Последната одлука на министерот Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени Албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата. Фактите укажуваат на јасни елементи на спорен процес, и во процедурна и во материјална смисла, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Според презентираните податоци: – ...

Ние играме многу тивко, анализираме, мериме пред да пресечеме и не правиме естрада од ништо. Едноставно ги движиме работите напред, тоа е нашата стратегија. Значи не сакаме премногу естрада, галама, бука, туку едноставно сето тоа да биде одмерено, и да не се случува некоја хистерија со која ние ќе станеме здодевни кај граѓаните и претенциозни, тоа не ни е желбата. Тоа не е добро. Затоа се трудиме на овој начин да ги водиме политиките“, вели ...

Потпретседателката на СДС, Фани Сорос Каранфилова Панова, која кога првпат стана десна рака на Филипче кажа дека познава „два-тројца во партијата“, а при „кам-бекот“ на пол-позицијата знаеше само еден (во меѓувреме другите двајца заминаа, еден во ЗНАМ, другиот во Левица), госпожа заменичка на Венко звани Заев Трети која доаѓа од редовите на ФИООМ на познатиот мизантроп Џорџ Сорос, сега не можела да спие од загриженост зошто владата не го ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека ние сме една од првите влади во Европа што оди со намалување на даноците за горивата и дека ако некогаш се коленичеше за помош, сега ние сме тие што рефлектираат стабилност и им помагаат на соседите, при што посочи дека не треба да се заборави дека оваа Влада враќа 2,5 милијарди евра стари долгови на претходните влади. – Се обидувам врз основа на оние информации што ги имам и добивам ...

Седумнаесет нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker) за македонската Армија денеска се промовирани во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец. Возилата се набавени од Соединетите Американски Држави, како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. Согласно договорот, предвидена е набавка на 42 возила „страјкер“, а денешната презентација на 17-те возила е дел од првата испорака. Претходно, исто во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот „пријател“, конзервативниот унгарски премиер националист Виктор Орбан, повикувајќи ги Унгарците да го поддржат на изборите закажани за идниот месец. „Унгарија: Одете да гласате за Виктор Орбан. Тој е вистински пријател, борец и победник, и има моја целосна и безусловна поддршка за повторниот избор за премиер на Унгарија“, напиша Трамп на својот профил на социјалната ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржа предавање на Правниот факултет во Загреб. За време на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со деканот проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето, кое ќе се одржи на хрватски јазик, ќе овозможи интеракција со студентите преку поставување прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука проф. д-р Елизабета Ивичевиќ-Карас. ...

Амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбае денеска ќе го посети Собранието. Како што информираат од собраниската служба, Донгбае ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во Собранието, членовите на Комисијата за локална самоуправа денеска ќе остварат средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) во Република Македонија. Амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбае денеска ќе го посети Собранието. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Република Полска. Како што информира МНРиНТ, посетата на Муцунски на Полска е на покана од заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски. – Ова е прва билатерална посета на министерот Муцунски на Варшава. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните ...

Шеесет селани, жени, деца и старци на денешен ден се загинати во масакрот што во 1905 година бил извршен во селото Загоричани во Егејска Македонија од страна на грчките андрати. Трагедијата селото ја доживеало на 25 март (7 април по нов стил), 1905 кога околу 200 до 300 грчки андарти го запалиле селото, а населението го масакрирале. Убиле 60 селани, имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. Масакрот го организирал костурскиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со новинарите во Овалната соба за војната во Иран, јави Би-би-си. Медиумот забележува дека единственото прашање што не било иницирано било можното распоредување на американски трупи во Иран. Еден час пред појавувањето на Трамп, неколку новински агенции објавија дека Пентагон е близу до финализирање на наредбата за испраќање илјадници американски трупи во Иран. Но, Трамп не беше прашан ...

Две лица се приведени во Германија и Шпанија под обвинение за шпионирање во корист на руското разузнавање, соопшти денеска Канцеларијата на германскиот сојузен јавен обвинител. Агенцијата наведе дека цел на шпионите бил Германец кој доставувал дронови и сродни компоненти за Украина, пренесе ДПА. Жена (45) од Романија е приведена во северозападниот германски град Рајне, додека 43-годишен маж од Украина е уапсен во југоисточниот шпански град ...

Европската Унија ги засилува напорите за борба против шверцувањето мигранти со нова единица во рамките на Европол, чија цел се меѓународните мрежи за шверц. Директорката на Европол, Кетрин Де Бол на прес-конференција во Хаг, денеска изјави дека мрежите за шверцување мигранти „оперираат со зголемена сложеност, како на интернет, така и надвор од него“. – Ако сакаме да ги разбиеме овие мрежи, мораме да се развиваме исто толку брзо – рече таа. Де ...

Кралската морнарица на Обединетото Кралство ќе ја предводи „Коалицијата Ормуз“ за повторно отворање на клучниот проток, јави „Тајмс“. Велика Британија ќе испрати бродови за чистење мини заедно со американската и француската морнарица, изјавиле британски претставници за медиумот. Некои од тие пловила би можеле да бидат автономни. Обединетото Кралство, исто така, понуди да биде домаќин на самит за повеќе од 30 нации кои потпишаа заедничка ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот Фејсбук профил, во која наведува дека во фокусот на разговорот биле економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за реализација на заеднички иницијативи во повеќе области од ...

Индија ја поддржува деескалацијата на војната на Блискиот Исток и воспоставувањето мир што е можно поскоро, изјави денеска премиерот Нарендра Моди. Индискиот премиер напиша на Икс дека имал „корисен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Западна Азија“. -Обезбедувањето дека Ормуската теснина останува отворена, безбедна и достапна е од клучно значење за целиот свет, напиша Моди. -Се согласивме да останеме во ...

Зголемување на казната за речиси 30 евра за оние кои не користат билет во јавниот превоз; построги казни за насилство врз контролори; општествено корисна работа за оние кои го вандализираат јавниот превоз; субвенции до 20.000 евра за електрични такси возила, се главните одредби од новиот закон на Министерството за транспорт на Грција што доцна синоќа беше изгласан во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Казната за возење без билет ...

Братислав ДИМИТРОВ Скопските кина се убави само уште во фантазијата на провинцијалците и старите скопјани. Првите со куфер полни со тегли компот, ајвар, волнени чорапи и големи надежи, пристигаат во големиот град. Зад себе го оставаат своето босоного детство, таткото од Фројдистички прирачник и мајката од натуралистичка проза. Се разделуваат и од својата прва љубов, која редовно им пишува долги неутешни писма со мирис на лаванда и паланечка ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран му дал „подарок“ вреден „огромна сума пари“ поврзан со Ормуската Теснина и прашањата за нафтата и гасот. На новинарско прашање во Овалната соба зошто им верува на Иранците, тој прво инсистираше на тоа дека не му верува никому, пред да открие: „Тие вчера направија нешто што беше неверојатно — ни дадоа подарок … кој пристигна денеска“. – Тоа беше многу голем подарок вреден огромна сума ...

Поморскиот сообраќај во Ормуската Теснина останува сериозно ограничен во екот на војната во Иран, пренесе ДПА. Според давателот на податоци „Kpler“, само три бродови со вклучен Систем за автоматска идентификација (AIS) денеска поминале низ протокот во Заливот. Портпаролот на индиското Министерство за пристаништа, превозот и водните патишта изјави дека Иран дозволил два танкери со течен природен гас (LNG) да поминат без инциденти. Претходно ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари работна посета на Република Полска. Како што информира МНРиНТ, посетата е на покана од заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски. -Ова е прва билатерална посета на министерот Муцунски на Варшава. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, особено економската ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата му нуди на Јавното обвинителство преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел објективизирање на процесите и спречување на можностите за корупција или намерно одолговлекување на предметите. Во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Андоновски посочи дека дигитализацијата е неопходна за намалување на ...

Владата известува дека утре 25.03.2026 година (среда) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на оклопни возила STRYKER во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец. Оклопните возила STRYKER се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. Во рамките на соработката со САД се реализираат два договори на принципот Влада-со-Влада, станува збор ...

Денеска сме на уште една улица во Ѓорче Петров. Се работи континуирано и неуморно, со цел да излеземе во пресрет на што е можно поголем број жители на нашата општина. И тука нема да застанеме, објави на својата Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски. -За скоро време започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Воин Драшкоци“ во Хром. Во план е и уредување на главниот пат во населбата позади Кам Молот во Ново ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата. -Ние имаме Национален Документ менаџмент систем со електронска архива, кој што автоматски кога ќе внесете предмет во архива, таа му ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека очекува, доколку партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан победи на претстојните избори, да има обиди на меѓународно ниво да се доведе во прашање неговата победа. По состанокот на словачката Влада, Фицо изјави дека е невозможно да се фалсификуваат избори во демократска средина, пренесува Таср. „Со такво ниво на медиумско внимание и застапеност на политичките партии и невладините ...

Ана ДУКОСКА, претседателка на невалдината „Јас сум жена“ Што сакав да ТИ кажам денес… Сакам луѓе што се вредни, што создаваат, што се движат. Луѓе што не живеат од туѓи приказни, туку од сопствени резултати. Луѓе што ме инспирираат да одам напред, а не да се враќам назад. Сакам луѓе што се чесни, со збор што тежи. Луѓе што имаат интегритет, не само празни и непостојани ставови. Луѓе што ќе ми ја кажат вистина, директно и елегантно, очи во ...

Македонската скијачка Јана Атанасовска, круниса уште еден историски викенд на ФИС трките во Рогла, Словенија. На првиот велеслалом, Атанасовска покажа врвна форма и го освои високото четврто место. Посебно блесна во второто возење, каде постигна второ најдобро време на целата патека, со само 0,09 секунди заостанок зад светски познатата Ноа Шолош. Со овој настап, таа освои неверојатни 33,20 ФИС точки, што претставува нов македонски рекорд во ...

За сите навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација кои ќе присуствуваат на бараж натпреварот против Данска, закажан за 26 март 2026 година со почеток во 20:45 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги сподели следните важни информации: Фан зоната за македонските навивачи ќе биде лоцирана во „The Old Irish Pub“ и ќе биде отворена од 12:00 часот на денот на натпреварот. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Бакар

12.46

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Злато

152465.86