Голем дел од Хрватска се разбуди под снег и мраз. Додека сите патишта се повеќе или помалку исчистени, снегот и лапавицата предизвикуваат проблеми за пешаците, а вистинската опасност допрва доаѓа во наредните денови – леден дожд, известува државната телевизија ХРТ. Во многу градови во Хрватска температурата падна под -10 степени, најмногу во Горски Котар, во Мркопаљ, каде што падна дури до -25. На северозападниот дел од земјата, во Штригова, ...

Во финалето на шпанскиот Суперкуп, кое се игра во саудиска Џеда, силите ќе ги одмерат најглемите спортски ривали Барселона и Реал Мадрид. Откако Барселона го победи Атлетик Билбао со 5:0 во средата, Реал го победи градскиот ривал Атлетико со 2:1 во четврток. Валверде во 2. и Родриго во 55. минута му донесоа водство на Реал од 2:0, пред Сорлот во 59. минита да го ублажи поразот на Атлетико. Финалето е закажано за в недела со почеток во 20 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека ќе дозволи истекување на најновиот договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија и нема да ја прифати понудата на Москва доброволно да го продолжи, објави The New York Times. Во септември рускиот претседател Владимир Путин предложи двете земји доброволно да ги одржат ограничувањата за распоредено стратешко нуклеарно оружје утврдени во Новиот договор СТАРТ, кој истекува на 5-ти февруари ...

Фудбалерите на актуелниот француски и европски шампион Париз Сен Жермен го освоија својот прв трофеј во 2026 година со победата во францускиот Суперкуп, победувајќи го Олимпик Марсеј во Кувајт Сити со подобро изведување на пеналите. Натпреварот заврши со резултат 2:2, париските „Светци“ поведоа со голот на Дембеле (13), но Гринвуд (76) израмни, а Марсеј се приближи до триумф со автоголот на Вилијан Пах (87). Сепак, Гонсалo Рамос (90+5) ...

Сириската армија започна нови напади во делови од Алепо во четвртокoт откако им нареди на жителите да се евакуираат, обвинувајќи ги Сириските демократски сили (SDF), кои ги предводат курдските Единици за заштита на народот (YPG), дека користат области со курдско мнозинство за да започнат напади, додека судирите влегоа во третиот ден. Војската коja сега ја сочинуваат припадници на поранешните сунитски џихадистички групации блиски на ...

Масовни антивладини протести се одржуваат низ Иран вечерва, вклучително и во главниот град Техеран. Ова е 12-та ноќ по ред во која демонстрантите излегуваат на улиците, во бран немири поттикнати од тешката економска криза. Организацијата за следење на интернет NetBlocks објави „национално исклучување на интернетот“. На вечерашните протести повика Реза Пахлави, протераниот син на последниот шах на Иран. Големи толпи беа забележани во неколку ...

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Украина објави на својата веб-страница дека е можен „потенцијално значаен“ воздушен напад врз земјата во наредниве денови. Амбасадата на САД објави вечерва дека добила информации за „потенцијално значаен воздушен напад што може да се случи во кое било време во текот на следните неколку дена“, објавува „Украинска правда“. „Амбасадата, како и секогаш, препорачува американските граѓани да бидат ...

Американскиот Сенат во четвртокот даде зелено светло за резолуција што ќе го спречи претседателот Доналд Трамп да одлучи за натамошни воени дејствија против Венецуела без одобрение од Конгресот, бидејќи Трамп рече дека контролата на САД врз земјата може да трае со години. Сенатот гласаше со 52 гласови „против“ и 47 „против“ за усвојување процедурални мерки за да се поведување на резолуцијата за воените овластувања во следната фаза од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокoт тврдеше дека текстот на билатералниот договор за безбедносни гаранции меѓу Киев и Вашингтон е „во основа подготвен“ за конечен договор со американскиот претседател Доналд Трамп, откако американските претставници на состаникот на Коалицијата на волните во Париз во вторникот не ја потпишаа Париската декларација за безбедносни гаранции по настапување на мир во Украина. Како клучен дел од ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ги обвини Соединетите држави дека им го вртат грбот на своите сојузници, наведувајќи ги нивните трговски и безбедносни политики. „Соединетите држави се етаблирана сила, но прогресивно се оддалечуваат од некои од своите сојузници и се оддалечуваат од меѓународните правила што ги промовираа до неодамна“, им рече Макрон на амбасадорите во Париз во четвртокот. Францускиот претседател рече и дека меѓу ...

Австрија ги зголеми платите на воспитувачките и помошниот персонал во приватните детски градинки – за 3,5% и за 3,7%, јавија австриските медиуми. Со тоа новата минимална плата за воспитувачките во детските градинки ќе изнесува 3.170 евра, а за помошниот персонал 2.216 евра. Зголемувањето на минималниот износ на плата го направи Федералното биро за решавање трудови спорови, кое е во склоп на министерството за социјални работи. Во Австрија 41% ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(49) од Охрид, товарејќи го за кривично дело „разбојништво“. Имено, на 8 декември лани, пријавениот насилно влегол во домот на Д.Б. од Охрид, физички го нападнал, по што му го одзел паричникот. Полицајци за кратко време го пронашле сторителот и го уапсиле, нагласи СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(49) од Охрид, товарејќи го за кривично дело „разбојништво“. Имено, на 8 ...

Вкупно 11.250 домаќинства во окрузите Алба, Марамуреш, Салаж, Прахова и Клуж останаа без електрична енергија поради влошената метеоролошка состојба во Романија, соопшти министерот за енергетика Богдан Иван. „На терен се мобилизирани 341 екипа со 911 техничари кои извршиле над 5.000 интервенции. Се користи тешка механизација, кранови, дронови, па дури и моторни санки, бидејќи многу од дефектите се во тешко достапни предели каде патиштата се сè ...

Венецуелската државна нафтена компанија PDVSA во средата потврди дека преговара со Соединетите држави за продажба на нафта по „меѓународни цени“, изјави Вилс Рангел, член на одборот на директори. Во кратко соопштение за медиумите, PDVSA објави дека преговара со американската влада за „продажба на поголеми количества нафта во рамките на постојните комерцијални односи меѓу двете земји“. Точното количество барели не е прецизирана. Американскиот ...

Сѐ уште се високи водостоите на реките низ земјава и сѐ уште има поплавени површини, но сите имаат тенденција на постепено стабилизирање и намалување до крајот на денот, извести Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) вечерва. До 19 часот, сѐ уште значително висок бил водостојот во сливот на реката Треска и во горниот дел на сливот на реката Вардар, но водата полека почнува да се повлекува од местата каде што имаше поплавувања. Исто така, ...

Скопјанец е осомничен за телесна повреда на поранешната партнерка во особено груб чин на насилство и забрането му е да ѝ се приближува на жртвата, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Осомничениот во неделата, во испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 17:35 часот пријавено е дека на автопатот Скопје – Велес, после тунелот „Бадар“ има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Сообраќајот не е во застој. На местото интервенира екипа на ЈП Македонија пат. Од 18:05 часот поради излевање на Црна Река од своето корито кај с.Бучин, Крушевско, има прекин на патниот сообраќај на локалните патни правци од селото Бучин кон Демир Хисар, кон ...

Две државјанки на Бугарија се осомничени за серија џебни кражби во Скопје, претежно од постари лица, како и за вадење пари на банкомати со украдените картички. Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка за двете Бугарки според член 235 став 1 од Кривичниот законик – „кражба“. Но бидејќи во конкретниот случај постојат индиции дека осомничените во два успешни обиди за повлекување пари од украдените картички користеле ПИН кодови кои ...

Постара штипјанка (77) вчера попладнето пријавила во СВР Штип дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Лицето за операцијата ѝ побарало 700.000 денари, и откако во неколку наврати се ...

Состојбата по обилните врнежи и поплавувањата во текот на вчерашниот ден, ноќеска и денеска е алармантна. Како што соопшти Центарот за управување со кризи пред малку, бројката на поплавени површини и живеалишта се зголемува, а во Охрид се поплавува и населбата Далјан. Нови поплавувања има и во Гостивар, како и во Кочанско и на територијата на општина Желино. Во Штипско–Кочанскиот регион, поради обилните врнежи е зголемен водостојот на реките ...

Расчистени се вкупно 12 случаи на измама и за нив е уапсена А.Ј.(23) од Скопје, која за претходни дела била осудена на затворска казна, но не почнала да ја издржува. Апсењето на А.Ј. се случило по пријава од лице од Тетово дека се обидела да го измами со наводно издавање под наем во Тетово. Кога била приведена во полициска станица, клопчето почнало да се одмоткува… Имено, тогаш било утврдено дека таа учествувала во три измами и еден обид за ...

Жител на Дебар денеска претпладне го загубил животот кога паднал од станбена зграда во изградба, каде што извршувал работни задачи. Од добиените тешки повреди тој починал на пат кон Општата болница со проширена дејност во Дебар. Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, околу 11.35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К. С. (40) од Дебар. ...

Маж бил измамен за 600 евра – толку дал како аванс за достава и монтажа на собна врата, која никогаш не била испорачана. Случајот во СВР Скопје вчера го пријавил 36-годишен маж, кој кажал дека на 19 септември лани на социјална мрежа стапил во контакт со едно лице, кое се претставило како управител на приватна фирма од Тетово и се договориле за достава и монтажа на собна врата, при што на друго лице, наводно вработен како техничар во фирмата, ...

Плановите на Лондон и Париз да воспостават свои воени бази во Украина по примијето и да направат магацини за оружје и воена техника се далеку од мировен план, туку продолжување на милитаризацијата, ескалација и влошување на конфликтот, порача портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска. Москва ќе го смета распоредувањето на западните војници во Украина како директна интервенција, изјави ...

В сабота ќе има локални врнежи – на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето во следните денови. В недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе ...

Црвен крст на Република Северна Македонија соопшти дека е е во функција сметка за донации за поплавените жители на Кичево. Заинтересираните граѓани и компании може да донираат парична помош на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст: 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, со назнака – Помош за настраданото население во Кичево. Инаку, Општинската организација Кичево на Црвен крст, во соработка со Општина Кичево, во ...

Законите од реформската агенда, изборот на правобранител, укинување на техничката влада се меѓу прашањата што премиерот Христијан Мицкоски, ќе ги предложи за лидерската средба со првите луѓе на парламентарните партии на 14 јануари напладне во Клубот на пратениците за што формална покана ќе биде испратена денеска или утре. Мицкоски претпладнево во изјава за медиумите рече дека нивен приоритет не се изборите, туку реформите и проектите. ...

Извор на новинската агенција „Косова прес“ тврди дека вчера попладнето го видел поранешниот вицепремиер и бегалец, Артан Груби во Приштина, пренесува косовскиот медиум. Како што стои во текстот на медиумот, екс-функционерот, кој е во бегство од декември 2024 година и е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави, се преселил во област недалеку од центарот на косовскиот главен град, во придружба на две деца. Груби, како што ...

Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно со ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје најави дека утре, петок, поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров – во периодот од 9 часот сѐ до отстранувањето на дефектот, без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на Завод за физикална медицина и рехабилитација. ЈП Водовод и канализација – Скопје најави дека утре, петок, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1005
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
86%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
80%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.2
95%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
97%
1006
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.26
54%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1008
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
4.47
88%
1003
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
79%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
77%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Калај

46.91

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Злато

159231.39

Алуминиум

3.03