Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на утрешната средба со УПОЗ и очекувањата од истата, изјави: „Па очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во ...
На ССМ и Трендафилов уште малку им фали за да се официјализираат како орган на партијата СДС, со оглед на начинот на којшто функционираат сега и во минатото, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Да ја потсетиме јавноста на едно неубаво време кога СДС насилно и спротивно на волјата на граѓаните го менуваше името на државата, ...
Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата. Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната ...
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со ...
Јавното обвинителство отвори истрага за заканите кон колегата Александар Видиновски од ТВ Канал 5. Предмалку, и АВМУ го осуди шовинистичкиот акт. Претходно, дузина македонски партии и новинарски здруженија го осудија јавниот повик на бугарските шовинисти за линч на новинарот. Тоа го сторија ВМРО-ДПМНЕ и колиционерите, ги осуди и ЛДП, се јавија МАН, ЗНМ од новинарските здруженија, но само СДСМ не собра храброст да го стори истото, пишува ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, испрати порака со оддавање почит кон делото на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, еден од визионерите кој ги постави темелите на македонската државотворност. Делата на Делчев се нашиот ...
Премиерот Мицкоски вели дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир коментирајќи дека закани од типот на оние кои вчера дојдоа од протестот во битолско нема да се толерираат. “Разговарав денеска утрoво со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните ...
Денес го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денес се сеќаваме и исполнуваме на неговото дело коешто го направил и за македонскиот народ, но и за Македонија како држава, но и генерално за сите граѓани, посочи премиерот Христијан Мицкоски. -Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот, јас би рекол е епска, за жал прерано го загубил ...
Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...
Владимир ПАНЧЕВСКИ (екс претседател на Кривичниот суд во Скопје) Кривичниот законик како целина е жива материја која се протега и во минатото и во сегашноста и во иднината. Според член 30 од Законикот, делото се смета за сторено во моментот кога сторителот работел или бил должен да работи, без оглед на тоа кога настапила последицата од делото. И токму овде е првиот камен на сопнување и неказнивост, се поставува прашање што доколку последицата ...
Михајло МИНОСКИ (реферат во 2020 г. по повод 148 г. од раѓањето на апостолот) „Делчев беше божественото олицетворение за учесниците во ВМРО. Него природата го беше создала само за водач на едно движење како што беше македонското во неговото време“ – Русински. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, апостолот на револуционерна Македонија живот и дело. Оваа наша научна трибина ја одржуваме во вистинско време да покажеме дека македонската историска наука продолжува со ...
Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе учествуваат на трилатералните преговори со Русија и Украина во Абу Даби, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. Според неа, делегациите на САД, Украина и Русија „досега не беа во можност да седнат на преговарачка маса и да тргнат кон мир“. Таа оцени дека пратеникот Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, „го направил невозможното возможно“ кога станува ...
Македонската женска фудбалска репрезентација во периодот од 4. до 8. февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој официјално ќе ги почне подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ги стартуваат мундијалските квалификации на 3. март со дуелот против Азербејџан на гостински терен, а четири денови подоцна во Битола ќе гостува, Андора. Во вториот циклус, на 14. ...
Американската администрација се согласи да одржи разговори со иранските претставници во Оман, а консултациите се очекува да се одржат на 6 февруари, објави Барак Равид, новинар за американскиот онлајн портал Аксиос, повикувајќи се на информирани извори. Според неговиот извор во една арапска земја, „се очекува нуклеарните разговори меѓу САД и Иран да се одржат во Оман в петок“. Според овие информации, „администрацијата на Трамп, на барање на ...
Саиф ал-Ислам Гадафи, еден од синовите на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, почина, објави неговото семејство синоќа без да даде дополнителни детали. Во исто време, неговиот политички кабинет соопшти дека Саиф ал-Ислам Гадафи е убиен. Саиф ал-Ислам е убиен во „предавнички и кукавички“ чин, во кој четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција во западниот либиски град Зинтан, соопшти кабинетот. Неговиот адвокат Халед ал-Заиди ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Колумбија, Густаво Петро, синоќа се сретнаа во Белата куќа за првпат по неколкунеделни меѓусебни обвинувања. Разговорите беа фокусирани на соработката за борба против трговијата со дрога. На заедничката прес-конференција по состанокот, Трамп изјави дека двајцата се согласуваат „многу добро“ и го опиша Петро како „одличен“. Колумбискиот лидер, сепак, задржа порезервиран тон, пренесе ...
Во Македонија денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, ...
Времето денес ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јануари. Денеска е Св. апостол Тимотеј. Тимотеј бил роден во град Листра, Мала Азија. Таму овој дијамант го нашол апостол Павле, на своето прво патување. Подоцна Тимотеј ќе му стане постојан сопатник на апостолот и негова тврда поткрепа. Свети Тимотеј е првиот ефески епископ. Во Ефес го заврши и својот живот пострада маченички за Христа во 97 година. Во четвртиот век моштите му беа ...
Денеска е 22 јануари (според стар стил) и се слави Св. апостол Тимотеј. Тимотеј е еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на ...
Македонците денеска одбележуваат 154 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кој ослободувањето на Македонија го гледал само од самите Македонци: „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите“, гласи една од пораките на великанот. Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден ...
Европската комисија објави одредени флексибилности на ЕЕС системот што би можеле да спречат големи гужви во текот на летната сезона. Оваа одлука е донесена поради растечката загриженост дека може да има сериозен сообраќаен хаос во текот на летната сезона, особено по целосното спроведување на ЕЕС, кое беше најавено за 10 април. „Воведувањето на ваков голем систем е сложена и комплицирана задача. Затоа се одлучивме за постепено воведување со ...
OpenAI објави сериозни технички проблеми со својата најпопуларна услуга вечерва. Корисниците на ChatGPT низ целиот свет се соочуваат со зголемени стапки на грешки и значително влошени перформанси. Според официјалниот извештај за статусот на OpenAI од 3 февруари 2026 година во 21:32 часот, проблемите се идентификувани и тимот интензивно работи на имплементирање на привремено решение (ублажување). Моментално не е познато колку долго ќе трае ...
Во 16:10 часот блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен-Битола кај битолското место викано „Ромската населба“, соопштија од АМСМ. Од АМСМ информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини бил умерен. На граничните премини од македонска страна, немало подолги задржувања за влез и излез од државата. Во 16:10 ...
Од утре Македонија влегува во период на променливо време, информираат од УХМР. Се очекува зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат со променлив интензитет во различните делови на земјата. Иако времето ќе биде облачно, температурите ќе бидат во постепен пораст. Утрешниот ден ќе го одбележи и засилен ветер од југоисточен правец, кој дополнително ќе ја менува временската слика. На највисоките планински врвови дождот ...
Саиф ал-Ислам Гадафи, најпознатиот син на покојниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен, потврдија во вторник извори блиски до семејството, неговиот долгогодишен адвокат Халед ел-Зајди и неколку либиски медиуми. Иако веста ја пренесоа и советниците на неговиот политички тим, деталите околу околностите на смртта остануваат нејасни и обвиткани во контрадикторни информации, а сè уште нема официјална потврда од либиските власти. Неговата смрт ...
Одрон на карпа на пешачка патека во Кањон Матка за малку ќе завршеше со трагедија, откако огромна карпа се урна додека во непосредна близина имало посетители. Инцидентот се случил на 7 јануари годинава, а според видеоснимки до кои дојде КУРИР, јасно се гледа моментот кога карпата паѓа, само неколку секунди откако посетителите се тргнале од местото. Речиси за влакно беше избегната несреќа, бидејќи луѓето кои се наоѓале на патеката непосредно ...
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев во наредните неколку дена престојува во Соединетите Американски Држави како дел од владината делегација, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински во рамки на работната посета што опфаќа учество на 74. Национален молитвен појадок во Вашингтон, настан со долга традиција кој обединува политички лидери, верски заедници и ...
Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов јавен обвинител, истакнувајќи дека судството е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Владата. „Судството е еден од големите предизвици со коишто се зафати оваа Влада, истражувањата знаете 2% доверба и огромната недоверба во судството ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија го прекршила енергетското примирје и го игнорирала барањето на американската страна да се воздржи од напади врз енергетската и критичната инфраструктура посочувајќи дека Русија ги искористила претходните денови во кои не извршила напади врз енергетската инфраструктура за да натрупа сили за синоќешниот напад. „Русите повторно ги игнорираа напорите на американската страна. ...