На улицата Народен Фронт близу трговскиот центар „Беверли Хилс“ претпладнево тешко повредена била жена, кога во неа удрил автомобил, кој потоа избегал. По возачот се трага, соопшти МВР. Како што дознава „Нетпрес“, жената живеела во непосредната близина, а излегла да фрли ѓубре, не очекувајќи дека ќе стане жртва на бескрупулозен возач, кој потоа воопшто не се потрудил да ѝ пружи прва помош или барем да ја превезе в болница! Повредената Љ.Ј. со ...

Тинејџер (16)од Куманово правел голи фотомонтажи со малолетничка и ги објавувал на социјалните мрежи. Полицијата го уапсила и ќе му поднесе кривична пријава. „Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка“, соопшти полицијата. Тинејџер (16)од Куманово правел голи ...

Прага долго време е туристичка дестинација благодарение на својата барокна архитектура и културна историја, но нејзината најнова знаменитост – скулптура направена од илјадници книги што стана позната на TikTok, ги изненади функционерите во чешката престолнина. „Идиом“, дело на словачкиот уметник Матеј Крен, е цилиндрична кула од 8.000 книги со влез во форма на солза и огледала на врвот и на дното, создавајќи впечаток на бесконечен тунел. ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за декември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Тие, исто ...

СВР Куманово вчера доцна попладне и ноќеска уапсила двајца крадци, од кои едниот бил фатен на дело. Во 1:45 часот ноќеска бил уапсен А.С.(30) од село Романовце, Кумановско. Тој е затекнат во куќа во Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да краде. Во 16:40 часот вчера, пак, бил уапсен У.З. (32) од Куманово. Тој се сомничи дека на 1 јануари употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово и крадел. Тие се ...

Јеменскиот Јужен преоден совет (СТЦ) во земјата разорена од граѓанска војна, објави свое распуштање, јави ДПА. Членовите на Советот и придружните организации се согласија да се распуштат, се наведува во денеска прочитаното соопштение на телевизија. Советот не успеа да ги постигне своите цели, се продолжува соопштението. Јужниот преоден совет е сепаратистичка политичка организација во Јемен. Основан во 2017 година со поддршка на Обединетите ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави во петокот дека не верува дека Соединетите држави ќе употребат воена сила за да го анектираат Гренланд, предупредувајќи дека таков потег би имал сериозни последици за НАТО. На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони додаде дека е потребно „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и на Гренланд. „Сè уште не верувам во хипотезата дека САД ќе започнат воена ...

Вашингтон ослободи двајца Руси, членови на екипажот на танкерот за нафта под руско знаме што САД го запленија оваа недела во Северниот Атлантик, објави Тасс, врз основа на соопште ние на Министерството за надворешни работ на Руската Федерација. „Како одговор на нашето барање, американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да ослободи двајца руски државјани, членови на екипажот на танкерот за нафта „Маринер“, пишува портпаролката на ...

В недела во земјава ќе има локални врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и в понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 Целзиусови степени, а дневните ќе се задржат под нулата, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). В недела во земјава ќе има локални врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и в понеделник. Од почетокот ...

Полицијата синоќа уапсила двајца возачи кои возеле пијани. Станува збор за кичевец и за кумановец. Како што соопшти МВР, доцна синоќа во 23:30 часот во Кичево бил уапсен кичевецот Б.С.(45). Кога сообраќајна контрола го сопрела автомобилот „фолксваген“ со кичевски таблички што тој го управувал, полицајците му дале на Б.С. да „дува“, при што е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта. ...

Цените на храната на глобално ниво паднаа и во декември, четврти месец по ред, бидејќи падот на цените на млекото и млечните производи и месото преовлада над зголемувањето на цената на житарките и шеќерот, објави Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Ценовниот индекс на ФАО на кошничката за основни прехранбени производи во просек изнесуваше 124,3 поени во декември и беше за 0,6% понизок отколку во ноември и за 2,3% ...

Полициската управа на Мурска Собота во Словенија потврди дека се случил ужасен инцидент во едно од средните училишта. Во 9:40 часот наутро, добиле пријава дека непознато лице им се заканува на учениците во училиштето со нож. Полицијата и кривичните истражители веднаш биле испратени на местото на настанот, а според првичните извештаи, ученик во нападнал ученичка и избодел во лицето и грбот со нож. Таа била полесно повредена и е пренесена во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, покрај вообичаената цивилна инфраструктура и енергетски објекти, руски дрон ја оштетил зградата на амбасадата на Катар во текот на ноќта. „Покрај нашата вообичаена цивилна инфраструктура и енергетски објекти, руски дрон вечера ја оштети зградата на амбасадата на Катар. Земја која прави толку многу за да посредува со Русија во ослободувањето на воените заробеници и цивилите што се наоѓаат ...

Сопствениците на популарниот бар „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, денеска се појавија за првпат пред истражен судија во Сион како осомничени во врска со пожарот од 1 јануари во кој загинаа 40 лица, меѓу кои 21 лице под 18 години. Тие ги дадоа своите искази во канцеларијата на Министерството за правда на Кантонот Вале, во придружба на тројца адвокати. Иако се соочија со голем број новинари, кои ги чекаа пред зградата, ...

Швајцарското гратче закрепнува од „незамисливата“ загуба на многу млади животи во пожарот за време на новогодишните прослави, вклучувајќи седум фудбалери од локалниот клуб. Пожарот што избувна во барот „Le Constellation“ во скијачкиот центар Кран-Монтана, преполн со гости кои го прославуваа почетокот на 2026 година, одзеде 40 животи, претежно тинејџери. Седум од загинатите беа играчи на локалниот фудбалски клуб во Лутри, идиличното гратче со ...

Претседателот на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, ја бранеше одлуката да се покани крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на годинашниот собир во февруари, по повторените критики од САД дека европските земји и институции ја ограничуваат слободата на говорот. Ишингер, кој е поранешен германски дипломат, рече дека вклучувањето на „двајца или тројца експерти за надворешна политика“ од АфД, кои не беа поканети ...

На раскрсницата на улиците „8 Септември“, „Крсте Нале“ и „Раштанска“ во Битола вчера попладне се судриле два автомобила – „сеат ибица“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(19) од Битола и „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувана од 46-годишната М.Ц. од с. Кукуречани, Битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ц., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР ...

Гостиварската полиција вчера претпладне ставила лисици на рацете на 31-годишната М.Х. од с. Добри Дол, општина Врапчиште, постапувајќи по пријава дека извршила тешка кражба во продажен објект во Гостивар. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава. Гостиварската полиција вчера претпладне ставила лисици на рацете на 31-годишната М.Х. од с. Добри Дол, општина Врапчиште, ...

Во земјава утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.), гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка ...

Белгија од синоќа е зафатена од бурата „Горети“, која донесе интензивни врнежи од дожд и снег, налети на ветер до 100 километри на час и наврнаа од 40 до 50 литри дожд на квадратен метар. Белгискиот Кралски метеоролошки институт прогласи портокалов метеоаларм во јужните и источните делови на Белгија, додека во останатите области во земјата во сила е жолто предупредување што, од провинција, до провинција, ќе биде во сила до вечер, утре ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.С. (25) од с.Долна Бањица, Гостиварско и С.Џ. (25) од Гостивар, товарејќи ги за насилство. На 11 ноември лани во двор на куќа во Гостивар, пријавените со остри предмети се обиделе да се пресметаат меѓусебно, но биле спречени од присутните, соопшти МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.С. ...

Две лица од Скопје се пронајдени мртви во викендичка во гостиварско село доцна синоќа, а причината за нивната смрт ќе ја утврди обдукцијата. Според пријавата, на вчера околу 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во село Горна Ѓоновица, Гостиварско, се пронајдени починати Т.Ј. (30) и И.Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а телата, по наредба на јавен обвинител, се дадени на ...

Тешки телесни повреди задобила Ј.Ц. (61) кога вчера рано наутро во неа додека одела удрил автомобил „шкода“. Несреќата се случила во селото Петровец, а автомобилот бил управуван од Д.К.(46) од Петровец, удрило во 61-годишната Ј.Ц. од Скопје. По несреќата, жената била пренесена во Универзитетската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Тешки телесни повреди задобила Ј.Ц. (61) кога вчера рано ...

Цените на храната повторно паднаа во декември, четврти месец по ред, бидејќи падот на цените на млекото, млечните производи и месото ги надмина поскапувањата на житарките и шеќерот, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO). Ценовниот индекс на FAO за кошничка основни прехранбени производи во просек изнесуваше 124,3 поени во декември, што е намалување од 0,6 отсто во однос на ноември. Падот на цените ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека го откажал претходно најавениот втор бран напади врз Венецуела по соработката на јужноамериканската земја. Трамп рече дека САД и Венецуела добро соработуваат, додавајќи дека „големите нафтени“ компании ќе инвестираат најмалку 100 милијарди долари во Венецуела. Сепак, додаде дека сите танкери за нафта во Венецуела „ќе останат на своите места поради безбедност“. Претседателот изјави ...

Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека Исламската Република нема да попушти пред протестите, а за немирите во земјата ги обвини „странските елементи кои се обидуваат да ја дестабилизираат земјата“. „Секој треба да знае дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни луѓе и дека нема да попушти пред саботерите“, рече Хамнеи во обраќање на државната телевизија. Зборувајќи за ...

На подрачјето на Карпош, ноќеска 45 минути по полноќ биле уапсени двајца 16-годишници, кои биле агресивни кон полицијата. Имено, околу 10 минути по полноќ на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полицајци забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди. Набргу, мотоциклот бил запрен, ...

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ (02.01.2026 – 08.01.2026) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) * Ротирна печка 4 не работи од 21.12.2025 поради редовен годишен ремонт *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му посака „многу среќа“ во изборната кампања на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во писмо што Орбан го објави на својата Facebook страница во петокот. Двајцата челници се сретнаа во Белата куќа на 7 ноември, каде што Трамп му одобри на Орбан едногодишно ослободување од санкциите на САД за снабдување со руски енергенси, спречувајќи зголемување на цените што силно би ја погодило ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да се обврзе на учеството на САД во идната одбрана на Украина како дел од мировниот договор, бидејќи е уверен дека Русија нема да се обиде повторно да изврши инвазија. „Многу сум уверен дека тие нема повторно да извршат инвазија, во спротивно не би се согласил на тоа“, рече тој во интервју за „Њујорк тајмс“, одговарајќи на прашањето дали е подготвен да влезе во војна за да ја ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1005
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1005
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
89%
1006
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.83
100%
1005
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
8.23
62%
1007
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
3.09
96%
1003
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
84%
1004
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
94%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Платина

67162.91

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Паладиум

546.56

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Родиум

336779.07