Претседателот на Собранието Африм Гаши заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, оствариле работна средба со министерот за правда Игор Филков, на која се разговарало за Изборниот законик. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, било договорено Министерството за правда, до втората половина на јануари, да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на нов Изборен законик. Во работната група ќе ...

Очигледно некој треба да му го одземе пристапот од фб страната и веб страната на СДСМ и на тој што ги пишува соопштенијата затоа што ако има лични фрустрации од некого не треба да ја користи партијата за свои пресметки. Пишувањава се како лични профили на неколку помали србофобни коалициони портали кои својата политичка кариера ја градат на србофобија кои се длабоко влезени во СДСМ со цел да ја спроведуваат својата србофобна политика, објави ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процесoт на евроинтеграциите. – Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Консензус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои ...

Кошаркарската федерација на Македонија денеска, во Скопје, го одржа редовното годишно Собрание. Верификациската комисија утврди дека на седницата на Собранието беа присутни 39. од 45. делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации со право на глас. На седницата беа донесени одлуки за услогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат започнатиот објект. -Сакам да дадам едно предвидување, мислам дека не е добро, но ред е да го ...

Мирослав Шиповиќ, член на СДСМ и поранешен претседател на Советот на Општина Центар во 2013 година во периодот кога Андреј Жерновски бил градоначалник, јавно реагираше на состојбите во сениорскиот дел на Извршниот одбор на партијата. Во својот статус тој изрази незадоволство од однесувањето на дел од раководството, кое според него, наместо чесна работа и визија, се фокусирало на лични интереси и позиции. „Длабоко потресен и емотивно ...

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа Влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил, како резултат на некакви си договори, нема да има. И тоа се гледа“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски како одговор на пратеничко прашање во Собранието. „Многу пати коментиравме во јавноста дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога сме разговарале воопшто на оваа тема во процесот за ...

Џон КИРЈАКУ, екс офицер на ЦИА Дури и во доцните 1970-ти, Авганистан беше нето извозник на храна. Произведуваа толку многу храна што ја извезуваа во Пакистан. Низ земјата течат реки, покрај бреговите на реките е целосно зелено. Успеваа да произведат толку многу храна што можеа да го нахранат секој Авганистанец и плус да извезат во Пакистан. Неверојатно е. Во тоа време, Авганистан учествуваше со 0% во светското производство на хероин. А, ...

Три пати ќе биде проширена позитивната листа на лекови во 2026 година, а фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека според нивна проценка, има голема потценетост на кардиоваскуларните заболувања од кои е најголема смртноста. Во врска со проширувањето на позитивнита листа лекови, Клековски им се извини на граѓаните ...

Честитка на Трамп објавена за мрежата Трут сошл Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и радикалните леви ѓубриња кои прави сè што е можно за да се уништи нашата земја, но планот им пропаѓа. Веќе немаме отворени граници, мажи во женски спортови, трансродови лица за сите, ниту слабо спроведување на законот. Она што го имаме е рекордна берза и 401K’с (заштеди за пензџија, н.з.), најниски бројки на криминал во последниве децении, без инфлација, а ...

На денешната собраниска седница пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска најави дека протестот пред Цементарница Усје е во организација на нејзината партија. „Денеска токму во 18:00 часот имаме еден протест кај Цементара Усје за сето она коешто ни се случува за оној отровен воздух којшто го живееме“, порача Лукаревска. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави дека прашањата кои се поврзани со квалитетот на воздухот ќе ги решава со вклученост на ...

Институтот за јавно здравје го посети Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, заедно со г-ѓа Рози Мицкоска како промотор и подржувач на јавното здравје. ИЈЗ одржа едукативно предавање за здрави навики, исхрана и хигиена, а учениците подготвија претстава за сите присутни. Се поделија пакетчиња и подароци за децата. Настанот претставува продолжение на успешната соработка која започна минатата година со ...

Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците во четири години. Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Пратеничката Драгана Бојковска постави прашање за платите на наставниците упатено до премиерот Христијан Мицкоски, кој одговорот ѝ го препушти на ресорната ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје. -При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската ...

Животниот стандард е битка која што во континуитет треба да ја води една влада, односно како до подобар животен стандард во континуитет треба да се бориме и да работиме, затоа што таа битка не смеете да ја изгубите, затоа што ако ја изгубите логично е дека ќе ја изгубите и довербата кај граѓаните“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на пратеничко прашање. Мицкоски посочи дека СДСМ како влада ...

Да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, да се зафати со темелна и напорна работа, а во иднина и да се позанимава многу подетално и многу повеќе со поднесените преку 100 кривични пријави од институциите што сега стојат во нечии фиоки во Обвинителството, тоа го очекувам од новиот државен јавен обвинител, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање. Како што напомена, „народот со право е жеден ...

Денес, во услови кога имаме јасна надолна линија на инфлацијата, една од најниските во Европа, под 4 отсто, со тенденција идната година да се стабилизира меѓу 2 и 3 проценти, опозицијата, во отсуство на креативна идеја и реални политики се занимава со клеветнички напади врз Владата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој од собраниската говорница, одговорајќи на пратеничко прашање, порача дека СДСМ имаше можност да направи нешто за ...

Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42-катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и ...

Токму кога ДУИ беше во владата и прв потпретседател беше Артан Груби беше дадено мислење и препорака за бришење на алатката Балансер, а одлуката на Уставен суд јас не ја коментирам зашто одлуки на Уставниот суд не се коментираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на тврдењето на пратеничката од ДУИ Рина Ајдари. На седница за пратенички прашања таа кажа дека оваа Влада ја укинала алатката за правична застапеност и оти речиси две години, како ...

Сашо АРСОВСКИ Секоја година, со приближувањето на Божик, повторно се отвора старото прашање: кога навистина е роден Исус Христос и зошто празникот се слави на различни датуми – 25 декември и 7 јануари. Ист празник, а два датума – еден се слави во старата година, а друг во новата. Римокатоличките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Божик, а по две недели и останатиот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во однос на поскапувањето на цената на струјата, нагласи дека изминатиот период тие постојано ја манилупирале јавноста со бројки за покачуваење на цената од над пет проценти, над десет проценти за на крај да излезе дека поскапувањето е 2 и нешто проценти. -Ова прашање можеби ...

Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да се скрие зад празни зборови. Во Гостивар е извршена една од најсериозните финансиски злоупотреби што локалната самоуправа во С. Македонија некогаш ги видела. Сала на општинскиот совет, која технички и функционално можеше да се изгради со максимална цена од 50 илјади евра, беше изградена по скандалозна цена од ...

Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ, кој отпушти седум вработени Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците – институција од клучно значење за спроведување на Охридскиот договор и за гарантирање на меѓуетничката еднаквост во државата, стои во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Оваа ...

Во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје синоќа скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов служеше полноќна божиќна света литургија, на која ја упати својата Божиќна порака. – Како католички христијани, ја завршуваме Светата Јубилејна 2025 година. Беше година на прошка и благодат од Господ, а јубилејна е затоа што го одбележува воплотувањето на Христос. Бог се воплоти за да ни даде живот, не било каков, туку живот во ...

Со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција вчера спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија. -Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по ...

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, се обрати со јасна и отворена порака за состојбата во која е затекнат градот и за резултатите што се постигнати во краток временски период. При разгледувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, градоначалникот посочи дека по наследеното катастрофално финансиско и институционално наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација, одговорно ...

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV ја служеше својата прва полноќна божиќна миса во базиликата Свети Петар, при тоа ги потсети верниците на нивната должност да им помогнат на сиромашните и на странците. Тој во проповедта наведе дека Исус, кој е роден во штала, бидејќи немало место во гостилницата, им покажува на следбениците дека одбивањето да им се помогне на оние на кои им е потребна помош е еквивалентно на одбивање на ...

Премиерот Христијан Мицкоски во свое лично име и во име на Владата на сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар им го честита празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје. Во продолжение следува честитката од премиерот: Овие празнични денови нека ги исполнат домовите со радост, љубов и Божји благослов. Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и ...

Администрацијата на американската сојузна држава Калифорнија прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и во неколку окрузи во јужниот дел на државата поради обилните дождови што предизвикува поплави. Во јужниот дел од Калифорнија прогласено е највисоко ниво на подготвеност за евакуација на населението. Во три градови во округот Лос Анџелес беше издадено предупредување од појава на торнадо, но подоцна беше укинато. Властите ги предупредија ...

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.47

Бакар

11.66

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Паладиум

53434.54