Присуствував на денешниот собир организиран од студентите на платото на УКИМ. Платото беше полно. Реки млади видно истрауматизирани луѓе се слеваа кон универзитетот. Немаше место каде да се стои. Во траорната атмосфера во која сепак се чувствуваше сплотеност, одржавме седум минутен молк. А потоа излезе да зборува Ректорката. На универзитетски собир тоа до некаде го разбирам, но не разбирам зошто први не се обратија студентите. За жал во говорот ...

На огромниот број млади собрани пред платото на УКИМ на микрофон им беше кажано - дури прекорно подвикнато - да молчат, бидејќи не дошле тука да протестираат?! Какво срамотно потценување и манипулирање со неподносливата болка што колективно ја чувствуваме! „Студентите“ организирале собир и ја поканиле (или самата си дошла, а овие ѝ дозволиле!?) Министерката за образование неумесно да го цитира Ацо Шопов, а самите едвај зеле збор. Ова е очигледно ...

Љупчо Коцевски, Ѕвездан Георгиевски, Румена Бужаровска, Љубомир Д. Фрчкоски, Фросина Крушкаровска, Ида Протуѓер и Бојан Шашевски. Љупчо Коцевски, јавен обвинител Објектот немал хидрантска мрежа, ниту хидрант. Немало доволен број на ПП апарати, односно имал само два. Немал две излезни врати, туку само една единечна импровизирана метална врата на задниот дел од објектот, која била заклучена и без квака од внатрешната страна и обложена со гипс ...

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ноќеска загинаа најмалку 59 луѓе и тоа е една од најголемите трагедии од ваков вид во Европа досега. Ова се некои од најсмртоносните пожари во ноќни клубови и концертни сали во изминатите децении. Април 2024: Во пожарот во ноќниот клуб „Маскерада“ во Истанбул загинаа 29 луѓе. Октомври 2023: Тринаесет луѓе загинаа во пожарот кој почна во ноќен клуб во шпанскиот клуб Мурсија, по што се прошири на два ...

Фестивалот за свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“ го сподели краткиот филм за Мирко Попов, еден од главните иницијатори и организатори на овој настан. Филмот беше проектиран на овогодинешното издание на фестивалот и ја пренесува пасијата на Мирко за музиката, диџејството, неговиот бенд, независната сцена… Воопшто зборува и за важноста на македонското творештво, но и за младите како движечка сила. Мирко Попов почина лани, на негова ...

Пренесено од: Дојче Веле Во пожар кој зафати дискотека во Кочани се стравува за десетици жртви и речиси 100 повредени. Полицијата и обвинителството се на терен и се уште нема официјални податоци за несреќата која се случи рано утрово. Според првичните неофицијални информации, во пожарот има 51 загинат. Жртвите се претежно млади луѓе, а причина за пожарот најверојатно е несоодветна употреба на пиротехнички средства. Според информации од болниците ...

На 2 март оваа година, во 20 часот на програмата на Македонско радио - Радио 2, во етерот започна да зрачи „Домашна работа“ - радио магазин за современа музика и култура во продукција на Стотројка. Се работи за прва официјална соработка, по повеќе децении, помеѓу Македонската Радио Телевизија и Канал 103, еден од најстарите независни и алтернативни медиуми во земјата и радио на заедницата, основано 1991 година во рамките на Македонското радио / ...

Пренесено од Дојче веле Во последно време, светот како да е опседнат со вестите кои администрацијата на Доналд Трамп од САД ги исфрла со брзина на светлината. Хипнотизирани од бесконечната низа контроверзни, напати и контрадикторни предлози и иницијативи од Белата Куќа, некои со одушевување, некои со отпор, секој според идеолошката припадност, но сите како да сме во постојан вител на неизвесност, заковани пред екраните на телевизорите или ...

Слушајќи го обраќањето на потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, во Минхен и гледајќи ги резултатите од германските парламентарни избори кои се одржаа потоа, се присетив на Источен Берлин во 1989-тата година и колапсот на комунистичките режими во Источна Европа. Во последните недели од советската империја во тој дел на Европа, реформскиот советски лидер Михаил Горбачов им порача на своите закоравени источногермански другари дека ризикуваат да ...

На 4-ти март Берни Сандерс објави изјава: „Веќе 250 години Соединетите Држави ја поддржуваат демократијата“, изразувајќи загриженост дека администрацијата на Трамп зазема авторитарен правец што ги нарушува вековните традиции на американските демократски принципи дома и во странство. Не е невообичаено да се слушне нешто вакво од американските политичари. Бајден рутински ги нарекуваше САД „светилник на демократијата“, исто како и многу ...

До 2030 година, државите во светот ќе ја достигнат бројката од 200 милијарди долари годишно за помош на земјите во развој во зачувување на биодиверзитетот. Ова е клучниот резултат од неодамна завршените преговори во Рим, во рамки на самитот на Конвенцијата за биолошкиот диверзитет на Обединетите нации (ЦБД). Ова тело го сочинуваат земјите-членки кои еднаш на две години се состануваат на самити низ целиот свет со цел усогласување на глобалната ...

Денеска, на 11 март, роденденот на познатата македонска пистаелка Оливера Николова, прв што се одбележува без нејзино физичко присуство, востановена е книжевна награда, што ќе го носи нејзиното име, а ќе се доделува за најдобар необјавен роман за деца и млади. Николова почина на 4 ноември лани, на 88-годишна возраст. На денешната прес-конференција, Бранка Бугариска, директорка на издаваштво но „Арс Ламина“, истакна дека со оваа награда, ...

Сведоците на историските настани речиси никогаш не се свесни дека набљудуваат или учествуваат во настани што ја менуваат историјата. Ни самите протагонисти на историските настани често не се свесни за нивното значење. Но, на 20 јануари 2025 година гледавме еден таков настан, додека поголемиот дел од луѓето, вклучително и главните актери, не беа свесни во што учествуваат, несвесни дека во суштина се само оружје на историјата. Дваесетти јануари ...

Историска фотографија од споменикот на жртвите на нацистичкиот логор на смртта Треблинка Пренесено од: Дојче Веле Никој не се сеќава какви биле 10-ти или 11-ти март 1943 година - топли и сончеви како денес, облачни или постудени. Ги паметат само по ужасните настани. Го паметат 10-ти март како ден во кој за последен пат македонските Евреи прошетале по калдрмите на локалните чаршии, пазарувале или разговарале со соседите, без да наслутат дека ...

Не се работи само за Доналд Трамп. Не се работи само за спасувањето на Украина, или за поразот на Русија, или за тоа како да се зголеми безбедноста на Европа, или за тоа што треба да се прави со Америка која станала дива. Станува збор за светот што се преврте наопаку – мрачно, вознемирувачко, опасно место каде што договорите и законите веќе не се почитуваат, сојузите се разбиени, довербата е заменлива, за принципите може да се преговара, а ...

Вера Ацева „Три дена на раце те носевме збрана, со тага и болка во погледот срчен, и секоја капка од твојата рана ко крвава жар ни капеше в срце.“ Народноослободителната борба претставува искрата на отпорот,која ги разгоре срцата на балканските народи. Под паролата „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ се обединија југословенските народи за своето постоење и иднина.Организацијата,под водство на КПЈ, беше заснована на хуманост, социјална правда ...

07/03/2025 10:38 - Окно

ТОТАЛЕН ХИТ Градам ѕид од антидепресиви голем колку Шара ‒ за никој да не ме замара. Градам ѕид, тотален хит, заштитник од човечкииот вид. Независно од пол и раса, од висока ил ниска класа, од тоа кој за кого гласал ‒ голем ѕид, за сите непробоен! Антидепресивен ѕид ме чува од ѓубрето што светот го фрла. Ѕидот е штит во таа борба кога се враќам со празна торба, кога сметките доаѓаат од пошта ‒ ах колку многу сè кошта! А тоа што може да биде ...

Ирена Поповска е жена којашто со својот пример докажува дека не постојат безнадежни ситуации и непремостливи планини. Соочувајќи се со сериозна физичка попреченост, како резултат на невромускулна болест, нејзиниот силен интелект и иновативен ум, се чини, блескаат уште посилно. Таа е магистер по општествена и културна теорија на Универзитетот Стафордшир во Велика Британија и основач на Центарот за поддршка на лицата со попреченост ПРКОС, преку ...

Современото архитектонско наследство во Охрид е во опасност, предупредуваат од Охрид СОС, по објавата на општината дека со новиот детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, објектот на на ООУ „Григор Прличев“ е планиран за рушење, а на негово место е предвиден објект со многу поголем обем. Наместо ставање на листата на архитектонско културно наследство на Охрид од втората половина на минатиот век, или оној модернистички период, постои ...

Соочени со економските потези на претседателот Трамп, критичарите од центарот на политичкиот спектар главно се двоумат помеѓу препуштање на очај и трогателна вера дека неговото царинско лудило наскоро ќе стивне самото од себе. Претпоставуваат дека Трамп ќе продолжи да се пенави додека реалноста не ја покаже неоснованоста на неговото сфаќање на економијата. Но, изгледа дека нешто пропуштиле: опседнатоста на Трамп со царините е само дел од ...

„Може да прашам нешто?“, се јавува Зеленски. Венс му го препушта зборот. „Значи, тој (Путин) окупираше големи делови од истокот на Украина и Крим во 2014 година. Се менуваа претседатели – Обама, Трамп, Бајден, сега повторно е Трамп, и се надеваме дека тој сега ќе го запре. Но во 2014 никој не го запре, тој само окупираше, се убиваа луѓе.“ „2015“, го исправи во тој момент Трамп за годината на окупацијата на Крим. „2014“, сега повторно Трамп го ...

На 25 февруари 2025 година (вторник), Драган Павловиќ Латас – менаџер на порталот Вечер на своите профили на социјалните мрежи (Фејсбук и Икс) во рок од четири часа објави серија статуси кои го таргетираа персоналот на ИРЛ, а испровоцираа канонада од омраза и повици за линч и сексуално насилство. Еден долгогодишен уредник и угледен новинар, како што Драган Павловиќ Латас себеси се претставува, не би требало да се занимава со, според него и ...

Пренесено од Дојче веле Повеќе тони метали, катализатори, пакувања од хартија и картон, масти и масла, железо и челик, троска и метал завршиле во Северна Македонија од земјите на Европската унија, но и од регионот во текот на минатата година. Со постапката за увоз на неопасен материјал во 2024 година, во земјата пристигнале и повеќе тони пластика, катализатори, олово, стакло, алуминиум, бронза, месинг, маст и масло за јадење. Најголемиот дел од ...

Има зачудувачки многу луѓе коишто – без оглед на интелигенцијата, образованието и искуството – уште упорно веруваат дека Империјата е вистинскиот чувар и факелоносец на доблеста, демократијата и човечките права. Оваа проширена заблуда што умее инаку врвно паметни луѓе маѓепснички да ги претвора во обични будалетинки, и што на волшебен начин ја исполнува сопствената лага за еднаквоста и демократијата изедначувајќи ги најпаметните со ...

Во среда (5 март) со почеток во 19:30 часот во Европската куќа во Скопје ќе биде промовиран новиот број на списанието „Зенит“, а ќе се одржи и разговор со македонскиот режисер Милчо Манчевски. „Во отворен и инспиративен разговор, Манчевски ќе сподели размислувања за својата уметност, за филмската индустрија, како и за темите што го инспирираат низ годините. Мал осврт кон содржините на списанието ќе даде главната уредничка Ана Витанова ...

Западот се подготвува за војна. Германската влада развива апликација што им помага на луѓето да го најдат најблиското засолниште. Во Шведска е објавена брошура од 32 страници со наслов Ако настапи криза или војна, додека во Финска сличен водич е преземен од интернет безброј пати. Угледни медиуми објавуваат симулации на воени сценарија во кои Русија, со поддршка на Кина, ги напаѓа арктичките острови на Норвешка. Во Европската Унија водечките ...

Глобалното усогласување околу војната во Украина продолжи во петокот – со ненадејно прекинување на разговорите. Се разбира, станува збор за состанокот на Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Вашингтон, каде веројатно требаше прецизно да се утврдат размерите на идната американска експлоатација на украинските минерални богатства во замена за одредени „безбедносни гаранции“ со кои Украина би можела да смета на прекин на ужасните руски напади и ...

Деновиве во јавната сфера сме сведоци на засилени мизогини напади врз жени што поттикнуваат дискриминација и родово-базиран говор на омраза. Овие напади се уште позагрижувачки имајќи го предвид фактот дека доаѓаат од истакнати функционери и новинари, односно јавни личности кои имаат значајна моќ и одговорност во јавната сфера. Најостро ги осудуваме нападите на Драган Павловиќ Латас на коишто се изложени новинарките на ИРЛ, Сашка Цветковска и ...

Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ вечерва го организира шестото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во Европската куќа во Скопје со почеток во 20 часот. Во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање во кое ќе учествуваат Филипа Сара Попова, Никола Наумовски, Емануела Ковачевска Китановска и Бисера Стефановска. Покрај читањето, најавена е и изложба на фотографии на младата фотографка Емилија Трајковска. ...

Нама Риба на 19-ти февруари во Харец пишува дека во Шарлотенбург во Берлин шетала по улицата на чиј тротоар се вградени златни камења на сопнување (Stolpersteine) во знак на сеќавање на убиените Евреи кои живееле таму. Правото на постоење на Израел, вели Риба, произлегува токму од нив. Во населбата Римал во Газа нема тротоари, туку само урнатини од болницата Шифа, станбени згради, училишта и хотели. Во Римал нема камења на сопнување кои би ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
41%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
11.32
67%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 9ᴼ
3.6
44%
1021
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
8.75
37%
1015
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
10.79
48%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 9ᴼ
0.45
66%
1021
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
5.36
58%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
41%
1021
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
54%
1021
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.05
58%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
10.29
44%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
57%
1016
Currency

61.535

Currency

56.0037

Currency

71.5311

Currency

33.591

Currency

39.2335

Currency

66.3

Currency

7.57193

Currency

0.64317

Currency

0.3847

Currency

0.52535

Currency

1.46199

Currency

0.64094

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14262.50

Рутениум

20190.67

Калај

33.78

Сребро

977.48

Злато

99197.17

Бакар

8.49

Паладиум

28678.47

Платина

28984.48

Родиум

170398.96

Цинк

2.61