Претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел изјави дека Хавана е подготвена да преговара со Вашингтон, но под услов тоа да не подразбира промена на комунистичкиот еднопартиски систем. Тој истакна дека заради одбрана на поредокот, владата би била подготвена да „се спротивстави и покрај енергетската блокада“, американската забрана за снабдување со нафта, што доведе до колапс на кубанската економија и катастрофална состојба на населението. – ...

На азиските берзи утрово цената на нафтата Брент од Северно Море се зголеми за 2,9 проценти и се барел се тргуваше за 102,84 долари Барел нафта Брент утрово се тргува за над 100 долари. Раст на цената на нафтата уследи откако вчера се намали за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран. На азиските берзи утрово цената на нафтата Брент од Северно Море се зголеми ...

Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија – „Гамалеја“, при руското Министерство за здравство работи на вакцина против вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ). Почетната фаза на развој на лекот е во тек, според Владимир Гушчин – заменик-директор одговорен за истражувањa во Центарот, а научниците, се наведува, го репродуцираат имунолошкиот одговор кај заморчиња. – Раната фаза на развојот на домашна вакцина против ХИВ е во ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, свика нов состанок на Советот за национална одбрана и безбедност, на кој ќе се разгледува ситуацијата во Иран и поширокиот регион на Блискиот Исток. Информацијата на објавија француски портали, повикувајќи се на извори во Елисејската палата. Инаку, ова е петти состанок на Советот за национална одбрана и безбедност на Франција од почетокот на израелско-американскиот воен ангажман во Иран, што започна ...

Партијата на пензионери, ја поздравува и поддржува одлуката на Владата за поевтинување на 300 лекови кои се достапни на нашите граѓани од 1 мај. Истовремено напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати во изминатите години, преку својот претставник во Собранието, пратеникот, Илија Николовски, кој е претседател на партијата на пензионери, бараше но и нудеше конкретни решенија за овој проблем и предизвик, со кој се соочуваат ...

Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, имаме ново покачување на цената на дизелот за 3,5 денари и сега чини 95,5 денари за литар, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Ова е трето покачување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. Ете толку од „мерката“ на Мицкоски. Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска ...

Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните – наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, што МИА го пренесува во интегрална форма. За таа цел, со вистински и навремени мерки, спречен е ценовниот шок кај горивата. Со одлука на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивната стабилизација. Додека регионот се ...

Шефот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, денеска изјави дека глобалната економија е соочена со „исклучително голема закана“ поради војната во Иран. – Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата на Блискиот Исток има полоши последици за нафтата отколку двата нафтени шока во 70-тите години ...

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), на својата веб-страницата објави дека натпреварот од Суперкупот во 2026 година ќе се одржи на 16 август во Кардиф. Велшкиот стадион има капацитет од над 73.000 гледачи. Стадионот беше домаќин на Суперкупот од 2001 до 2006 година, по што трофејот се пресели во Лондон на реновираниот стадион „Вембли“, со исклучок на 2012 и 2022 година. Причина за промена на локацијата годинава се концертите закажани на ...

Израелските воздухопловни сили го погодија „главниот безбедносен штаб“ на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда за време на денешниот бран напади во Техеран, соопшти војската. ИДФ наведува дека штабот бил вметнат во „цивилна инфраструктура“ и бил користен од ИРГЦ за „синхронизација на регионалните единици одговорни за спроведување на редот на режимот и внатрешната безбедност“, вклучувајќи ги и паравоените сили Басиџ. Преземени ...

Турција, Египет и Пакистан во последните денови пренесуваат пораки меѓу САД и Иран во обид да го деескалираат конфликтот, објавува американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван американски извор. Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек и постигнува ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, во Загреб, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Tаа ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ. Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, а во ...

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски и се осврна на донесените одлука од страна на Владата за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, се со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија. Пратеникот Јаревски истакна дека Владата успешно се справува со предизвиците од глобалната ...

Кина денеска предупреди на ризикот ситуацијата на Блискиот Исток да излезе од контрола доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведе својата закана за уништување на иранските електрани. За време на редовната прес-конференција, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, го повтори повикот на Кина за итно прекинување на огнот. „Употребата на сила само ќе доведе до маѓепсан круг“ на размена на напади, ...

Британија мора да биде подготвена војната со Иран да продолжи „уште некое време“, изјави денеска премиерот Кир Стармер. Стармер им порача на пратениците дека е „тешко да се одговори“ колку долго ќе трае кризата и дека го предупредил својот тим да не паѓа во „лажна утеха“ мислејќи дека ќе има „брз и предвремен крај на ова“. Британскиот премиер, исто така, инсистираше на тоа дека конфликтот „не е наша војна и дека не дозволуваме да бидеме ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да има напади врз иранската енергетска инфраструктура. Калас, која во Абуџа се сретна со нигерискиот министер за надворешни работи Јусуф Маитама Тугар, изјави дека нападите врз инфраструктурата предизвикуваат хаос во регионот и дополнително го ескалираат војната. Трамп ...

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека погодил локации во Израел и три американски воени бази. Во соопштението објавено од новинската агенција Тасним, која е поврзана со ИРГЦ, се вели дека со беспилотни летала биле гаѓани локации во „северниот, централниот и јужниот дел“ на Израел. Исто така, се наведува дека се погодени три американски воени бази: „Али Ал Салем“ во Кувајт, една во Ал-Харџ во Саудиска Арабија ...

Владата известува дека утре 24.03.2026 година (вторник) во 09:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на меѓународната конференција на високо ниво, на тема Central Banking Amid Persistent Global Shifts: Fostering Stability, Innovation, and Resilience, во организација на Народна Банка на Република Македонија во хотел Мериот во Скопје, каде ќе учествуваат високи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД „долго време преговараат со Иран, и овој пат, тие мислат сериозно“. – Тоа е единствено поради одличната работа што ја заврши нашата војска – рекол Трамп во изјава за време на настан во Тенеси, пренесе „Тајмс оф Израел“. – Се надевам дека договор е можен, но без разлика на сè, ќе се осигураме дека Иран никогаш нема да добие нуклеарно оружје – рече Трамп. – Сега, Иран има уште една ...

Антидронската, противвоздушната и антибалистичката „купола“ дел од грчката „Железна купола“ под името „Штитот на Ахилеј“, како и модернизација на фрегати и Ф-16, биле темите за кои се разговарало и донело одлука на денешниот состанок на владиниот совет за национална безбедност, што го свика грчкиот премиер, информираше министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. – Владиниот совет за национална ...

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде се осврна на однесувањето на опозициската СДС, која според него се соочува со недостаток на политичка насока, проследена со зголемена агресивност во јавниот дискурс како и внатрешна несигурност. ,,Во моментов раководството на СДСМ, нема политички компас на делување. И тоа не го говорам само за нивниот однос кон владејачкото ...

Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од дебатната емисија ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, и реплицираше на Сања Лукаревска, пратеник на СДС, а гости во емисијата беа и Даниел Стојчевски и Халил Снопче. Ласовска истакна дека покачување на цените на горивата нема да има, и како што вели таа, деривати има доволно. ,,Од влада која што неколкукратно ги покачи акцизите,не можеме да бараме совет.Она со кое што можеме ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска остварил средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, која обединува над 15 здруженија на пациенти. На средбата, како што информираат од Министерството за здравство, е разговарано за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, вклучително и потребата од навремена и континуирана терапија, унапредување на институционалната комуникација, како и зајакнување на ...

И покрај војната на Блискиот Исток, вниманието на сојузниците останува насочено кон Украина и Црното Море бидејќи судбината на безбедноста на Европа и целиот свет се одлучува таму – изјави денеска шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, на отворањето на третата конференција за безбедност на Црното Море во Кишињев. Украинското Министерство за надворешни работи објави на социјалните мрежи дека Сибиха во својот говор се фокусира на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека вчера имало разговори меѓу САД и Иран во кои двете страни се согласиле за „важните точки“од договорот за излез од војната, што, додаде, наскоро би можел да се постигне. Трамп рече дека неговиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и беговиот помошник, зетот Џаред Кушнер, разговарале со Иранците во неделата и дека разговорите ќе продолжат и денеска. -Имавме многу, многу силни ...

На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар и еден од бардовите на македонското новинарство. Целиот професионален век Контевски го помина во весникот „Вечер“ каде ги помина сите скалила во новинарската кариера од приправник до заменик на главниот уредник и в.д. главен уредник. Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот преку уредување на ...

Лекот Топирамат за лекување епилепсија, мигрена и главоболки е недостапен поради тоа што компанијата Белупо од Хрватска прекина со негово производство, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. – Белупо, кој е единствениот, кој го има регистрирано лекот во Македонија, вети дека за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар, рече Клековски. Лекот Топирамат за лекување епилепсија, мигрена ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на опозицијата дека власта не прави доволно за граѓаните, изјави: „Па да, ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ вчера. Таму тој се повика на мерките коишто биле преземени за време на КОВИД кризата и пандемијата. И правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие мерки и по што тие ќе ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната е нивна стабилизација. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот вторник, при што цените изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност. Од 24.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Цинк

0.00

Калај

52.70

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Паладиум

49351.40

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Кобалт

45.39