механизми за консолидирање на траен мир и стабилност“, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар во соопштение објавено на Икс. Условите на договорот не беа ...

Италијанката Софија Коради, креаторката на образовната програма Еразмус што им овозможи на милиони млади луѓе да студираат во други европски земји, почина во Рим на 91-годишна возраст, објавија вчера италијанските медиуми. Софија Коради, која подоцна ќе стане професорка на Универзитетот во Рим, како студентка доби престижна американска стипендија Фулбрајт, која ја однесе на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што дипломирала право. Таа ...

Голем број беспилотни летала го нарушија воздушниот простор низ Европа во последните недели, предизвикувајќи тревога поради повторените упади со дронови и доведувајќи до затворање на аеродроми и откажување на летови. Прстот се насочува кон Русија за роевите дронови, иако Москва негира вмешаност, а истражителите сè уште собираат докази. Кој и да стои зад инцидентите, владите и регулаторите се под притисок да најдат решенија. Во текот на ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да оди во затвор во вторник поради неговиот заговор за обезбедување либиско финансирање за неговата претседателска кампања во 2007 година, што го прави првиот поранешен шеф на земја од ЕУ што отслужува казна затвор. Саркози, десничарски претседател на Франција од 2007 до 2012 година, беше осуден кон крајот на септември за заговор за финансирање на неговата изборна кампања со покојниот ...

Музејот Лувр во Париз вчера утрото беше местото на еден од најспектакуларните и најдрските грабежи во неговата историја. За само седум минути, околу 9:30 часот наутро, група неидентификувани крадци провалија во галеријата Аполо, простор познат по изложбата на кралски накит, и украдоа осум непроценливи историски накити. Според официјалното соопштение од француското Министерство за култура, целта биле две високо-обезбедени витрини во кои се чува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас е сè уште на сила и рече дека нема да ги укине царините за Индија сè додека не престане да купува руска нафта. „Да, е“, одговори Трамп кога новинарите го прашаа дали прекинот на огнот е сè уште на сила. Тој исто така рече дека лидерите на Хамас не биле вклучени во наводното кршење на прекинот на огнот, но дека „некои од ...

Товарен авион од Дубаи се излизга од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано утрово, соопшти аеродромот, а локалните медиуми објавија дека две лица загинале. Фотографиите направени по несреќата, која се случи во 3:50 часот по локално време, го покажуваат товарниот авион Боинг 747 со ознаки AirACT полупотопен во морето во близина на аеродромот. Четири члена на екипажот се спасени, соопшти аеродромот во Хонг ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе даде, ниту ќе заборави“ ништо на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената и енергетската соработка со меѓународните партнери. Киев активно работи на обезбедување воена и енергетска поддршка за наредниот период, пишува „Јунајтед24 Медиа“. Во своето последно обраќање, Зеленски откри дека Украина работи со европските сојузници за проширување на програмата PURL и ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека администрацијата на Доналд Трамп ќе продолжи со напорите за мир во Украина, без оглед колку ќе трае процесот, пренесе „Укринформ“. На прашањето за можната испорака на ракети „Томаховк“ на Украина, Ванс рече дека претседателот Трамп го слушнал тој барање, но сè уште нема донесено одлука. „Тој мора да води сметка за безбедноста на САД и да обезбеди дека клучните оружени системи остануваат за ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави во Белград дека сега е вистински момент Србија да преземе конкретни чекори кон членство во Европската Унија. Таа порача дека Србија треба да покаже напредок во владеењето на правото, медиумите и изборните реформи нагласувајќи дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија, мора да се зголеми. Фон дер Лајен истакна дека ЕУ очекува Србија ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон. „Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на највисоко ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, ...

Со само 301.799 гласови колку што ВМРО ДПМНЕ освои на советите на Локалните избори, според податоците кои утрово ги објави СДСМ, или приближно 16.48% од 1.831.413 запишани гласачи успеа да ја превземе целокупната власт. Ова практично значи дека само 16,5 отсто од граѓаните одлучиле за останатите 83,5 отсто од граѓаните и за нивната иднина. Но тука не е виновна ВМРО ДПМНЕ или нивните гласачи, туку политичкиот систем кој дозволува со толку малку ...

– По преброени 99% од гласовите, се потврдува она што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови, соопштија ОД СДСМ. – Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјаи дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини. Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Филипче: „Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот ...

Изјава на Христијан Мицкоски: Драги пријатели, Ви ветивме победа и имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности. Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но, оваа убедлива победа не е крајот. Ова е само почеток на новата македонска енергија: мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку лајв видео информира дека на само една недела пред изборите одредени партиски структури спроведуваат црна кампања со намерно оставање на смет покрај празни контејнери, со цел да се прикаже лажна слика дека општината не работи и дека општинските служби не ја одржуваат хигиената. „Ова е врв на црната кампања. Намерно се остава отпадот надвор, покрај празните контејнери, за да се создаде ...

Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите. Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување. На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје се евидентирани следните настани: – ОЈО ...

Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1, напиша актуелниот градоначалник на Штип Иван Јорданов. – Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле. Новиот мандат нема да биде нова ...

– На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес, соопшти Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ. – Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата ја имаат пред се граѓаните на Македонија. Им благодариме на сите граѓани, на нивниот ...

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ Генерално имаше мирен ден, но за жал констатиравме и бројни прекршувања на изборниот процес. Злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, кршење на изборниот молк преку агитирање и како и нерегуларности при самото гласање. Во Лозово на пример е спречен е обид за поткуп, документиран и од страна на МВР. Обиди за поткуп има и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за медиумите, таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори. „Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите. ...

– Ви благодарам на сите за присуството, очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска. Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалнил Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го остварија нивното право на глас во Дебар Маало. Герасимовски, истакнува дека овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар. „Заедно со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Овој ден е важен, затоа што со секој глас ја градиме демократијата и ...

Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје, информираше полицијата. Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44). Според податоците на МВР, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес, биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат. Се преземаат мерки за расчистување на ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
100%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.54
66%
1027
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.63
92%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
78%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1026
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.24
95%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
71%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Сребро

2060.60

Кобалт

58.42

Платина

58054.69

Паладиум

50058.71

Алуминиум

2.87

Бакар

10.87

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Цинк

3.13

Рутениум

29192.88

Злато

138408.99

Калај

41.30