Главната цел на безбедносните гаранции за Украина е да се осигура дека таа земја никогаш повеќе нема да стане жртва на напад, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. – Мораме да обезбедиме Украина никогаш да не биде повторно нападната по постигнувањето примирје или мировен договор. Путин мора да сфати дека уште еден напад би бил погубен за него, нагласи Руте за германски „Билд“. Тој додаде дека постојат три нивоа на безбедносни ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета. Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и соработката, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување во ...

Соединетите Американски Држави и Украина водеа разговори со и без европски претставници за начините за завршување на војната во Украина за време на тридневните преговори во Флорида. Дискусиите меѓу украинските и американските преговарачи опфатија мултилатерални безбедносни гаранции, како и американски безбедносни гаранции, напишаа специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и главниот украински преговарач, Рустем Умеров, во идентични објави на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше одлуката на Европската унија да воведе санкции против Русија со намера да се „скрши Русија“, наведувајќи дека наместо тоа, силните последици ги погодија земјите-членки. – Брисел вети дека санкциите ќе ја скршат Русија. Наместо тоа, ја скршија Европа. Цените на енергенсите експлодираа, конкурентноста опадна, а Европа заостанува. Тоа е цената на лошите одлуки. Потребни се преговори, а не ескалации, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од – 4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 ...

На Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, од 00:00 часот на полноќ до 20 часот вечерва откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), два се преносочени, а слетале 13 авиони и исто толку полетале, информира ТАВ Македонија. Слетале авионите од: Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, Берлин, Минхен (Меминген) и Цирих. Реализирани се летови ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 декември. Денеска е Зачнување на св. Ана. Денес Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог. Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци. КАТОЛИЧКИ ...

Денеска е 9 декември (според стар стил) и се слави Зачнување на Св. Ана. Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави Архангел Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица. Свети Јоаким ...

На 22 декември 1908 година во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Коста Апостолов Солев Рацин е основоположник на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ издадена во Загреб во 1939 г. претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен поезија Рацин пишувал и проза, а напишал и повеќе ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја. – Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс. Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна. – Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за германскиот весник Билд, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е главна пречка за мирот во Украина. Руте одговарајќи на прашање зошто е толку тешко да се стави крај на војната во Украина, посочи оти „причината е Путин“, кој е „подготвен да жртвува 1,1 милион свои граѓани“. – Оваа година неговиот (на Путин) напредок беше минимален: занемарливи територијални придобивки, помалку од ...

Имплементацијата на мерки кои ќе бидат предвидени во План за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат експерти со докажано искуство и успешни проекти позади нив, а не ПР кампањџии. Мерките од овој план ќе бидат поддржани од градските власти и ќе се бара мерливост на резултатите и отчетност во реализацијата, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје. -За дел од мерките ќе бараме помош при ...

М-НАВ инфомира дека денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите, како што информираат, биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај. Со оваа фаза се заокружува процесот на ...

Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење. -Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението. Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на ...

Нереформираната СДС на чело со чуварот на фотелјата на Зоран Заев, Венко Филипче, во раководството го внесе и синот на нивниот идеолог, а тоа е Јон Фрчковски, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Во раководството на СДС има се – од криминалци, коруптивни лица, лажговци, манипулатори, неуспеани луѓе и секако луѓе кои користат наркотици. Се сеќаваме пред само неколку месеци, излегоа фотографии во јавноста од Фрчковски на кои ...

Поради маглата која и денеска, 21 декември 2025 година, е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат 1 лет. По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург. Согласно временската прогноза која ни стигнува од ...

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден 8 милиони евра, соопшти Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ . „Наместо транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица, едно од Скопје и едно од Куманово, со однапред поделенa улога. Фирмата од Куманово, се јавила со непотполна ...

Данската пошта денеска соопшти дека на 30 декември ќе ја изврши последната достава на писма, со што се завршува традицијата долга повеќе од 400 години, која датира уште од 1624 година. Причината за потегот е тоа што во текот на последните 25 години испраќањето писма драстично опадна – за повеќе од 90 отсто. „PostNord“, компанијата која настана со спојување на шведската и данската пошта во 2009 година, претходно соопшти дека ќе укине 1.500 ...

Северна Кореја денеска повика на ограничување на нуклеарните амбиции на Јапонија. Апелот, упатен од претставник на севернокорејските власти задолжен за надворешна политика, беше објавен од државната новинска агенција КЦТА. Неопходно е стремежот на Јапонија да се здобие со нуклеарно оружје да биде целосно ограничен. Земјата покажува „намера да поседува нуклеарно оружје“, изјавувајќи дека мора „да ги преиспита трите ненуклеарни“ принципи, рекол ...

Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци е најзагаден град во Европа, затоа бараме прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во градот, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Советничката група на СДСМ во Скопје, што го пренесува интегрално. Треба да се напомене дека со бившиот премиер и партиски лидер Зоран Заев СДСМ 7 години на власт го прочистуваше „ајрото во ...

Навистина е лицемерно СДС да говори загаден воздух. Ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Во време на СДС, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1.6 милиони евра за лубриканти. За 7 години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ...

Пандорка АРСОВСКА ГАЦОВА Староста не е болест, таа е благослов, вели баба Веска, 101 година, додека 103-годишната баба Ана се надоврзува и вели: „Никогаш не жалете се’ што сте остареле, многумина не го дочекале тоа“. Кога ги гледаш овие луѓе разбираш дека векот не се мери со години, туку со добрина. Секој стогодишник е човек кој научил да живее со мир во себе. Баба Милка, исто така со своите 103 години, советува дека „животот не треба да се ...

Саудиска Арабија им овозможи на богатите странски резиденти да купуваат алкохол во единствената продавница во која се продава алкохол во Ријад, што се толкува како најнов чекор во процесот на претпазлива либерализација на некогаш ултраконзервативното кралство. За оваа одлука немаше официјална најава од властите, но информацијата брзо се прошири меѓу странците во земјата. Пред дискретната, необележана продавница во дипломатскиот кварт на ...

Распоредот на претседателот на Русија, Владимир Путин за последните недели од 2025 година во моментов не вклучува телефонски разговор со претседателот на САД Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека Кремљ дополнително ќе соопшти дали Путин ќе му го честита Божиќ на Трамп. – Во моментов не е предвидено, но ако биде потребно, тој разговор може брзо да се организира, рече Песков. Според него, Путин ...

Пациентки со рак на дојка премногу често се третираат со нови лекови за рак, чија корист не е целосно докажана и не секогаш делуваат врз нив, се наведува во меѓународна студија спроведена од Универзитетскиот клинички центар и Католичкиот универзитет од белгискиот град Лувен. Во изработката на студијата, објавена во научното списание „JAMA Онколоџи“, учествувале истражувачи и експерти за рак на дојката, кои посочуваат дека фармацевтските ...

Разговорите во САД за мирно решение на војната на Москва против Украина досега се конструктивни, изјави главниот руски преговарач Кирил Дмитриев, пренесе руската државна новинска агенција Тас. Дмитриев, советник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека разговорите со американската страна почнале вчера и треба да продолжат и денеска, пренесе ДПА. – Дискусиите се водат конструктивно, им рече Дмитриев на новинарите. Разговорите во ...

Денешната голгота и безизлезноста на опозицијата, на СДСМ, е само резултат на децениското нивно (не)работење. Оваа расулост и беспаќе започна да се создава во 2013 година со изборот на Заев за претседател на СДСМ. Се надградуваше и се прошируваше со статутарните измени, со директното именување на претседатели на ОО (општински организации) од страна на Заев, со гаснењето на внатрепартиската дебата, со замолчувањето на секој еден кој имаше ...

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да одржи разговори со својот француски колега Емануел Макрон, доколку постои заедничка политичка волја, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. – Ако постои заедничка политичка волја, тоа може да се гледа само позитивно, рече Песков. Односите меѓу Москва и Париз остануваат затегнати во контекст на војната во Украина и низа билатерални случаи, вклучувајќи го и случајот со Лоран Винатие – ...

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за храна и ветеринарство. Од АХВ потенцираат дека станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека ...

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите Истанбул, Измир, Венеција и Љубљана, како и повеќето полетувања. Бидејќи временските услови се менуваат постојано, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
3.13
93%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Калај

48.47

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Паладиум

53434.54

Цинк

3.33