Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес. Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е ...

Висок функционер на Хезболах, Хасан Фадлалах, денеска изјави дека либанската милитантна група ќе се бори за да спречи распоредување на израелски сили во јужен Либан. Фадлалах, водечки пратеник на Хезболах, изјави дека присуството на израелски трупи во јужен Либан би го загрозило опстанокот на земјата. Тој рече дека Хезболах ќе се спротивстави на секој обид на израелската војска да воспостави контрола врз областа. Изјавите на функционерот на ...

Пакистан е подготвен да биде домаќин на разговори меѓу САД и Иран за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, изјави денеска премиерот Шехбаз Шариф. Шариф во објава на социјалната мрежа Икс изјави дека Пакистан ги поддржува напорите насочени кон дијалог за прекин на конфликтот на Блискиот Исток, во интерес на мирот и стабилноста во регионот и пошироко. Премиерот истакна дека Пакистан, со договор меѓу Вашингтон и Техеран, е подготвен и ...

Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме стандардот на граѓаните. Ова го оцени заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ 24. -Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% во никој случај не е задоцнета. Ги следиме работите, а факт е дека никој, па и од академската фела не знае кога ќе заврши конфликтот. Во Министерството за финансии имаме разработено неколку ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите. Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите. – Ако ...

На католиците може да им се трансплантираат животински органи и ткива за лекување на медицински состојби, соопшти денеска Ватикан, бидејќи процедурите што вклучуваат генетски модифицирани органи од свињи или крави продолжуваат да се развиваат. Во документ на 88 страници со етички упатства за вакви трансплантации, Ватикан го потврди претходното учење и рече дека Католичката црква нема забелешки за ваквите третмани, под услов да се следат ...

Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања од јавен интерес, без никакви ограничувања или притисоци, се наша обврска, но истовремено нагласуваме дека ова право подразбира и обврска за професионално, достоинствено и етичко однесување. Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и на институционалниот интегритет – стои во реакцијата на Владата објавена ...

Новата систематизација во МВР драматично ја редуцира раководната структура и ја заснова на професионални, а не етнички критериуми – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на мало и лесно оружје, при што одговараше на новинарски прашања поврзани, меѓу другото и со најавената нова систематизација во Министерството за внатрешни ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, „палестински водач“. Трамп, заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет и главната обвинителка Пам Бонди учествуваа во Мемфис на тркалезна маса за Безбедната работна група. – Демократите ја ставаат нашата земја во голем ризик во овој период, во период, кој тие го нарекуваат војна. Тие тоа го нарекуваат војна, а ние го нарекуваме воена операција. Нивните ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од ...

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, иако и луѓе од соседството точат бензин на нашите пумпи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Подмирени се и потребите за струја, но, сепак е можно повлекување мазут од државните резерви. Како што напомена Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд, за околу 10 отсто вкупно е зголемен конзумот на гориво во земјава. ...

По објавувањето на фактите дека во Централниот регистар се реализирани 40 унапредувања без ниту еден Албанец, ова прашање повеќе не може да се третира како административен пропуст. Ова е сериозен чин што бара итна одговорност, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Кога во една јавна институција целосно се исклучува една заедница, тоа укажува на еднострано одлучување и директно нарушување на принципот на правична ...

Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина, нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб. И двајцата се согласни дека тој пат е неоправдано попречуван и оти од земјава се бараат отстапки кои ниту се оправдани, ниту се дел од Копенхашките критериуми. -Зборувавме за обидот на Македонија, С. Македонија, како и да сакате, да ...

Руската приватна воздухопловна компанија „Биро 1440“ денеска го објави испраќањето на првата серија од 16 сателити „Рассвет“ во ниската орбита, коишто се сметаат за одговор на противтежа, кон американската „Старлинк“ сателитска мрежа. „Лансирањето на првите сателити во целната констелација го означува преминот од експерименти кон создавање комуникациска услуга“, се соопштува, додавајќи дека тимот го завршил патувањето за 1.000 дена. ...

Скопје повторно се најде во фокусот на регионалните медиуми, овојпат како најповолна дестинација за точење гориво на Балканот. Словенечкиот весник „Дело“ во својата анализа за цените на горивата во регионот јасно препорачува – возачите да издржат до македонската престолнина. „Ако одите на Балкан, издржете до Скопје и точете таму“, наведува словенечкиот медиум, посочувајќи дека Македонија нуди најниски цени на горивата во споредба со другите ...

САД го одредија 9 април како можен рок за завршување на војната со Иран во контекст на очекуваните преговори меѓу двете страни – јавуваат израелските медиуми. Според весникот „Једиот ахронот“, кој се повикува на неименуван израелски функционер, Вашингтон го дефинирал овој датум како цел за запирање на конфликтот оставајќи простор од 21 ден за продолжување на борбените дејства паралелно со дипломатските напори. Во извештајот се наведува дека ...

Финскиот конзервативен политичар Армандо Мема ја обвини Европската Унија за примена на двојни стандарди во односот кон Русија и Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека европската политика се наоѓа во длабока противречност меѓу декларираните принципи и реалните постапки. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Мема посочи дека украинската страна последната рунда разговори со Москва и Вашингтон ја оценила како продуктивна, но истовремено ...

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика САД и Иран веднаш да седнат на преговарачка маса, со што де факто би завршила блокадата на Ормутска Теснина и би запреле непријателствата на Блиски Исток. Лајен, која е во посета на Австралија, каде потпиша нов договор за слободна трговија, посочи дела иранските напади врз невооружени комерцијални бродови и врз критичната инфраструктура „мора да бидат осудени“ и оти ...

Откако е почната оваа воена криза, ние како СДСМ алармиравме повеќе пати дека мора навремено да реагираме, но Владата дури вчера донесе задоцнети и несоодветни мерки. Намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10% не ги дава посакуваните резултати, бидејќи сведоци сме на нов раст на цените, што значи дека со вакви политики недоволно се штити стандардот на граѓаните“, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ...

Денес, Демократската унија за интеграција излегува со конкретни факти кои покажуваат како граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси. Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да ...

Владата го намали ДДВ-то за горивата, но не донесе конкретни мерки за да им помогне на посебни категории граѓани, истакна лидерот на опозицијата Венко Филипче денеска на прес конференција во СДСМ. Според Филипче, Владата треба да излезе во пресрет и со посебни пакети за посебни категории граѓани да им помогне на социјално загрозените, луѓето со посебни потреби, најсиромашните пензионери, луѓето со ниски примања, семејствата со повеќе деца. ...

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6-ти април, годинава. Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24-ти март 2026 година. -Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. ...

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти, рече денеска премиерот Христија Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд најверојатно веќе размислува како отприлика би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека наскоро можеби ќе има готов документ кој, како што напомена, кога ќе има политички ...

При падот на колумбискиот воен авион загинаа 66 припадници на вооружените сили, изјави началникот за одбрана Ухо Алехандро Лопес Барето. Тој посочи дека во авионот имало 128 луѓе односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција. Снимка објавена на социјалните мрежи прикажува како авионот полетува над густата прашума, а потоа повторно се спушта кон земјата. Друга ...

Централните банки во изминатите пет години успешно се справија со исклучително тешки ситуации. Сега сме во завршната фаза на намалување на инфлацијата и создадовме мошне значаен простор во политиките за справување со идни шокови. Сепак, бидејќи мирни води сè уште не се на повидок, мора да останеме внимателни на повеќе фронтови, порача денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески на отворањето на Конференцијата на високо ниво на тема ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен. Во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април. ...

Живееме во време на длабоки и брзи глобални промени. Време во кое економските текови, финансиските пазари и безбедносните предизвици се испреплетуваат повеќе од кога било досега. Во таков свет, улогата на централното банкарство станува уште поважна – не само како чувар на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата, стабилноста и економската отпорност. Централните банки денес не делуваат во изолирани услови. Тие функционираат во ...

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности. Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33% вовкупниот број на купопродажби и дури 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако ...

Град Скопје во соработка со Психолошкиот центар Психограм денеска организира интерактивна работилница на тема „Играј со глава: ментален тренинг за млади спортисти“. Работилницата ќе се одржи во Младинскиот Хаб на Град Скопје, во Домот на култура „Кочо Рацин“, од 12:00 до 14:00 часот. – Во време кога младите спортисти сè почесто се соочуваат со притисок, очекувања и висока конкуренција, менталната подготовка станува подеднакво важна како и ...

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се приближуваат кон активно вклучување во војната против Иран, јавуваат американските медиуми, во услови кога конфликтот на Блискиот Исток сè повеќе ги загрозува нивните економии. Според „Волстрит џурнал“, кој се повикува на свои извори, двете заливски држави постепено се движат кон поактивна улога откако Ријад им дозволил на американските сили да користат воздушна база на своја територија. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Цинк

0.00