Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување. Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје, облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе ...
Без долготрајни екстремни периоди, но со епизодни студени бранови ќе биде оваа зима, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за државава. Средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Студени бранови со температури околу или под нормалните се очекуваат кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови. Климатскиот ...
Денеска е 12 декември (по стар стил) и се слави Св. Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски. Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. ...
На Никејскиот собор св. Спиридон направил чудо, кога за да ги демантира еретиците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода. Именден празнуваат: Спиридон, Спиро… На 25 (или според стариот календар на 12) декември Светата православна црква го празнува споменот на свети Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги ...
Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го слават Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржува во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде се одржува божикна полноќна света литургија. Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 декември. Денеска е Св. Спиридон Чудотворец. Свети Спиридон живеел во четвртиот век на островот Кипар. Родителите му биле прости луѓе и тој од младоста чувал овци. Кога му дошло времето, се оженил, но наскоро останал вдовец, па целиот свој имот почнал да го користи за да им помага на бедните. Подоцна бил избран за епископ во кипарскиот град Тримитунт. Господ го прославил овој ...
На денешен ден во 1854 година, според некои извори 1855 г. во велешкото село Голозинци е роден Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето, чиј споменик во Скопје беше прва жртва на власта која произлезе од тн. шарена револуција во Македонија. – За мои 100 години убив 100 предавници на организацијата. Прв го убив мојот брат, а потоа ликвидирав Tурци, србомани, гркомани, бугарски попови, грчки попови и даскали. Јас ја ослободив мис Стон откако беше ...
На 25 декември 1903 година во Софија излегла од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и ...
Менаџерот на Манчестер Сити можно е да добие големо засилување во тимот во борбата за шампионската титула со Арсенал. Според англиските медиуми станува збор за репрезентативецот на Гана Ентони Семењо (25.години). Се очекува токму овој играч да биде ѕвезда на зимскиот преоден рок бидејќи покрај своите квалитети и игрите што ги прикажува во Буренмут, на располагање ќе биде достапен веднаш бидејќи неговата репрезентација не настапува на АФКОН. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ. Нека овие светли ...
Без вода за пиење ќе останат утре дел од корисниците во општина Центар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисници на делови од „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“. Како што се појаснува во соопштението, причината е поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата од „Тодор ...
Култната улица во Битола – Широк Сокак, со својот уникатен спој на староградски шарм и модерна енергија, останува главната точка на интерес за секој турист. За да се овозможи целосно уживање во убавините на градот, Општина Битола во соработка со Министерството за култура и туризам, а согласно законската регулатива, воведува новини кои дополнително ќе ја зголемат неговата привлечност и функционалност. Со цел да се одговори на потребите на ...
Објавено на канцер ФБ групата „Не си сам во оваа борба“ Се мислев како да ја започнам оваа моја приказна и почнувам по ред. Мојата борба започна во далечната 2008 год. Ми беше дијагностициран канцер на плункова жлезда. Следеше една операција, потоа 2013 год. друга операција со зрачење. Многу се ислашив! Бев самохран родител, со дете на крајот на студиите, исцрпена материјално и психички. Го згрешив автобусот за Неготино, се качив за некоја ...
Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на телевизија Телма. -Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час дванаесет километри, појасни Тошковски, додавајќи, пак, ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, повторно привлече внимание на социјалните мрежи со сатиричен статус во кој ја коментира политичката состојба во земјава преку споредба со облакодерите во Дубаи. Во објавата, Стоилковски се прашува „дали СДС е опозиција во Македонија или во Србија“, додавајќи дека „важно се гради, Дубаи, не СДСМ“ со низа хаштагови. Во продолжение целиот фејсбук статус на Стоилковски: Од облакодерите во Дубаи Венко ...
Македонскиот олимписки комитет и Општина Кисела Вода денеска одржаа заедничка работна сесија посветена на стратешкиот развој на спортот, унапредувањето на инфраструктурата и едукацијата на спортската администрација. На настанот, кој ги обедини клучните чинители од локалниот спортски сектор, свои обраќања имаа претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Во своето обраќање пред ...
Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија гостуваше Јован Деспотовски, тој како член на СДС во однос на промените во партијата во Извршниот одбор вели дека критиките за состојбата не се нови и дека тој лично уште пред година и пол, кога се кандидирал на внатрепартиските претседателски избори, јавно укажувал дека работите не одат во добра насока. Тој потсети дека бил еден од ретките кои се охрабриле да се кандидираат и отворено да ...
На телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше Јован Деспотовски, член на СДС, кој на самиот почеток истакна дека граѓаните почнувале да го менуваат впечатокот за тоа дека во државата може да владее правото. „Кај луѓето, кај јавноста почна да се менува впечатокот дека сепак во државата може да се постигне владеење на правото. Јавноста се гледа дека е вознемирена од темата, дали е тоа причината исклучиво од тоа што СДС ја држи ...
Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар, каде видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја ...
Апелациониот суд Гостивар преку соопштение информира дека се преиначени одлуките од Основен суд Тетово за осудените лица во судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница, во кој во 2021 година животите ги загубија 14 луѓе. Со одлука на Апелационен суд, двајцата осудени директори наместо по година и половина, добија три години казна затвор, а правното лице Клиничка болница зголемена парична казна од еден милион и триста ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со ова се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје, информираа од Град Скопје. Во ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ истакна дека не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа. – Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, посочи Орбан. Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи оти Европа во моментот се ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека е во тек рокот за поднесување Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-П www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1166/89-19-DLD-P_07.05.2019.pdf) за 2026 година. Паушалното оданочување, како што велат, претставува режим на поедноставено оданочување при кој даночните обврзници немаат обврска да водат деловни книги и деловна евиденција. -Во рамки на овој режим, обврзникот не ...
Денеска во Општина Кисела Вода се одржаа две значајни обуки насочени кон развој на инклузивниот и училишниот спорт на локално ниво. Првата обука, во рамки на проектот „Движење за сите: Како да создадеме инклузивна настава во училиштата“, беше наменета за наставниците по физичко образование од основните училишта. Наставниците преку соработката со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје добија практични и теоретски насоки за работа ...
Денес пред вас го доставувам предлогот за избор на двајца министри, со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работата на клучни ресори од извршната власт, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната 76 пленарна сесдница на Собранието на Република Македоонија. „За министер за животна средина и просторно планирање го предлагам Муамет Хоџа. Кандидатот располага со долгогодишно искуство во државната ...
Со голема чест, денеска ѝ посакавме многу успех на нашата полициска службеничка, Бранислава Стојчевски, началник на Секторот за меѓународна полициска соработка, која стапува на новата и највисока функција во рамки на Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ – директор на Директоратот за меѓународни операции, објави директорот на Биро за јавна безбедност Александар Јанев. Со ова именување се потврдува високото ниво на професионалност, стручност и ...
Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Мухамет Хоџа да биде министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. – Денес пред вас го ставам предлогот за избор на ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ ...
Во просториите на Министерството за јавна администрација денеска се одржа предновогодишен брифинг со претставници на медиумите, на кој министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ги презентираше клучните резултати од работата на Министерството во текот на 2025 година, како и приоритетите и реформските активности што следуваат во наредниот период. Брифингот беше можност за отворен дијалог, поставување прашања и размена на мислења во ...