Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Русија во четвртокот уште еднаш го повтори предупредувањето дека странските трупи испратени од западните влади во Украина ќе бидат „легитимна воена цел“, откако Велика Британија и Франција објавија планови нивните трупи да учествуваат во мултинационални трупи распоредени во случај на прекин на огнот. Во соопштението за медиумите од руското Министерство за надворешни работи се наведува дека „милитаристичките изјави“ на коалицијата на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку изјави дека документот што ги дефинира безбедносните гаранции на САД за Украина „сега е во суштина подготвен за финализирање на највисоко ниво со претседателот на Соединетите Американски Држави“. „Важно е Украина успешно да ги обедини напорите на европските и американските тимови и дека заедно разговаравме, меѓу другото, за документи за реконструкција и економски развој“, рече Зеленски. Тој ...
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија. „Нашиот приоритет како Влада е просемејната политика, грижата за најмилите, за најмладите продолжува и понатаму во периодот којшто следи, бидејќи останува на младите иднината, а ние сме тие коишто треба да ја направат таа иднина поперспективна и на овој начин мислам дека на голем број брачни парови им се олеснува ...
Џесика Морети, ко-сопственичка на барот во швајцарскиот ски-центар Ле Констелашн, каде што загинаа 40 лица на новогодишната ноќ, наводно била снимена како го напушта објектот со каса полна со пари за време на пожарот, пренесува Дневник.хр. Според италијанскиот весник „Ла Република“, Морети ги игнорирала луѓето кои очајно барале помош за време на пожарот и си заминала со касата, во која имало пари. Таа за време на пожарот добила изгореница на ...
Во периодот на новогодишни и божикни празници, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на грижа и солидарност, Рудник САСА, самостојно и преку својата Фондација, реализираше повеќе активности со цел да им донесе празнична радост и конкретна поддршка на своите вработени и на пошироката локална заедница во Македонска Каменица. Како дел од традиционалните празнични активности беа обезбедени 57 ќебиња за згрижените лица во Дневниот центар ...
Убиството на 37-годишна жена од американската сојузна држава Минесота од страна на агент на Службата за имиграција и царина (ICE) го потресе градот Минеаполис и поголемиот дел од Соединетите држави, со потенцијал да стане уште една точка на жариште во силно поларизирана земја. Државните и федералните претставници понудија спротивставени извештаи за инцидентот во кој неименуван агент на ICE во средата ја застрела и уби американската државјанка ...
Напорите на Либан за разоружување на Хезболах се охрабрувачки почеток, но „сè уште недоволни“, соопшти денеска кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, цитиран од француските медиуми. Во соопштението се осудува стратегијата на либанското исламистичко движење „за вооружување и обнова на својата терористичка инфраструктура со поддршка на Иран“. Либанската армија претходно денеска соопшти дека ја завршила првата фаза од својот план ...
Гренланд треба да води директни разговори со владата на САД без посредништво на Данска, изјави Пеле Броберг, лидер на најголемата опозициска партија во Гренланд, Налерак. „Ја повикуваме нашата влада да започне дијалог со владата на САД без Данска“, изјави Броберг, лидер на опозициската партија Налерак, која се залага за независност на Гренланд. Тој рече дека Данска со своето посредништво ги антагонизира и Гренланд и САД. Налерак го дуплираше ...
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека извршила целен напад врз место за лансирање ракети во близина на градот Газа, откако открила неуспешен обид за лансирање ракета од локацијата, јавија британските медиуми. Армијата соопшти дека ракетата не стигнала до израелска територија и дека базата била погодена кратко откако бил откриен обидот за лансирање. Израел на два пати во последните 24 часа го обвини палестинското движење Хамас за ...
Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево. Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и поставени во кичевската спортската сала „Македонија“, каде ...
Новата 2026 почнува со убави и среќни вести. Битолчанецот А.В. славенички ја започна 2026 година и стана уште едно име во низата големи среќни приказни на ВЛТ. Тој освои празничен Ројал џекпот вреден 8.933.795 денари. Битолчанецот А.В. славенички ја почна новата 2026 година. Тој е најновиот среќен добитник кој ја почувствува празничната магија уште во првите денови од новата 2026, освојувајќи РОЈАЛ ЏЕКПОТ вреден 8.933.795 денари. „Имам ...
Здружението на тениски професионалци (АТП) во четвртокот објави дека ќе го намали бројот турнири за бодување од 19 на 18, а најдобрите 30 играчи од минатата сезона во новата ќе имаат обврска да настапат на четири а не на пет АТП 500 турнири. Раководството на АТП Турот сака да го олесни товарот врз играчите, кои со години се жалат на пренатрупаниот календар на натпревари, иако не пропуштаат егзибициски натпревари со богат награден фонд. ...
Американската агенција за вселенски истражувања NASA размислува за рано враќање на екипажот од Меѓународната вселенска станица (ISS) поради здравствен проблем со астронаут, неколку часа откако беше откажана планираната вселенска прошетка закажана за четвртокот, соопшти агенцијата. Портпаролката на NASA изјави дека астронаутот, чиј идентитет не го откри, е во стабилна состојба на орбиталната лабораторија. Природата на здравствениот проблем не ...
Семејствата на луѓето кои загинаа или беа повредени во пожарот што за време на новогодишната ноќ избувна во барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана поднесоа кривична пријава до швајцарското обвинителство, изјави адвокатот што ја застапува групата жртви. „Семејствата поднесоа барања и се приклучија на постапката како обвинители. Овие барања беа прифатени (од обвинителството)“, потврди адвокатот Ромен Жордан, пренесоа ...
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, информира дека во текот на првата недела од 2026 година во Македонија се пријавени 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. Најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години (749 случаи), по што следуваат деца од 5 до 14 години (618), деца од 0 до 4 години (229) и лица над 65 години ...
Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево. Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и поставени во кичевската спортската сала „Македонија“, каде ...
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на Соединетите држави под водство на претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат. Во невообичаено острата изјава, очигледно осврнувајќи се на дејствија како што е грабнувањето и отстранувањето од власт на венецуелскиот претседател Николас ...
Велика Британија и Франција ќе испратат до 15.000 војници за да помогнат во заштитата на Украина во случај на мировен договор, многу помалку од очекуваното, објави Тајмс. Началниците на британските воени сили наводно првично предложиле испраќање 10.000 војници како дел од пошироката „Коалиција на подготвените“ од 64.000 војници, но ова било оценето како неодржливо во Министерството за одбрана со оглед на моменталната големина на британската ...
Во првите десет месеци лани во земјава биле увезени 566,6 тони кафе со вкупна вредност од 2 463 677 171 денари или 39 993 684 евра. Според податоците од Државниот завод за статистика во земјава најмногу кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос, се увезувало од Бразил (46%), Италија (18,7%)и Косово (8,8%). Од Бразил во првите десет месеци годинава биле увезени ...
Нарушен е квалитетот на водата во делови од водоводниот систем во Ресен и не се препорачува за пиење, предупредија од ЈКП „Пролетер“ Ресен. Препораката е поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода. – Заради ваша безбедност, водата привремено не се препорачува за пиење. Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и ...
Кина го осуди запленувањето на странски бродови во меѓународни води од страна на САД, велејќи дека таквите дејствија сериозно го кршат меѓународното право. „Кина отсекогаш се спротивставувала на нелегалните еднострани санкции без основа на меѓународното право и без одобрение од Советот за безбедност на Обединетите нации“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција. САД вчера запленија два ...
Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски војници во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во Украина, според полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. „Германските војници се стационирани во Полска со години како дел од разни мисии на НАТО“, рече Сикорски заклучувајќи дека присуството на трупи на Бундесверот на полска територија нема да биде ново. Сикорски ја даде изјавата откако во средата вечерта ...
Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, синоќа за време на официјалната церемонија изјави дека има дамка во односите со САД по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари од страна на американската војска. „Во врска со односите меѓу Венецуела и САД, првото нешто што мора да го кажеме е дека има петно во нашите односи што никогаш не се случила во нашата историја“, рече Родригез, поранешна ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше во хуманитарна акција за подготовка и распределба на повеќе од 200 оброци наменети за корисниците на народните кујни на Скопската Епархија.Акцијата беше реализирана во соработка со отец Оливер и хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, со која, како што истакна Ѓорѓиевски, соработката трае уште од самото формирање на организацијата. „Во денови кога тишината често ...
Триесет и шестгодишен маж од Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својата партнерка, исто така на возраст од 36 години. Како што соопштија од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 8 јануари 2026 година, при што мажот навел дека нападот се случил на 4 јануари во неговото патничко возило, на подрачјето на Општина Центар. Според пријавеното, физичкиот напад го извршила неговата партнерка И.В. од Скопје. Од полицијата ...
Мотивите за нападот на Соединетите држави врз Венецуела и грабнувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се веројатно бројни, но јавноста во дискусиите само површно се осврна на стратегијата на Белата куќа која треба да ја зајакне позицијата на „петродоларот“, пишува колумнистот на Reuters, Џејми Мекгивер. Производството на нафта во Венецуела во моментов е скромно, изнесува само милион барели дневно, додека резервите се најголеми во ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска посочи дека средствата коишто Украина ги бара за наредната декада би можеле да бидат доволни за покривање на сите пензиски исплати во Унгарија во период од 40 години, или пак за сите семејни надоместоци во наредните 60 години. Во рамки на владина седница, Орбан информира дека министерот за европски прашања, Јанош Бока, презентирал предлог на Брисел за распределба на 800 милијарди долари и за начинот на ...
Повторени избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа ќе се одржат в недела на 11 јануари. Дваесетдневната изборна кампања за изборите завршува утре (9 јануари) на полноќ, по што започнува изборниот молк до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња веќе се печатат и утре заедно со апаратите за биометриска ...
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени. Веднаш потоа е -3 степени во Куманово, -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Mаврови Анови, 0 степени има во Крива Паланка, Штип, Велес, Kрушево, 1 во Тетово, Охрид, Виница, 2 во Претор, Кавадарци, 3 во Демир Капија, 4 во Прилеп, Берово, 5 во Битола, Струмица и 7 степени во Гевгелија. Најмногу дожд има во Крушево каде за 24 часа се измерени 55 l/m2. 52 l/m2 има во Охрид, 48 ...
Венецуела ќе ги троши приходите од работењето во нафтениот сектор со Соединетите држави исклучително за стоки произведени во САД, изјави во средата американскиот претседател Доналд Трамп. „Тукушто бев информиран дека Венецуела ќе купува САМО американски стоки со парите што ќе ги добие од нашиот нов нафтен договор“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. Наведе и дека купувањето ќе вклучува американски земјоделски производи, лекови, ...