Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Во Италија денеска е вториот ден од референдумското изјаснување на граѓаните за реформа на судскиот систем, јавуваат италијанските медиуми. Гласачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 15 часот. Според Министерството за внатрешни работи, вчера на првиот ден од изјаснувањето на референдумот излезноста изнесувала 46 проценти. Реформата ја поддржуваат владејачката десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони, додека ...
Состојбата на глобалната клима не остава многу простор за оптимизам, со оглед дека клучните индикатори продолжуваат да се влошуваат, предупреди Светската метеоролошка организација (СМО) во извештај објавен денеска. Според извештајот за состојбата на климата во 2025 година, дисбалансот меѓу енергијата што Земјата ја прима од Сонцето и онаа што ја враќа назад во Вселената забрзано се зголемува. Температурите продолжуваат да растат, океаните се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата Муцунски денеска ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на „Пријатели на Европа“. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката ...
Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% – горивата повторно ќе поскапат и граѓаните нема да почувствуваат ништо, се вели во соопштението од СДСМ кое МИА го објавува интегрално. Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од ...
СДС да не молчи, време е вистината за улогата на Башановиќ да излезе на виделина. СДС не смее да бега од одговори пред македонската јавност за улогата на нивниот ПР шеф, Зоран Башановиќ, во клучни политички и економски процеси. Дали Башановиќ бил посредник во чувствителни политички договори, вклучително и комуникацијата меѓу Зоран Заев и тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас околу промената на уставното име на државата?, прашува ВМРО-ДПМНЕ ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 март. Денеска е Св. маченик Кодрат Коринтски. Кога во 249 година по Христа на римскиот престол дојде царот Декиј Трајан, за христијаните започна еден од најлутите прогони. Многумина беа затворени. Во тоа време во градот Никомидија живееше некој си Кодрат. Тој ги потплаќаше стражарите и ги посетуваше христијаните во затворот, носејќи им се што им е потребно. Кога дојде време, ...
На 23 март 1940 година во селото Мрсна, кај Серез, во Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, истакнат македонски драмски, филмски и телевизиски актер. Ги издржа неправдата што му ја нанесоа кодошите, пресудата од комунистичкиот режим и затворскиот живот во келиите на скопскиот затвор Идризово, но немоќен беше пред болеста, почина многу млад во 1986 година, набргу по издржувањето на затворската казна. Татко му Васил и најстариот вујко ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, стана првиот тренер во историјата кој освоил пет Лига куп трофеи на Англија. Тој го освои својот петти трофеј со победата од 2-0 над Арсенал во финалето одиграно денеска на „Вембли“. Гвардиола претходно го освои Англискиот Лига Куп во сезоните 2017/2018, 2018/2019, 2019/2020 и 2020/2021. Тој сега има повеќе трофеи од Брајан Клоф, Алекс Фергусон и Жозе Мурињо, кои имаат по четири. Менаџерот на ...
Израелската армија ќе ги интензивира своите копнени операции и напади во Либан, изјави вечерва началникот на Генералштабот Ејал Замир. „Операцијата против терористичката организација Хезболах штотуку започнува. Тоа е долга операција и ние сме подготвени за неа“, нагласи Замир во соопштение. „Се подготвуваме да ги интензивираме целните копнени операции и напади. Нема да застанеме се додека заканата не се оддалечи од границата и не се гарантира ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва изјави дека е можно да се продолжат разговорите за прекин на војната со Русија, по дводневните разговори меѓу украинските и американските преговарачи во Мајами. „Јасно е дека вниманието на американската страна во моментов е насочено првенствено кон ситуацијата околу Иран и тој регион, но оваа војна што Русија ја води против Украина мора да се заврши“, објави Зеленски на социјалните мрежи, ...
Владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода освои најмногу гласови на 10-тите парламентарни избори од независноста на Словенија, според првата излезна анкета објавена вечерва. Сите гласачки места, околу 3.000, беа затворени во 19:00 часот, а излезноста до 16:00 часот беше 50,37 проценти, околу еден процент повеќе од истиот период за време на последните парламентарни избори во 2022 година. Првата излезна анкета објавена на ...
Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022 година, јавија денеска француските медиуми. Според Павло Палиса, заменик-началник на кабинетот на украинското претседателство, разговорите се фокусираа на учеството на украинскиот воен персонал во идните вежби на Алијансата. ...
Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници. Како што соопштуваат од МВР, контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ...
Утре 23.03.2026 година (понеделник) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Утре 23.03.2026 година (понеделник) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе ...
На ден 23.03.2026 година поради уличен дефект Ф-200мм на ул.Славејко Арсов 48 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Славејко Арсов и висока зона Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. На ден 23.03.2026 година поради уличен дефект Ф-80мм на ул.Ристо Шишков 39 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Фонтана Парк до Влада на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето е во одлична кондиција, што значи дека има доволно деривати. Пазарната инспекција ги провери и оние пет дена што мора да имаат резервни колични, сите имаат. Што значи дека сега засега нема никаков проблем со снабдувањето, но ќе ...
На 21.03.2026 во 21:55 часот во Гостивар полициски службеници го лишиja од слобода Г.Г.(34) од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава од машко лице од тетовско село дека Г.Г. го уценувал и му барал 5000 евра, кои наводно му ги должел. Според пријавеното, Г.Г. му праќал заканувачки пораки преку телефон и го уценувал дека ќе објавел снимка од разговор меѓу нив. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...
Целосно ќе биде затворен стратешкиот Ормуски теснец ако американскиот претседател Трамп ги исполни своите закани за напад врз иранските енергетски објекти, објави денеска Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, пренесоа западните медиуми. Трамп вчера се закани дека ќе ги „уништи“ иранските електрани ако Техеран не го отвори целосно Ормускиот теснец во рок од 48 часа, што претставува значително ескалирање на тензиите само еден ден ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, во следните два дена ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. Воедно, заедно со ...
Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, со што источниот дел на државата наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро. Станува збор за капитален проект кој, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот, истакна при денешниот увид во работите, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според вицепремиерот, овој ...
Крис Делисо, американски новинар и директор на Balkanalisis.com, за порталот Експрес своевремено изјави дека Зоран Заев бил избран од западните сили само затоа што бил лидер на опозициската партија на социјалдемократите која била искористена како главно оружје за соборување на конзервативната партија (ВМРО ДПМНЕ). – Значи, не станува збор за лична преференција и Заев всушност не е највлијателната личност во таа партија. Сепак, тој решил да им ...
Иран е подготвен да го заштити Гренланд од американскиот претседател Доналд Трамп, „ вие само замолете… ќе дојдеме“, гласи ироничниот предлог од Техеран. – Трамп прво ѝ се закани на ЕУ, а потоа ги замоли. Денес рече дека ако не дојдете, ние ќе дојдеме и ќе го земеме Гренланд. Сакам да ѝ кажам на ЕУ, ако не можете да го задржите вашиот Гренланд, само побарајте нè, ние ќе дојдеме да го заштитиме, гласи изјава на портпарол во Иран. Коментарите ...
Брисел не ги претставува интересите на европските граѓани, туку интересите на украинското раководство. САД сакаат мир, додека Брисел и Киев сакаат продолжување на војната. Пријатели, да зборуваме отворено. Европската демократија умира. Умира поради економски неуспех, поради цензура и поради мешање во изборите. Брисел не ги штити договорите, туку ги предава. И тоа се случува сега, пред изборите во Унгарија. Отворено се бара про-бриселска и ...
Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото од 18 на 10 проценти е многу задоцнета и далеку од доволна и нема да придонесе да се намалат цените на горивата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, коментирајќи ја одлуката на Владата за заштита на стандардот на граѓаните по зголемувањето на цените на нафтените деривати поради војната на Блискиот Исток. Имајќи предвид дека утре се очекува ново зголемување на ...
– Европа се наоѓа на крстопат на судбината. Како апокалиптични коњаници, над нашиот континент се надвиснуваат предвесници на пропаст. Војна и насилство, лаги и неслобода, осиромашување и намерно уништување на просперитетот – тоа се големите закани на нашето време. Тие удираат во самото јадро на нашата култура, нашите вредности и нашиот начин на живот. Во Брисел изгледа веруваат дека трпението на европските народи е бесконечно. Грешат, истакна ...
Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Владата, во однос на изјавата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески по официјалното преземање на фунцијата, во која тој меѓу другото рече дека на Обвинителството му ...
Швеѓанецот Арманд Дуплантис ја освои титулата во скок со стап на СП во атлетика во сала кое се одржува во полскиот град Торун. Дуплантис, кој минатата недела го собори светскиот рекорд по 15 пат во својата брилијантна кариера, не им остави никаква шанса на своите конкуренти и по четврти пат го освои златниот медал, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 6,25 метри, што е нов рекорд на светски атлетски првенства во сала. Грчкиот атлетичар ...
Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите. Во моментов забележано е зголемување на цените на зејтинот и јајцата. Но, Владата има план и нема да дозволи било какви осцилации во цените на прехранбените производи, кои би удриле по животниот стандард на граѓани, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата со ...
Ормуската Теснина останува отворена за сите бродови освен за бродови поврзани со „непријателите на Иран“, изјави Али Мусави, претставник на Иран во поморската агенција на ОН. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската војна против Иран спречи повеќето бродови да поминуваат низ ...
Британскиот министерот за домување, заедници и локална самоуправа, Стив Рид денеска изјави дека нема докази што би ги поткрепиле тврдењата дека Иран планира да изврши ракетни напади врз Европа или дека е способен да го стори тоа. Израелските одбранбени сили објавија соопштение на социјалните мрежи синоќа во која се вели дека Иран има ракети што „можат да стигнат до Лондон, Париз или Берлин“. „Нема објективна проценка што би ја поткрепила оваа ...