Белград
5ᴼ /
5ᴼ
ИРЛ му направија „мечкина услуга“ на СДСМ. И тука нема назад, потенцира универзитетскиот професор и поранешен прв антикорупционер Воислав Зафировски во „За или против“ со Љупчо Цветановски. Вели дека треба да бидемена чисто дека никој не може да ме убеди дека во приказната со Кочани не се инволвирани голем број луѓе од претходната владејачка гарнитура, не само на локално, туку ина централно ниво. -Дефинитивно, локалниве избори протекуваат низ ...
Словачка е голем поддржувач на евроинтеграциите на вашата земја и целосно ќе го поддржи пристапувањето, затоа што тоа е вистинската перспектива и вистинскиот начин на којшто ќе се напредува. Но ЕУ не може само да си игра со довербата на оваа земја затоа што доаѓа момент кога луѓето едноставно ќе престанат да и веруваат на ЕУ и можат едноставно да кажат дека не сакаат да бидат членка на овој клуб, затоа што по децении напорни вложувања и мачни ...
Анкетата е спроведена од страна на М-Проспект. Податоците се собирани во период од 1 до 8 октомври 2025 година преку телефонска анкета (CATI). Примерокот вклучува 995 испитаници и е национално репрезентативен за полнолетната популација. Истиот е подготвен согласно податоците од Пописот од 2021 година од Државниот Завод за статистика. Според анкетата ВМРО-ДПМне ВОДИ ПРЕД СДСМ СО 33,4% НАСПРЕМА 9,8% на локалните избори, ова е одговорот на ...
Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК почина скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди. Панчо, утрото по несреќата на 16 март, беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, а неговата сестра за медиумите тогаш потврди дека има повреди по лицето и рацете, но дека е вон животна опасност. Тој потоа беше пренесен во приватна клиника во Скопје, каде што го продолжи лекувањето и каде што во ...
Не неколку дена пред избори, медиумите на СДСМ се пуштени на „најјако“ во одбрана на неодбранливото. Во време кога Орце Ѓорѓиевски супериорно води пред Каја Шукова со огромни 4:1 „Слободен печат“ излегува со наводна „сторија“ дека Ѓорѓиевски дозволил дивоградби во Кисела Вода. Oва е само продолжение на неуспшниот обид на ИРЛ да ја вметне Кочанската трагедија во кампањата и да ја окаља власта, обид кој заврши неславно и премина во нивниот, СДС ...
Во рамки на групацијата Tessa Group започнува и ново поглавје во енергетиката под брендот – Tessa Energy. Овој чекор не е само промена на имиџот, туку пред се симбол на обединетост, визија и континуиран напредок. Како енергетски столб на групацијата, Tessa Energy е посветена на создавање еколошки, ефикасни и економични решенија кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и чиста животна средина. Водечки “мотор” на Tessa Energy e Energy ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан, што, вчера и денеска, се одржува во Тирана, најави дека Европската Унија ќе отвори две „фабрики за вештачка интелигенција“ (центри за развој на вештачка интелигенција) во Западен Балкан. – Ќе отвориме фабрики (центри) за вештачка интелигенција и за Западен Балкан. Ќе започнеме со две „антени“, една во Македонија и ...
Македонскиот водител Бојан Јовановски – Боки 13 како гостин во сопствениот поткаст објасни дека според него – пресудата од пет години била дел од редовен процес и дека тој не се враќал во затвор. „Добро сум. Тоа е за оној стар случај, какви осудени? Случајот беше поништен, па сега го намалија. Прво бев осуден на девет години, па намалија на пет. Сега е на апелација и тоа не е ништо ново,“ изјави Боки 13 како гостин во сопствениот поткаст, воден ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски го посети комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Тој даде изјава за медиумите. -Она што ние планираме да го правиме во здравството по завршувањето на локалните избори ќе бидат озбилни структурни реформи. Бидејќи имам чувство дека годишно трошиме ...
Европската Унија е целосно посветена активно да се ангажира со сите вклучени страни во спроведувањето на Мировниот план за Газа, порача синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по неговото учество на Мировниот самитот во египетското одморалиште Шарм ел Шеик. – Подготвени сме да учествуваме во Меѓународниот одбор за мир и да ги поддржиме сите процеси – транзициската управа, закрепнувањето и обновата. Штом условите дозволат, веднаш ...
Новата француска Влада денеска треба да го одржи својот прв состанок на Кабинетот, со главна задача да го подготви буџетот за финансиски погодената земја. Времето е клучно, бидејќи доколку не се испочитуваат роковите, Франција би можела да се најде без одобрен буџет на крајот на годината, што би ја ставило под дополнителен економски притисок. Се очекува премиерот Себастиен Лекорну, кој во петокот беше вратен на функцијата од претседателот ...
Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Словачкиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести на церемонија во нејзиниот кабинет, по што ќе биде одржана тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и ...
Државните службеници во Грција денеска излегуваат на 24-часовен штрајк, на повик од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ), поради новиот нацрт-закон за труд кој предвидува воведување 13-часовен работен ден и други измени, објави електронското издание на весникот „Катимерини“. Минатата недела АДЕДИ повика на штрајк со барања за враќање на 13-та и 14-та плата, значително зголемување на платите, потпишување колективни договори во ...
Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул изјави дека се надева оти Хамас во иднина нема да има никаква улога во Појасот Газа. – Хамас мора да биде разоружан и повеќе да нема политичко влијание. А, Палестинците ќе имаат задача да се откажат од оваа организација, наведе Вадефул. Според него, Палестинците треба да се дистанцираат од милитантната група и да изнајдат нова форма на соработка. – Претседателот на САД, Доналд Трамп даде одлучувачки ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ги искажа своите впечатоци по нерешените 1:1 против Казахстан во меч од квалификациите за Светското првенство 2026. – Да можам, би ја сменил почетната постава и дел од играчите. Не бевме изненадени од Казахстан, но имавме малку материјал за анализа. Планот беше да се наметнеме со одредена тактика, но не функционираше, па направивме замени уште на полувремето. Второто ...
Тројца карабинери и најмалку десет војници и полицајци се повредени во експлозија што се случи за време на вчерашната полициска операција во село Кастел Д’Акано, во италијанската покраина Верона. Според првичните информации, експлозијата се случила во текот на евакуација на двокатна селска куќа, во која биле три лица. По експлозијата куќата се урнала, затрупувајќи ги припадниците на безбедносните сили. Помеѓу повредените е и една жена од куќата, ...
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер го поздрави вчерашниот „историски ден“, кога клучните држави се согласија со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Стармер, кој присуствуваше на потпишувањето на примирјето во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, најави дека Велика Британија ќе има клучна улога во набљудувањето, зачувувањето на примирјето и реформирање на структурите на Хамас и предавањето на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен. Како што соопшти УХМР, под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе ...
Поранешните демократски претседатели Џо Бајден и Бил Клинтон синоќа го пофалија актуелниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот придонес во постигнувањето на прекин на огнот во војната во Газа, што е редок пример на двопартиско одобрување за републиканскиот лидер. „Го пофалувам претседателот Трамп и неговиот тим за нивната работа да го донесат обновениот договор за прекин на огнот до крај“, напиша Бајден, кој беше претседател до ...
Остануваат уште четири дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција. Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети скопските општини Сарај и Чаир. ...
Денеска е 1 октомври (по стар стил) и се слави Покров на Пресвета Богородица. Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, која што со своите застапнички молитви го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 октомври. Денеска е Покров на Пресвета Богородица. Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го ...
Изградба на клучка во Хиподром која ќе значи растоварување на сообраќајот на источниот влез во Скопје. Ова го најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој денеска објави видео како таа ќе изгледа. -Со години наназад, токму тука се создава сообраќаен метеж, кој посебно во утринските часови знае да трае со часови. Со изградбата на клучката Хиподром и третата лента на булеварот „Александар Македонски“, од ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Велес, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври, истакнувајќи дека лицемерието на СДСМ кулминирало со вчерашниот говор на Венко Филипче во Струмица, каде тој зборувал за морал, владеење на правото и етика во политиката, во ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Во првиот дел противникот беше подобар со повеќе контрола над топката, додека нашите репрезентативци имаа повеќе шанси за постигнување гол. Воведните минути беа во знакот на гостите од Казахстан, кои ја имаа и првата шанса за водство преку Ислам Чесноков, но тој биеше над голот. Во 24. минута ...
„Мислам дека самиот граѓанин ќе процени. Османи и Груби беа на власт осум години и нема проект за Чаир. Тие не можат да кажат дека спровеле еден проект, добар за Чаир. Напротив, во 15-те месеци додека бев вицепремиер, издвоивме 100 милиони евра инвестиции за оваа општина“, изјави кандидатот на ВРЕДИ за општина Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Хајде Фласим“ на ТВ21. Меџити спомена некои од конкретните проекти што се започнати за време на неговиот ...
По повеќе децении празни ветувања едно од најголемите барања на жителите на населба Радишани е реалност, објави актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат. Мега паркот се простира на површина од 10.000 m2. Големиот плоштад и пешачките патеки се на површина од 4.000 м2. Големо детско игралиште за најмалите со модерни реквизити и мека подлога се една од главните содржини на паркот. Целиот парк е осветлен со модерно ...
Изборот кој не враќа назад е веќе виден на централно ниво. Имаа седум години можност да покажат и докажат дека навистина се борат за нивниот дом, т.е нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. Но видовме дека тие се борат само за нивните хациенди на Халкидики, во Дубаи и скапите јахти коишто ги возат за време на летото по Егејското крајбрежје. Тоа е за нив поимањето на терминот „се бориме за нашиот дом“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ...
Соопштение за јавност „Владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално ги измами и излажа граѓаните, ниту се горди, ниту имаат повеќе пари, ниту подобро живеат, оваа влада за година и пол донесе хаос и сиромаштија“, нагласи Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Виница. Филипче посочи дека најголемата измама им се случи на граѓаните на парламентарните избори ...