Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско поради излевања на реки се делува со механизација. На подрачјето на Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд, во Тетовско, пак, се пријавени свлечишта на локалните патишта, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека во Општина Кочани е забележан значително ...

По два дена пад, на европските берзи во петокот во претпладневното тргување индексите пораснаа, што најмногу се должи на растот на цените на акциите во енергетскиот и рударскиот сектор. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,4 отсто во првиот пресек од тргувањето и е на пат кон седмична добивка. Истовремено, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,27 отсто, на 10.070 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,09 отсто, на ...

Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави доцна ноќта кон петокот дека четири члена на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС – ISS) ќе се вратат на Земјата порано од планираното поради здравствен проблем на астронаут, што е прва таква евакуација во историјата на орбиталната лабораторија. Службениците на американската вселенска агенција не дадоа детали за природата на проблемот, но рекоа дека астронаутот, чие име ...

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари. -На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на ...

Апсењето на претседателот на Венецуела, Мадуро, на 3 јануари 2026 година доаѓа точно 35 години по апсењето на друг еден латино-американски лидер, поранешниот диктатор на Панама, Нориега. Ништо ново! Посебно за латино-американските услови. Помалку или повеќе овој континент за Соединетите Држави претставуваше „заден двор“. Новата американска стратегија за национална безбедност овој „двор“ го надогради и го прогласи за „преден“. САД ја ...

Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во изјава за бизнис-магазинот ...

Утрово во државата беа измерени ниски температури, при што најстудено беше на Попова Шапка со -11 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температури под -8 степени се забележани и во Куманово (-9), како и во Скопје-Петровец, Берово и Крива Паланка, каде се измерени -8 степени. Во Тетово, Демир Капија и Маврови Анови температурата изутрина изнесуваше -7 степени, додека -6 степени се регистрирани во ...

Грчките медиуми во последните денови повторно пишуваат за можноста легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ да се врати во редовите на кошаркарскиот клуб Панатинаикос. Панатинаикос моментално се наоѓа во резултатска криза во Евролигата, а некои грчки портали тврдат дека раководството размислува да го донесе Обрадовиќ, кој би можел да им донесе нов импулс и искуство на клупата. Обрадовиќ, кој важи за еден од најуспешните европски тренери со пет ...

Ракометната селекција на Хрватска загуби со 29-32 од Германија во пријателски натпревар одигран во Загреб Избраниците на Дагур Сигурдсон беа во игра до крајот на натпреварот, кој Германците го решија со серија од 5-1 помеѓу 51. и 57. минута. Германија до победата ја предводеше голманот Давид Спат со 13 одбрани, додека Јоханес Гола, Реинарс Ушчинс и Јури Кнор постигнаа по пет гола. За Хрватска, Иван Мартиновиќ и Марио Шоштариќ постигнаа по ...

Минесота го победи Кливленд со 131:122 дома, забележувајќи ја четвртата последователна победа во НБА лигата. Најефикасен играч на Минесота беше Џулиус Рендл со 28 поени, 11 скока и осум асистенции, Џејден МекДениелс додаде 26 поени, додека Ентони Едвардс забележа 25 поени, девет асистенции и седум скока и стана третиот најмлад играч во историјата на НБА што достигнал 10.000 поени во кариерата, по Леброн Џејмс и Кевин Дјурант. Најефикасен ...

Тензиите околу мерките на претседателот Доналд Трамп против имиграцијата се зголемија низ САД во четвртокот по второто пукање во кое беа вклучени службеници за имиграција за два дена, продлабочувајќи го јазот меѓу државните и федералните службеници околу тоа како и зошто се случија пукањата. Протестите се интензивираа во Минесота откако агент на Службата за имиграција и царина (ICE) застрела и уби 37-годишна мајка на три деца во средата. ...

„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во изјава за бизнис-магазинот ...

Во текот на последниот месец на минатата година, Јавното претпријатие (ЈП) Комунална хигиена – Скопје подигнало и транспортирало вкупно 13.000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје. Воедно, екипите на Комунална хигиена отстраниле и 2.200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Во текот на ...

Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на ...

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо се зголеми втор ден по ред во раното претпладневно тргување во петокот. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,93 поени, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 98,73 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните ...

Шеснаесетгодишна девојка од Липково со месеци била уценувана и силувана од најмалку 17 лица, јави Алсат. Според информациите на медиумот, сексуалното насилство започнало уште во јуни минатата година, а осомничените, користејќи се со интимни видеа и фотографии, го принудувале девојчето да им дава пари и да извршува сексуални услуги. Случајот излегол на виделина во неформални околности, по што семејството на малолетничката поднело пријава до ...

Русија го користела својата проектил „Орешник“ со среден дострел во напад врз западна Украина, објави новинската агенција ТАСС во петокот, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, што е втор напад врз Украина во кој е употребено оружјето. Според министерството, нападот бил извршен како одговор на „терористичкиот напад“ на Киев врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на 29 декември 2025 година. Додадено е дека целите ...

На граничниот премин „Меџитлија – Ники“ има забрана за движење на товарни возила до 10.01.2026 г. до 10 часот, поради блокадите од грчките земјоделци. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска ...

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднело кривична пријава против Ф.A.(25) од Турција, товарејќи го за „фалсификување исправа“. На 28 декември лани на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, на излез од државата, при извршена контрола, констатирано е дека пријавениот го пречекорил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена, при што на влез и излез користел две турски патни исправи, соопшти ...

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, се сретнал во Париз со специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и со зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, според Axios кој се повикува на извор запознаен со ова прашање. „Советниците на претседателот Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се сретнале во Париз во средата со рускиот пратеник Кирил Дмитриев за ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази жалење поради најавата на Соединетите држави за повлекување од 66 меѓународни организации. Сепак, сите организации на ОН ќе продолжат да ги извршуваат своите задачи, изјави Гутереш во Њујорк. „Како Обединети нации, имаме одговорност да ги исполниме нашите обврски кон оние кои зависат од нас за помош“, додаде тој. Белата куќа претходно објави дека САД ќе се повлечат од 66 ...

На најголемата светска берза се тргуваше претпазливо во четвртокот, при што технолошкиот сектор беше под притисок, додека акциите на производителите на оружје пораснаа. Индексот Dow Jones доби на вредноста 0,55 отсто, на 49.266 поени, а S&P 500 доби 0,01 отсто, на 6.921 поен. Индексот Nasdaq, пак, ослабе за 0,44 отсто, на 23.480 поени. По растот претходниот ден, цените на акциите на голем број технолошки гиганти паднаа вчера. Цената на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека вчера при изведување градежни активности од страна на приватна фирма, оштетена е водоводна цевка ф-150 мм во с.Копаница (под резервоарот). Поради настанатиот дефект, водоснабдувањето во селото Копаница е прекинато вчера во 20:40 часот. Екипа на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе го отстранува дефектот денеска и по завршувањето на работите, водоснабдувањето во Копаница ќе биде обновено. ЈП ...

ОВЕН Денеска ќе реагирате исклучително чувствително на емоциите на луѓето од вашето опкружување. Ќе имате желба да помогнете, а доколку и на самите вас ви е потребна поддршка, не двоумете се да ја побарате – веројатно ќе ја добиете. Вашата емоционалност ќе биде силно изразена и ќе имате тешкотии да ја скриете. БИК Доколку денеска чувствувате посилни емоции, пронајдете начин да ги ослободите без да ги префрлате на луѓето што ве опкружуваат. ...

Следниот празник и неработен ден за сите граѓани, според Законот за празниците, е 20 март, петок, кога муслиманите ќе го прослават првиот ден на Рамазан Бајрам. Потоа следува уште еден верски празник, еден од двата најголеми празници за христијанските верници – на 13 април, понеделник, е втор ден Велигден за Православните цркви. Овој ден е исто така неработен за сите граѓани на земјава. Следен државен празник е 1 Мај, петок – Ден на трудот. ...

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Времето во земјава денеска ќе биде променливо ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје најави дека денеска, петок, поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров – во периодот од 9 часот сѐ до отстранувањето на дефектот, без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на Завод за физикална медицина и рехабилитација. Исто така, поради дефект на затворач ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 ...

Водечкиот тим во англиското фудбалско првенство, Арсенал одигра нерешено 0:0 против актуелниот шампион Ливерпул на лондонскиот стадион „Емирати“ во четвртокот вечерта во натпреварот од 21-то коло. Екипата на Микел Артета победи на седум последователни домашни натпревари во лигата и се очекуваше да ја искористи предноста против ослабениот Ливерпул. Арсенал ја пропушти шансата да побегне на осум бода предност на врвот на Премиер лигата во ...

Фудбалерите на Милан одиграа само 1:1 на домашен терен со Џенова во четвртокот вечерта во дуелот од 19-то коло од италијанското првенство. Гостите можат повеќе да жалат за неостварената победа, бидејќи водеа со 1:0 со голот на Коломба од 28. минута до втората минута од судиското продолжение на мечот кога Рафаел Леао израмни на 1:1 по корнерот што го изведе ветеранот Лука Модриќ. Сепак, возбудувањата не завршија ни тука, бидејќи Џенова доби ...

Израелските сили убија најмалку четворица Палестинци во два напада во Појасот Газа во четвртокот, неколку часа откако војската соопшти дека погодила место каде што наводно припадниците на движењето Хамас неуспешно се обиделе да извршат ракетен напад, што претставува нова закана за кревкото примирје. Медицинските лица изјавија дека најмалку три лица се убиени во израелски воздушен напад, а уште тројца, меѓу кои и деца, се ранети во шатор во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1005
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
86%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
80%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.2
95%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
97%
1006
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.26
54%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1008
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
4.47
88%
1003
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
79%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
77%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Цинк

3.25

Рутениум

45750.51

Паладиум

546.56

Калај

46.91

Платина

67162.91