На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција. Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на ...

Министерот за дигитална трансформација вели дека е планирано донесување национална стратегија за развој на медиумскиот сектор и во таа насока, како што вели, се разгледуваат можностите за ново законско решение за медиуми, но и прв закон за МИА. -Јас ветив, оваа година започнуваме со реализација. Ние прв пат ќе донесеме национална стратегија за развој на медиумскиот сектор. Тука се и дилемите коишто ги поставува МИА – Македонската информативна ...

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззема од точката на дневен ред. Судиите членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има ...

Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје за 2026 година, обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти – како мал, но значаен чекор кон олеснување на нивното секојдневие и борба, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, нашата човечност се мери со тоа колку сме ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека во тек е реализација на 17 странски инвестиции, што треба да отворат до пет илјади нови работни места. – Веќе неколку пати најавив дека во тек се, во завршна фаза, во почетна или во некоја фаза на реализација, околу седумнаесет инвестиции што треба да креираат до пет илјади нови работни места. Што се однесува до инвестициите во енергетиката и регионалното ...

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании. Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ...

Иранската воена морнарица денеска соопшти дека внимателно го следи движењето на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, предупредувајќи дека би бил мета на напади доколку бродот се најде во дострелот на иранските ракетни системи. Командантот на иранската воена морнарица Шахрам Ирани изјави дека доколку непријателска група носачи влезе во дострелот, ќе следат „разорни напади“. Тој додаде дека иранската морнарица има „целосна поморска ...

Планот за професионален интегритет 2026–2028 е значаен инструмент во нашите напори за искоренување на корупцијата. Нашата цел е јасна – нула корупција во полицијата, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на промоцијата на „Планот за професионален интегритет 2026–2028“ на Министерството за внатрешни работи, изработен во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор 2021–2026. Планот ги ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика негодување во европските престолнини со својата недвосмислена поддршка за војната на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран, додека континентот се соочува со енергетски шок предизвикан од конфликтот, што дополнително го оптоварува трансатлантскиот сојуз, објави денеска „Фајненшел тајмс“. Руте претходно изјави дека европските сојузници на крајот би можеле да „се обединат“ и да ...

В недела на 29 март во 02:00 часот почнува летното сметање на времето што ќе трае до 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). -Владата донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, ...

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб. Посочи дека историјата покажува дека ...

Луѓе како Заев и Филипче, кои немаат кредибилитет и легитимитет во државата да говорат за мерки, проекти или пак да дадат совети за некоја политика, се најгласни во опозиција, а на власт кога беа повеќе крадеа него било што друго, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Поголеми дилетанти како СДС, Заев и Филипче во историјата на Македонија немало. Три пати додека беа на ...

Доскорешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села најавува формирање на нова политичка партија, која ќе се вика „Албански сојуз“. Како што нагласува Села во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“, луѓето кои се дел од оваа политичка групација имаат идеали и ќе продолжат повторно да градат, вели, еден силен политички субјект. -Ние не мислиме дека решението е оставка и предавање. Не оставам на случајноста, јас сум ја ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека Владата во своето работење го дава максимумот иако, како што рече, кај одредени поединци има дилема, ги опоменува и доколку не се коригираат, ќе бидат сменети. – Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме сè од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се будам ...

Премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју најави дека ќе иницира регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра. Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за можноста регионот заеднички да настапува во поглед на привлекување на идните енергетски инвестиции за задоволување на доаѓачките потреби во светот. Премиерот потсети на последното свое учество во ...

Израелскиот политичар од партијата Сино и бело, Аври Штајнер предложи Израел да купи 40 ненаселени грчки острови во Егејско Море, за да ги користи како засолниште за израелските граѓани во случај на војна, објави на израелскиот весник „Маарив“. Штајнер купувањето на ненаселени грчки острови ја оцени како втора Железна купола, поради опасноста од иранските ракети кои можат да погодат цели во Израел. – Тие не мора да бидат само острови, за мене ...

Техеран денеска ги предупреди САД да не распоредуваат копнени трупи во Иран, откако во безбедносните извештаи се наведува дека Вашингтон префрла сè повеќе сили во регионот на Заливот, јави ДПА. „Внимателно ги следиме сите движења на САД во регионот, особено распоредувањето на трупи“, напиша претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф на Икс. „Не ја тестирајте нашата решеност да ја браниме нашата земја“, рече Галибаф, кој е поранешен ...

Се потврди сѐ она што СДСМ го говореше и за што предупредуваше – за жал, на директна штета на стандардот на граѓаните. Мерката на Мицкоски не даде ефект. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот, кој сега изнесува 95,5 денари за литар, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска, што МИА го пренесува интегрално. Мицкоски е дилетант ...

Обвинувањата изнесени од Демократска унија за интеграција (ДУИ) се неосновани и не ја одразуваат фактичката состојба, имајќи предвид дека Министерството за односи меѓу заедниците постапува исклучиво согласно Уставот, законите и подзаконските акти, почитувајќи ги принципите на законитост, еднаквост и недискриминација, велат од Кабниетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Во реакција на денешното соопштение ...

Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец ги претставија 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави. -Јас да го истакнам моето задоволство, конечно „страјкерите“ се тука, што ќе дојдат и дополнителна количина што ќе ја зајакнат македонската Армија. Голема благодарност до војската, војниците, до старешините до генералите, до министерството за ...

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала во 12:05 часот во Скопје регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 12 часот и 5 минути беше почувствуван земјотрес од епицентралното подрачје Скопје. Неговата магнитуда изнесува 2,7 степени според Рихтеровата скала. ...

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на СДСМ и нивниот претседател Венко Филипче, тврдејќи дека партијата е под влијание на лица со, како што рече, „контроверзно минато и сомнителни интереси“. Манасиевски истакна дека Филипче, „по насока на Зоран Заев“, остварил средби со Милјан Шчекиќ во Ниш, како и со, како што го нарече, „куќниот пријател на Заев ...

Амбасадата на САД во Скопје објави безбедносно предупредување до сите американски граѓани. Стејт департментот им советува на Американците ширум светот, а особено на Блискиот Исток, да бидат претпазливи. Американците во странство треба да ги следат упатствата во безбедносните предупредувања издадени од најблиската амбасада или конзулат на САД. Според предупредувањето, периодичните затворања на воздушниот простор може да предизвикаат прекини во ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан, при што го замолил да стави крај на нападите врз земјите во регионот и упатил повик Иран да започне искрени преговори, пренесуваат светските медиуми. „Повторно ја истакнав апсолутната неопходност да се стави крај на овие неприфатливи напади врз земјите во регионот, да се зачува енергетската и цивилната инфраструктура и да се обнови ...

Иран одговори на американскиот мировен план од 15 точки со свои барања, кои вклучуваат затворање на сите воени бази на САД на Блискиот Исток и наплата за премин низ Ормуската Теснина, објави „Волстрит џурнал“. Покрај затворањето на базите во регионот на Заливот, Техеран бара отштета за нападите врз земјата, гаранции дека војната нема повторно да почне, прекин на израелските напади врз Хезболах и укинување на сите санкции. Иран исто така ...

Министерството за одбрана денеска ги презентираше новите лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), како дел од проектите за модернизација на македонската Армија. Возилата се набавени од Соединетите Американски Држави, како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. Пристигнати се 17 „страјкери“, а до средината на летото се очекува да биде испорачана целата набавка од вкупно 42 возила. Министерот за одбрана, Владо ...

Унгарија ќе го запре преносот на гас кон Украина сè додека не биде обновена работата на нафтоводот „Дружба“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во објава на „Фејсбук“. „Постепено ги запираме испораките на гас од Унгарија кон Украина и ќе го складираме гасот што останува кај нас во Унгарија“, наведе Орбан. Испораките преку „Дружба“ беа прекинати во јануари, што предизвика спор со Унгарија и доведе до блокада на заемот од ...

Портпаролот на иранските вооружени сили ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран бара договор за прекин на војната на Блискиот Исток, нагласувајќи дека САД „преговараат само со самите себе“. Потполковник Ебрахим Золфагари, портпарол на Генералниот штаб на иранските вооружени сили, оваа изјава ја даде во претходно снимено видео емитувано на државната телевизија. „Стратешката сила за која зборувавте се претвори во ...

Европа веќе следниот месец би можела да се соочи со недостиг на горива доколку дојде до продлабочување на кризата на Блискиот Исток, предупреди извршниот директор на нафтената компанија „Шел“, Ваел Саван. Тој изјави дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе принудил делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергенси и оти постои ризик такво сценарио во рок од неколку дена да се прелее кон Запад. Поради тоа, европските влади би ...

СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо. Се потврди, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше една половична мерка, има ново покачување ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Калај

52.70

Платина

66744.95

Бакар

12.46