Американската армија синоќа соопшти дека од почетокот на конфликтот со Иран досега има околу двесте ранети војници од своите редови, од кои десеттина со тешки повреди. Портпаролот на американската воена команда во регионот, Тим Хокинс, изјави дека десет од повредените се категоризирани како „тешко ранети“. Тој во објавата на платформата „Икс“ посочи уште дека повеќе од 180 од повредените имале лесни повреди и дека веќе се вратени назад на ...

Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување. На прашања на ...

Албанскиот парламент, со 79 гласови „за“ од владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници. Документот, како што претходно изјави премиерот Еди Рама, предвидува дека по одобрувањето во Парламентот, албанската Влада ќе преземе итни чекори за да ги прогласи Иранската револуционерна ...

Не се согласувам со колегите што го предложија куќниот притвор за Груби затоа што сметам дека не е доволен за осигурување непречено водење на кривичната постапка, а за предлагање притвор по другата законска основа сè уште не е доцна, вели во интервјуто за МИА обвинителката од Хрватска, Јулијана Кенинг, која има 32-годишно искуство. Таа има неколку клучни совети и за новиот државен обвинител Ненад Савески за тоа како да почне да ги решава ...

Запален е автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а во сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска. Полицијата рано утрово добила пријава за опожарено возило на подрачјето на Шуто Оризари. -На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, ...

Откако СДСМ вчера на торжествен ден на жалост во кој Макеоднија се сеќаваше на 63-те ангели од Кочани синоќа соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да почне постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешниот скопски градоначалник, пратеник и екс висок функционер на СДСМ. Тој за ова слушна во емисија во живо. Шилегов рече дека од почит кон денот на трагедијата во Кочани синоќа нема да дава политички изјави. „Утре ќе го имам ...

Во гостување во емисијата „За или Против“, министерот за одбрана Владо Мисајловски посочи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и дека безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема индикации за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат доколку се појават ризици. „Членството во НАТО претставува ...

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Од денеска, 17-ти март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29-ти март ...

Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска. Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет. – Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна ...

Собранието утре треба да се изјасни за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка, во која учествуваа петмина кандидати. Ненад ...

Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека мисли дека ќе има „чест да ја окупира Куба“ и дека со оваа островска земја „може да прави што сака“. „Верувам дека ќе имам чест, чест да ја окупирам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече Трамп за време на потпишувањето на извршна наредба во Белата куќа. Американскиот претседател со недели повторува дека Куба е на работ на колапс. „Без разлика дали ќе ја ослободам, ќе ја ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната ...

Во 2025 година, 71,9% од луѓето во ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни органи, што претставува зголемување од 1,9 процентни поени во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Евростат. Во Македонија 32,32 проценти од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчести услуги на е-влада што ги користеле македонските граѓани се преземање или печатење официјални обрасци (17,11%), барање официјални ...

Демократска обнова на Македонија – ДОМ во текот на вчерашниот ден достави официјален допис до Министерството за животна средина и просторно планирање, во очекување на објавата за јавна расправа по поднесувањето на новото барање за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола на цементарата „Титан Усје“, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Во дописот, ДОМ уште еднаш ги истакна своите барања за јасни, ...

Европската унија треба да се подготви за можни разговори со Русија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пренесе ДПА. Засега, Европската унија не треба да се меша во напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина, рече Кошта во интервју за мрежата на новински агенции „European Newsroom“ (enr). – Но, доколку преговорите бидат прекинати или неуспешни, тогаш треба да бидеме подготвени да ги продолжиме ...

Можно е долгоочекуваната средба на претседателот на САД, Доналд Трамп, со неговиот кинески колега Си Џинпинг да биде одложена, бидејќи вниманието на американскиот претседател е насочено кон војната против Иран, соопшти денеска Белата куќа. – Претседателот со нетрпение очекува да ја посети Кина – изјави портпаролката на Трамп, Каролин Ливит. – Датумот може да биде променет. Како врховен командант, негов главен приоритет во моментов е да го ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање. Засекогаш ќе останат дел од нашите мисли, нашата тишина и нашето сеќавање, напиша премиерот. Во Фејсбук објавата, Мицкоски сподели и видео од поменот – една ...

Денеска во Кочани се одбележува годишнината од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“, каде што животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На одбележувањето беше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која положи свежо цвеќе, се потпиша во книгата на жалоста и присуствуваше на комеморативниот настан, како што пренесуваат медиумите. Според објавите на МТВ, по завршувањето на настанот претседателката се упатила во спомен-собата ...

Штип вечерва им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во „Пулс“-Кочани. Семејствата на загинатите штипјани и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов го поставија и камен темелникот на спомен обележјето во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Спомен обележјето има пет гулаби кои се свртени кон ангел. Во тишина потешка од ...

По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели кои ја разбираат нашата болка и сочувствуваат со трагедијата, напиша вечерва на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој упати искрена благодарност до сите земји кои дадоа несебична и силна поддршка и за лекувањето на македонските пациенти во странство, но и за третманот ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, повика уште еден играч за настапот на ЕХФ неделата, каде нашиот национален тим ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Австрија. Се работи за Кристијан Атанасовски, кружниот напаѓач на Вардар 1961, кој добива дебитантски повик на сениорско ниво. Од ростерот отпадна пивотменот Марко Стојковиќ, а исто така ќе ги нема уште искусните Маркоски, Митревски, Пешевски, ...

Сојузна Република Германија нема да учествува во американско-израелската војна против Иран, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, истакнувајќи дека таквата акција нема мандат од Обединетите Нации или од Европската Унија. – Немаме мандат од Обединетите нации, Европската Унија или НАТО, што е неопходно според Устав. Затоа, од самиот почеток беше јасно дека оваа војна не е прашање на НАТО – рече Мерц на прес-конференција во Берлин. ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 17.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: – од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 2 во с. Булачани. (Општина Гази Баба) – од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Тодор Чангов, поточно подулиците со број: 35, 37 и 39. (Општина Аеродром) – од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Франц Розман. ...

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека утре можен е мал прекин на водоснабдувањето во општина Стденичани. Поради технички зафати во Пумпната станица – Студеничани, во периодот од 08:00 часот дo завршување на работните активности, за корисниците од Студеничани, можен е мал прекин на водоснабдувањето. (Општина Студеничани) Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека утре можен е мал прекин на водоснабдувањето во ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека војната со Иран не е европска војна и оти Европа не ја почнала војната. – Што очекува Доналд Трамп од неколку или две европски фрегати да направат во Ормуски Теснец, што моќната американска морнарица не може да го направи, истакна Писториус реагирајќи на изјавата на Трамп дека отсуството на помош за Вашингтон може да има последици по НАТО. Претходно, портпаролот на ...

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ќе ја блокира финансиската помош за Украина во висина од 90 милијарди евра и 20-тиот пакет санкции на ЕУ за Русија сè додека не биде решено прашањето за транспорт на нафта преку нафтоводот „Дружба“. – Додека Украинците не ја обновата доставата, не може да се дискутира за гласање за заемот од 90 милијарди евра, друга финансиска помош за Украина или 20-тиот пакет санкции ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски гостуваше во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ. Тој се осврна на трагичната несреќа од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде се навршува една година од истата. На прашање дали болката прекинала министерот Мисајловси децидно одговори. -Не, нема никогаш да прекине болката, сочувство до фамилиите до роднините навистина тешко за говорење, јас имав можност да бидам дел од Меѓународната конференција ...

Според податоците на Евростат за структурата на странското население, по земја на раѓање, околу 557 илјади лица родени во Албанија живееат во Италија, од нив околу 416 илјади се албански државјани, додека останатата бројка, од 141 илјада поседуваат италијанско државјанство. -Ова ја потврдува албанската заедница како втора по големина во Италија по романската, одржувајќи многу консолидирано присуство на италијанскиот пазар на трудот и во ...

Една година од трагедијата. Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов. Болката не поминува, само човек учи да живее со празнината во душата што е создадена, пишува Анета Демерџиева Гоцевска, сопруга на Иле Гоцевски, возачот на Брза помош кој почина ден по ужасот во Кочани. -Иле целиот свој живот го посвети на помагање на другите како возач на брза помош. Тој е мојот тивок херој кој секогаш ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
88%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
85%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
89%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
76%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9518

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Сребро

2534.46

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Злато

152465.86