Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој потенцира дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки. „Цената на ...
Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по одржаната вонредната Владина седница кој беше закажана напладне. – Се соочуваме со предизвик што навистина е голем. Не сме ние исклучок од кризата што се случува која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток, изјави Мицкоски. Како што истакна Мицкоски дека врз основа на движењата на светските берзи, се очекува бензините од 95 и 98 октани да поскапат за околу 6,5 ...
Владата денеска напладне одржува седница на која ќе бидат донесени мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. Курир дознава дека Владата ќе прогласи кризна состојба поради цените со бензините. -Владата реагира откако проценката е дека по најновите скокови на светската нафтена берза би требало да се зголеми дизелот уште за над 10 денари по литар, а безоловниот за 6 денари. Се очекува Владата да интервенира со намалување на данокот и ...
СДС 3 дена не одговара дали зад соопштенијата во кои се шират лаги и невистини стои Милјан Шчекиќ и Зоран Башановиќ. СДС 3 дена молчи, да одговори дали од скопски хотел овие двајца го тераат нивниот центар за лаги и манипулации, а тие само го говорат тоа што ќе им се напише, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што го пренесуваме интегрално. СДС треба да одговори дали по препорака на Заев, Филипче имал средба во Ниш за да го договори Шчекиќ? ...
(Цветин ЧИЛИМАНОВ, специјлен известувач на МИА од Будимпешта) Плановите на Европската Унија за проширување кое ќе ја вклучи и Украина наидоа на непремостлива пречка – Унгарија. Односите меѓу двете држави се до толку влошени што Унгарија ја обвинува Украина за прекинот на снабдувањето со нафта, а Зеленски упати директни закани кон унгарскиот премиер Орбан, кој за возврат го блокираше трансферот на 90 милијарди евра европска помош за Украина. ...
СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Контроверзната српска личност со име и презиме Зоран Башановиќ, советник во владата на Зоран Заев, а сега шеф на ПР тимот на ...
Иранската армија денеска соопшти дека ќе ги нападне енергетската инфраструктура и постројките за десалинизација во регионот доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги оствари своите закани за уништување на електроцентралите на Иран. „Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта ќе биде целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што им припаѓа на САД и на режимот во ...
Повеќе од 1500 луѓе загинаа во Иран откако започна американско-израелската војна против земјата пред три недели, соопшти Иранската државна радио-телевизија, повикувајќи се на податоци од иранското Министерство за здравство, јави ДПА. Според телевизијата, повеќе од 200 од убиените во Иран биле на возраст под 18 години. Уште 21.000 луѓе се повредени. Околу 220 медицински центри се евакуирани, а 21 медицински работник загинал, наведува Иранската ...
Израелското Министерство за образование соопшти дека се прекинува наставата во училиштата во државата денеска и утре по синоќешните ирански напади врз градовите Димона и Арад. Министерот за образование, Јоав Киш, изјави дека наставата во сите образовни институции, вклучително и специјалното образование, се откажува во консултација со Командата за цивилна заштита. „Наставата ќе се организира исклучиво од далечина низ целата земја, вклучително ...
Во Словенија, со одлука на Владата, од денеска се ограничува полнењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица, откако последните неколку дена имаше проблеми со снабдувањето на голем број пумпи во земјата. Проблемот со снабдувањето со гориво е најзабележителен на бензинските пумпи на Петрол, за што зборуваше и словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој ги повика трговците со нафта да размислат за мерки против странските ...
Три недели Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами и не презеде никакви мерки за високите цени на горивата. Спиралата на раст на цените на прехранбените производи веќе се активираше. Започнати се поскапувањата во маркетите. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата се над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Владата на Мицкоски задоцни. Сите влади ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени Целзиусови, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Со изградбата на браната Отиња, од која досега се реализирани 70 проценти, источниот дел од Македонија ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро, кое ќе биде туристичка атракција и се очекува да биде во функција пролетта 2028 година, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. При увидот на работите на терен Николоски истакна дека за проектот има доволно средства во Буџетот и од обезбедените 488 милиони ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги уништи иранските електрани доколку Техеран не ја отвори целосно Ормуската Теснина за бродови во рок од 48 часа. Изјавата на Трамп, дадена доцна синоќа на социјалните мрежи, е само еден ден откако тој најави дека САД размислуваат за „постепен крај“ на операцијата на Блискиот Исток. „Доколку Иран не ја отвори целосно, без закани, Ормуската Теснина во рок од 48 часа од овој момент, САД ...
Министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7 синоќа соопштија дека се подготвени да преземат неопходни мерки за поддршка на глобалните испораки на енергенси и ја потврдуваат важноста на заштитата на поморскиот сообраќај, вклучително и оние во Ормутската Тесница. „Изразуваме поддршка до нашите партнери во регионот во услови на неоправдани напади од страна на Исламската Република Иран и нејзините сојузници“, се вели во соопштението ...
Владата денеска напладне ќе одржи седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. – Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бензините. Заради тоа Владата утре во 12 ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по контроли спроведени на граничните премини во текот на минатата недела спречи увоз на 50 тони небезбедна храна што требало да заврши на македонскиот пазар. – Официјалните ветеринари на АХВ на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот ...
Интернет преку оптичка мрежа во 2025 година користеле 216.953 претплатници, за 19,19 проценти повеќе во однос на 2024 година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2025 година. Пристап до интернет преку мобилен минатата година лани имале 1.424.685 претплатници, за 4,2 проценти повеќе во однос на 2024 година. Во вкупниот број на активни претплатници на пристап до интернет со широк и ...
ПР-от на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев. СДС и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС. Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк ...
Командант на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда најави дека Иран во текот на ноќта ќе лансира повеќе ракети кон Израел. „Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи за лансирање“ ќе ги шокираат САД и Израел. (МИА) Командант на воздухопловните сили на ...
Во иранскиот ракетен напад врз Димона, град во јужен Израел, се повредени 47 лица, кои се хоспитализирани. Израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“ соопшти дека повеќето од повредите се предизвикани од шрапнели. Меѓу повредените има 10-годишно момче кое е во тешка состојба и 30-годишна жена која се здобила со повреди од стаклени парчиња. Другите повреди се полесни. Димона се наоѓа на околу 13 километри од Центарот за нуклеарни ...
Во рамки на проектот Пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, финансиран од Бирото за регионален развој, а како дел од одбележувањето на Денот на пролетта, денеска беше реализирана голема акција за пошумување на еден од најзначајните природни локалитети на подрачјето на Општина Прилеп. Дел од локалитетот Маркови Кули, кој се наоѓа над новите градски гробишта на патот за Трескавец, беше пошумен со 6.000 садници на даб, согласно ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во Скопје го одржа своето редовно годишно Собрание на кое донесе нов Статут, подготвен во соработка со УЕФА и ФИФА, како и одлука за донесување Страгегија за развој македонскиот фудбал во периодот од 2026 до 2030 година. Во обраќањето пред присутните 61 од вкупно 65 делегати, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се осврна на повеќе теми, укажувајќи на „системска манипулација“ во работењето ...
На 20.03.2026 во 09:49 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди-изгореници бил донесен З.А.(60) од Неготино, вработен во „Македонски Железници“. Според пријавеното, З.А. со повредите се здобил од струен удар, додека извршувал работни задачи во Скопје. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор. На 20.03.2026 во 09:49 часот ...
Три недели по почетокот на конфликтот, администрацијата на Доналд Трамп започна прелиминарни разговори за следната фаза на судирот и можен мировен договор со Иран, според извори за Axios. Трамп истакна дека размислува за „завршување“ на војната, иако се очекуваат уште две до три недели борби. Неговиот тим, предводен од изасланиците Џаред Кушнер и Стив Виткоф, работи на основите за дипломатско решение. САД од Иран бараат шест обврски: ...
Најпрестижниот тениски турнир во светот, кој воедно важи и за неофицијално светски првенство, Вмблдон, и официјално од оваа година ќе го користи тенискиот ВАР систем. Британците до минатата година користеа „автоматска линија“, но откако тој систем затаи, сега одлуката е да се премине на системот кој веќе се користи на Австралија опен и на САД опен, но и на Мастерс турнирите во машка и женска конкуренција. ВАР системот ќе биде достапен на ...
Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено против Австрија 30-30 во пријателски натпревар во рамките на ЕХФ неделата. Капитенот Филип Кузмановски беше спасител, овој пат од седум метри со кој го постави конечниот резултат. Македонија имаше шанса и да победи, со оглед на тоа дека во вториот дел водеше и со четири гола разлика. Овој дуел е подготовка за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година, каде ...
Илјадници Чеси се собраа денеска во Прага на најголемите антивладини демонстрации од 2019 година, незадоволни поради намалувањето на воените трошоци под водство на премиерот Андреј Бабиш и стравувајќи дека неговата администрација ќе преземе мерки против медиумите. Демонстрантите кои носеа чешки знамиња и знамиња на Европската Унија почнаа да пристигнуваат неколку часа пред почетокот на митингот на платото Летна во Прага, а организаторите ...
Околу 20 лица се повредени во напад со балистичка ракета врз градот Димона во јужен Израел, соопшти Израелската служба за итни случаи. Службата „Маген Дејвид Адом“ преку Телеграм објави дека нивните болничари лекуваат 10-годишно момче и 40-годишна жена кои се здобиле со умерени повреди од шрапнели. Помош им е укажана и на други повредени лица на местото на нападот. Димона е град на југот на Израел, каде што се наоѓа главната нуклеарна ...
Почитувани, Ве известуваме дека утре 22.03.2026 година (недела) во 13:30 часот, претседателот на Владата на Република Македонијa Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата, соопштија од Владата. Најавата за прес конференција доаѓа откако денеска беше соопштено дека утре во 12 часот Владата ќе одржи вонредна седница посветена на мерки за цените на горивата. Почитувани, Ве известуваме дека утре ...